никола кимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-kimovski/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 09:47:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола кимовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-kimovski/ 32 32 Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kimovski-ne-stanuva-zbor-koj-ja-izgradil-zgradata-na-mnt-publikata-koja-doaga-na-pretstavi-ne-mozheme-da-ja-delime-na-leva-desna-ili-neutralna/ Tue, 26 Nov 2024 08:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=841791

За жал, состојбата на објектот на МНТ е очајна. Најголемиот театар во Македонија е оставен да пропаѓа бавно, но сигурно. Ова е жално, независно од тоа кој го изградил театарот. Се работи за недомаќинско работење од страна на претходната власт, бидејќи со ова се покажува негрижа кон нашата верна публика, која е присутна секоја вечер. Нехумано и небезбедно е да влегуваат во објект кој што се распаѓа, вели директорот на МНТ, Никола Кимовски.

Тој смета дека проблемот настанал со тоа што не е склучен договот на тендер со фирма за одржување на објектот и како што минувале годините и оштетувањата станувале поголеми веќе ни фирмите не сакале да склучат договор за одржување. Сега, вели, се фокусирани на реновирањето на театарот и санација, отколку на откривање и посочување со прст на виновникот на сето ова.

https://www.youtube.com/watch?v=OXh-E5AbAs8

Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ситуацијата трае веќе веќе 7- 8 години.

Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари. Можеле да се затворат тие балкони, да се застаклат и да се забрани дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време и затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков, кој вети дека ќе се врати сјајот на институциите.

Во 2019 година актерот Тони Михајловски го критикуваше одржувањето на театарските објекти низ Македонија и напомена дека „се распаѓа и зградата на Македонскиот народен театар“ на кејот на Вардар во Скопје.

Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа, напиша тогаш Михајловски на својот профил на Фејсбук.

Македонскиот народен театар, пак, во 2021 соопшти дека со 1,2 милиони денари во рамките на Годишната програма на Министерството за култура започнала санацијата на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот. Со зафатот требаше да се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот бидејќи при обилни дождови беше предизвикана материјална штета од протекување од терасата во главното фоаје.

Инаку новата зграда на МНТ беше отворена во 2013 година, а неговата изградба чинеше безмалку 40 милиони евра. Во меѓувреме претрпе и критики дека прокиснува.


Подготвија:
Новинар: Невена Поповска
Фото/видео: Александар Ивановски
Монтажа: Александар Арсовски

The post Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална appeared first on Република.

]]>

За жал, состојбата на објектот на МНТ е очајна. Најголемиот театар во Македонија е оставен да пропаѓа бавно, но сигурно. Ова е жално, независно од тоа кој го изградил театарот. Се работи за недомаќинско работење од страна на претходната власт, бидејќи со ова се покажува негрижа кон нашата верна публика, која е присутна секоја вечер. Нехумано и небезбедно е да влегуваат во објект кој што се распаѓа, вели директорот на МНТ, Никола Кимовски.
Тој смета дека проблемот настанал со тоа што не е склучен договот на тендер со фирма за одржување на објектот и како што минувале годините и оштетувањата станувале поголеми веќе ни фирмите не сакале да склучат договор за одржување. Сега, вели, се фокусирани на реновирањето на театарот и санација, отколку на откривање и посочување со прст на виновникот на сето ова. https://www.youtube.com/watch?v=OXh-E5AbAs8 Според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ситуацијата трае веќе веќе 7- 8 години.
Иако се знаеле позициите дека некаде капе, дека има проблем, иако имало обезбедувано средства за поправки, тоа не се случило во овие седум години. И можам да заклучам дека со тенденција се држел Македонскиот народен театар да биде во ваква очајна состојба. Тој е изграден со многу љубов, не велам дека немало пропусти при изградбата, можеби имало. Во однос на буџетот, имало години кога имале по 20 милиони денари за продукција. Во 2017 имало 14 милиони денари, а денес имаме 4 милиони денари. Можеле да се затворат тие балкони, да се застаклат и да се забрани дотокот на вода, таа е помала инвестиција. Поголемата инвестиција е во однос на штетата што е предизвикана од тоа што не било интервенирало на време и затоа ќе одиме фаза по фаза, рече Љутков, кој вети дека ќе се врати сјајот на институциите.
Во 2019 година актерот Тони Михајловски го критикуваше одржувањето на театарските објекти низ Македонија и напомена дека „се распаѓа и зградата на Македонскиот народен театар“ на кејот на Вардар во Скопје.
Новата зграда на МНТ се распаѓа заради неспособност за одржување на високите стандарди кои се поставија во технологијата која ја поседува, а следна слична е во Виена. Културата ни се распаѓа, напиша тогаш Михајловски на својот профил на Фејсбук.
Македонскиот народен театар, пак, во 2021 соопшти дека со 1,2 милиони денари во рамките на Годишната програма на Министерството за култура започнала санацијата на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот. Со зафатот требаше да се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот бидејќи при обилни дождови беше предизвикана материјална штета од протекување од терасата во главното фоаје. Инаку новата зграда на МНТ беше отворена во 2013 година, а неговата изградба чинеше безмалку 40 милиони евра. Во меѓувреме претрпе и критики дека прокиснува.
Подготвија: Новинар: Невена Поповска Фото/видео: Александар Ивановски Монтажа: Александар Арсовски

The post Кимовски: Не станува збор кој ја изградил зградата на МНТ, публиката која доаѓа на претстави не можеме да ја делиме на лева, десна или неутрална appeared first on Република.

]]>
Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavisha-kajevski-mechtaeshe-za-vakva-stsena-publika-za-vakva-splotenost-i-zatoa-sme-sobrani-vo-negova-chest-kazha-direktorot-na-mnt-na-otvoraneto-na-letnata-stsena/ Wed, 18 Sep 2024 13:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=817380

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име.

Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.

Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.

Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена.

[caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]

Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.

В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.

Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.

На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“.

Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>

Со гласот на акткерот Славиша Кајевски како изговара реплики на ликовите од драмите во кои играше на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ), синоќа, пред многубројната публика беше отворена летната сцена која го носи неговото име. Прерано починатиот Кајевски трагично го загуби животот на 39 години во декемврии 2021 година и беше дел од ансамблот на националаниот театар.
Оваа куќа е потешка од која било карпа, но последниот најмлад одронат камен нам ни даде искра, ни даде сила дека ништо не е попусто. Дека треба да одиме напред, сè посилно. Да, токму Славиша Каjевски мечтаеше за ваква сцена, за ваква публика, за ваква сплотеност. Затоа вечерва сме тука собрани, во негова чест, да отвориме нови видици, нови врати и да не забораваме, кажа синоќа на отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“ Никола Кимовски, в.д. директор на МНТ.
Членови на семејството на Кајевски, роднини, пријатели, актери од неговата генерација, гости од други театари, режисери, филмаџии, музичари, пристуваа на терасата на националниот театар каде што е сместена летната сцена. [caption id="attachment_817513" align="alignnone" width="2000"] Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, вели в. д. директорот на МНТ Никола Кимовски[/caption]
Благодариме на довербата на овој простор да создадеме нов свет за нас и за идните генерации. Ова културно поле, ова прекрасно плато на МНТ долги години беше празно. Затоа сме овде да посадиме семе, семе кое ќе инспирира да продожиме напред во животот. Мојата огромна заложба ќе биде ова семе, оваа летна сцена, да пушти корени и да биде нов културен простор за нашата публика и воедно и значаен пример како треба меѓусебно да се вреднуваме и да се почитуваме, кажа Кимовски.
В.д. директорот нан МНТ кажа дека негова мисија е националниот театар секогаш да биде отворен, флексибилен, инклузивен, разновиден, светска класа на театар, театар за секого.
Понекогаш помислувам дека тоа е единственото нешто што е навистина важно. Да си дозволиме едни со други да се разбереме и да се потсетиме дека сите заедно сме на ист пат и сите се стремиме кон истата цел за која верувам дека ја имале сите останати големи театарски имиња што оставиле значаен печат во историјата, културата и уметноста во нашата држава. Силно верувам дека сме подготовени за ова наше заедничко патување кое ќе остави длабока трага во нашата театарска и културна традиција, рече синоќа Кимовски.
На отворањето беше изведена музичко-драмската претстава „Црнила ремикс" во продукција на Младински културен центар (МКЦ). Режисер на ова современо читање на драмското дело на Коле Чашуле е Јордан Симонов кој работеше заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап-колективот „Зад аголот”. Во претставата играат: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски – колектив „Зад аголот“. Летната сцена ќе работи до први октомври, а на програмата се претстави од МНТ и од други театри, но и музички и настапи на диџеи. Во случај на невреме, содржините нема да се откажуваат туку ќе се изведуваат во театарот. Вечерва од 21 часот е стенд ап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“.

The post Славиша Кајевски мечтаеше за ваква сцена, публика, за ваква сплотеност и затоа сме собрани во негова чест, кажа директорот на МНТ на отворањето на летната сцена appeared first on Република.

]]>
На местото на оние кои не работат, а земаат плати, ќе бидат примени млади актери, вели новиот директор на МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-mestoto-na-onie-koi-ne-rabotat-a-zemaat-plati-ke-bidat-primeni-mladi-akteri-veli-noviot-direktor-na-mnt/ Sun, 04 Aug 2024 14:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=803261

Актерите од МНТ кои подолго време не работат, а земаат плати, треба да разберат дека се дел од театарот. Ако не го сфатат тоа на нивно место ќе бидат примени млади актери. Ова во интервју за „Телма“ го кажа новиот в.д. директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски.

Тој во интервјуто зборува за неговите приоритети, МНТ да го направи театар со фокус на големата сцена и дека ученици ќе доаѓаат организирано да учат што е театар.

За најавеното отворање на летната сцена во септември, што ќе го носи името на починатиот актер Славиша Кајевски, Кимовски вели дека не може порано зашто театарот е на колективен одмор во август.

А, за потребата од санација на зградата на МНТ од протекувањата на дождови, в.д. директорот рече дека од новиот министер за култура и туризам добил ветување дека до крајот на годината ќе се обезбедат средства за поправка на објектот.

The post На местото на оние кои не работат, а земаат плати, ќе бидат примени млади актери, вели новиот директор на МНТ appeared first on Република.

]]>

Актерите од МНТ кои подолго време не работат, а земаат плати, треба да разберат дека се дел од театарот. Ако не го сфатат тоа на нивно место ќе бидат примени млади актери. Ова во интервју за „Телма“ го кажа новиот в.д. директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски. Тој во интервјуто зборува за неговите приоритети, МНТ да го направи театар со фокус на големата сцена и дека ученици ќе доаѓаат организирано да учат што е театар. За најавеното отворање на летната сцена во септември, што ќе го носи името на починатиот актер Славиша Кајевски, Кимовски вели дека не може порано зашто театарот е на колективен одмор во август. А, за потребата од санација на зградата на МНТ од протекувањата на дождови, в.д. директорот рече дека од новиот министер за култура и туризам добил ветување дека до крајот на годината ќе се обезбедат средства за поправка на објектот.

The post На местото на оние кои не работат, а земаат плати, ќе бидат примени млади актери, вели новиот директор на МНТ appeared first on Република.

]]>