Никола Груевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-gruevski/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Apr 2024 10:11:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Груевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-gruevski/ 32 32 Героски најавува: Ова е осигурачот на бомбата, бомбата е нешто друго https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/geroski-najavuva-ova-e-osigurachot-na-bombata-bombata-e-neshto/ Mon, 15 Apr 2024 10:08:13 +0000 https://republika.mk/?p=766231

Новинарот Бранко Героски во објава на Фејсбук го коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој праша какви планови ковал Ковачевски во вилата Водно со Груби, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци.

Да бидеме попрецизни, ова е осигурачот на бомбата.Колку што јас знам бомбата е нешто друго.Шокантна работа.Бидејќи во приказната не е само Груби, Ахмети, Ковачевски и Стево. Има тука и други интересни ликови.Ќе биде забавно-напиша Геровски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вилата на Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и со Али Ахмети пред неколку месеци.

– Овој „чесниот“ Стево Пендаровски, добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и на Ахмети, пред неколку месеци, поврзано со измените на Кривичниот  законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата „Твоја Македонија“. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега – рече Мицкоски.

The post Героски најавува: Ова е осигурачот на бомбата, бомбата е нешто друго appeared first on Република.

]]>

Мицкоски: Чудно е проклетството Груевски кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-chudno-e-prokletstvoto-gruevski-koj-zboreshe-za-nozh-vo-grb-i-razni-nozhina-da-stane-tokmu-toa-za-sopstvenata-partija/ Sun, 24 Sep 2023 14:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=684723

Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација. Морам да кажам дека сум длабоко разочаран од неговото однесување. Долго време јавно одбегнував да се произнесам за тоа, и за многу, многу други работи кои ми се случуваа мене и на моите најблиски соработници во битката ВМРО-ДПМНЕ да ја ставиме на здрави нозе и она што е денес силна структура на прагот на најголемата победа. Се до извесен период, иако немав и немам никакви контакти, мислев дека делиме иста цел. Патот до оваа цел ВМРО-ДПМНЕ силно и обединето беше трновит, со многу удари, и мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно, ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за поранешниот претседател на партијата.

Не можам никако да разберам, додаде Мицкоски, „како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија, да дели УСБ-а и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори“.

За многу работи од внатрешните работи со поранешниот претседател нема да говорам и ќе оставам историјата да суди, за многу работи ќе се послужам со онаа народната „ти кон мене со клетви, јас со благослови“, но немојте никогаш и никој да ја тестира нашата одлучност да ги браниме нашите ставови, ниту пак намерата да не отстапиме во работите кои веруваме или пак било како да го разочарам народот“, рече Мицкоски.

Според него чудно е проклетството на историјата.

Чудно е тоа проклетство на историјата, човекот кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија. Мене не ми беше цел да влезам во конфликт и јавна преписка со него, но овој валкан план мораше да го знае јавноста. И ова е вистински последниот пат кога се осврнувам на оваа тема и нема повеќе да говорам за ова зошто имаме работа, а тоа е пад на оваа криминална Влада. Јас му посакувам добро здравје, добра среќа и да не го прави на другите тоа што нему не сака да му го прават. Имаме работа, нашиот противник е оваа криминална Влада на чело со СДСМ и ДУИ“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Чудно е проклетството Груевски кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија appeared first on Република.

]]>

Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација. Морам да кажам дека сум длабоко разочаран од неговото однесување. Долго време јавно одбегнував да се произнесам за тоа, и за многу, многу други работи кои ми се случуваа мене и на моите најблиски соработници во битката ВМРО-ДПМНЕ да ја ставиме на здрави нозе и она што е денес силна структура на прагот на најголемата победа. Се до извесен период, иако немав и немам никакви контакти, мислев дека делиме иста цел. Патот до оваа цел ВМРО-ДПМНЕ силно и обединето беше трновит, со многу удари, и мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно, ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за поранешниот претседател на партијата. Не можам никако да разберам, додаде Мицкоски, „како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија, да дели УСБ-а и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори“.
За многу работи од внатрешните работи со поранешниот претседател нема да говорам и ќе оставам историјата да суди, за многу работи ќе се послужам со онаа народната „ти кон мене со клетви, јас со благослови“, но немојте никогаш и никој да ја тестира нашата одлучност да ги браниме нашите ставови, ниту пак намерата да не отстапиме во работите кои веруваме или пак било како да го разочарам народот“, рече Мицкоски.
Според него чудно е проклетството на историјата.
Чудно е тоа проклетство на историјата, човекот кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија. Мене не ми беше цел да влезам во конфликт и јавна преписка со него, но овој валкан план мораше да го знае јавноста. И ова е вистински последниот пат кога се осврнувам на оваа тема и нема повеќе да говорам за ова зошто имаме работа, а тоа е пад на оваа криминална Влада. Јас му посакувам добро здравје, добра среќа и да не го прави на другите тоа што нему не сака да му го прават. Имаме работа, нашиот противник е оваа криминална Влада на чело со СДСМ и ДУИ“, заклучи Мицкоски.
 
The post Мицкоски: Чудно е проклетството Груевски кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски негира дека во неговиот кабинет се разговарало за амнестија на Груевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-negira-deka-vo-negoviot-kabinet-se-razgovaralo-za-amnestija-na-gruevski/ Sat, 23 Sep 2023 19:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=684525

Претседателот Стево Пендаровски ги демантира тврдењата на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој пред неколку дена изјави дека на 9 Мај годинава, во претседателскиот кабинет се преговарало за враќање на поранешниот премиер, Никола Груевски во земјава.

Шефот на државата вели дека на тој ден единствен политички чинител со кого остварил средба бил коалицискиот партнер на Меџити, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Пендаровски нагласи дека неговиот став на темата помилување е јасен и честопати повторуван во текот на изминатите години, а тоа е дека нема намера да го амнестира поранешниот премиер Груевски. Тој вели дека во неговиот кабинет никогаш немало средба со никого, било политички или неполитички актер, на која се разговарала и договарала амнестија за Никола Груевски. Изет Меџити, вели Пендаровски, можел да провери кај него дека на 9 Мај тој остварил средба само со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Проверив кај мене во календарот и освен стандарден работен состанок со моите вработени, точно во 12 часот на 9 Мај кај мене во Кабинетот бил само Африм Гаши, и се разбира дека не сме разговарале за помилување на Груевски, рече Пендаровски за МРТ.

На новинарско прашање дали некој од опозицијата барал амнестија за Груевски, Пендаровски рече дека никој од него нема побарано амнестија или помилување и ја повтори изјавата од пред неколку дена, дека одредени луѓе преку посредници само ја тестирале таа идеја и тоа дали тој е подготвен да го направи тоа.

Јас не мислам дека некој политичар треба да биде амнестиран затоа што мојот став е дека секој треба да ја докаже својата невиност преку правните инстанци во земјата, соопшти Пендаровски.

Изјавата на Пендаровски следува откако пред неколку дена во телевизиско гостување, претседателот на Демократско движење и поранешен висок функционер од редовите на ДУИ Изет Меџити, кажа дека на Денот на Европа во претседателскиот кабинет било преговарано враќањето на Груевски. Исто така и дека имало барање за негово помилување, а дека тоа барање било направено по иницијатива на владејачките партии, а не на опозицијата. Меџити рече и дека тој има факти и докази за тоа кој точно бил на средбата со Пендаровски.

The post Пендаровски негира дека во неговиот кабинет се разговарало за амнестија на Груевски appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски ги демантира тврдењата на лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој пред неколку дена изјави дека на 9 Мај годинава, во претседателскиот кабинет се преговарало за враќање на поранешниот премиер, Никола Груевски во земјава. Шефот на државата вели дека на тој ден единствен политички чинител со кого остварил средба бил коалицискиот партнер на Меџити, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Пендаровски нагласи дека неговиот став на темата помилување е јасен и честопати повторуван во текот на изминатите години, а тоа е дека нема намера да го амнестира поранешниот премиер Груевски. Тој вели дека во неговиот кабинет никогаш немало средба со никого, било политички или неполитички актер, на која се разговарала и договарала амнестија за Никола Груевски. Изет Меџити, вели Пендаровски, можел да провери кај него дека на 9 Мај тој остварил средба само со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
Проверив кај мене во календарот и освен стандарден работен состанок со моите вработени, точно во 12 часот на 9 Мај кај мене во Кабинетот бил само Африм Гаши, и се разбира дека не сме разговарале за помилување на Груевски, рече Пендаровски за МРТ.
На новинарско прашање дали некој од опозицијата барал амнестија за Груевски, Пендаровски рече дека никој од него нема побарано амнестија или помилување и ја повтори изјавата од пред неколку дена, дека одредени луѓе преку посредници само ја тестирале таа идеја и тоа дали тој е подготвен да го направи тоа.
Јас не мислам дека некој политичар треба да биде амнестиран затоа што мојот став е дека секој треба да ја докаже својата невиност преку правните инстанци во земјата, соопшти Пендаровски.
Изјавата на Пендаровски следува откако пред неколку дена во телевизиско гостување, претседателот на Демократско движење и поранешен висок функционер од редовите на ДУИ Изет Меџити, кажа дека на Денот на Европа во претседателскиот кабинет било преговарано враќањето на Груевски. Исто така и дека имало барање за негово помилување, а дека тоа барање било направено по иницијатива на владејачките партии, а не на опозицијата. Меџити рече и дека тој има факти и докази за тоа кој точно бил на средбата со Пендаровски.

The post Пендаровски негира дека во неговиот кабинет се разговарало за амнестија на Груевски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за ситуацијата со Груевски: Има докази за оската за делување на ДУИ, СДС, Груевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-situatsijata-so-gruevski-ima-dokazi-za-oskata-za-deluvane-na-dui-sds-gruevski/ Fri, 22 Sep 2023 18:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=684219

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи за ситуацијата со Груевски во интервју за Алсат М истакна дека Груевски сега се прави дека ништо не знае, но има докази за оската со ДУИ и СДС, а воедно е добро и да се проговори за поделените УСБ и документи.

Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Тоа што имав да го кажам за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски го кажав јасно и гласно. Кажав кои се причините зошто тоа го кажувам, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тоа што го објавил се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат и до него и до ВМРО-ДПМНЕ.

Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев? Мојата порака е нека е жив и здрав и втората моја порака е „не им правете на луѓето тоа што не скаате луѓето вас да ви прават“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека кога сме кај доказите, напишал во неговиот единствен статус за писанијата на Груевски, а тоа е дека ќе дојде денот кога очи во очи ќе се гледаат и ќе зборуваат и за доказите и за се што се случуваше изминатите години.

Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски за ситуацијата со Груевски: Има докази за оската за делување на ДУИ, СДС, Груевски appeared first on Република.

За да поминат уставните измени власта е подготвена дури и да го врати Груевски! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-da-pominat-ustavnite-izmeni-vlasta-e-podgotvena-duri-i-da-go-vrati-gruevski/ Thu, 21 Sep 2023 07:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=683497

Провиден е планот на власта како да дојде до 80 пратеници неоходни за уставните измени. За тоа им требаат барем десет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ а тоа најлесно се прави преку поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски, кој со своето влијание треба да одигра двојна улога.

Прво да помогне, односно убеди пратеници да гласаат за влез на Бугарите во Уставот и втората роља е да внесе раздор внатре во ВМРО-ДПМНЕ што би довело до нови поделби.Наградата што ќе ја добие ќе биде слобода и ослободување од кривично гонење.

Тој филм власта сака да го гледа а „трејлерот“ беше најавен со измените на Кривичниот законик и со најавата за носење на Закон за амнестија.

За ова е разговарано на највисоко ниво а тоа го потврди и лидерот на ДУИ Ахмети и неговиот довчерашен сопартиец  Изет Меџити. Планот бил правен кај претседатателот Пендаровски а структури на ДУИ и СДСМ требало да бидат логистика и подизведувачи.

Но,планот не успеа и неславно пропадна. Она што е уште пострашно е што паднаа маските дека ВМРО-ДПМНЕ се разединети. Напротив, на СДСМ му фалат неколкумина пратеници кои не сакаат да гласаат за промена на Устав.

А ДУИ пак е длабоко заглавена во аферите за криминал, во кој се вмешани, сватови, зетови, донатори, браќа, братучеди...

А во таква ситуација повеќе се мисли на сопствената кожа отколку на Устав.

The post За да поминат уставните измени власта е подготвена дури и да го врати Груевски! appeared first on Република.

]]>

Провиден е планот на власта како да дојде до 80 пратеници неоходни за уставните измени. За тоа им требаат барем десет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ а тоа најлесно се прави преку поранешниот премиер и лидер на партијата Никола Груевски, кој со своето влијание треба да одигра двојна улога.   Прво да помогне, односно убеди пратеници да гласаат за влез на Бугарите во Уставот и втората роља е да внесе раздор внатре во ВМРО-ДПМНЕ што би довело до нови поделби.Наградата што ќе ја добие ќе биде слобода и ослободување од кривично гонење. Тој филм власта сака да го гледа а „трејлерот“ беше најавен со измените на Кривичниот законик и со најавата за носење на Закон за амнестија. За ова е разговарано на највисоко ниво а тоа го потврди и лидерот на ДУИ Ахмети и неговиот довчерашен сопартиец  Изет Меџити. Планот бил правен кај претседатателот Пендаровски а структури на ДУИ и СДСМ требало да бидат логистика и подизведувачи. Но,планот не успеа и неславно пропадна. Она што е уште пострашно е што паднаа маските дека ВМРО-ДПМНЕ се разединети. Напротив, на СДСМ му фалат неколкумина пратеници кои не сакаат да гласаат за промена на Устав. А ДУИ пак е длабоко заглавена во аферите за криминал, во кој се вмешани, сватови, зетови, донатори, браќа, братучеди... А во таква ситуација повеќе се мисли на сопствената кожа отколку на Устав.

The post За да поминат уставните измени власта е подготвена дури и да го врати Груевски! appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-gruevski-ne-bi-sakal-nikogash-da-im-pravam-na-lugeto-toa-shto-ne-sakam-lugeto-mene-da-mi-pravat/ Wed, 20 Sep 2023 18:50:43 +0000 https://republika.mk/?p=683572

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Ѓорче Петров на отворање на новата општинска зграда.

При посетата, Мицкоски доби прашање од медиумите за коментар во однос со последната објава на Никола Груевски на социјалните мрежи.

Нека е жив и здрав, мојата порака до Никола Груевски е не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават“, одговори Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=pslEyDcdzro

The post Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на Ѓорче Петров на отворање на новата општинска зграда. При посетата, Мицкоски доби прашање од медиумите за коментар во однос со последната објава на Никола Груевски на социјалните мрежи.
Нека е жив и здрав, мојата порака до Никола Груевски е не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават“, одговори Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=pslEyDcdzro

The post Мицкоски до Груевски: Не би сакал никогаш да им правам на луѓето тоа што не сакам луѓето мене да ми прават appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/miloshoski-kovachevski-i-ahmeti-pregovaraa-amnestija-so-gruevski-so-tsel-podelbi-vo-vmro-dpmne-i-ustavni-izmeni-2/ Wed, 20 Sep 2023 11:35:41 +0000 https://republika.mk/?p=683459

Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговарала амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени.

Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски. Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата на Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во Кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во Кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат, истакна Милошоски.

Според него, со ова, како што го нарече, најистакнатиот експонент на власта, направил јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ, која ја слуша волјата на народот и е против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели.

Со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ. Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за амнестија во Министерството за правда и Владата има различни позиции, изјави Милошоски.

Според него, агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели.

Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниту еден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс, изјави Милошоски.

Тој додаде дека партијата преживеала многу поголеми турбуленции од овие сега, бидејќи, како што посочи идејата и принципите на партијата се посилни од која било личност, актуелна или поранешна, која зазема или заземала висока партиска функција.

За измените на Кривичниот, според Милошоски се разговарало уште пред осум месеци, кога била воспоставена комуникацијата со Будимпешта и во преговорите, како што тврди тој, биле вклучени високи претставници на СДСМ и еден министер од редовите на ДУИ.

Имаме сериозни индиции и документација за преговорите кои претставниците на СДСМ и ДУИ ги имале со поранешниот премиер во Будимпешта и писмена документација тука во Македонија, изјави Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање.

The post Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени appeared first on Република.

]]>

Антонијо Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието денеска на прес-конференција изјави дека власта на чело со Ковачевски и Ахмети преговарала амнестија за Груевски со цел тој да влијае на поделбите во ВМРО-ДПМНЕ и евентуално да им помогне да се изгласаат уставните измени.
Измените во кривичниот законик, не се случајни, имаат двојна цел, првата е да се амнестираат функционери од актуелната власт, кои во изминативе години за жал ја ограбуваа државата и второ да се влијае на процесите кои се однесуваат на Груевски. Измените во Кривичниот законик ги договарале СДСМ, ДУИ и лица од помали политички партии кои сакаат поделби во опозицијата. Оваа констатација, намерно или случајно, јавно ја кажа и Али Ахмети во едно интервју. Во изјавата на Ахмети беше потенцирано дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, ниту преговарало за измените во Кривичниот законик, ниту се согласило дека е против измените во Кривичниот законик и исто така е против менувањето на уставот под бугарски диктат, истакна Милошоски.
Според него, со ова, како што го нарече, најистакнатиот експонент на власта, направил јасна разлика помеѓу оние кои тргуваат со амнестија за да стигнат до уставни измени и своја правна заштита и ВМРО-ДПМНЕ, која ја слуша волјата на народот и е против уставни измени и трговија со правосудниот систем за политички материјални цели.
Со оваа акција на СДСМ и ДУИ целта им е да се амнестиираат двајца поранешни премиери, а од друга страна менуваат правосудни закони кои би создале лична корист и заштита на актуелните функционери на СДСМ и ДУИ. Споменатите преговарачи на амнестијата нема да застанат тука. Во моментов разговараат за нов закон за амнестија со кој би се спасиле од затвор лица блиски до власта, но имаат несогласувања кои дела да ги опфаќа тој закон за амнестија во Министерството за правда и Владата има различни позиции, изјави Милошоски.
Според него, агендата на СДСМ и ДУИ во периодот кој следи е со две примарни политички цели.
Едната цел е да се спасат функционерите и да има амнестии за тие кои краделе и ја залоупотребиле функцијата, а втората е да го искористат Груевски за фрагментација во ВМРО-ДПМНЕ и со тоа да си олеснат евентуално олеснување на уставните измени. Ние им порачуваме и на СДСМ и на ДУИ и на нивните клиенти да не го потценуваат ВМРО-ДПМНЕ, да не го потценуваат народот. Партијата е обиденета, пратеничката група е сплотена и ВМРО-ДПМНЕ под ниту еден услов нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат, а овие политички пазарења со амнестии во Кривичниот законик нема да ги спасат од одговорност актуелните функционери доколку сметале дека ова им е некаков политички аванс, изјави Милошоски.
Тој додаде дека партијата преживеала многу поголеми турбуленции од овие сега, бидејќи, како што посочи идејата и принципите на партијата се посилни од која било личност, актуелна или поранешна, која зазема или заземала висока партиска функција. За измените на Кривичниот, според Милошоски се разговарало уште пред осум месеци, кога била воспоставена комуникацијата со Будимпешта и во преговорите, како што тврди тој, биле вклучени високи претставници на СДСМ и еден министер од редовите на ДУИ.
Имаме сериозни индиции и документација за преговорите кои претставниците на СДСМ и ДУИ ги имале со поранешниот премиер во Будимпешта и писмена документација тука во Македонија, изјави Милошоски, одговарајќи на новинарско прашање.

The post Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски, со цел поделби во ВМРО-ДПМНЕ и уставни измени appeared first on Република.

]]>
Мицкоски до Груевски: Нема да дозволам лични договори, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-gruevski-nema-da-dozvolam-lichni-dogovori-za-makedonija-ne-smee-da-ima-pazar-i-dogovori-pod-masa/ Wed, 20 Sep 2023 08:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=683346

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на поранешниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски.

Нема потреба од дијалог преку медиуми, му вели Мицкоски, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин:

Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане сè подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор, тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која сè повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот нè бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес.

Ова не е 2018та, ова е друго време.

Како велеше, „вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе“, а вистината ја знаеме и јас и ти..., но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно.

The post Мицкоски до Груевски: Нема да дозволам лични договори, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса appeared first on Република.

]]>

Жалам што се одлучи на чекорот да правиш јавна пародија и да служиш за дефокус од криминалот на оваа криминална власт и те разбирам, но не можам да те оправдам, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на поранешниот претседател на партијата и премиер Никола Груевски. Нема потреба од дијалог преку медиуми, му вели Мицкоски, но бидејќи ми се обрати со статус само еднаш ќе ти одговорам на ист начин: Никола, немам намера со јавни преписки да бидам дел од сценариото за создавање раздор во корист на оваа власт. Еден ден кога ќе се видиме очи во очи ќе ти кажам и детали ако си подготвен да ги чуеш. Нема да дозволам да се заборави што прави оваа криминална власт за да остане сè подолго креирајќи атмосфера каде се губи надежта на граѓаните за правда и за правдина. Ако ти сакаш раздор, тоа е твоја одлука на која јас сум подготвен да за спротивставам, бидејќи не станува збор за лична битка, туку битка за Македонија која сè повеќе тоне во криминал, каде се оди против волјата на граѓаните. А нас политичарите народот нè бира и ние одговораме пред народот за нашите постапки. За Македонија не смее да има пазар и договори под маса. Нема да дозволам лични договори и аранжмани за сметка на колективниот интерес. Ова не е 2018та, ова е друго време. Како велеше, „вистината е како шило, порано или подоцна ќе излезе“, а вистината ја знаеме и јас и ти..., но изгледа ја знаат и други кои ја кажуваат изминативе денови јавно, помалку или повеќе гласно и јасно.

The post Мицкоски до Груевски: Нема да дозволам лични договори, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса appeared first on Република.

]]>
И Османи демантира тајна средба, во неговиот случај – со Груевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-osmani-demantira-tajna-sredba-vo-negoviot-sluchaj-so-gruevski/ Tue, 19 Sep 2023 09:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=683105

По прозивката од лидерот на новоформираната партија, Демократско движење, Изет Меџити, министерот за надворешни работи Бујар Османи демантира дека се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта.

Меџити вчера преку Фејсбук упати јавно прашање до Османи дали бил во службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретна со Груевски.

Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!, одговори Османи на „Фејсбук“.

Пред десет дена Меџити преку Фесјбук јавно праша дали е точно дека на експремиерот Груевски ќе му биде вратен пасошот.

И поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев ги демантираше наводите дека имал тајни средби со Груевски во врска со измените на Кривичниот законик.

Изјавата на Заев за ТВ 24 следуваше, откако претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 рече дека изминативе неколку години имало неколку тајни средби во врска со измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба.

Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина, вели Заев во изјавата за ТВ 24.

И поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку постови на социјалната мрежа ги демантираше наводните средби.

Според Груевски за измените на членот 353 со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба, немало никакви тајни средби на кои тој учествувал.

Тој додава дека сите наводи за негови наводни комуникации и средби или, пак, влијанија на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и, како што вели, наводите дека во изминатиот период имал средби со претставници на власта во врска со одредени прашања.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало ‘пред 3-4 години’, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, по моето заминување од Македонија новото раководатво целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите, пишува Груевски на Фејсбук.

Прозивките за тоа кој се сретнал со Груевски се засилија вчера по интервјуто на Ахмети за „360 Степени“, кој на прашањето во врска со измените на Кривичениот законик и што доколку Груевски не помогне за двотретинското мнозинство за уставните измени, одговори дека поранешниот премиер нема никаква врска со Кривичниот.

Не мислам дека мотивот бил некој да се рехабилитира. Главна причина е да се приближиме до стандардите на ЕУ. Овој закон што го сменивме припаѓа на законите на поранешна Југославија, рече Ахмети.

Во врска со тврдењата на албанската опозиција дека измените во Кривичниот се носат за Груевски да се врати, според Ахмети тоа се политички ставови, кои не се однесуваат на реформи во правосудството.

Албанците не со сакаат Груевски затоа што се создаде таква медиумска атмосфера во минатото...Мислам дека ако еден човек се напаѓа медиумски секој ден така се создава перцепција, но Никола Груевски беше премиер на оваа држава 10 години, тој бил премиер на Албанците, да не бидеме егоисти, за бидеме рационални, затоа што како прво сме луѓе. Тој беше премиер на оваа држава и сега не треба да шириме омраза, рече Ахмети, кој додаде дека таа омраза се развила затоа што тогаш тоа СДСМ тоа го ширеле преку медиумите.

Ахмети, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, меѓу другото, беше прашан и „зошто дозволи едно негово политичко чедо, Изет Меџити, да си замине од ДУИ“. Ахмети одговара дека ако ДУИ е криминализирана партија, како што обвинува Меџити, тој требало поотворено да зборува со претседателот Ахмети против криминалот, неправдата или лошите работи кои се случувааат во ДУИ.

Сега за Меџити да зборувам, испаѓа како да плукам нагоре. Што ќе се случи тогаш, плунката ќе ми падне на лице. Изет Меџити беше 20 години висок функционер на ДУИ. Се што ќе каже Меџити, личи на она што го кажав јас. И јас ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Ако Изет Меџити зборува лошо за својата куќа, тоа е слично со тоа да ти падне своја плунка на лице. Ако бил криминализиран ДУИ, тој беше 20 години во ДУИ, и требало поотворено да ми зборува на состаноци против криминалот или неправдата, или лошите рабооти кои се случувааат во ДУИ, рече Ахмети.

The post И Османи демантира тајна средба, во неговиот случај – со Груевски appeared first on Република.

]]>

По прозивката од лидерот на новоформираната партија, Демократско движење, Изет Меџити, министерот за надворешни работи Бујар Османи демантира дека се сретнал со Никола Груевски во Будимпешта. Меџити вчера преку Фејсбук упати јавно прашање до Османи дали бил во службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретна со Груевски. Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!, одговори Османи на „Фејсбук“. Пред десет дена Меџити преку Фесјбук јавно праша дали е точно дека на експремиерот Груевски ќе му биде вратен пасошот. И поранешниот премиер и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев ги демантираше наводите дека имал тајни средби со Груевски во врска со измените на Кривичниот законик. Изјавата на Заев за ТВ 24 следуваше, откако претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за ТВ 21 рече дека изминативе неколку години имало неколку тајни средби во врска со измените на Кривичниот законик, со кои, меѓу другото, се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба.
Не е точно дека сум имал тајни средби со Ахмети и Груевски и сум договарал измена на Кривичниот законик. Изјавата на Ахмети не е вистина, вели Заев во изјавата за ТВ 24.
И поранешниот премиер и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку постови на социјалната мрежа ги демантираше наводните средби. Според Груевски за измените на членот 353 со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба, немало никакви тајни средби на кои тој учествувал. Тој додава дека сите наводи за негови наводни комуникации и средби или, пак, влијанија на актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и, како што вели, наводите дека во изминатиот период имал средби со претставници на власта во врска со одредени прашања.
За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало ‘пред 3-4 години’, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, по моето заминување од Македонија новото раководатво целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите, пишува Груевски на Фејсбук.
Прозивките за тоа кој се сретнал со Груевски се засилија вчера по интервјуто на Ахмети за „360 Степени“, кој на прашањето во врска со измените на Кривичениот законик и што доколку Груевски не помогне за двотретинското мнозинство за уставните измени, одговори дека поранешниот премиер нема никаква врска со Кривичниот.
Не мислам дека мотивот бил некој да се рехабилитира. Главна причина е да се приближиме до стандардите на ЕУ. Овој закон што го сменивме припаѓа на законите на поранешна Југославија, рече Ахмети.
Во врска со тврдењата на албанската опозиција дека измените во Кривичниот се носат за Груевски да се врати, според Ахмети тоа се политички ставови, кои не се однесуваат на реформи во правосудството.
Албанците не со сакаат Груевски затоа што се создаде таква медиумска атмосфера во минатото...Мислам дека ако еден човек се напаѓа медиумски секој ден така се создава перцепција, но Никола Груевски беше премиер на оваа држава 10 години, тој бил премиер на Албанците, да не бидеме егоисти, за бидеме рационални, затоа што како прво сме луѓе. Тој беше премиер на оваа држава и сега не треба да шириме омраза, рече Ахмети, кој додаде дека таа омраза се развила затоа што тогаш тоа СДСМ тоа го ширеле преку медиумите.
Ахмети, во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, меѓу другото, беше прашан и „зошто дозволи едно негово политичко чедо, Изет Меџити, да си замине од ДУИ“. Ахмети одговара дека ако ДУИ е криминализирана партија, како што обвинува Меџити, тој требало поотворено да зборува со претседателот Ахмети против криминалот, неправдата или лошите работи кои се случувааат во ДУИ.
Сега за Меџити да зборувам, испаѓа како да плукам нагоре. Што ќе се случи тогаш, плунката ќе ми падне на лице. Изет Меџити беше 20 години висок функционер на ДУИ. Се што ќе каже Меџити, личи на она што го кажав јас. И јас ако плукнам нагоре, плунката ќе ми падне на лице. Ако Изет Меџити зборува лошо за својата куќа, тоа е слично со тоа да ти падне своја плунка на лице. Ако бил криминализиран ДУИ, тој беше 20 години во ДУИ, и требало поотворено да ми зборува на состаноци против криминалот или неправдата, или лошите рабооти кои се случувааат во ДУИ, рече Ахмети.

The post И Османи демантира тајна средба, во неговиот случај – со Груевски appeared first on Република.

]]>
Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-pendarovski-da-kazhe-koj-toa-baral-amnestija-za-mene/ Tue, 19 Sep 2023 06:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=683000

„Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски“, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој го повика претседателот на републиката Стево Пендаровски, кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за негова амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија.

Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски, напиша Груевски.

Тој вели дека она што сигурно го знае и уште пред неколку години јавно го напишал и подоцна го повторил, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон него и кон другите, Македонија нема да има напредок.

Во продолжение на постот, Груевски пишува:

Знам дека ретко кој го сфати тоа сериозно, но таа лоша карма не се отстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Не може оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено.

Како што не можете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа.

Да допрецизирам за ефектот од измените на кривичниот законик врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност, токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или затскриени зад некој медиуми.

Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација.

Тоа е предметот „ТНТ“, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор.

Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот „Тенк“, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема поддршка од граѓаните, па тоа обвинителството го квалификува како корист.

Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена, бидејќи имавме предвремени избори, а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради.

Но, тој член предвидува казна до три години и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година.

Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство, колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши.

Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети.

Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал.

Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодавството со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев.

За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало „пред 3-4 години“, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам, бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководство целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите.

Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со претставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање“.

The post Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене appeared first on Република.

]]>

„Од никого не сум побарал да бара амнестија за мене кај актуелниот претседател на Македонија Пендаровски“, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски. Тој го повика претседателот на републиката Стево Пендаровски, кој даде изјава дека некои лица разговарале со него за негова амнестија, да соопшти јавно кој му барал амнестија.
Ако тоа се случи и ако тоа воопшто било така, потоа споменатите лица би ги замолил јавно да кажат и покажат дали е тоа точно и доколку е точно, дали јас сум побарал од нив да бараат амнестија за мене кај Пендаровски, напиша Груевски.
Тој вели дека она што сигурно го знае и уште пред неколку години јавно го напишал и подоцна го повторил, е дека се додека траат политичките прогони во Македонија кон него и кон другите, Македонија нема да има напредок. Во продолжение на постот, Груевски пишува: Знам дека ретко кој го сфати тоа сериозно, но таа лоша карма не се отстрани и за жал времето го потврдува тоа што го кажав. Не може оние кои еден дел од животот, толку многу години, целосно го посветиле и искрено работеле за доброто на земјата и на сите во неа, потоа да бидат неправедно прогонувани од таа земја, и да очекувате позитивен развој на таа земја истовремено. Како што не можете да очекувате ако некој во вашиот живот ви направил само добрини, а вие потоа нечовечки постапите кон него, да имате понатамошна среќа. Да допрецизирам за ефектот од измените на кривичниот законик врз мене, бидејќи има многу шпекулации дека бил правен заради мене. Всушност, токму во мојот случај имаат само минорно влијание, спротивно на тоа што го форсираат како теза многу политичари јавно или затскриени зад некој медиуми. Од многу монтирани предмети против мене, ова ќе има ефект во само еден предмет, во смисла на негова целосна елиминација. Тоа е предметот „ТНТ“, кој во нормална држава немаше да се случи, туку сопственикот на дивоградбата докажана со 30 судски одлуки ќе одеше во затвор. Во предметот “Траекторија” политичкиот прогон е по друга квалификација, идентична како во предметот „Тенк“, а тоа е “Влијание заради остварување корист”, а користа е што сум сакал побрзо да се заврши автопатот за да го отвориме пред избори и со тоа да добиеме поголема поддршка од граѓаните, па тоа обвинителството го квалификува како корист. Независно колку сето ова е глупаво, дури ни таа имагинарна корист не е остварена, бидејќи имавме предвремени избори, а патот уште се гради и уште којзнае до кога ќе се гради. Но, тој член предвидува казна до три години и таму застареноста на гонењето е уште во 2019 година. Во уште еден или два предмети каде се води политички прогон против мене со по две или три квалификации, можеби оваа измена на КЗ ќе има само делумен ефект, односно ќе се намали само по една квалификација, но бидејќи има и други квалификации, тие предмети ќе продолжат да се судат и ќе има пресуда, која ако политичкиот прогон не се елиминира, во услови на вака политички контролирано правосудство, колку и да нема доказ против мене и моите поранешни соработници, колку и да е се апсурдно, сосема е извесно како ќе заврши. Верувам дека секој човек кој размислува со своја глава ќе констатира дека од 7, 8 или 9 политички мотивирани предмети, кои ако имаше нормално обвинителство и власт немаше ни да почнат, ако еден судски предмет се намали, мене не ми менува многу, и сигурно не би помислил со некого нешто да разговарам за да продолжат политички да ме гонат со сите останати предмети. Никакви тајни средби немало за членот 353 на кои јас сум учествувал. Членот 353 како несоодветен на кривичното законодавство во ЕУ е споменуван неколку пати на маргините на други состаноци организирани за правни прашања на различни нивоа до 2018 година, но никогаш не се влезе во некоја фаза на реализација, бидејќи во тоа време приоритет на власта беше што посилен да е политичкиот прогон, а не усогласување на законодавството со ЕУ, особено ако тоа може да им попречи во злосторничките намери на Зоран Заев. За средбите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прекинало „пред 3-4 години“, како што наведе Али Ахмети во неговото интервју, не можам да се произнесам, бидејќи во тој период јас не сум во Македонија, а по моето заминување од Македонија новото раководство целосно ме екскомуницираше и немам никаков контакт или информација за нивните активности и одлуки, освен од медиумите. Оттука сите оние кои говорат за некакви мои контакти, комуникација, средби, или влијание на одлуките на ова раководството на ВМРО-ДПМНЕ, се онолку неточни колку и истите такви лаги дека во изминатиот период сум имал наводни средби со претставници на власта, за преговори за едно или за друго прашање“.

The post Груевски: Пендаровски да каже кој тоа барал амнестија за мене appeared first on Република.

]]>
Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-nemam-nikakva-vrska-so-danela-arsovska-i-dragi-mitkovski/ Wed, 13 Sep 2023 06:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=681412

Под наслов „Деманти на интригите на исплашените политичари”, поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува за своите познанства со Данела Арсовска и со Драган Митковски, кои, како што пишуваат медиумите, ќе формираат нова политичка партија.

Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумите и немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата, пишува Груевски и објаснува дека „ова е демант на објавите на некои портали, од кои видливо е дека имаат намера да направат конструкција, очигледно излезена од една партиска кујна”.

https://republika.mk/vesti/skopje/ke-se-vika-pravda-arsovska-formira-partija/

Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете, од мојата седма до некаде околу петнаесетгодишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, како и при неколку други случајни или спортски настани.

Со Данела Арсовска, како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби, во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и на Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво, пишува тој.

Груевски ја користи приликата да демантира дека во Будимпешта се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски.

Артан Груби последен пат го сретнав во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски, кој мислам дека е еден од неколкумината кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал, пишува Груевски.

На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ, додава поранешниот премиер, им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.

The post Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски appeared first on Република.

]]>

Под наслов „Деманти на интригите на исплашените политичари”, поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува за своите познанства со Данела Арсовска и со Драган Митковски, кои, како што пишуваат медиумите, ќе формираат нова политичка партија.
Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумите и немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата, пишува Груевски и објаснува дека „ова е демант на објавите на некои портали, од кои видливо е дека имаат намера да направат конструкција, очигледно излезена од една партиска кујна”.
https://republika.mk/vesti/skopje/ke-se-vika-pravda-arsovska-formira-partija/
Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете, од мојата седма до некаде околу петнаесетгодишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, како и при неколку други случајни или спортски настани. Со Данела Арсовска, како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби, во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и на Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво, пишува тој.
Груевски ја користи приликата да демантира дека во Будимпешта се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски.
Артан Груби последен пат го сретнав во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски, кој мислам дека е еден од неколкумината кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал, пишува Груевски.
На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ, додава поранешниот премиер, им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.

The post Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски appeared first on Република.

]]>
Груевски: 10 декари земја на стадион се неспособни да одржуваат, ни се чудат Италијанците https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gruevski-10-dekari-zemja-na-stadion-se-nesposobni-da-odrzhuvaat-ni-se-chudat-italijantsite/ Sat, 09 Sep 2023 11:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=680227

Никола Груевски, поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ во статус на Фејсбук пишува за катастрофалната состојба во која се наоѓа националната арена „Тодор Проески“.

https://republika.mk/sport/fudbal/kako-ja-dochekuvame-italija-prozortsite-na-gradski-ne-se-izmieni-od-super-kupot/

Тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ни се чудат Италијанците…
А народот реформи, ЕУ, подобар стандард и подобар живот чека…Тука каде сум само во последните 4-5 години какви ли не европски или светски првенства се организираа во фудбал, ракомет, ватерполо, пливање, пинг понг, атлетика итн. Што ли не изградија. Овие нашиве 10 декари земја се неспособни да одржуваат, пишува Груевски.

The post Груевски: 10 декари земја на стадион се неспособни да одржуваат, ни се чудат Италијанците appeared first on Република.

]]>

Никола Груевски, поранешниот премиер и претседател на ВМРО ДПМНЕ во статус на Фејсбук пишува за катастрофалната состојба во која се наоѓа националната арена „Тодор Проески“. https://republika.mk/sport/fudbal/kako-ja-dochekuvame-italija-prozortsite-na-gradski-ne-se-izmieni-od-super-kupot/
Тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ни се чудат Италијанците… А народот реформи, ЕУ, подобар стандард и подобар живот чека…Тука каде сум само во последните 4-5 години какви ли не европски или светски првенства се организираа во фудбал, ракомет, ватерполо, пливање, пинг понг, атлетика итн. Што ли не изградија. Овие нашиве 10 декари земја се неспособни да одржуваат, пишува Груевски.

The post Груевски: 10 декари земја на стадион се неспособни да одржуваат, ни се чудат Италијанците appeared first on Република.

]]>
Груевски: Во мојот случај на прогон измените во КЗ имаат минорно учество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-vo-mojot-sluchaj-na-progon-izmenite-vo-kz-imaat-minorno-uchestvo/ Thu, 07 Sep 2023 16:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=679761

Експремиерот Никола Груевски се огласи по измените на Кривичниот законик кои беа изгласани во Собрание:

Партиите, директно или преку нивните интернет ботови и нивните приврзоци во медиумите во Македонија во отсуство на конкретни дела, визија, понуда, проекти и решенија за проблемите на народот во Македонија редовно се препукуваат, и на секои два-три месеци им паѓа на памет спиновите да ги насочат кон мене во правец на некакви мои непринципиелни договарања со некого или нешто, заговори и слично, па веќе неколку години периодично се јавува потреба да ги демантирам, исто како што тоа го правам и сега во оваа прилика во која повторно го демантирам истото.

Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат.

Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество.

Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и се уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех.

И имаат причина за страв!

The post Груевски: Во мојот случај на прогон измените во КЗ имаат минорно учество appeared first on Република.

]]>

Експремиерот Никола Груевски се огласи по измените на Кривичниот законик кои беа изгласани во Собрание: Партиите, директно или преку нивните интернет ботови и нивните приврзоци во медиумите во Македонија во отсуство на конкретни дела, визија, понуда, проекти и решенија за проблемите на народот во Македонија редовно се препукуваат, и на секои два-три месеци им паѓа на памет спиновите да ги насочат кон мене во правец на некакви мои непринципиелни договарања со некого или нешто, заговори и слично, па веќе неколку години периодично се јавува потреба да ги демантирам, исто како што тоа го правам и сега во оваа прилика во која повторно го демантирам истото. Вакви измени во Законот се говорат во јавноста одамна, околу четири-пет години, и од она што можам да забележам од медиумите има многу заинтересирани страни од различни политички провиниенции за истите да се изгласаат. Во мојот случај на прогон истите имаат минорно учество. Јас и повеќе мои соработници сме под прогон за несторени работи, на тој прогон заднината е страв од конкуренција и желба за политичка елиминација и тоа се нарекува политички прогон. Тој прогон трае и до ден-денес и се уште трае и расте стравот на многумина од неговото запирање или неуспех. И имаат причина за страв!

The post Груевски: Во мојот случај на прогон измените во КЗ имаат минорно учество appeared first on Република.

]]>
Груевски: Заев им даваше аудио-материјали на Бугарите од македонскиот државен врв и позиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-zaev-im-davashe-audio-materijali-na-bugarite-od-makedonskiot-drzhaven-vrv-i-pozitsii/ Wed, 30 Aug 2023 14:15:18 +0000 https://republika.mk/?p=677308

Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио матерјали од разговорите на макеоднскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји, пишува на „Фејсбук“ поранешниот премиер Никола Груевски, откривајќи нови информации за односите на Македонија со Бугарија и со Грција, додавајќи дека ова не го претпоставува, туку го знае лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен матерјал.

Ви го пренесуваме неговиот статус:

Неспособна власт која е за мајтап се подбива со власта чии успеси никогаш нема да ги достигне

Изминатите денови во еден ист ден премиерот Ковачевски и неговиот партиски портпарол во некоја дневна расправија со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека тој, исто како и јас како негов претходник, измислувал светски заговори и специјални непријатели на Македонија.

Не навлегувајќи во дневните дебати и препукувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните актуелни челници и преставници, а имајќи во предвид дека оваа тема проширена со тоа дека јас сум ја изолирал земјата е една од многу пати повторуваните лажни тези и обвинувања упатени кон мене во последните не само 6, туку можреби и 10 години Нешто што најчесто го игнорирав бидејќи сметав дека е очигледна невистина, сега решив барем еднаш да го коментирам.

I. Мојот прв дел од одговорот е дека со оваа теза тие всушност сакаат да си ги покријат грешките и преголемите остапки во договорите со Грција и Бугарија заради кои гневот на мнозинството граѓани е сеуште голем.
Нивната теза не е дека Грција и Бугарија имале некаква вина што ја натерале владата на Заев да потпише нешто што не го потпишаа ниту еден од поранешните премиери и влади, туку дека вината е кај мене и кај нас како влада која ја предводев што не сме сакале уште пред 15-16 години да потпишеме тоа што тие во 2019 година го потпишаа.

Во ред, разбирам дека СДСМ мора да се брани, колку и да тешко се бранат некои одлуки, мора да бара некакво оправдување, нешто да кажат, па макар и да излажат.

Но, индиректно фрлајќи ја вината кај македонските влади, поточно кај мене и владата која ја предводев, бидејќи сите други поранешни премиери се дел од нивниот табор сега, па не сакаат со нив да се конфронтираат.

Амнестирајки ги преку не споменување нашите два соседа, не ми прават мене никаква штета, но од себе во очите на народот кој размислува со сопствена глава, во најдобар случај прават да личат на кловнови, а во нешто полоша варијанта на луѓе кои работат за туѓи интереси.

Народот многу повеќе би ценел иако не верувам дека би простил, ако се поискрени и кажат: “нашиот поранешен лидер Заев за да му помогнат да стане премиер (по веројатно би пишале “за да му помогнат да го смени “режимот”), дал ветувања дека ќе го реши ова прашање во краток рок, и потоа се најде во ситуација во која мораше да направи болни компромиси спротивни на волјата на мнозинството, но во сето тоа има и некои позитивни работи…”, и понатаму нека смислат нешто.

Правејќи го виновен тој што жестоко се борел за национален интерес, барал илјада начини како да се надмине спорот а да нема така брутални остапки по прашањата од висок национален интерес, заради што трпи и веројатно уште долго ќе трпи лични последици, вие само ја зголемувате загубата на вашата доверба бидејќи ја потценувате интелегенцијата на мнозинството народ, а тоа има цена, која се плаќа на изборниот ден.

II) Вториот дел од мојот одговор е практично одговор на едно многу едноставно прашање а тоа е дали е можно да сме измислувале светски заговори, специјални непријатели и да сме ја изолирале земјата, кога надворешно-политички таа политичка гарнитура била најактивна и се борела со сериозни аргументи, колку и да не успеала во тоа во делот на спорот кој го наметна Грција?

Ова може да се види најмалку од десетина случувања во тој период.
Секако имаше и слабости и грешки, но кога тие слабости и грешки ќе ги споредиме со таквите кои дојдоа по превратот во 2017 година, тие и не личат толку на грешки.

Еве неколку непобитни факти дека не само што не станувало збор за влада која ја изолирала земјата и измислувала специјални непријатели и заговори, туку Македонија имала супер активна и ефикасна влада по однос на стратешките прашања.

1. Во тој мандат во првите две години (2006-2008)години за мошне кус период се исполнија сите зададени услови од НАТО за земјата да се квалификува да биде предложена за добивање покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008 година, услови кои претходно со години претходните влади неможеле да ги исполнат и кои се однесуваа на пет области. Како резултат на тоа, ден пред одржување на самитот на НАТО во Букурешт, претседателот на САД Џорџ Буш во Романскиот парламент изјави: “утре ќе бидат поканети три држави да станат членки на НАТО -,Хрватска, Албанија и Македонија”.
За да се дојде до овој момент, до таква изјава на претседателот на САД, после само две години напорна работа, со која се исполни се што со години не можеле претходниците да исполнат, веројатно не било едноставно и не можело да биде производ на политичари кои сакале и работеле на некаква изолација, на измислени непријатели и заговори или против зачленувањеро на Макеоднија во ЕУ и НАТО.
Интерсно е што СДСМ во коментарите нема замерки ниту било каква критика на однесувањето на Грција, тоа што тогаш и покрај се не блокираше, туку има на нас кои тогаш ја предводевме земјата,а во кое водство беше и Бранко Црвенковски кој тогаш ја обавуваше функцијата претседател а претходно премиер и со кого на тој самит имавме заеднички позиции и подеднакво чувство на неправда по завршувањето на истиот.

2. Македонија под водство на таа влада цели 9 години по ред добиваше позитивна препорака од европската комисија (ЕК) упатена до европскиот совет(ЕС) за почеток на преговорите, укажувајќи дека со направените реформи и напредок земјата е веќе спремна да ги започне преговорите за полноправно членство, а сличен наратив беше користен и за членството во НАТО. И покрај се, тоа исто така беше блокирано од Грција. Денес СДСМ нема никакви критики кон Грција, туку виновен сум им јас, што сум водел влада која сѐ што треба направила како и секоја друга земја за да ги започне преговорите за членство во ЕУ и НАТО, освен што одбила да прифати нешто што ниту една друга држава на светот ниту прифатила, ниту некој и барал од неа, ниту би прифатила;

3. Таа влада што според СДСМ смислувала заговори и непријатели, за рекордно време ги исполни условите и доби визна либерализација во 2009 година, нешто што СДСМ претходно не беше способна да го направи одкако постои; Граѓаните можеби подзаборавија колку беа изолирани претходно со визите додека владееше СДСМ. Е тоа беше изолација. Се сеќавам дека во времето на СДСМ некои граѓани ги тераа да играат оро пред амбасадите за да докажат дека се играорна група за да добијат виза со која би отпатувале на некој фестивал. Значи во врмето на СДСМ оро, а од владта која Ковачевски не ја бендисува не треба никаква виза за патување во ЕУ. Ние сме излолирале, СДСМ не изолирала. Во ред…

4. Таа влада предводена од мене како премиер потпиша декларација за стратешко партнерство со САД во Вашингтон во 2008 година и тоа беше направено без никакви жртвување на националните интереси и недостоинствено однесување;

5. Таа влада за која СДСМ тврди дека измислувала непријатели и заговори и ја изолирала земјата, ја доби Грција во 2011 година пред меѓународниот суд во Хаг со гласање на судиите 15 наспроти 1 (тој еден судија беше Грк), за нелегалното според меѓународнито право спречување на Македонија да добие покана за членство во НАТО во Букурешт, и таа влада СДСМ ја критикува и подбивно се обраќа за неа, а е горда на Грција која не ја спроведе пресудата против нивната земја Македонија, и гордо ја чуствува заслугата за создаден нов сојузник, одкако се што 28 години од сите дотогашни влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и стотици дипломати се бранеше, се остапи и предаде. Да не се навраќам на жртвите кои паѓале низ историјата за идентитетските прашања на Македонија и Mакедонците.

6. Таа влада успеа да ја дотера бројката на земји кои не признале под уставното име до 146 држави, вложувајќи огромни напори на многу луѓе, огромни дипломатски и политички активности, многу преговори, посветени време, енергија и ресурси, како што и претходните влади, вклучително и оние на СДСМ делувале во тој правец. Сето тоа се погази и уште се мајтапат со нас дека сме ја изолирале земјата, сме смислувале непријатели и заговори.

7. Таа влада со која некои недоквакани политичари се мајтапат, освен со САД и со ЕУ и сите нејзини земји членки, а во прв ред Германија, Франција и Италија (тогаш и Британија), со чии високи представници на овие сојузнички земји имаше редовни и чести билатерални средби и тесна соработка на највисоко ниво, истовремено создаде соработка, различни видови партнерства, и доби подршка и во односите кои ги градеше со земји со кои речиси сите претходни влади, како и денешната, не се ни обидувале да ги унапредат односите, а тоа се чекорите на соработка што се направија со Јапонија, Канада, Австралија, Индија, Бразил, Велика Британија, Русија, Украина, Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кина, Мексико, Турција, Казахстан, Азербејџан, Норвешка и други големи светски или регионални сили, одржувајки со нив официјални билатерални средби и посети, разговори, работејќи на конкретни прашања на соработка, градејќи мостови на соработка, создавајќи пријатели на Македонија, потпишувајќи корисни договори и креирајќи разговори на највисоко политичко ниво, а дел од нив токму во тој период донесоа одлуки за признавање на Република Македонија под уставното име, меѓу кои беа, Јапонија, Канада, Унгарија и други.
Да, како изолирани имавме и “изолиран” претседавач на генералното собрание на ООН.

8. Таа влада имаше способност и умешност да соработува со сите, да ги зајакнува веќе создадените сојузништва но и да гради нови, без да се понижува истовремено, без да гази по сопствената историја, минато и чест, без да ги обвинува пред другите земји политичките конкуренти во Македонија. Соработката и покрај нерешеното прашање со Грција беше мошне силна и со своите сојузници во ЕУ, САД и НАТО, како и со многу други значајни држави во светот. Сѐ до согласувањето на Заев да го реши прашањето по секоја цена инсе разбира не во наша полза, односите со сојузничките држави беа на високо ниво. За жал, испадот на Заев изразувајки подготвеност да прифати се што ќе се побара за да добие власт, ги урна сите дотогашни напори на сите влади и предизвика големата кампања за рушење на таа власт и нејзина замена. Тогаш во таа кампања главно во 2015 и 2016 се измислија сите негативни фрази и етикети кои беа во служба на смена на власта заради смена на името, идентитетот и историјата. Се до тој момент, таа влада беше многу повеќе почитувана и далеку повеќе активна на меѓународен план од сегашните влади по 2017 година. И јас знам, дека ако не се случеше “црпнувањето”, ако некои луѓе не се чувствуваа толку инфериорни, ако имаа самодоверба и капацитет дека и со подобра понуда, тим и визија може да се дојде на власт, ние заеднички, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со другите партии, ќе издејствувавме далеку подобри договори со нашите соседи, особено сега со новата ситуација во Украина.
Многу е лесно како мала и ранлива земја да просперираш во меѓународната политика со бескрајна попустливост и одстапки на секој национален интерес.
Многу е потешко она што ние, вклучително и претходните влади и претседатели, независно на политичката припадност го работевме борејќи се за сопствениот државен и национален интерес и барајки разумни и одржливи компромиси кои нема да ги загрозат виталните интереси на нацијата и државата. Многу е потешко и поризично да пркосиш и упорно да се бориш со цврсти аргументи со многу посилни од тебе;

9. Таа влада со која сега СДСМ се обидува да се подбива, со години, до почетокот на какпањата за нејзина смена, добиваше највисоки признанија за напредокот, реформите, промените кон подобро, решавањето на проблемите, во повеќето области од страна на ЕУ, преку извештаите и изјавите на нивните преставници, од НАТО членките исто така, од САД преку многу нивни извештаи, изјави на значајни поединци и соопштенија, но и многу пошироко од државите низ светот, а да не говорам за отценките на Светската банка, ММФ, ЕБРД и куп други меѓународни економски организации, институциинални банки, индекси, агенции за еконосмки рејтинг итн. Тоа не доаѓаше ниту случајно ниту гратис. Тоа беше одработено, со многу работа и труд а не со изолирање или измислување заговори и специјални непријатели.

10. Во времето на таа влада Бугарија не помислуваше да ја блокира Македонија за членстовото во ЕУ и имавме редовни средби и дијалог со нив и со сите соседи, освен Грција, која држеше одредена дистанца, но со чии премиери имав можеби повеќе средби од средбите на Заев и на Ковачевски заедно, во обид да најдам решение за деблокада на членството во НАТО и ЕУ. Само со Јоргос Папандреу имавме најмалку десет јавни и транспарентни лични средби најчесто во Брисел, но и во Грција(Преспа), Истанбул и на други локации каде бевме на различни настани, плус и средби со некои од нивните технички и преодни премиери кои во тој период беа повеќе.

Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио матерјали од разговорите на макеоднскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји; Ова не го претпоставувам туку го знам лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен матерјал.

Проблемите очигледно почнаа кога раководството на СДСМ свати дека со тој човечки потенцијал и капацитет кој тогаш го поседуваа, а особено лидерот, со нивните политики и неспособност, нема да може уште долго да го победи ВМРО-ДПМНЕ и одлучија да фатат еден друг пат, кој не дотера до ова денес. Се разбира тоа меѓународно беше добро пречекано, иако можам да замислам, поточно знам што и тие луѓе - високи преставници на држави наши сојузници во себе мислеа за такви политичари, но сепак иако го знаеја нивниот капацитет и коруптивни мотиви кои подоцна се потврдија, ги подржаа бидејќи во тој момент им беа корисни.

11. И конечно таа влада која смислувала непријатели и заговори и која свесно ја изолирала земјата ги постигна најголемите компаративни успеси на меѓународен еконосмки план признати од Светската банка, ММФ, ЕБРД и други. Земјата се искачи до 64. место по перцепција на корупцијата, за разлика од сега кога е падната многу пониско од 100. место. И тоа не е без причина.

Во периодот додека ја предводев владата како премиер, по 20 години агонија, затворање фабрики и отпуштање работници, народот прв пат виде дека може да почне и циклус на отворање фабрики и носење на странски директни инвеститори од многу држави, а најмногу доаѓаа од САД и ЕУ. Тоа предизвика нови вработувања, па бројот на вработени во мандатот нарасна за неверојатни 182 илјади лица. Денес веќе не расте бројот на вработени. Опаѓа.

Во тој период Македонија е земја со најниска вкупна даночна стапка во СВЕТОТ (The Global Competitiveness Report 2014-2015), лидер во Европа според бројот на новоотворени работни места по жител креирани од странски инвеститори (Ernst & Young, 2015), прворангирана во светот од аспект на создадени или новоотворени работни места (на милион жители) преку странски директни инвестиции (IBM Business Institute, 2016), неколку години помеѓу топ 10 реформатори во СВЕТОТ (World Bank, Doing business report 2008, 2012 и 2014), 10-та најдобра во СВЕТОТ и 5-та земја во Европа за лесно правење бизнис (World Bank Doing business report, 2016.

Достигнувањата, активностите, напорот и посветеноста на таа влада, сегашните предводници на власта во овие над шест години неможат да ја достигнат дури и ако уште еднаш се родат, со овој потенцијал, капацитет и одговорност кои ги имаат.

Република Македонија наспроти малата големина и економска сила беше високо суверена држава, почитувана заради успесите, реформите и напредокот кои делумно ги набројав и во голема мерка рамноправен играч со многу посилни од себе.

Денешнава Cеверна Македонија предвидена од овие неспособни е “смешка” , “мајтап” “трагикомедија”, “карикатура”… во однос на тоа што беше во тој период.
И сега “смешката” уште и се смее на оние чии цели и визија на поранешната влада и се недостижни.

Единствениот изговор во една ваква дебата на оваа влада се последните 2 години од владеењето на власта која ја предводев, кога веќе видливо и не скриено, отворено, имаше огромен надворешен напор и организирана кампања за смена на власта со цел да се инсталира “месијата” како премиер по секоја цена, напишав зошто, а и да не напишев веќе сите знаат. Таа активност многумина ја квалификуваат како еден модерен вид на државен удар, односно државен преврат.
Подолу за потсетување на оние кои говорат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија била изолирана приложувам мал дел од фотографиите од само дел од средби, разговори и комуникација на “изолираните” и оној “кој смислувал светски заговори и специјални непријатели”, а истовремено се среќавал и комуницирал со претседателите, премиерите и други значајни личности на сите позначајни држави.

Со претседателите или како и да им гласи титулата на првите по моќ луѓе во САД, ЕУ, НАТО, Кина, Русија, Бразил, Франција, Израел, ООН, ОЕЦД, Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија, Мексико, Турција, Австрија, Унгарија, Ватикан, Чешка, Романија, Грузија, Хрватска, Словенија, и повеќе други.

Со премиерите или како и да се нарекуваат на ЕУ, Индија, Австралија, Канада, Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Израел, Турција, Австрија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија,Норвешка, Шведска, Данска, Романија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ, Естонија, Литванија, Латвија, соседните, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово и голем број други премиери, претседатели, емири, кралеви, принцови, министри за надворешни работи, претседатели на сенати, на парламенти и конгреси, генерални секретари, секретари, комесари итн, а во светот на бизнисот и економијата нема да ја изложам листата бидејќи е многу долга, и секако започнува со две посети и разговори на една мала “изолирана” земја “со измислени специјални непријатели и светски заговори” од страна на тогаш најбогатиот човек на светот Карлос Слим.

Како и да е, историјата и идните генерации ќе знаат да направат добра разлика помеѓу делата, напредокот и држењето до сувереноста на едните и неодговорноста и безсмислата на другите.

The post Груевски: Заев им даваше аудио-материјали на Бугарите од македонскиот државен врв и позиции appeared first on Република.

]]>

Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио матерјали од разговорите на макеоднскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји, пишува на „Фејсбук“ поранешниот премиер Никола Груевски, откривајќи нови информации за односите на Македонија со Бугарија и со Грција, додавајќи дека ова не го претпоставува, туку го знае лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен матерјал. Ви го пренесуваме неговиот статус: Неспособна власт која е за мајтап се подбива со власта чии успеси никогаш нема да ги достигне Изминатите денови во еден ист ден премиерот Ковачевски и неговиот партиски портпарол во некоја дневна расправија со актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека тој, исто како и јас како негов претходник, измислувал светски заговори и специјални непријатели на Македонија. Не навлегувајќи во дневните дебати и препукувања помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните актуелни челници и преставници, а имајќи во предвид дека оваа тема проширена со тоа дека јас сум ја изолирал земјата е една од многу пати повторуваните лажни тези и обвинувања упатени кон мене во последните не само 6, туку можреби и 10 години Нешто што најчесто го игнорирав бидејќи сметав дека е очигледна невистина, сега решив барем еднаш да го коментирам. I. Мојот прв дел од одговорот е дека со оваа теза тие всушност сакаат да си ги покријат грешките и преголемите остапки во договорите со Грција и Бугарија заради кои гневот на мнозинството граѓани е сеуште голем. Нивната теза не е дека Грција и Бугарија имале некаква вина што ја натерале владата на Заев да потпише нешто што не го потпишаа ниту еден од поранешните премиери и влади, туку дека вината е кај мене и кај нас како влада која ја предводев што не сме сакале уште пред 15-16 години да потпишеме тоа што тие во 2019 година го потпишаа. Во ред, разбирам дека СДСМ мора да се брани, колку и да тешко се бранат некои одлуки, мора да бара некакво оправдување, нешто да кажат, па макар и да излажат. Но, индиректно фрлајќи ја вината кај македонските влади, поточно кај мене и владата која ја предводев, бидејќи сите други поранешни премиери се дел од нивниот табор сега, па не сакаат со нив да се конфронтираат. Амнестирајки ги преку не споменување нашите два соседа, не ми прават мене никаква штета, но од себе во очите на народот кој размислува со сопствена глава, во најдобар случај прават да личат на кловнови, а во нешто полоша варијанта на луѓе кои работат за туѓи интереси. Народот многу повеќе би ценел иако не верувам дека би простил, ако се поискрени и кажат: “нашиот поранешен лидер Заев за да му помогнат да стане премиер (по веројатно би пишале “за да му помогнат да го смени “режимот”), дал ветувања дека ќе го реши ова прашање во краток рок, и потоа се најде во ситуација во која мораше да направи болни компромиси спротивни на волјата на мнозинството, но во сето тоа има и некои позитивни работи…”, и понатаму нека смислат нешто. Правејќи го виновен тој што жестоко се борел за национален интерес, барал илјада начини како да се надмине спорот а да нема така брутални остапки по прашањата од висок национален интерес, заради што трпи и веројатно уште долго ќе трпи лични последици, вие само ја зголемувате загубата на вашата доверба бидејќи ја потценувате интелегенцијата на мнозинството народ, а тоа има цена, која се плаќа на изборниот ден. II) Вториот дел од мојот одговор е практично одговор на едно многу едноставно прашање а тоа е дали е можно да сме измислувале светски заговори, специјални непријатели и да сме ја изолирале земјата, кога надворешно-политички таа политичка гарнитура била најактивна и се борела со сериозни аргументи, колку и да не успеала во тоа во делот на спорот кој го наметна Грција? Ова може да се види најмалку од десетина случувања во тој период. Секако имаше и слабости и грешки, но кога тие слабости и грешки ќе ги споредиме со таквите кои дојдоа по превратот во 2017 година, тие и не личат толку на грешки. Еве неколку непобитни факти дека не само што не станувало збор за влада која ја изолирала земјата и измислувала специјални непријатели и заговори, туку Македонија имала супер активна и ефикасна влада по однос на стратешките прашања. 1. Во тој мандат во првите две години (2006-2008)години за мошне кус период се исполнија сите зададени услови од НАТО за земјата да се квалификува да биде предложена за добивање покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт во април 2008 година, услови кои претходно со години претходните влади неможеле да ги исполнат и кои се однесуваа на пет области. Како резултат на тоа, ден пред одржување на самитот на НАТО во Букурешт, претседателот на САД Џорџ Буш во Романскиот парламент изјави: “утре ќе бидат поканети три држави да станат членки на НАТО -,Хрватска, Албанија и Македонија”. За да се дојде до овој момент, до таква изјава на претседателот на САД, после само две години напорна работа, со која се исполни се што со години не можеле претходниците да исполнат, веројатно не било едноставно и не можело да биде производ на политичари кои сакале и работеле на некаква изолација, на измислени непријатели и заговори или против зачленувањеро на Макеоднија во ЕУ и НАТО. Интерсно е што СДСМ во коментарите нема замерки ниту било каква критика на однесувањето на Грција, тоа што тогаш и покрај се не блокираше, туку има на нас кои тогаш ја предводевме земјата,а во кое водство беше и Бранко Црвенковски кој тогаш ја обавуваше функцијата претседател а претходно премиер и со кого на тој самит имавме заеднички позиции и подеднакво чувство на неправда по завршувањето на истиот. 2. Македонија под водство на таа влада цели 9 години по ред добиваше позитивна препорака од европската комисија (ЕК) упатена до европскиот совет(ЕС) за почеток на преговорите, укажувајќи дека со направените реформи и напредок земјата е веќе спремна да ги започне преговорите за полноправно членство, а сличен наратив беше користен и за членството во НАТО. И покрај се, тоа исто така беше блокирано од Грција. Денес СДСМ нема никакви критики кон Грција, туку виновен сум им јас, што сум водел влада која сѐ што треба направила како и секоја друга земја за да ги започне преговорите за членство во ЕУ и НАТО, освен што одбила да прифати нешто што ниту една друга држава на светот ниту прифатила, ниту некој и барал од неа, ниту би прифатила; 3. Таа влада што според СДСМ смислувала заговори и непријатели, за рекордно време ги исполни условите и доби визна либерализација во 2009 година, нешто што СДСМ претходно не беше способна да го направи одкако постои; Граѓаните можеби подзаборавија колку беа изолирани претходно со визите додека владееше СДСМ. Е тоа беше изолација. Се сеќавам дека во времето на СДСМ некои граѓани ги тераа да играат оро пред амбасадите за да докажат дека се играорна група за да добијат виза со која би отпатувале на некој фестивал. Значи во врмето на СДСМ оро, а од владта која Ковачевски не ја бендисува не треба никаква виза за патување во ЕУ. Ние сме излолирале, СДСМ не изолирала. Во ред… 4. Таа влада предводена од мене како премиер потпиша декларација за стратешко партнерство со САД во Вашингтон во 2008 година и тоа беше направено без никакви жртвување на националните интереси и недостоинствено однесување; 5. Таа влада за која СДСМ тврди дека измислувала непријатели и заговори и ја изолирала земјата, ја доби Грција во 2011 година пред меѓународниот суд во Хаг со гласање на судиите 15 наспроти 1 (тој еден судија беше Грк), за нелегалното според меѓународнито право спречување на Македонија да добие покана за членство во НАТО во Букурешт, и таа влада СДСМ ја критикува и подбивно се обраќа за неа, а е горда на Грција која не ја спроведе пресудата против нивната земја Македонија, и гордо ја чуствува заслугата за создаден нов сојузник, одкако се што 28 години од сите дотогашни влади на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и стотици дипломати се бранеше, се остапи и предаде. Да не се навраќам на жртвите кои паѓале низ историјата за идентитетските прашања на Македонија и Mакедонците. 6. Таа влада успеа да ја дотера бројката на земји кои не признале под уставното име до 146 држави, вложувајќи огромни напори на многу луѓе, огромни дипломатски и политички активности, многу преговори, посветени време, енергија и ресурси, како што и претходните влади, вклучително и оние на СДСМ делувале во тој правец. Сето тоа се погази и уште се мајтапат со нас дека сме ја изолирале земјата, сме смислувале непријатели и заговори. 7. Таа влада со која некои недоквакани политичари се мајтапат, освен со САД и со ЕУ и сите нејзини земји членки, а во прв ред Германија, Франција и Италија (тогаш и Британија), со чии високи представници на овие сојузнички земји имаше редовни и чести билатерални средби и тесна соработка на највисоко ниво, истовремено создаде соработка, различни видови партнерства, и доби подршка и во односите кои ги градеше со земји со кои речиси сите претходни влади, како и денешната, не се ни обидувале да ги унапредат односите, а тоа се чекорите на соработка што се направија со Јапонија, Канада, Австралија, Индија, Бразил, Велика Британија, Русија, Украина, Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кина, Мексико, Турција, Казахстан, Азербејџан, Норвешка и други големи светски или регионални сили, одржувајки со нив официјални билатерални средби и посети, разговори, работејќи на конкретни прашања на соработка, градејќи мостови на соработка, создавајќи пријатели на Македонија, потпишувајќи корисни договори и креирајќи разговори на највисоко политичко ниво, а дел од нив токму во тој период донесоа одлуки за признавање на Република Македонија под уставното име, меѓу кои беа, Јапонија, Канада, Унгарија и други. Да, како изолирани имавме и “изолиран” претседавач на генералното собрание на ООН. 8. Таа влада имаше способност и умешност да соработува со сите, да ги зајакнува веќе создадените сојузништва но и да гради нови, без да се понижува истовремено, без да гази по сопствената историја, минато и чест, без да ги обвинува пред другите земји политичките конкуренти во Македонија. Соработката и покрај нерешеното прашање со Грција беше мошне силна и со своите сојузници во ЕУ, САД и НАТО, како и со многу други значајни држави во светот. Сѐ до согласувањето на Заев да го реши прашањето по секоја цена инсе разбира не во наша полза, односите со сојузничките држави беа на високо ниво. За жал, испадот на Заев изразувајки подготвеност да прифати се што ќе се побара за да добие власт, ги урна сите дотогашни напори на сите влади и предизвика големата кампања за рушење на таа власт и нејзина замена. Тогаш во таа кампања главно во 2015 и 2016 се измислија сите негативни фрази и етикети кои беа во служба на смена на власта заради смена на името, идентитетот и историјата. Се до тој момент, таа влада беше многу повеќе почитувана и далеку повеќе активна на меѓународен план од сегашните влади по 2017 година. И јас знам, дека ако не се случеше “црпнувањето”, ако некои луѓе не се чувствуваа толку инфериорни, ако имаа самодоверба и капацитет дека и со подобра понуда, тим и визија може да се дојде на власт, ние заеднички, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со другите партии, ќе издејствувавме далеку подобри договори со нашите соседи, особено сега со новата ситуација во Украина. Многу е лесно како мала и ранлива земја да просперираш во меѓународната политика со бескрајна попустливост и одстапки на секој национален интерес. Многу е потешко она што ние, вклучително и претходните влади и претседатели, независно на политичката припадност го работевме борејќи се за сопствениот државен и национален интерес и барајки разумни и одржливи компромиси кои нема да ги загрозат виталните интереси на нацијата и државата. Многу е потешко и поризично да пркосиш и упорно да се бориш со цврсти аргументи со многу посилни од тебе; 9. Таа влада со која сега СДСМ се обидува да се подбива, со години, до почетокот на какпањата за нејзина смена, добиваше највисоки признанија за напредокот, реформите, промените кон подобро, решавањето на проблемите, во повеќето области од страна на ЕУ, преку извештаите и изјавите на нивните преставници, од НАТО членките исто така, од САД преку многу нивни извештаи, изјави на значајни поединци и соопштенија, но и многу пошироко од државите низ светот, а да не говорам за отценките на Светската банка, ММФ, ЕБРД и куп други меѓународни економски организации, институциинални банки, индекси, агенции за еконосмки рејтинг итн. Тоа не доаѓаше ниту случајно ниту гратис. Тоа беше одработено, со многу работа и труд а не со изолирање или измислување заговори и специјални непријатели. 10. Во времето на таа влада Бугарија не помислуваше да ја блокира Македонија за членстовото во ЕУ и имавме редовни средби и дијалог со нив и со сите соседи, освен Грција, која држеше одредена дистанца, но со чии премиери имав можеби повеќе средби од средбите на Заев и на Ковачевски заедно, во обид да најдам решение за деблокада на членството во НАТО и ЕУ. Само со Јоргос Папандреу имавме најмалку десет јавни и транспарентни лични средби најчесто во Брисел, но и во Грција(Преспа), Истанбул и на други локации каде бевме на различни настани, плус и средби со некои од нивните технички и преодни премиери кои во тој период беа повеќе. Проблемите и влошувањето на нашите позиции почнаа кога се појави Заев и почна да пушта јасни сигнали на негова подготвеност за капитулација доколку му биде овозможено да стане премиер. Кога како претседател на СДСМ почна пешки да ја преминува границата со Грција, а подоцна со замина во Бугарија, каде на тамошните власти им предаде аудио матерјали од разговорите на макеоднскиот државниот врв по прашањата поврзани со Бугарија (просто неверојатно!!!), со цел да им ги открие сите наши стратегии и планови во нашите односи и разговори, а истото го направи и со преставници на други земји; Ова не го претпоставувам туку го знам лично од некои нив, кои отворено се фалеа со неговата блискост и добиен матерјал. Проблемите очигледно почнаа кога раководството на СДСМ свати дека со тој човечки потенцијал и капацитет кој тогаш го поседуваа, а особено лидерот, со нивните политики и неспособност, нема да може уште долго да го победи ВМРО-ДПМНЕ и одлучија да фатат еден друг пат, кој не дотера до ова денес. Се разбира тоа меѓународно беше добро пречекано, иако можам да замислам, поточно знам што и тие луѓе - високи преставници на држави наши сојузници во себе мислеа за такви политичари, но сепак иако го знаеја нивниот капацитет и коруптивни мотиви кои подоцна се потврдија, ги подржаа бидејќи во тој момент им беа корисни. 11. И конечно таа влада која смислувала непријатели и заговори и која свесно ја изолирала земјата ги постигна најголемите компаративни успеси на меѓународен еконосмки план признати од Светската банка, ММФ, ЕБРД и други. Земјата се искачи до 64. место по перцепција на корупцијата, за разлика од сега кога е падната многу пониско од 100. место. И тоа не е без причина. Во периодот додека ја предводев владата како премиер, по 20 години агонија, затворање фабрики и отпуштање работници, народот прв пат виде дека може да почне и циклус на отворање фабрики и носење на странски директни инвеститори од многу држави, а најмногу доаѓаа од САД и ЕУ. Тоа предизвика нови вработувања, па бројот на вработени во мандатот нарасна за неверојатни 182 илјади лица. Денес веќе не расте бројот на вработени. Опаѓа. Во тој период Македонија е земја со најниска вкупна даночна стапка во СВЕТОТ (The Global Competitiveness Report 2014-2015), лидер во Европа според бројот на новоотворени работни места по жител креирани од странски инвеститори (Ernst & Young, 2015), прворангирана во светот од аспект на создадени или новоотворени работни места (на милион жители) преку странски директни инвестиции (IBM Business Institute, 2016), неколку години помеѓу топ 10 реформатори во СВЕТОТ (World Bank, Doing business report 2008, 2012 и 2014), 10-та најдобра во СВЕТОТ и 5-та земја во Европа за лесно правење бизнис (World Bank Doing business report, 2016. Достигнувањата, активностите, напорот и посветеноста на таа влада, сегашните предводници на власта во овие над шест години неможат да ја достигнат дури и ако уште еднаш се родат, со овој потенцијал, капацитет и одговорност кои ги имаат. Република Македонија наспроти малата големина и економска сила беше високо суверена држава, почитувана заради успесите, реформите и напредокот кои делумно ги набројав и во голема мерка рамноправен играч со многу посилни од себе. Денешнава Cеверна Македонија предвидена од овие неспособни е “смешка” , “мајтап” “трагикомедија”, “карикатура”… во однос на тоа што беше во тој период. И сега “смешката” уште и се смее на оние чии цели и визија на поранешната влада и се недостижни. Единствениот изговор во една ваква дебата на оваа влада се последните 2 години од владеењето на власта која ја предводев, кога веќе видливо и не скриено, отворено, имаше огромен надворешен напор и организирана кампања за смена на власта со цел да се инсталира “месијата” како премиер по секоја цена, напишав зошто, а и да не напишев веќе сите знаат. Таа активност многумина ја квалификуваат како еден модерен вид на државен удар, односно државен преврат. Подолу за потсетување на оние кои говорат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија била изолирана приложувам мал дел од фотографиите од само дел од средби, разговори и комуникација на “изолираните” и оној “кој смислувал светски заговори и специјални непријатели”, а истовремено се среќавал и комуницирал со претседателите, премиерите и други значајни личности на сите позначајни држави. Со претседателите или како и да им гласи титулата на првите по моќ луѓе во САД, ЕУ, НАТО, Кина, Русија, Бразил, Франција, Израел, ООН, ОЕЦД, Катар, ОАЕ, Саудиска Арабија, Мексико, Турција, Австрија, Унгарија, Ватикан, Чешка, Романија, Грузија, Хрватска, Словенија, и повеќе други. Со премиерите или како и да се нарекуваат на ЕУ, Индија, Австралија, Канада, Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Шпанија, Португалија, Луксембург, Израел, Турција, Австрија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија,Норвешка, Шведска, Данска, Романија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ, Естонија, Литванија, Латвија, соседните, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Косово и голем број други премиери, претседатели, емири, кралеви, принцови, министри за надворешни работи, претседатели на сенати, на парламенти и конгреси, генерални секретари, секретари, комесари итн, а во светот на бизнисот и економијата нема да ја изложам листата бидејќи е многу долга, и секако започнува со две посети и разговори на една мала “изолирана” земја “со измислени специјални непријатели и светски заговори” од страна на тогаш најбогатиот човек на светот Карлос Слим. Како и да е, историјата и идните генерации ќе знаат да направат добра разлика помеѓу делата, напредокот и држењето до сувереноста на едните и неодговорноста и безсмислата на другите.

The post Груевски: Заев им даваше аудио-материјали на Бугарите од македонскиот државен врв и позиции appeared first on Република.

]]>
Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vrhoven-go-prifati-baraneto-na-gruevski-za-preispituvane-na-presudata-za-platsevi-na-vodno/ Wed, 12 Jul 2023 08:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=660295

Врховниот суд соопшти дека е оформен предмет и ќе се постапува по поднесеното барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Плацеви на Водно“ од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.

На ден 10.07.2023 година до Врховниот суддоставено е Барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Никола Груевски преку неговиот бранител Димитар Дангов, адвокат од Скопје, по предметот познат во јавноста како „Плацеви на Водно“. По поднесеното барање оформен е предмет под КВП-КОК2-16/23 и е распореден кај судија-известител за понатамошно постапување, се неведува во соопштението од Врховниот суд.

Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација годинава ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор.

The post Врховен го прифати барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“ appeared first on Република.

Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-zad-istragata-i-osomnichenite-za-skopje-2014-stojat-isplasheni-politichari-na-chelo-so-zoran-zaev-i-treba-da-se-isplasheni/ Fri, 30 Jun 2023 18:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=656989

Поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот официјален фејсбук профил го изрази своето мислење за предметот Скопје 2014 каде е осомничен. Во статусот Груевски вели дека зад постапката стојат политичари на чело со Заев.

Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза, вели Грувески во својот статус.

Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушаме и од преставници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот.

Народот веќе оддамна си го кажа своето преку релевантни анкети на јавното мислење, неоспорено и потврдени дури и од власта од кои произлезе дека од можни 100, во обвинителството доверба имаат едвај 3%, а во судството едвај 4%.

Со обзир дека овој податок е од минатата година, а оттогаш се случија уште многу очевидни ситуации на злоупотреби и незаконитости на спрегата власт-правосудство, јасно е дека и тие 3% односно 4% веќе се многу помали, забрзано гравитирајки кон нула доверба во судството и обвинителството на Македонија.

Во меѓувреме поединци од власта енормно се богатат, на очиглед на сите граѓани, и со очигледен криминал, корупција и злоупотреби, за кои обинителството и не помислува да реагира, па аферите се редат во јавноста секојдневно и довербата во некои политичари секојдневно се намалува, но и се креираватмосфера која не е поволна за нив и која не им нуди комотна иднина.
Па така, кога тоа ќе дојде до точка на зовривање во јавноста, како што е последното писмо на амбасадорот на Австрија кое сигурно не е објавено без согласност на владата на Австрија, тогаш се смислува начин да се одвлече вниманието од сето тоа и да се пренасочи кон политичките не истомисленици, но и да се направи обид за намалување на довербата на јавноста кон нив, поради страв, многу голем страв за нивната иднина. -додава Груевски.

Ова затоа што истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не само што СДСМ забрзано тоне кон дното, не само што довербата во Заев е минорна и мнозинството граѓани со одвратност гледа на неговите постапки, туку паралелно се гледа дека целокупните напори за оцрнување на политичките противници со злоупотреба на правосудниот систем им пропаѓаат, бидејќи независно какви одлуки носат контролираните обвинители и судови, народот во овие 6-7 години со свои очи и уши гледа и слупа дека станува збор за огромен брзо ј лажни обвиненија, без докази, често и без некаков сведок или пак со уценети сведоци често преку заплашување или ставање во притвор на некој и давање до знаење дека нема да излезе од таму додека не даде изјава каква што тие имаат потреба за некого да го гонат, се разбира заради политички мотиви и негова политичка елиминација.

Едноставно контролираниот правосудниот систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пре се заради страв.

Така денеска обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.

Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.

Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности.

Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сеуште прават убедени дека така вечно ќе просперираат.
Нема!!!
Историјата го покажала тоа.
Тоа се природни закони.

Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа.

Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе ги загорчат и ги загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат и веќе прават и направија голема штета на Македонија.

Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени.

Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.

Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност. Нема таква земја!

Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики.

Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми дека сите осомничени тоа го правеле.

Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари.

Исто така кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил.
Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш.

Но, очигледна е тендецијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, Брисел шахти , ставаа нови натписи и што ли не.
Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?

П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политучари, стои во неговиот статус.

The post Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот официјален фејсбук профил го изрази своето мислење за предметот Скопје 2014 каде е осомничен. Во статусот Груевски вели дека зад постапката стојат политичари на чело со Заев.
Пред неколку дена како никогаш досега амбасадорот на Австрија излезе во јавноста со соопштение од кое произлегува дека луѓето од власта, а во прв ред Зоран Заев имаат контрола над праводудниот систем и го користат во своја полза, независно дали станува збор за бизнис или политичка полза, вели Грувески во својот статус.
Претходно иако со подипломатски вокабулар тоа го слушаме и од преставници на други држави, кои со крајно негативен вокабулар говорат за правосудниот систем односно за политичкото влијание на поединци од власта врз истиот. Народот веќе оддамна си го кажа своето преку релевантни анкети на јавното мислење, неоспорено и потврдени дури и од власта од кои произлезе дека од можни 100, во обвинителството доверба имаат едвај 3%, а во судството едвај 4%. Со обзир дека овој податок е од минатата година, а оттогаш се случија уште многу очевидни ситуации на злоупотреби и незаконитости на спрегата власт-правосудство, јасно е дека и тие 3% односно 4% веќе се многу помали, забрзано гравитирајки кон нула доверба во судството и обвинителството на Македонија. Во меѓувреме поединци од власта енормно се богатат, на очиглед на сите граѓани, и со очигледен криминал, корупција и злоупотреби, за кои обинителството и не помислува да реагира, па аферите се редат во јавноста секојдневно и довербата во некои политичари секојдневно се намалува, но и се креираватмосфера која не е поволна за нив и која не им нуди комотна иднина. Па така, кога тоа ќе дојде до точка на зовривање во јавноста, како што е последното писмо на амбасадорот на Австрија кое сигурно не е објавено без согласност на владата на Австрија, тогаш се смислува начин да се одвлече вниманието од сето тоа и да се пренасочи кон политичките не истомисленици, но и да се направи обид за намалување на довербата на јавноста кон нив, поради страв, многу голем страв за нивната иднина. -додава Груевски.
Ова затоа што истражувањата на јавното мислење покажуваат дека не само што СДСМ забрзано тоне кон дното, не само што довербата во Заев е минорна и мнозинството граѓани со одвратност гледа на неговите постапки, туку паралелно се гледа дека целокупните напори за оцрнување на политичките противници со злоупотреба на правосудниот систем им пропаѓаат, бидејќи независно какви одлуки носат контролираните обвинители и судови, народот во овие 6-7 години со свои очи и уши гледа и слупа дека станува збор за огромен брзо ј лажни обвиненија, без докази, често и без некаков сведок или пак со уценети сведоци често преку заплашување или ставање во притвор на некој и давање до знаење дека нема да излезе од таму додека не даде изјава каква што тие имаат потреба за некого да го гонат, се разбира заради политички мотиви и негова политичка елиминација.
Едноставно контролираниот правосудниот систем на власта е претворен во инструмент и алатка за дефокусирање од криминалите на поединци од власта и за политичка елиминација на политичките неистомисленици, а во прв ред оние во кои народот има некаква доверба, пре се заради страв. Така денеска обвинителството соопштило дека од 2016 година, односно 7 години води некаква истрага која не е им била завршена, а од наративот на обвинителот и нема најава дека брзо ќе заврши, а се однесува за дел од проектите на т.н. проект Скопје 2014 односно за 11 споменици и објавиле листа на осомничени, лица во кои се сомневаат, а за неколкумина дури побарале притвор, што во пракса за ова контролирано правосудство значи и дека ќе добијат мерка притвор.
Зад оваа постапка стојат исплашени политичари, на чело со Заев кој и понатаму има огромно влијание во правосудниот систем и нему блиски луѓе од политиката, од неговата партија СДСМ, но и од други партии.
Токму заради тоа влијание тој и си дозволува правосудството да го користи освен во политички и во криминални бизнис цели и активности. Исплашените политичари имаат причина да бидат исплашени. Премногу зло направија и сеуште прават убедени дека така вечно ќе просперираат. Нема!!! Историјата го покажала тоа. Тоа се природни закони. Едно треба да знаат, дека какви и зло сега да прават скриени како глувци зад провосудниот систем кого го контролираат и зад партиите, нема да успеат и дека не треба нив друг да ги уништи, бидејќи самите ќе се уништат, како што веќе и го прават тоа, затоа што нечесните методи со кои работат ќе доведат до тоа. Единствениот проблем е што додека самите себе да се уништат ќе ги загорчат и ги загорчуваат животот на многу невини луѓе и ќе направат и веќе прават и направија голема штета на Македонија. Замислете со какво нелогично, недемократско, незаконско и глупаво образложение ги ставиле политичките опоненти на листата на осомничени. Образложиле дека со својата политичка моќ и влијание влијаеле владата како колективен орган да предложи и парламентот со колективна одлука да донесе закон за Буџет, од кој произлегува законската можност подоцна со која со одлука на владата повторно како колективен орган, одредени парични средства да се дадат на располагање на општините за изградба на спомен обележја во општините.
Не постои држава во светот во која некој функционер кој предложил некоја идеја, зад која застанало мнозинството во парламентот и донело одлука, а потоа и владата, или како претседавач на седницата на владата потпишал одлука на владата која колективно и без исклучок ја прифатило таа одлука, да биде кривично гонет за злоупотреба на службена должност. Нема таква земја!
Во другите демократски земји тоа се нарекува креирање и спроведување на политики за кои на избори народот одлучува дали биле добри или не, а мнозинството народ во Македонија знаме како одлучи на сите парламентарни избори од 2006 година до 2016 година. Во сите мнозинството граѓани дадоа доверба на тие политики. Понатаму кажуваат во завиена форма дека дел од осомничените подолу на листата наводно переле пари преку тоа, оставајќи впечаток, а особено со медиумските наслови на блиските до нив медиуми дека сите осомничени тоа го правеле. Судејки по тоа како ме обвинуваа и судеа мене во други случаи, како што е предметот за плацеви и станови каде без елементарен доказ дека сум земал или дал, платил или ми платиле пари или имот, со двајца, не сведоци туку уценети обвинети кои долго ги држеа во притвор како форма на нечовечки притисок, кои по три пати ги менуваа изјавите во обвинителството и судот, ме прогласија за виновен, не исклучувам и верувам дека и ова нивно сомнение е со иста тежина на тие докази против тие луѓе кои ги сомничат за некаква проневера и перење на пари. Исто така кажуваат дека некоја фирма од Италија која победила на тендер чии сопственици не ги познавам, дала некој споменик на подизведувач во Италија, кој за помали пари го изработил. Се прашувам што има чудно и незаконски во тоа, кога знаеме дека речиси на секој тендер за патишта, згради, водоводи, канализации и што ли уште не, фирмата која победува користи подизведувачи, кои исто така за помали пари го завршуваат тоа. И тоа не е само во Македонија, туку во цела Европа и во цел свет. И не било само така порано, така е и сега и така ќе биде во иднина. Затоа што тоа е законски секаде и секогаш. Но, очигледна е тендецијата проектот и политичката гарнитура од тоа време да се оцрнат, бидејќи досегашните 15 годишни напори им даваат многу малку плод, затоа што народот гледа и расудува со какви хохштаплери, криминалци, измамници и предавници си има работа, кои до вчера сакаа да ги рушат спомениците, Брисел шахти , ставаа нови натписи и што ли не. Она што народот го знае е дека спомениците и сите проекти од т.н. проект Скопје 2014 година се создаваа со огромна љубов и патриотски чувства на чинителите, а ако за некој поединец тврдат дека нешто проневерил, треба да понудат на јавноста и судот цврсти и многу реални докази за тоа, а не прес конференции на незавршени истраги и со општи флоскули, темпирано во време кога треба да се “испере задникот” на оној кој им дал инструкција токму сега да говорат за ова, со цел да ги заташкаат криминалите на поединци од власта на која и се лојални и за која спроведуваат безброј политички прогони и со намера да им дозволат барем ден-два полесно да дишат на скриените преплашени политичари и “големи водачи” зад овој циркус, кој кога здраворазумниот народ ги слуша нивните небулозни изјави често се прашува: “на кои дроги се овие луѓе” и “дали е можно да се толку ниско интелегентни за да не сметаат нас народот за толку не интелегентни”?
П.С. Би сакал сега да ме погледнат во очи оние кои до вчера пуштаа лажни информации за некаков мој договор со власта и слични ниски лажни информации од исплашени политучари, стои во неговиот статус.

The post Груевски: Зад истрагата и осомничените за „Скопје 2014“ стојат исплашени политичари на чело со Зоран Заев, и треба да се исплашени appeared first on Република.

]]>
Груевски: Го честитам 33. роденден на ВМРО-ДПМНЕ во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-go-chestitam-33-rodenden-na-vmro-dpmne-vo-130-godina-od-formiraneto-na-vnatreshnata-makedonska-revolutsionerna-organizatsija-pod-nejzinoto-prvo-ime-makedonska-revolutsionerna-organizatsija/ Sat, 17 Jun 2023 17:32:20 +0000 https://republika.mk/?p=652561

Поранешниот премиер Никола груевски, испрати честитка по повод 33 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 33. роденден на партијата во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација.

Посакувам по следните избори водена од основните постулати и идеологија на Организацијата, партијата да ја поведе Македонија кон напредок на уште поуспешен начин од она што во минатото го правеше.

Народот на избори не дава доверба на влада туку на партија, на нејзината идеологија, програма, лидер и минат труд.

Како човек кој даде скромен придонес од зачленувањето во партијата во 1996 година, приклучувањето во ИК во 2000 година, станувањето најпрвин подпретседател а по неколку месеци и претседател во 2003, водењето на партија цели 14 и половина години со 10 победи на избори, знам дека доколку се водат исправни политики базирани на основните морални начела, доколку имаш вистинска љубов кон земјата народот и огромна желба за нејзин напредок, доколку има голем број исправно донесени одлуки и постојаност и конзистентност во политиките и одлуките како и исполнување на ветувањата, грижа за секого и за сѐ, и доколку има искрен однос кон народот и добар тим и програма, може да се направи крупен напредок во сите области и земјата да се издигне на многу повисоко ниво, од она мизерно ниво на кое спадна Македонија по шест години постојаност во неработење, безидејност, терор, грабеж, предавства, полтронство и лажење на актуелната власт предводена од СДСМ.

Нека е вечно ВМРО-ДПМНЕ!

Нека е вечна Македонија!

The post Груевски: Го честитам 33. роденден на ВМРО-ДПМНЕ во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола груевски, испрати честитка по повод 33 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.
На сите членови на ВМРО-ДПМНЕ им го честитам 33. роденден на партијата во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација.   Посакувам по следните избори водена од основните постулати и идеологија на Организацијата, партијата да ја поведе Македонија кон напредок на уште поуспешен начин од она што во минатото го правеше.   Народот на избори не дава доверба на влада туку на партија, на нејзината идеологија, програма, лидер и минат труд.   Како човек кој даде скромен придонес од зачленувањето во партијата во 1996 година, приклучувањето во ИК во 2000 година, станувањето најпрвин подпретседател а по неколку месеци и претседател во 2003, водењето на партија цели 14 и половина години со 10 победи на избори, знам дека доколку се водат исправни политики базирани на основните морални начела, доколку имаш вистинска љубов кон земјата народот и огромна желба за нејзин напредок, доколку има голем број исправно донесени одлуки и постојаност и конзистентност во политиките и одлуките како и исполнување на ветувањата, грижа за секого и за сѐ, и доколку има искрен однос кон народот и добар тим и програма, може да се направи крупен напредок во сите области и земјата да се издигне на многу повисоко ниво, од она мизерно ниво на кое спадна Македонија по шест години постојаност во неработење, безидејност, терор, грабеж, предавства, полтронство и лажење на актуелната власт предводена од СДСМ.   Нека е вечно ВМРО-ДПМНЕ!   Нека е вечна Македонија!
 
The post Груевски: Го честитам 33. роденден на ВМРО-ДПМНЕ во 130. година од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација под нејзиното прво име Македонска Револуционерна Организација appeared first on Република.

]]>
Лога: Подготвуваме нов документ за екстрадиција на Груевски, ќе го ставиме во Хашките ќелии што сам ги изгради https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-podgotvuvame-nov-dokument-za-ekstraditsija-na-gruevski-ke-go-stavime-vo-hashkite-kelii-shto-sam-gi-izgradi/ Fri, 10 Mar 2023 12:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=618157

Министерството за правда подготвува нов допис за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, најави министерот Кренар Лога во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. Тој вели дека писмото е поврзано и со 9 други случаи, додека во образложението за екстрадиција ќе пишува дека казната ќе ја одлежува во Хашките ќелии, кои ги исполнуваат условите, бидејќи добил азил со образложение дека Македонија нема добри услови во затворите за таа категорија осуденици.

Груевизмот нема да избега од Cеверна Македонија додека овој човек и луѓето околу него и тој дух не ја добијат заслужената казна. Во моментов подготвуваме писмо со барање за негова екстрадиција за 9 други кривични дела, за кои тој е обвинет и има меѓународна потерница. Во горенаведеното писмо ,дадов сугестија да се напише дека Cеверна Македонија ги исполнува условите за категоријата личност како Груевски, бидејќи истиот тој Груевски градел ќелии во притвор и во затвори, таканаречени Хашки ќелии, кои ги исполнуваат сите стандарди и верувам дека со овие докази ги исполнуваме стандардите за неговото третирање како специјален затвореник и сметам дека треба да биде екстрадиран од Унгарија, рече министерот Лога.

The post Лога: Подготвуваме нов документ за екстрадиција на Груевски, ќе го ставиме во Хашките ќелии што сам ги изгради appeared first on Република.

Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/revizija-na-tirz-stranskite-kompanii-dobivaat-drzhavna-pomosh-so-direktni-pregovori-i-bez-transparentni-postapki/ Wed, 18 Jan 2023 00:11:18 +0000 https://republika.mk/?p=598238

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја коментира ревизијата на Тирз каде се посочува дека странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки.

Груевски потсетува кога  во 2017 година СДСМ ја превзема власта, како новите членови на владата на чело со новиот премиер Заев и вице премиер Кочо Анушев “на големи ѕвона” објавија и држеа бомбастични пресконференции дека ќе го сменеле системот за давање државна помош и ќе го направеле многу по транспарентен, a со тоа и привлекувањето на странските инвестиции ќе станало потранспарентно, бидејки според нив дотогаш не било доволно транспарентно.

Знаев дека ќе направат некаква глупост.Најавија и направија промена на законите, за кратко време-коментира поранешниот премиер.

The post Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки appeared first on Република.

]]>

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја коментира ревизијата на Тирз каде се посочува дека странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки. Груевски потсетува кога  во 2017 година СДСМ ја превзема власта, како новите членови на владата на чело со новиот премиер Заев и вице премиер Кочо Анушев “на големи ѕвона” објавија и држеа бомбастични пресконференции дека ќе го сменеле системот за давање државна помош и ќе го направеле многу по транспарентен, a со тоа и привлекувањето на странските инвестиции ќе станало потранспарентно, бидејки според нив дотогаш не било доволно транспарентно.
Знаев дека ќе направат некаква глупост.Најавија и направија промена на законите, за кратко време-коментира поранешниот премиер.
   
The post Ревизија на ТИРЗ: Странските компании добиваат државна помош со директни преговори и без транспарентни постапки appeared first on Република.

]]>
Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-srekna-2023-ta-agonijata-vo-makedonija-neka-se-transformira-vo-nov-pochetok-kon-povtoren-natsionalen-i-individualen-triumf/ Sun, 01 Jan 2023 11:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=592536

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф, порача поранешниот премиер Никола Груевски во новогодишната честитка.

Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место! Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!- напиша Груевски во честитката на својот профил на Фејсбук.

Тој на крајот во пост скриптум додава: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.

The post Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! appeared first on Република.