Никоб Лаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikob-lab/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 17:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никоб Лаб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikob-lab/ 32 32 Љубов која расте – за 4 години 40 милиони евра државни тендери за струмичката фирма за обезбедување „Никоб“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ljubov-koja-raste-za-4-godini-40-milioni-evra-drzavni-tenderi-za-strumichkata-firma-za-obezbeduvanje-nikob/ Wed, 08 Jun 2022 17:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=512791

Како што е Никоб никој не е. Ниту за чување ниту за лекување. Но ако Никоб чува и Никоб лекува, и така 4 години, чини вртоглави 40 милиони евра.

40 милини евра пари од граѓаните за вршиле во Никоб, покажуваат јавните набавки.

Библиотеки, училишта, универзитети, здравствени установи, Развојна банка, Државниот завод за ревизија, Дирекција за радијациона сигурност, ЕВН, СОЗР на Владата, Фондот за осигурување на депозити, Град Скопје - преку 200 јавни набавки за 4 години покажуваат кој се ги користел услугите на само една компанија за осигурување, а од почетокот на пандемијата и лабораторија за испитување ковид.

Струмичката фирма Никоб, која јавноста ја знае исклучиво по дејноста обезбедување лица и имоти, преку блиските врски на газдата Кирил Лазаров со премиерот Зоран Заев и со неговиот брат, бизнисменот Вице Заев, забрзано се проширува во многу стопански дејности, вклучувајќи ја и медицината.

Обезбедување, земјоделство, винарство, одгледување марихуана, енергетика, медицина – и сево ова за три години, брзина што не можат да ја постигнат ниту најголемите инвестициски фондови.

За илустрација, само во тендери за обезбедување на државни институции, претпријатија и фирми во кои државата има удел, Никоб добил тендери во висина од околу 40 милиони евра од 1 јануари 2018 година.

Уште пред година и половина портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски објави дека постои сомнеж дека преку агенција за обезбедување се испумпуваат парите од профитот што го остварува универзалниот снабдувач заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена. Оваа агенција за обезбедување, рече Арсовски на прес-конференција, има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.

Ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните.
Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен е начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ, рече Арсовски на прес-конференцијата на 30 август 2020 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/milionski-tenderi-licenci-privatizacija-na-itnata-pomosh-prichinite-poradi-koi-sopstvenikot-na-nikob-gi-napagja-vmro-dpmne-i-mickoski/

The post Љубов која расте – за 4 години 40 милиони евра државни тендери за струмичката фирма за обезбедување „Никоб“ appeared first on Република.

]]>

Како што е Никоб никој не е. Ниту за чување ниту за лекување. Но ако Никоб чува и Никоб лекува, и така 4 години, чини вртоглави 40 милиони евра. 40 милини евра пари од граѓаните за вршиле во Никоб, покажуваат јавните набавки. Библиотеки, училишта, универзитети, здравствени установи, Развојна банка, Државниот завод за ревизија, Дирекција за радијациона сигурност, ЕВН, СОЗР на Владата, Фондот за осигурување на депозити, Град Скопје - преку 200 јавни набавки за 4 години покажуваат кој се ги користел услугите на само една компанија за осигурување, а од почетокот на пандемијата и лабораторија за испитување ковид. Струмичката фирма Никоб, која јавноста ја знае исклучиво по дејноста обезбедување лица и имоти, преку блиските врски на газдата Кирил Лазаров со премиерот Зоран Заев и со неговиот брат, бизнисменот Вице Заев, забрзано се проширува во многу стопански дејности, вклучувајќи ја и медицината. Обезбедување, земјоделство, винарство, одгледување марихуана, енергетика, медицина – и сево ова за три години, брзина што не можат да ја постигнат ниту најголемите инвестициски фондови. За илустрација, само во тендери за обезбедување на државни институции, претпријатија и фирми во кои државата има удел, Никоб добил тендери во висина од околу 40 милиони евра од 1 јануари 2018 година. Уште пред година и половина портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски објави дека постои сомнеж дека преку агенција за обезбедување се испумпуваат парите од профитот што го остварува универзалниот снабдувач заради поголемиот процент кој му го продаваат државните претпријатија по повластена цена. Оваа агенција за обезбедување, рече Арсовски на прес-конференција, има склучено и други договори за обезбедување со други државни претпријатија кои што се под капата на СДСМ и семејството Заеви.
Ова е шемата и начинот за испумпување на државните пари и парите на граѓаните, на конто на семејството Заеви, за да се богатат тие самите и да имаат пари во кеш, црни пари за да можат да вршат поткуп. И сето тоа на штета на граѓаните, односно го плаќаат граѓаните. Да сумираме, од ЕВН и државните институции и претпријатија, агенцијата за обезбедување добила тендери во вредност од над 21 милион евра. Сега веќе се јасни бизнис релациите на Заеви со приватната агенција за обезбедување, која пак е нивни параван и јасен е начинот и сумите за испумпување пари на граѓаните во семејството Заеви и СДСМ, рече Арсовски на прес-конференцијата на 30 август 2020 година.
https://republika.mk/vesti/makedonija/milionski-tenderi-licenci-privatizacija-na-itnata-pomosh-prichinite-poradi-koi-sopstvenikot-na-nikob-gi-napagja-vmro-dpmne-i-mickoski/

The post Љубов која расте – за 4 години 40 милиони евра државни тендери за струмичката фирма за обезбедување „Никоб“ appeared first on Република.

]]>
Никоб Лаб остави на улица над 30 вработени, избркани без отказен рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikob-lab-ostavi-na-ulica-nad-30-vraboteni-izbrkani-bez-otkazen-rok/ Fri, 06 May 2022 12:06:09 +0000 https://republika.mk/?p=498567

Без отказен рок, без претходна најава и од причини познати само за раководството, НИКОБ ЛАБ остави на улица над 30 од своите вработени, објави КУРИР.

Доктори, лаборанти, други медицински лица, возачи… кои минатава година беа во прва борбена линија во битката со коронавирусот како “признание” и “благодарност” добија нож во грб и останаа без работа и без месечни примања

Дознале од “денес за денес“ дека остануваат без работа и без средства за егзистенција. Избрканите лица, жртви на неправедноста од фирмата во која посветено работеле како хумани работници кои ја избрале медицината за своја професија.

Дел од вработените кои до завчера биле во редовен работен однос, а од вчера се оставени на улица, револтирани и понижени, ја контактираа редакцијата на КУРИР.

Ова е скандалозно и нечовечки. Вчера добив распоред за работа и дежурство, а денес немам работа. Ме натераа да потпишам спогодба, без претходна најава или предупредување. Ми пратија распоред за работа за еден месец, а не ми овозможија да сработам ниту еден ден од распоредот кој го добив. Немам ниту една дамка во работата, па да можат да се правдаат дека ме избркале поради некоја грешка. Причината не ми беше кажана. Едноставно, на дрзок начин, бев принудена да потпишам спогодба и да си одам – вели една од вработените..

Редакцијата на КУРИР дојде до бланко спогодбата која раководните лица од Никоб Лаб буквално им ја наметнале на своите вработени.

Како што може да се види, од лабораторијата не се ни обиделе да сокријат каков дрзок потег прават, па јасно потенцирале дека се раскинува договорот за вработување без отказен рок.

Како тоа да не е доволно, во спогодбата е вметнат и член 3 со кој избрканите работници се принудени да немаат никакви други побарувања по ниту еден основ, како што е можеби отштета за непочитување на првичните договори и законот кој налага отказен рок.

The post Никоб Лаб остави на улица над 30 вработени, избркани без отказен рок appeared first on Република.

]]>

Без отказен рок, без претходна најава и од причини познати само за раководството, НИКОБ ЛАБ остави на улица над 30 од своите вработени, објави КУРИР. Доктори, лаборанти, други медицински лица, возачи… кои минатава година беа во прва борбена линија во битката со коронавирусот како “признание” и “благодарност” добија нож во грб и останаа без работа и без месечни примања Дознале од “денес за денес“ дека остануваат без работа и без средства за егзистенција. Избрканите лица, жртви на неправедноста од фирмата во која посветено работеле како хумани работници кои ја избрале медицината за своја професија. Дел од вработените кои до завчера биле во редовен работен однос, а од вчера се оставени на улица, револтирани и понижени, ја контактираа редакцијата на КУРИР. Ова е скандалозно и нечовечки. Вчера добив распоред за работа и дежурство, а денес немам работа. Ме натераа да потпишам спогодба, без претходна најава или предупредување. Ми пратија распоред за работа за еден месец, а не ми овозможија да сработам ниту еден ден од распоредот кој го добив. Немам ниту една дамка во работата, па да можат да се правдаат дека ме избркале поради некоја грешка. Причината не ми беше кажана. Едноставно, на дрзок начин, бев принудена да потпишам спогодба и да си одам – вели една од вработените.. Редакцијата на КУРИР дојде до бланко спогодбата која раководните лица од Никоб Лаб буквално им ја наметнале на своите вработени. Како што може да се види, од лабораторијата не се ни обиделе да сокријат каков дрзок потег прават, па јасно потенцирале дека се раскинува договорот за вработување без отказен рок. Како тоа да не е доволно, во спогодбата е вметнат и член 3 со кој избрканите работници се принудени да немаат никакви други побарувања по ниту еден основ, како што е можеби отштета за непочитување на првичните договори и законот кој налага отказен рок.

The post Никоб Лаб остави на улица над 30 вработени, избркани без отказен рок appeared first on Република.

]]>