Никола Алексов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-aleksov/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 15:43:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Алексов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-aleksov/ 32 32 Двајца директори во една канцеларија: Бени Шеќири и Никола Алексов заедно го чекаат курирот од град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/dvajtsa-direktori-vo-edna-kantselarija-beni-shekiri-i-nikola-aleksov-zaedno-go-chekaat-kurirot-od-grad-skopje/ Tue, 23 Jan 2024 15:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=736052

Новиот директор на МКЦ, музичарот Бени Шаќири, директорската канцеларија ја дели со сега веќе поранешниот директор, детективот Никола Алексов, кој не сака да ја напушти канцеларијата, бидејќи сѐ уште не бил разрешен и немал причина да си оди.

Шаќири во разговор за „Плусинфо“ ја потврдува информацијата и додава дека бил во супер односи со веќе поранешниот директор Алексов.

Точна е информацијата, двајцата сме во иста канцеларија. Имаме супер однос со Алексов. Примопредавањето на функцијата се одвива најнормално. Останува чисто формално да се реши неговото разрешување кое сѐ уште не е пристигнато од Град Скопје, вели Шаќири.

https://republika.mk/vesti/kultura/beni-shakiri-e-nov-direktor-na-mkts/

Градоначалничката Данела Арсовска, го назначи Алексов за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението за Шаќири, пак, е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ.

Освен Шаќири, пријавени беа и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

The post Двајца директори во една канцеларија: Бени Шеќири и Никола Алексов заедно го чекаат курирот од град Скопје appeared first on Република.

]]>

Новиот директор на МКЦ, музичарот Бени Шаќири, директорската канцеларија ја дели со сега веќе поранешниот директор, детективот Никола Алексов, кој не сака да ја напушти канцеларијата, бидејќи сѐ уште не бил разрешен и немал причина да си оди. Шаќири во разговор за „Плусинфо“ ја потврдува информацијата и додава дека бил во супер односи со веќе поранешниот директор Алексов.
Точна е информацијата, двајцата сме во иста канцеларија. Имаме супер однос со Алексов. Примопредавањето на функцијата се одвива најнормално. Останува чисто формално да се реши неговото разрешување кое сѐ уште не е пристигнато од Град Скопје, вели Шаќири.
https://republika.mk/vesti/kultura/beni-shakiri-e-nov-direktor-na-mkts/ Градоначалничката Данела Арсовска, го назначи Алексов за в. д. директор на 18 јануари 2023, за потоа да му го продолжи мандатот во мај и уште еднаш во ноември. Решението за Шаќири, пак, е потпишано на 10 јануари без притоа да биде известена институцијата и останатите кандидати што се пријавија за директорското место во МКЦ. Освен Шаќири, пријавени беа и филмскиот работник Никола Мадиќ, кој е сопруг на заменичката-министер за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

The post Двајца директори во една канцеларија: Бени Шеќири и Никола Алексов заедно го чекаат курирот од град Скопје appeared first on Република.

]]>
Дипломираниот директор-детектив, им ги сменил сите брави на вработените во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/diplomiraniot-direktor-detektiv-im-gi-smenil-site-bravi-na-vrabotenite-vo-mkts/ Tue, 24 Jan 2023 18:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=600623

Уметниците масовно откажуваат настани, но промената на бравите и клучевите во канцелариите на Младинскиот културен центар е главен приоритет за новиот В.Д. директор Никола Алексов. Самошто ја презема функцијата, Алексов решил дека само тој и никој друг нема да отклучува и заклучува дел од просториите во МКЦ. На новиот директор инаку, дипломиран детектив, безбедноста му е многу важна, па тој се интересирал и како функционира обезбедувањето на објектот. Вработените велат дека уште на првиот ден како директор минатата недела, тој веднаш донел ревизори и инспектори да ги „чешлаат“ финансиите на јавната установа, објави „Алфа“.

Во меѓувреме, културата паѓа на последно место. Сите активности како театарски претстави, концерти, прикажување филмови, поетски читања и слично се откажани на неодредено време. Организаторите на овие настани самите се повлекле и ги откажале веќе закажаните термини. Денеска нема да се игра најавената театарска претстава „Кенди“, а под знак прашалник е и одржувањето на 11. издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4 февруари.

Буџетот на МКЦ годинава е скратен за цели 92%. Поднесената Годишна програма за работа не е прифатена, а Програмскиот колегиум не ги знае плановите и идните чекори на в.д. директорот, па никој со сигурност не може да каже кога ќе продолжат и во колкав обем редовните настани од областа на културата.

Дипломираниот детектив Никола Алексов бил примен на работа пред десетина дена на местото на службеник кој набрзо треба да се пензионира во Службата за општи работи. Дел од вработените и јавноста се дигнаа на нозе кога тој експресно стана директор. Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе го испита неговото вработување, откако Програмскиот колегиум на МКЦ алармираше дека В.Д. директор може да се избере само од редот на вработените, но не и од оние примени преку Агенција з апривремени вработувања.

Сега, веќе поранешниот директор Ванчо Богоев, се пожали на жестоки притисоци од секретарот на Град Скопје да потпише вработување за музичарот Арбен Шакити како преодна форма за шефовската позиција. Шакири неколку години покажува интерес да застане на чело на МКЦ, а веќе имаше и еден неуспешен обид. Пред неколку години уметниците се кренаа на нозе и обидот пропадна.

И овојпат музичарите се здружија и пред два дена организираа протестен музички собир и потпишување петиција против партиските игри околу МКЦ.

The post Дипломираниот директор-детектив, им ги сменил сите брави на вработените во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Уметниците масовно откажуваат настани, но промената на бравите и клучевите во канцелариите на Младинскиот културен центар е главен приоритет за новиот В.Д. директор Никола Алексов. Самошто ја презема функцијата, Алексов решил дека само тој и никој друг нема да отклучува и заклучува дел од просториите во МКЦ. На новиот директор инаку, дипломиран детектив, безбедноста му е многу важна, па тој се интересирал и како функционира обезбедувањето на објектот. Вработените велат дека уште на првиот ден како директор минатата недела, тој веднаш донел ревизори и инспектори да ги „чешлаат“ финансиите на јавната установа, објави „Алфа“. Во меѓувреме, културата паѓа на последно место. Сите активности како театарски претстави, концерти, прикажување филмови, поетски читања и слично се откажани на неодредено време. Организаторите на овие настани самите се повлекле и ги откажале веќе закажаните термини. Денеска нема да се игра најавената театарска претстава „Кенди“, а под знак прашалник е и одржувањето на 11. издание на музичкиот фестивал „Земјотрес“ на 4 февруари. Буџетот на МКЦ годинава е скратен за цели 92%. Поднесената Годишна програма за работа не е прифатена, а Програмскиот колегиум не ги знае плановите и идните чекори на в.д. директорот, па никој со сигурност не може да каже кога ќе продолжат и во колкав обем редовните настани од областа на културата. Дипломираниот детектив Никола Алексов бил примен на работа пред десетина дена на местото на службеник кој набрзо треба да се пензионира во Службата за општи работи. Дел од вработените и јавноста се дигнаа на нозе кога тој експресно стана директор. Антикорупциската комисија веќе најави дека ќе го испита неговото вработување, откако Програмскиот колегиум на МКЦ алармираше дека В.Д. директор може да се избере само од редот на вработените, но не и од оние примени преку Агенција з апривремени вработувања. Сега, веќе поранешниот директор Ванчо Богоев, се пожали на жестоки притисоци од секретарот на Град Скопје да потпише вработување за музичарот Арбен Шакити како преодна форма за шефовската позиција. Шакири неколку години покажува интерес да застане на чело на МКЦ, а веќе имаше и еден неуспешен обид. Пред неколку години уметниците се кренаа на нозе и обидот пропадна. И овојпат музичарите се здружија и пред два дена организираа протестен музички собир и потпишување петиција против партиските игри околу МКЦ.

The post Дипломираниот директор-детектив, им ги сменил сите брави на вработените во МКЦ appeared first on Република.

]]>