Никола Маџиров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-madzirov/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 07:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Маџиров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-madzirov/ 32 32 Европска поезија ќе се чита во вагоните и станиците на софиското метро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/evropska-poezija-ke-se-chita-vo-vagonite-i-stanitsite-na-sofiskoto-metro/ Tue, 19 Nov 2024 07:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=839425

Од 19 ноември до 23и декември 2024 во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Иницијативата „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ се одржува деветти пат, а Македонскиот културно-информативен центар за прв пат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија и „Литературен весник“, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град – Софија, Бугарското национално радио и телевизија.

Секоја година организаторите на „Поезија во метрото“ објавуваат тема, според која секој странски центар избира кратко поетско дело и истото за времетраењето на проектот е претставено во печатен вид во вагоните и станиците на Софиското метро. Голем број граѓани на Софија имаат можност да ги прочитаат песните на оригиналниот јазик, како и во превод на бугарски јазик.

Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претставува кратката песна „Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров, која е дел од неговата стихозбирка „Преместен камен“, преведена од Роман Кисјов и издадена во 2012 година, во издание на Издавачката куќа „Стигмати“.

Годишното издание на проектот вклучува дваесетина поетски имиња, како на пример: Ерих Фријд (Австрија), Петја Кокудева (Бугарија), Бертолт Брехт (Германија), Шота Руставели (Грузија), Тасос Ливадитис (Грција), Мариане Ларсен (Данска), Луис Алберто де Куенка (Шпанија), Џани Родари (Италија), Авги Лили (Кипар), Колбајн Фалкајд (Норвешка), Ана Швиршчинска (Полска), Алешандре О’Нил (Португалија), Марин Сореску (Романија), Никола Маџиров (Македонија), Ерик Ондрејичка (Словачка), Тоне Паучек (Словенија), Юрий Андрухович (Украина), Зита Ижо (Унгарија), Хели Лаксонен (Финска), Силва Фишерова (Чешка).

Официјалното отворање на проектот ќе се одржи на 19-ти ноември, со почеток од 18:30 часот во Полски институт во Софија, на ул. „Веслец“ бр. 12.

 

The post Европска поезија ќе се чита во вагоните и станиците на софиското метро appeared first on Република.

]]>

Од 19 ноември до 23и декември 2024 во вагоните и станиците на метрото во Софија ќе се чита европска поезија. Иницијативата „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ се одржува деветти пат, а Македонскиот културно-информативен центар за прв пат се вклучува меѓу организаторите. Проектот е инициран од Полскиот институт во Софија и „Литературен весник“, а во него се вклучени европските културни центри од кластерот на ЕУНИК, странски амбасади во Софија, Општината на главниот град – Софија, Бугарското национално радио и телевизија. Секоја година организаторите на „Поезија во метрото“ објавуваат тема, според која секој странски центар избира кратко поетско дело и истото за времетраењето на проектот е претставено во печатен вид во вагоните и станиците на Софиското метро. Голем број граѓани на Софија имаат можност да ги прочитаат песните на оригиналниот јазик, како и во превод на бугарски јазик. Македонскиот културно-информативен центар во Софија ја претставува кратката песна „Некој тропа на вратата“ од Никола Маџиров, која е дел од неговата стихозбирка „Преместен камен“, преведена од Роман Кисјов и издадена во 2012 година, во издание на Издавачката куќа „Стигмати“. Годишното издание на проектот вклучува дваесетина поетски имиња, како на пример: Ерих Фријд (Австрија), Петја Кокудева (Бугарија), Бертолт Брехт (Германија), Шота Руставели (Грузија), Тасос Ливадитис (Грција), Мариане Ларсен (Данска), Луис Алберто де Куенка (Шпанија), Џани Родари (Италија), Авги Лили (Кипар), Колбајн Фалкајд (Норвешка), Ана Швиршчинска (Полска), Алешандре О’Нил (Португалија), Марин Сореску (Романија), Никола Маџиров (Македонија), Ерик Ондрејичка (Словачка), Тоне Паучек (Словенија), Юрий Андрухович (Украина), Зита Ижо (Унгарија), Хели Лаксонен (Финска), Силва Фишерова (Чешка). Официјалното отворање на проектот ќе се одржи на 19-ти ноември, со почеток од 18:30 часот во Полски институт во Софија, на ул. „Веслец“ бр. 12.  

The post Европска поезија ќе се чита во вагоните и станиците на софиското метро appeared first on Република.

]]>
Македонските книжевници, музичари, актери и уметници читаа стихови од Никола Маџиров во преполниот простор на „Литература.мк“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskite-knizhevnitsi-muzichari-akteri-i-umetnitsi-chitaa-stihovi-od-nikola-madhirov-vo-prepolniot-prostor-na-literatura-mk/ Fri, 14 Jun 2024 14:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=787607

По светскиот успех, многуте признанија и настапи на најголемите поетски фестивали, соработка со познати интернационални музичари и уметници, врвниот македонски поет Никола Маџиров се „врати дома“. На раскошен поетско-музички настан, во преполниот простор на „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, вчеравечер (13 јуни), македонските книжевници, музичари, актери и уметници од повеќе генерации, му оддадоа почит на Маџиров, интерпретирајќи негови стихови. На оваа емотивна и вонвременска вечер, со концепт што првпат се применува во нашата земја, беше одбележано објавувањето на големата поетска книга со целокупното поетско творештво на Маџиров – „Шестарот на времето“, која е во издание на „Арс Ламина“. Истовремено овој настан претставува едно комплетно „враќање дома“ на неговиот успех расеан насекаде во светот.

Настанот се одржа во рамките на фестивалот за литература и општа култура – „Видик“, почна со проекција на документарец со видеоснимки од настапи на Маџиров на повеќе поетски фестивали, како и од изведба на музичари, кои свират композиции инспирирани од стиховите на нашиот поет.

Во продолжение, уредничката Оливера Ќорвезироска ја претстави книгата „Шестарот на времето“, по што следуваше кулминацијата на вечерта – поетското читање проследено со џез-музика. Стихови од Маџиров интерпретираа 20-тина познати имиња од повеќе области на културата, негови соработници и пријатели: поетот Ѓоко Здравески, пејачката Добрила Грашеска, актерката Симона Димковска, писателката Николина Андова Шопова, актерката Александра Пешевска, теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска, поетесата Ивана Јовановска, музичарката Зарина Првасевда, професорката Елизабета Шелева, писателот Александар Прокопиев, авторот Дарко Лешоски, амбасадорот на ЕУ – Дејвид Гир, актерот Ѓорѓи Јолевски, џез-музичарите Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски (муз.), писателот Гоце Смилевски, младата авторка Ива Дамјановски, актерот Мартин Манев, младиот поет Јосип Коцев, Јасна Трпкова од групата „Mојра“ и други. Тие беа придружувани од триото во состав: Никола Бочваров, Дамир Имери и Гоце Стевковски, кои свиреа во тон на поезијата на Маџиров. Во продолжение на вечерта, музичарите свиреа џез-стандарди, со визуелна поддршка на стиховите на поетот.

Видно трогнат и благодарен на почитта што му ја оддаде македонската културна фела, еден од најпознатите и најпреведуваните наши поети во светот, Маџиров, изјави дека со овој настан конечно се чувствува како да се враќа дома:

Ви благодарам што ми дадовте дом. Благодарам за сите гласови што ги отелотворивте. Повеќегласовноста понекогаш ја чувствуваме како внатрешна неволја, но вие со вашите гласови ме вдомивте. Денеска се чувствувам како вратен дома, обединет со вас, со вашите гласови и вашето присуство. Благодарам што ме убедивте да се реализира оваа книга, на најубав можен начин – со љубов! Благодарност до уредничката Оливера Ќорвезироска, до авторката на поговорот Лидија Капушевска-Дракулевска и на издавачката куќа „Арс Ламина“. Зборот благодарам нека не исчезне, без оглед на тоа што толку многу се повторува, затоа ја избрав да ја прочитам песната „Дом“ – рече Маџиров.

Стихозбирката, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го обединува целокупното поетско творештво на Маџиров.

Книгата „Шестарот на времето“, која е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, покрај трите негови веќе култни поетски збирки без кои тешко може да се замисли поезијата на нашето време („Преместен камен“, „Некаде никаде“ и „Заклучени во градот“), наградувани дома и во светот, ексклузивно содржи десет нови песни (досега необјавени во книга) и првата песна што ја напишал Маџиров. Изданието има ретрограден концепт, се почнува од „крајот“ (од денес, сега и овде) и се оди наназад сè до почетокот, всушност до првата песна на Маџиров напишана во 1989 година, која првпат се објавува пред јавноста како уште еден ексклузивитет на ова издание. Поезијата на Маџиров е пеена, музицирана и славена низ светот со најпознати музичари, групи и џез-оркестри од нашето време – рече Ќорвезироска.

Книгата е со поговор од Лидија Капушевска-Дракулевска и обемен додаток во кој првпат на едно место се објавуваат извадоци од домашната и од светската критика за Маџиров: од десетина македонски автори и истакнати критичари (Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Гоце Смилевски...), дваесетина светски елитни имиња (Чарлс Симиќ, Адам Загајевски, Каролин Форше, Уљана Волф, Јасухиро Јоцумото, Георги Господинов...), како и извадоци од рецензии објавени во најреномираните весници и списанија во светот („Шпигел“, „Ел Паис“, „Ворлд литаратур тудеј“, „Тотенвил ривју“, Би-би-си...).

Несомнено, како и Шопов пред него, Никола Маџиров е еден од ретките поети посветени на поезијата со целото свое битие. И тој „поетски домува во овој свет“, како што би рекол германскиот романтичар Фридрих Хелдерлин, и тој толку несебично, искрено и безрезервно му се препушта на поетскиот порив, зашто знае дека „само во поезијата може да биде дома и дека само во сомнежот може да биде безбеден“, како што ќе изјави во една пригода. Неговата дефиниција за поетот, пак, гласи: „Човекот е 70% вода. Ако се возвиши, ќе се претвори во пареа. Ако ги отвори очите кон болката на светот – во поет!“ Маџиров има „ширум отворени очи“ за сета вина на земјата (како што се вели во песната „Патеки на оствареното“), но и за актуелните проблеми на човештвото; со своето перо поетот ги бележи сите рани и лузни на ужасот на светот што ги премолчува историјата... За Маџиров, добрата поезија е вдомена во јазикот, но распрсната во времето. Оттаму, мотивското стожерно јадро околу кое, генерално, гравитираат неговите стихови е домот и неговите различни лица: дом кој се напушта, дом од кој се бега, дом надвор од просторот, дом во меѓупросторот, дом – каде било, дом – секогаш привремен, дом во кој се враќа (макар и преку сеќавањето), дом – цел свет, во стилот на еден Рацин – вели Лидија Капушевска-Дракулевска во поговорот на „Шестарот на времето“.

На настанот исто така беше прочитана порака од писателот Венко Андоновски, како од Јордан Плевнеш и Жан-Пјер Симеон (годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата), кои синхронизирано со овој настан, во чест на Маџиров, истата вечер одржаа поетско читање во „Пијаниот брод“ во Париз.

фото: Арс Ламина

The post Македонските книжевници, музичари, актери и уметници читаа стихови од Никола Маџиров во преполниот простор на „Литература.мк“ appeared first on Република.

]]>

По светскиот успех, многуте признанија и настапи на најголемите поетски фестивали, соработка со познати интернационални музичари и уметници, врвниот македонски поет Никола Маџиров се „врати дома“. На раскошен поетско-музички настан, во преполниот простор на „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, вчеравечер (13 јуни), македонските книжевници, музичари, актери и уметници од повеќе генерации, му оддадоа почит на Маџиров, интерпретирајќи негови стихови. На оваа емотивна и вонвременска вечер, со концепт што првпат се применува во нашата земја, беше одбележано објавувањето на големата поетска книга со целокупното поетско творештво на Маџиров – „Шестарот на времето“, која е во издание на „Арс Ламина“. Истовремено овој настан претставува едно комплетно „враќање дома“ на неговиот успех расеан насекаде во светот. Настанот се одржа во рамките на фестивалот за литература и општа култура – „Видик“, почна со проекција на документарец со видеоснимки од настапи на Маџиров на повеќе поетски фестивали, како и од изведба на музичари, кои свират композиции инспирирани од стиховите на нашиот поет. Во продолжение, уредничката Оливера Ќорвезироска ја претстави книгата „Шестарот на времето“, по што следуваше кулминацијата на вечерта – поетското читање проследено со џез-музика. Стихови од Маџиров интерпретираа 20-тина познати имиња од повеќе области на културата, негови соработници и пријатели: поетот Ѓоко Здравески, пејачката Добрила Грашеска, актерката Симона Димковска, писателката Николина Андова Шопова, актерката Александра Пешевска, теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска, поетесата Ивана Јовановска, музичарката Зарина Првасевда, професорката Елизабета Шелева, писателот Александар Прокопиев, авторот Дарко Лешоски, амбасадорот на ЕУ – Дејвид Гир, актерот Ѓорѓи Јолевски, џез-музичарите Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски (муз.), писателот Гоце Смилевски, младата авторка Ива Дамјановски, актерот Мартин Манев, младиот поет Јосип Коцев, Јасна Трпкова од групата „Mојра“ и други. Тие беа придружувани од триото во состав: Никола Бочваров, Дамир Имери и Гоце Стевковски, кои свиреа во тон на поезијата на Маџиров. Во продолжение на вечерта, музичарите свиреа џез-стандарди, со визуелна поддршка на стиховите на поетот. Видно трогнат и благодарен на почитта што му ја оддаде македонската културна фела, еден од најпознатите и најпреведуваните наши поети во светот, Маџиров, изјави дека со овој настан конечно се чувствува како да се враќа дома:
Ви благодарам што ми дадовте дом. Благодарам за сите гласови што ги отелотворивте. Повеќегласовноста понекогаш ја чувствуваме како внатрешна неволја, но вие со вашите гласови ме вдомивте. Денеска се чувствувам како вратен дома, обединет со вас, со вашите гласови и вашето присуство. Благодарам што ме убедивте да се реализира оваа книга, на најубав можен начин – со љубов! Благодарност до уредничката Оливера Ќорвезироска, до авторката на поговорот Лидија Капушевска-Дракулевска и на издавачката куќа „Арс Ламина“. Зборот благодарам нека не исчезне, без оглед на тоа што толку многу се повторува, затоа ја избрав да ја прочитам песната „Дом“ – рече Маџиров.
Стихозбирката, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го обединува целокупното поетско творештво на Маџиров.
Книгата „Шестарот на времето“, која е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, покрај трите негови веќе култни поетски збирки без кои тешко може да се замисли поезијата на нашето време („Преместен камен“, „Некаде никаде“ и „Заклучени во градот“), наградувани дома и во светот, ексклузивно содржи десет нови песни (досега необјавени во книга) и првата песна што ја напишал Маџиров. Изданието има ретрограден концепт, се почнува од „крајот“ (од денес, сега и овде) и се оди наназад сè до почетокот, всушност до првата песна на Маџиров напишана во 1989 година, која првпат се објавува пред јавноста како уште еден ексклузивитет на ова издание. Поезијата на Маџиров е пеена, музицирана и славена низ светот со најпознати музичари, групи и џез-оркестри од нашето време – рече Ќорвезироска.
Книгата е со поговор од Лидија Капушевска-Дракулевска и обемен додаток во кој првпат на едно место се објавуваат извадоци од домашната и од светската критика за Маџиров: од десетина македонски автори и истакнати критичари (Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Елизабета Шелева, Венко Андоновски, Гоце Смилевски...), дваесетина светски елитни имиња (Чарлс Симиќ, Адам Загајевски, Каролин Форше, Уљана Волф, Јасухиро Јоцумото, Георги Господинов...), како и извадоци од рецензии објавени во најреномираните весници и списанија во светот („Шпигел“, „Ел Паис“, „Ворлд литаратур тудеј“, „Тотенвил ривју“, Би-би-си...).
Несомнено, како и Шопов пред него, Никола Маџиров е еден од ретките поети посветени на поезијата со целото свое битие. И тој „поетски домува во овој свет“, како што би рекол германскиот романтичар Фридрих Хелдерлин, и тој толку несебично, искрено и безрезервно му се препушта на поетскиот порив, зашто знае дека „само во поезијата може да биде дома и дека само во сомнежот може да биде безбеден“, како што ќе изјави во една пригода. Неговата дефиниција за поетот, пак, гласи: „Човекот е 70% вода. Ако се возвиши, ќе се претвори во пареа. Ако ги отвори очите кон болката на светот – во поет!“ Маџиров има „ширум отворени очи“ за сета вина на земјата (како што се вели во песната „Патеки на оствареното“), но и за актуелните проблеми на човештвото; со своето перо поетот ги бележи сите рани и лузни на ужасот на светот што ги премолчува историјата... За Маџиров, добрата поезија е вдомена во јазикот, но распрсната во времето. Оттаму, мотивското стожерно јадро околу кое, генерално, гравитираат неговите стихови е домот и неговите различни лица: дом кој се напушта, дом од кој се бега, дом надвор од просторот, дом во меѓупросторот, дом – каде било, дом – секогаш привремен, дом во кој се враќа (макар и преку сеќавањето), дом – цел свет, во стилот на еден Рацин – вели Лидија Капушевска-Дракулевска во поговорот на „Шестарот на времето“.
На настанот исто така беше прочитана порака од писателот Венко Андоновски, како од Јордан Плевнеш и Жан-Пјер Симеон (годинашниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата), кои синхронизирано со овој настан, во чест на Маџиров, истата вечер одржаа поетско читање во „Пијаниот брод“ во Париз. фото: Арс Ламина

The post Македонските книжевници, музичари, актери и уметници читаа стихови од Никола Маџиров во преполниот простор на „Литература.мк“ appeared first on Република.

]]>
Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetite-nikola-madhirov-i-ivana-jovanovska-ke-gostuvaat-na-saemot-na-kniga-vo-lajptsig-2/ Sat, 23 Mar 2024 09:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=757710

Македонските поети Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе учествуваат на Саемот на книга во Лајпциг, Германија кој ќе се одржува од 21 до 24 март.

Тие ќе бидат дел од настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Македонија“ кој треба да се случи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот.

Разговорот со двјацата поети ќе го води Ерик Мар, а присутните ќе можат да слушнат стихови на авторите на македонски и на германски јазик.

Никола Маџиров е етаблиран македонски автор. Има објавувано песни, есеи и преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа „Lyrikline“.

Ивана Јовановска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа има учествувано на бројни поетски читања, а нејзините песни покрај на други се објавени и во грчкото списание за литература „Тeflon“ и книжевното списание „Современост“. До денес има објавено две стихозбирки, „На ракавот на градот“ (2021) и „Номадски затвори“ (2023).

Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт кој е најголема манифестација од ваков вид во светот.

 

The post Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг appeared first on Република.

]]>

Македонските поети Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе учествуваат на Саемот на книга во Лајпциг, Германија кој ќе се одржува од 21 до 24 март. Тие ќе бидат дел од настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Македонија“ кој треба да се случи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот. Разговорот со двјацата поети ќе го води Ерик Мар, а присутните ќе можат да слушнат стихови на авторите на македонски и на германски јазик. Никола Маџиров е етаблиран македонски автор. Има објавувано песни, есеи и преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа „Lyrikline“. Ивана Јовановска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа има учествувано на бројни поетски читања, а нејзините песни покрај на други се објавени и во грчкото списание за литература „Тeflon“ и книжевното списание „Современост“. До денес има објавено две стихозбирки, „На ракавот на градот“ (2021) и „Номадски затвори“ (2023). Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт кој е најголема манифестација од ваков вид во светот.  

The post Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг appeared first on Република.

]]>
Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetite-nikola-madhirov-i-ivana-jovanovska-ke-gostuvaat-na-saemot-na-kniga-vo-lajptsig/ Mon, 18 Mar 2024 16:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=756000

Македонските поети Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе учествуваат на Саемот на книга во Лајпциг, Германија кој ќе се одржува од 21 до 24 март.

Тие ќе бидат дел од настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Македонија“ кој треба да се случи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот.

Разговорот со двјацата поети ќе го води Ерик Мар, а присутните ќе можат да слушнат стихови на авторите на македонски и на германски јазик.

Никола Маџиров е етаблиран македонски автор. Има објавувано песни, есеи и преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа „Lyrikline“.

Ивана Јовановска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа има учествувано на бројни поетски читања, а нејзините песни покрај на други се објавени и во грчкото списание за литература „Тeflon“ и книжевното списание „Современост“. До денес има објавено две стихозбирки, „На ракавот на градот“ (2021) и „Номадски затвори“ (2023).

Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт кој е најголема манифестација од ваков вид во светот.

 

The post Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг appeared first on Република.

]]>

Македонските поети Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе учествуваат на Саемот на книга во Лајпциг, Германија кој ќе се одржува од 21 до 24 март. Тие ќе бидат дел од настанот „Поезија за неприпаѓањето. Лирски импресии од Македонија“ кој треба да се случи во сабота (23 март) со почеток во 15 часот. Разговорот со двјацата поети ќе го води Ерик Мар, а присутните ќе можат да слушнат стихови на авторите на македонски и на германски јазик. Никола Маџиров е етаблиран македонски автор. Има објавувано песни, есеи и преводи и е еден од координаторите на меѓународната мрежа „Lyrikline“. Ивана Јовановска е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Таа има учествувано на бројни поетски читања, а нејзините песни покрај на други се објавени и во грчкото списание за литература „Тeflon“ и книжевното списание „Современост“. До денес има објавено две стихозбирки, „На ракавот на градот“ (2021) и „Номадски затвори“ (2023). Саемот на книга во Лајпциг е вториот по големина во Германија, по Саемот на книга во Франкфурт кој е најголема манифестација од ваков вид во светот.  

The post Поетите Никола Маџиров и Ивана Јовановска ќе гостуваат на Саемот на книга во Лајпциг appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Рокчето“ – првата книга за деца на познатиот поет Никола Маџиров https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-rokcheto-prvata-kniga-za-detsa-na-poznatiot-poet-nikola-madhirov/ Fri, 26 Jan 2024 11:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=737071

Новата сликовница „Рокчето“ од познатиот поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 30 јануари (вторник), во 19 часот, во новата книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ на првиот кат. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски.

„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач.

Формата „приказна во приказна“ во текстот на Маџиров е изведена многу лирски. Во наше, сегашно време, дедо му ја раскажува приказната за рокчето на својот внук. Читателите ја слушаат/ја читаат приказната, заедно и истовремено со детето-главен лик. Ваквото раскажување на две нивоа: во сегашноста како рамка на минатото, во современоста како рамка за традицијата, е видливо и во илустрациите на Анета Илиевска, кои исто така се на две нивоа: еден е ликовниот израз на страниците каде што дедото и внукот се сами во наше време (модерен), друг – во приказната што дедото му ја раскажува на внукот (фолклорен).

Посебноста на оваа сликовница е во тоа што на крајот сè се поврзува со сè. Минатото со сегашноста, традицијата со совремието, приказните со поезијата, народното творештво со авторскиот израз. Детето кое ја слуша приказната се идентификува со детето со рогот од приказната; дедото кој раскажува, всушност е детето со рогот и на внукот (и на читателите) им раскажува за себе. Личните поврзувања ѝ даваат особена лиричност на оваа сликовница мека како облак, нежна како снегулка.

Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено десетина книги на македонски јазик, вклучително и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство. Како преведувач се јавува на петнаесетина книги поезија, раскази и романи. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици во над педесет земји и објавувана во антологии и списанија во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка и Австралија.

Добитник е на поетската награда „Хуберт Бурда“, којa му беше доделена од жирито чиј член беше добитникот на Нобеловата награда за 2019 година, Петер Хандке. Освен ова меѓународно признание, тој ги има добиено и светската награда за книжевност „ДЈС“ во Кина (2011), европската поетска награда „Левир литерер“ (2015) во Франција, наградата за придонес во современата европска поезија на колеџот „Кингс“ во Кембриџ (2016), главната поетска награда на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019), меѓународната поетска награда „Beijing Literature and Art Network“ во Пекинг, Кина (2021), националната награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и уште две поетски награди со национален предзнак: „Студентски збор“ и „Ацо Караманов“.

Никола Маџиров има настапувано на повеќе реномирани светски фестивали. Беше член на бордот за објавување на петтомната антологија на светската поезија.

Анета Илиевска е родена во 1974 година во Скопје. Љубовта кон уметноста кај неа се раѓа уште како дете, по што се запишува во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, на насоката за графика. Од 1993 година работи како графички дизајнер. Покрај богатото портфолио од областа на графичкиот дизајн, има дизајнирано корици за неколку стотици книги, а „СНЕШКО. Дневникот на едно кутре“ е прво издание каде што се јавува и како илустратор. Од 2017 година активно се занимава и со фотографирање, за што има добиено повеќе награди и признанија, а учествувала и на неколку македонски и интернационални групни изложби.

Сликовницата „Рокчето“ е заедничко, комплетно авторско дело со Никола Маџиров, во кое Анета Илиевска ни се претставува како вистински изграден илустратор со свој препознатлив ликовен ракопис.

The post Промоција на „Рокчето“ – првата книга за деца на познатиот поет Никола Маџиров appeared first on Република.

]]>

Новата сликовница „Рокчето“ од познатиот поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 30 јануари (вторник), во 19 часот, во новата книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ на првиот кат. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски. „Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач. Формата „приказна во приказна“ во текстот на Маџиров е изведена многу лирски. Во наше, сегашно време, дедо му ја раскажува приказната за рокчето на својот внук. Читателите ја слушаат/ја читаат приказната, заедно и истовремено со детето-главен лик. Ваквото раскажување на две нивоа: во сегашноста како рамка на минатото, во современоста како рамка за традицијата, е видливо и во илустрациите на Анета Илиевска, кои исто така се на две нивоа: еден е ликовниот израз на страниците каде што дедото и внукот се сами во наше време (модерен), друг – во приказната што дедото му ја раскажува на внукот (фолклорен). Посебноста на оваа сликовница е во тоа што на крајот сè се поврзува со сè. Минатото со сегашноста, традицијата со совремието, приказните со поезијата, народното творештво со авторскиот израз. Детето кое ја слуша приказната се идентификува со детето со рогот од приказната; дедото кој раскажува, всушност е детето со рогот и на внукот (и на читателите) им раскажува за себе. Личните поврзувања ѝ даваат особена лиричност на оваа сликовница мека како облак, нежна како снегулка. Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено десетина книги на македонски јазик, вклучително и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство. Како преведувач се јавува на петнаесетина книги поезија, раскази и романи. Неговата поезија е преведена на четириесет јазици во над педесет земји и објавувана во антологии и списанија во Европа, САД, Азија, Африка, Латинска Америка и Австралија. Добитник е на поетската награда „Хуберт Бурда“, којa му беше доделена од жирито чиј член беше добитникот на Нобеловата награда за 2019 година, Петер Хандке. Освен ова меѓународно признание, тој ги има добиено и светската награда за книжевност „ДЈС“ во Кина (2011), европската поетска награда „Левир литерер“ (2015) во Франција, наградата за придонес во современата европска поезија на колеџот „Кингс“ во Кембриџ (2016), главната поетска награда на меѓународниот поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија (2019), меѓународната поетска награда „Beijing Literature and Art Network“ во Пекинг, Кина (2021), националната награда за поезија „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата и уште две поетски награди со национален предзнак: „Студентски збор“ и „Ацо Караманов“. Никола Маџиров има настапувано на повеќе реномирани светски фестивали. Беше член на бордот за објавување на петтомната антологија на светската поезија. Анета Илиевска е родена во 1974 година во Скопје. Љубовта кон уметноста кај неа се раѓа уште како дете, по што се запишува во средното училиште за применета уметност „Лазар Личеноски“ во Скопје, на насоката за графика. Од 1993 година работи како графички дизајнер. Покрај богатото портфолио од областа на графичкиот дизајн, има дизајнирано корици за неколку стотици книги, а „СНЕШКО. Дневникот на едно кутре“ е прво издание каде што се јавува и како илустратор. Од 2017 година активно се занимава и со фотографирање, за што има добиено повеќе награди и признанија, а учествувала и на неколку македонски и интернационални групни изложби. Сликовницата „Рокчето“ е заедничко, комплетно авторско дело со Никола Маџиров, во кое Анета Илиевска ни се претставува како вистински изграден илустратор со свој препознатлив ликовен ракопис.

The post Промоција на „Рокчето“ – првата книга за деца на познатиот поет Никола Маџиров appeared first on Република.

]]>
Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetot-veruva-deka-samo-ranite-mozhat-da-se-nasledat-a-ne-bolestite/ Sat, 26 Aug 2023 08:36:59 +0000 https://republika.mk/?p=675944

Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело.

За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Бредли е ирски автор од Белфаст, Северна Ирска, а од 2012 година живее во Едмонтон, Канада.

Денес стравот од разделба (separation anxiety) има своја медицинска утврденост и симптоматологија и именуван е со кодот Ф93.0.3 Пред стотина години носталгијата исто била сметана за заболување и била лечена со опиум, пијавици или со престои на високите планини. Таму човекот требало да се излечи од неговиот копнеж по домот, со тоа што планината полека станува негов дом. Наспроти болната прецизност на медицината, поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите. Отворените рани во кои зборовите на монолитните догми ставаат жешка сол. Затоа Бредли верува дека сѐ може да биде предмет на разоткривање, на спонтана десакрализација и верува дека така може да се осветли апсурдот на строгата религиска или милитантна свест, рече Никола Маџиров за поезијата на Бредли.

Башевски со неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобра поетска зборка меѓу две фестивалски изданија.

„Дни, години“ е, веројатно, најзрелата поетска книга на Димитар Башевски. Сé што било препознатлив белег во неговите претходни книги овде го наоѓа својот најчист облик. Критиката досега веќе го нотирала во поезијата на Димитар Башевски ехото на едноставната форма на Константин Кавафис и мудрата сведеност на идеалната „проста и строга македонска песна“ дефинирана од Блаже Конески. Сепак, во својата седма поетска книга Димитар Башевски оди чекор подалеку, кон еден имажистички модел на возвишена едноставност што открива најдлабоко значење. Голем дел од неговата поезија, се чини, ги илустрира трите начела на Езра Паунд – за директниот опис, за избегнување на излишниот збор и за музичката фраза наместо метрономски ритам. Јасната поетска слика доловена преку едноставен исказ во стиховите на Димитар Башевски секогаш е заокружена со мисловен проблесок. Такви се многу негови песни, меѓу кои и антологиските „Стракче“, „Статуа“, „Летопис“ и „Земјотрес“, истакна проф. д-р Иван Додовски.

Денеска, поетски портрет ќе има и годинашниот добитник на „Златен венец“, Влада Урошевиќ, чие чествување ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ во Охрид со почеток во 20:30 часот.

 

The post Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите appeared first on Република.

]]>

Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО за најдобра дебитантска поетска книга. Бредли е ирски автор од Белфаст, Северна Ирска, а од 2012 година живее во Едмонтон, Канада.
Денес стравот од разделба (separation anxiety) има своја медицинска утврденост и симптоматологија и именуван е со кодот Ф93.0.3 Пред стотина години носталгијата исто била сметана за заболување и била лечена со опиум, пијавици или со престои на високите планини. Таму човекот требало да се излечи од неговиот копнеж по домот, со тоа што планината полека станува негов дом. Наспроти болната прецизност на медицината, поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите. Отворените рани во кои зборовите на монолитните догми ставаат жешка сол. Затоа Бредли верува дека сѐ може да биде предмет на разоткривање, на спонтана десакрализација и верува дека така може да се осветли апсурдот на строгата религиска или милитантна свест, рече Никола Маџиров за поезијата на Бредли.
Башевски со неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобра поетска зборка меѓу две фестивалски изданија.
„Дни, години“ е, веројатно, најзрелата поетска книга на Димитар Башевски. Сé што било препознатлив белег во неговите претходни книги овде го наоѓа својот најчист облик. Критиката досега веќе го нотирала во поезијата на Димитар Башевски ехото на едноставната форма на Константин Кавафис и мудрата сведеност на идеалната „проста и строга македонска песна“ дефинирана од Блаже Конески. Сепак, во својата седма поетска книга Димитар Башевски оди чекор подалеку, кон еден имажистички модел на возвишена едноставност што открива најдлабоко значење. Голем дел од неговата поезија, се чини, ги илустрира трите начела на Езра Паунд – за директниот опис, за избегнување на излишниот збор и за музичката фраза наместо метрономски ритам. Јасната поетска слика доловена преку едноставен исказ во стиховите на Димитар Башевски секогаш е заокружена со мисловен проблесок. Такви се многу негови песни, меѓу кои и антологиските „Стракче“, „Статуа“, „Летопис“ и „Земјотрес“, истакна проф. д-р Иван Додовски.
Денеска, поетски портрет ќе има и годинашниот добитник на „Златен венец“, Влада Урошевиќ, чие чествување ќе се одржи во црквата „Св. Софија“ во Охрид со почеток во 20:30 часот.  

The post Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите appeared first on Република.

]]>
Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-moeto-opshtestvo-mokjta-se-nasleduva-pobrzo-otkolku-bolestite-no-bezbednosta-na-literaturata-e-vo-nejzinata-nenaslednost-i-nedelivost-reche-pisatelot-nikola-madzirov-na-otvoranjeto-na-festivalot-bu/ Tue, 04 Oct 2022 10:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=557173

Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е токму во нејзината ненаследност и неделивост, во отсуството на тестаменти и завети, рече синоќа писателот Никола Маџиров на свеченото отворање на осмото издание на Фестивалот на европската литература Букстар (Книжевни ѕвезди) во Скопје.

Фестивалот, чиј прв ден помина со одличен одзив на публиката, за отворен го прогласи писателот Никола Маџиров, кој имаше импресивно почесно обраќање.

Kнигата некогаш била воздух меѓу двајца раскажувачи кои не сакале сведоци. Била и лузна врз лицето на камен — несакан пронајдок од дивите копачи на злато. Била и печат врз кора на убиено дрво. И разнесени листови од ветровите и војните. Била и пламен во најтемните епохи на човештвото. Книгата ќе остане течнокристална тајна што археолозите нема да ја пронајдат во ниту еден богат гроб. Но, нема ниту причина да се копа, да се најде она што продира во длабочините на светот надвор од сомнителните сеќавања на историјата. И не мислам дека книжевноста ќе го ослободи светот од решетките на неговите меридијани, ниту дека таа е бегство или прибежиште од стварноста. Литературата е засолниште во стварноста – рече Маџиров.

Како што кажа понатаму во говорот, книжевноста е ненаследна просторија на заедничкото раѓање.

Како читател, мислам дека книжевната меморија е наследна на поинаков начин — како почеток на нов свет. Повикувањето на неа не завршува само со сентиментално и селективно прераскажување како над нечиј свеж гроб. Книжевната меморија е тесно поврзана со слободата на постоењето, дури и тогаш кога ги оживува сликите на војните, откоренувањата и враќањата кога веќе ништо не постои. Освен нагонот во себе силно да се викне, за да те чуе времето – рече Маџиров.

На годинашниот фестивал ќе гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање.

Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски.

Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.

 

The post Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е токму во нејзината ненаследност и неделивост, во отсуството на тестаменти и завети, рече синоќа писателот Никола Маџиров на свеченото отворање на осмото издание на Фестивалот на европската литература Букстар (Книжевни ѕвезди) во Скопје. Фестивалот, чиј прв ден помина со одличен одзив на публиката, за отворен го прогласи писателот Никола Маџиров, кој имаше импресивно почесно обраќање.
Kнигата некогаш била воздух меѓу двајца раскажувачи кои не сакале сведоци. Била и лузна врз лицето на камен — несакан пронајдок од дивите копачи на злато. Била и печат врз кора на убиено дрво. И разнесени листови од ветровите и војните. Била и пламен во најтемните епохи на човештвото. Книгата ќе остане течнокристална тајна што археолозите нема да ја пронајдат во ниту еден богат гроб. Но, нема ниту причина да се копа, да се најде она што продира во длабочините на светот надвор од сомнителните сеќавања на историјата. И не мислам дека книжевноста ќе го ослободи светот од решетките на неговите меридијани, ниту дека таа е бегство или прибежиште од стварноста. Литературата е засолниште во стварноста – рече Маџиров.
Како што кажа понатаму во говорот, книжевноста е ненаследна просторија на заедничкото раѓање.
Како читател, мислам дека книжевната меморија е наследна на поинаков начин — како почеток на нов свет. Повикувањето на неа не завршува само со сентиментално и селективно прераскажување како над нечиј свеж гроб. Книжевната меморија е тесно поврзана со слободата на постоењето, дури и тогаш кога ги оживува сликите на војните, откоренувањата и враќањата кога веќе ништо не постои. Освен нагонот во себе силно да се викне, за да те чуе времето – рече Маџиров.
На годинашниот фестивал ќе гостуваат автори од Македонија, Исланд, Бугарија, Литванија, Хрватска, Романија, Италија и Словачка, кои ќе учествуваат во книжевни разговори, поткасти, работилница за раскажување приказни, читање и предавање. Претходно беше објавено дека наградата Букстар за 2022 ја доби белоруската нобеловка Светлана Алексиевич за книгата „Војната нема женско лице“. Ќе бидат доделени и наградата за најактуелна книга меѓу две фестивалски изданија и нововостановената награда за најдобар превод „Драги“, во чест на Драги Михајловски. Фестивалската програма ќе се одвива во МКЦ, библиотеката „Браќа Миладиновци“ и во КСЦ „Центар – Јадро“.  

The post Во моето општество, моќта се наследува побрзо отколку болестите, но безбедноста на литературата е во нејзината ненаследност и неделивост, рече писателот Никола Маџиров на отворањето на Фестивалот „Букстар“ appeared first on Република.

]]>
Никола Маџиров член на жирото на „Griffin Poetry Prize“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nikola-madzirov-chlen-na-ziroto-na-griffin-poetry-prize/ Mon, 12 Sep 2022 07:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=549880

Македонскиот поет Никола Маџиров е член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Griffin Poetry Prize“, со седиште во Торонто, Канада.

Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година изнесува 100.000 американски долари и ќе се додели на авторот и преведувачот на свечена церемонија во Корнер Хал (Koerner Hall) во Торонто, во јуни следната година. Петте автори кои ќе влезат во потесна конкуренција ќе добијат по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а ќе се додели и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада.

Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, национален американски поет-лауреат за 2012-2014 година и добитничка на Пулицер, како и канадскиот поет Грегори Скофилд.

Освен овие награди, се доделува и Грифин награда за животно дело, која досега ја имаат добиено неколку добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата како Ко Ун (2008), Х. М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други.

Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик се шестотина книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на Златниот венец, Маргарет Етвуд, ќе каже: „Griffin Poetry Prize ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години. Поезијата не е минорна форма на уметноста; таа е казанот на човечкиот јазик.“

 

The post Никола Маџиров член на жирото на „Griffin Poetry Prize“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поет Никола Маџиров е член на жирото на најголемата светска награда со меѓународен карактер за поетска книга напишана или преведена на англиски јазик, „Griffin Poetry Prize“, со седиште во Торонто, Канада. Наградата за најдобра книга напишана или преведена на англиски јазик за 2022/2023 година изнесува 100.000 американски долари и ќе се додели на авторот и преведувачот на свечена церемонија во Корнер Хал (Koerner Hall) во Торонто, во јуни следната година. Петте автори кои ќе влезат во потесна конкуренција ќе добијат по 10.000 канадски долари и учество на свечената церемонија, а ќе се додели и награда за најдобра дебитантска поетска книга во Канада. Другите двајца членови на жирито се американската поетеса Наташа Третвеј, национален американски поет-лауреат за 2012-2014 година и добитничка на Пулицер, како и канадскиот поет Грегори Скофилд. Освен овие награди, се доделува и Грифин награда за животно дело, која досега ја имаат добиено неколку добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата како Ко Ун (2008), Х. М. Енцесбергер (2009), Адам Загајевски (2016) или нобеловците Томас Транстромер (2007), Шејмас Хини (2012), Дерек Волкот (2015) и други. Во конкуренција за најдобра поетска книга напишана или преведена на англиски јазик се шестотина книги од автори од многу земји. Една од основачите на наградата и добитничка на Златниот венец, Маргарет Етвуд, ќе каже: „Griffin Poetry Prize ги афирмира и охрабрува поетите веќе дваесет и две години. Поезијата не е минорна форма на уметноста; таа е казанот на човечкиот јазик.“  

The post Никола Маџиров член на жирото на „Griffin Poetry Prize“ appeared first on Република.

]]>
Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/madzirov-go-pretstavi-laureatot-na-svp-poezijata-na-tanikava-e-polna-so-lirski-i-zvuchni-asocijacii/ Sun, 28 Aug 2022 08:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=544858

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, беше претставен вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид. За неговото творештво говореше македонскиот поет Никола Маџиров, кој истакна дека Таникава е еден од најиновативните поети во Јапонија.

Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните - истакна Маџиров.

Осврнувајќи се на неговото творештво тој потенцираше дека неговата поезија е високософистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации.

[caption id="attachment_544859" align="alignnone" width="1600"] Никола Маџиров[/caption]

Речиси во секоја книга поезија тој свесно и храбро усвојува различен модус, стил, стиховна хармонија. Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Таа е полна со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи. Таникава има способност миговно и без особен напор да ги претопи секојдневните нешта во драматизиран концепт и токму тоа ѝ дава една магнетска особеност на неговата поезија. Неговите песни прво нè освојуваат со зборовите и сликите што изгледаат познати и лесни за разбирање, за потоа да нè поведат во длабочините на една пресекувачка стварност - рече Маџиров.

Тој додаде дека поезијата на Таникава нѐ учи како да си ја простиме суштинската осаменост.

Корењата на поезијата на Таникава растат меѓу минералите на длабоката осама, каде што тишината е почеток на создавањето, вдишување пред издишувањето на првиот збор. Арс поетиката на современиот јапонски поет е болна и алхемичарска - од тишината да создадеш јазик, со тишината да кажеш за гласноста на светот, како птица што со молкот навестува бомбардирање. Стихот на Роберт Фрост вели: „да бидеш социјален, значи да простуваш“, а Шунтаро Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската, универзумска осаменост - заклучи Маџиров.

На манифестацијата синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, прочита неколку песни од својот татко, а потоа изведе неколку композиции на пијано.

Таникава поради возраста не присуствува на фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку.

Годинашното издание на „Струшките вечери на поезија“ се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата.
Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации appeared first on Република.

]]>

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, беше претставен вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид. За неговото творештво говореше македонскиот поет Никола Маџиров, кој истакна дека Таникава е еден од најиновативните поети во Јапонија.
Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните - истакна Маџиров.
Осврнувајќи се на неговото творештво тој потенцираше дека неговата поезија е високософистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации. [caption id="attachment_544859" align="alignnone" width="1600"] Никола Маџиров[/caption]
Речиси во секоја книга поезија тој свесно и храбро усвојува различен модус, стил, стиховна хармонија. Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Таа е полна со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи. Таникава има способност миговно и без особен напор да ги претопи секојдневните нешта во драматизиран концепт и токму тоа ѝ дава една магнетска особеност на неговата поезија. Неговите песни прво нè освојуваат со зборовите и сликите што изгледаат познати и лесни за разбирање, за потоа да нè поведат во длабочините на една пресекувачка стварност - рече Маџиров.
Тој додаде дека поезијата на Таникава нѐ учи како да си ја простиме суштинската осаменост.
Корењата на поезијата на Таникава растат меѓу минералите на длабоката осама, каде што тишината е почеток на создавањето, вдишување пред издишувањето на првиот збор. Арс поетиката на современиот јапонски поет е болна и алхемичарска - од тишината да создадеш јазик, со тишината да кажеш за гласноста на светот, како птица што со молкот навестува бомбардирање. Стихот на Роберт Фрост вели: „да бидеш социјален, значи да простуваш“, а Шунтаро Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската, универзумска осаменост - заклучи Маџиров.
На манифестацијата синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, прочита неколку песни од својот татко, а потоа изведе неколку композиции на пијано. Таникава поради возраста не присуствува на фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку. Годинашното издание на „Струшките вечери на поезија“ се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Маџиров го претстави Лауреатот на СВП: Поезијата на Таникава е полна со лирски и звучни асоцијации appeared first on Република.

]]>