Ник Мехмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nik-mehmeti/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 21:44:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ник Мехмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nik-mehmeti/ 32 32 КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kod-kako-kral-na-striptiz-barovi-stanal-del-od-milionskata-shema-na-drin-mehmeti/ Tue, 12 Mar 2024 07:55:09 +0000 https://republika.mk/?p=753798

Емисијата КОД открива како американскиот ,,кралот” на стриптиз барови Ник Мехмети станал дел од милионската шема на Али Ахмети и внукот Дрин.

 

Ник Мехмети основал фирма во Скопје со основачки капитал од 3 милиони евра. Во Далас има стриптиз барови. Фирмата се наоѓа на истата адреса со фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети (внукот на Али Ахмети). Дрин и „Тхор“ се под две предистраги во обвинителството. „Тхор“ добил тендер за набавка на софтвер во Министерство за одбрана, открива КОД.

На крајот на јули лани, повеќе медиуми на албански јазик и од Македонија но и од соседството објавуваат интересна информација за голема инвестиција на американски Албанец во Скопје. За тоа дури кратка видео вест објавува и Јутјуб каналот ALBTV USA.

Зад името на Ник Мехмети се крие иселеник со корени од Македонија, од Ресен. Ник Назар Мехмеди кој повеќе децении живее во Тексас, во градот познат по највлијателниот спортски клуб во САД и по атентатот врз Џон Кенеди. Од Далас како претседател ја води организацијата Глобална бизнис мрежа на албанската дијаспора.

Но, дома во Тексас е познат и како сопственик на стриптиз барот Липстик, место околу кое се плетат контроверзи, сомнежи за кривични дела и законски препукувања за лиценцата на барот со полицијата.

Од друга страна, Ник Назар Мехмети го сметаат за албански патриот, филантроп и успешен бизнисмен, некој за кого американските медиуми пишуваа дека во 1999-та за време на НАТО интервенцијата во Косово и нападите врз Србија, постојано бил пред Белата Куќа каде дури и со песна му изразувал поддршка на тогашниот американски претседател Бил Клинтон за помошта која ја дава на Албанците во Косово.

Инвестиција во канцеларијата на Дрин Ахмети.

Извор: KOД

The post КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети appeared first on Република.

]]>

Емисијата КОД открива како американскиот ,,кралот” на стриптиз барови Ник Мехмети станал дел од милионската шема на Али Ахмети и внукот Дрин.   Ник Мехмети основал фирма во Скопје со основачки капитал од 3 милиони евра. Во Далас има стриптиз барови. Фирмата се наоѓа на истата адреса со фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети (внукот на Али Ахмети). Дрин и „Тхор“ се под две предистраги во обвинителството. „Тхор“ добил тендер за набавка на софтвер во Министерство за одбрана, открива КОД. На крајот на јули лани, повеќе медиуми на албански јазик и од Македонија но и од соседството објавуваат интересна информација за голема инвестиција на американски Албанец во Скопје. За тоа дури кратка видео вест објавува и Јутјуб каналот ALBTV USA. Зад името на Ник Мехмети се крие иселеник со корени од Македонија, од Ресен. Ник Назар Мехмеди кој повеќе децении живее во Тексас, во градот познат по највлијателниот спортски клуб во САД и по атентатот врз Џон Кенеди. Од Далас како претседател ја води организацијата Глобална бизнис мрежа на албанската дијаспора. Но, дома во Тексас е познат и како сопственик на стриптиз барот Липстик, место околу кое се плетат контроверзи, сомнежи за кривични дела и законски препукувања за лиценцата на барот со полицијата. Од друга страна, Ник Назар Мехмети го сметаат за албански патриот, филантроп и успешен бизнисмен, некој за кого американските медиуми пишуваа дека во 1999-та за време на НАТО интервенцијата во Косово и нападите врз Србија, постојано бил пред Белата Куќа каде дури и со песна му изразувал поддршка на тогашниот американски претседател Бил Клинтон за помошта која ја дава на Албанците во Косово. Инвестиција во канцеларијата на Дрин Ахмети. Извор: KOД

The post КОД: Како крал на стриптиз барови станал дел од милионската шема на Дрин Meхмети appeared first on Република.

]]>