Ник Кејв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nik-kejv/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 19:53:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ник Кејв Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nik-kejv/ 32 32 Утре почнува Скопје синема сити 2022 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/utre-pochnuva-skopje-sinema-siti-2022/ Tue, 28 Jun 2022 19:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=520906

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ утре, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот.

Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30-ти јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ на Јан Фoрсајт и Џејн Полард.

Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“

На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во ‘60те а потоа и со Стоунси до ден денес.

На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.”

Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.

 

The post Утре почнува Скопје синема сити 2022 appeared first on Република.

]]>

Со изложбата на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ утре, во галеријата на Културно информативниот центар (КИЦ), со почеток во 20 часот ќе биде означен стартот на 8. издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“. Неговата изложба насловена како „They Long For the Light of Your Touch” се состои од фотографии од бројните концерти на Ник Кејв во Белгрaд, Загреб и Нови Сад во изминатите неколку години и ќе биде премиерно поставена во регионот. Артист во фокус на фестивалот е славниот музичар, пејач, поет, изведувач Ник Кејв и на 30-ти јуни, во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека фестивалот ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ на Јан Фoрсајт и Џејн Полард. Земја во фокус за оваа година е Србија и во селекција на Сандра Ранчиќ директорката на фестивалот Докенритам од Белград на 1 јули ќе бидат прикажани 4 филмови кои освоиле награди на овој фестивал. Во рамките на оваа програма ќе бидат прикажани филмовите „Победниците се досадни,“ „Најважниот дечко на светот,“ „Репетитор“ и „Викторија.“ На 2 јули ќе бидат прикажани филмови од џез и блуз рок жанрот и ќе бидат прикажани филмовите за џез дивата Ела Фицџералд „Една од оние работи“ која се смета за најдобрата џез пејачка на сите времиња. Преку бројни сведоштва и концертни снимки, филмот го прикажува нејзиниот живот од сирак па до најголемата џез ѕвезда. Истата вечер ќе биде прикажан филмот за Рони Вуд, членот на Ролинг Стоунси, чија бурна кариера го сместува со средиштето на музичката револуција во Британија во ‘60те а потоа и со Стоунси до ден денес. На 4 јули, фестивалот ќе направи ретроспектива на македонскиот режисер Јане Алтипармаков и ќе бидат прикажани неколку негови кратки и долгометражни филмови „Гето 103“ „Бадминтонс“ „Фолтин се јави“ i „The Hip- Reality Overdrive.” Завршната вечер е посветена на електронската музика со филмот „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок.“ „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера. Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје. Изложбата ќе се отвори во 20 часот, додека проекциите во летното кино во Кинотека ќе започнуваат во 20 часот. Автор на дизајнот е на Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот „Скопје Синема Сити“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Македонија, Културно Информативниот Центар, ПР агенција Навигаторс и „Спона“ центарот за култура на србите во Македонија.  

The post Утре почнува Скопје синема сити 2022 appeared first on Република.

]]>
Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-izlozba-na-fotografii-od-nik-kejv-na-belgradskiot-fotograf-nemanja-gjorgjevikj-zapochnuva-osmoto-izdanie-na-skopje-sinema-siti/ Sat, 18 Jun 2022 12:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=516656

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.

 

Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.

 

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.

 

 

The post Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>

Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот.   Фестивалот за музички документарни филмови, Скопје Синема Сити ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови на земјата“ во режија на Јан Форсајт и Џејн Полард на 30. јуни во летното кино „Мирно лето“ – Кинотека на РСМ.   Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на РСМ, Кинотека на РСМ, Културно информативниот центар, Здружение на Србите во Македонија „Спона“, а во организација на здружението Номад-Арт.    

The post Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на Скопје Синема Сити appeared first on Република.

]]>
Nick Cave, Sepultura, Napalm Death и The Exploited го предводат гитарскиот звук на „Егзит“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/nick-cave-sepultura-napalm-death-i-the-exploited-go-predvodat-gitarskiot-zvuk-na-egzit/ Mon, 02 May 2022 14:08:42 +0000 https://republika.mk/?p=496411

Овогодишната гитарска програма на ЕГЗИТ (Exit) фестивал влезе во финалната фаза со објавувањето на новите изведувачи. На претходно најавените, хедлајнерот Ник Кејв и неговите „Бед Сидс“ и силните имиња како што се „Сепултура“, „Напалм Дет“, „Молчат Дома“, Марки Рамон и „Блајнд Ченел“ им се придружуваат уште 11 нови бендови, кои ги предводат неуништливите панк легенди „Експлоитед“. Гитарскиот звук отсекогаш бил еден од најомилените на Петроварадинската тврдина, со епски настапи на музичките великани како што се „Кјур“, „Килерс“, „Секс Пистолс“ или „Ганс енд роузес“. „Рок ет Егзит“ (Rock @ Exit), таа гласна и дисторзирана страна на фестивалот, ќе одекнува и ова лето, од 7 до 10 јули на Главна бина, на „Фјужн“ и во епицентарот на жестокиот звук на тврдината – „Експлозив“ бината.

„Експлозив“ во длабоките ровови на Тврдината и ова лето ќе ги дочека сите љубители на хардкор, метал и панк музиката, со скоро 30 музички имиња. На чело на програмата на култната екстремна бина се наоѓаат исто така култните шкотски панкери „Ди Експлоитед“ (The Exploited). Од нивниот првенец „Punk’s Not Dead“ и вториот албум „Troops of Tomorrow“, кои денеска се сметаат за панк класици, поминаа точно 40 години, а жестоките ветерани се спремни уште еднаш да згрмат од Тврдината! Овие легенди, кои и понатаму непоколебливо владеат на сцената, во изминатите децении музички влијаеја на голем број бендови, меѓу кои се „Металика“, „Слејер“, „Антракс“, „Нирвана“, „Квинс ов д Стоун Ејџ“, но и „Дисчарџ“, кој оваа година исто така ќе настапи на „Експлозив“! Творештвото на „Експлоитед“ покрива различни поджанрови од панк-рок и треш-метал до хардкор и стрит-панк и важат за еден од најзначајните бендови во изминатите четири децении.

Подеднакво гласни ќе бидат и десетте нови имиња од екстремната бина на Егзит: „Краун Корт“, „Ламори“, „Бохемист“, „Смрт разума“, „Шанк“, „Вокс Попули“, „Чеин култ“, „Хексис“ и „Вор Енџин“. Со тоа програмата на оваа бина стигнува до скоро 30 имиња, со претходно објавените „Бури Тумороу“, „Дисчарџ“, „Инкантејшн“, „Москоу дет бригад“, „Нервоса“, „Танкард“, „Архитект оф пеин“, „Блек Тутх“, „Чеинс“, „Хереси“, „Мадвро“, „Мискондукт“, „Ноктифериа“, „Оатхбрингер“, „Прогон“, „Шајнинг“, „Стреинџер“, „Терминал Проспект“ и „Андертонс“.
Гитарскиот звук на Главната бина ќе го предводи единствениот Ник Кејв (Nick Cave) со својот бенд „Бед Сидс“ (The Bad Seeds), а за пожестоките фреквенции ќе бидат задолжени имињата кои ја обележаа историјата на метал музиката и денешната хардкор, њу-вејв и пост-панк сцена – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death) и белорускиот состав „Молчат Дома“.

Новото име на „Фјужн“ бината се „Деца лоших музичара“, скратено ДЛМ, белградската група оформена во 1988 година која ќе донесе фанк-рок спој. Тие на оваа бина се во одлично друштво на чие чело е добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон, со финскиот „Блајнд Ченел“, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши паст авеј“, еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионов – панк-фолк бендот „Бркови“, култните и повторно собрани панкери од Ријека „Параф“, потоа „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коач Парти“ и Сана Гариќ.

ЕГЗИТ фестивалот ќе биде одржан на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња, како што се Калвин Харис, Ник Кејв, Иги Азалеа, Афроџек, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џекс Џонс, Алок, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Денис Султа и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи!

Започна и најпопуларната акција на ЕГЗИТ, „Купи 4, зграби 5“! За четири купени четиридневни влезници за фестивалот, петта се добива на поддарок. Акцијата ќе трае до истек на ограничените количини. Влезниците во Македонија можат да се купат преку www.mktickets.mk .

The post Nick Cave, Sepultura, Napalm Death и The Exploited го предводат гитарскиот звук на „Егзит“ appeared first on Република.

]]>

Овогодишната гитарска програма на ЕГЗИТ (Exit) фестивал влезе во финалната фаза со објавувањето на новите изведувачи. На претходно најавените, хедлајнерот Ник Кејв и неговите „Бед Сидс“ и силните имиња како што се „Сепултура“, „Напалм Дет“, „Молчат Дома“, Марки Рамон и „Блајнд Ченел“ им се придружуваат уште 11 нови бендови, кои ги предводат неуништливите панк легенди „Експлоитед“. Гитарскиот звук отсекогаш бил еден од најомилените на Петроварадинската тврдина, со епски настапи на музичките великани како што се „Кјур“, „Килерс“, „Секс Пистолс“ или „Ганс енд роузес“. „Рок ет Егзит“ (Rock @ Exit), таа гласна и дисторзирана страна на фестивалот, ќе одекнува и ова лето, од 7 до 10 јули на Главна бина, на „Фјужн“ и во епицентарот на жестокиот звук на тврдината – „Експлозив“ бината. „Експлозив“ во длабоките ровови на Тврдината и ова лето ќе ги дочека сите љубители на хардкор, метал и панк музиката, со скоро 30 музички имиња. На чело на програмата на култната екстремна бина се наоѓаат исто така култните шкотски панкери „Ди Експлоитед“ (The Exploited). Од нивниот првенец „Punk’s Not Dead“ и вториот албум „Troops of Tomorrow“, кои денеска се сметаат за панк класици, поминаа точно 40 години, а жестоките ветерани се спремни уште еднаш да згрмат од Тврдината! Овие легенди, кои и понатаму непоколебливо владеат на сцената, во изминатите децении музички влијаеја на голем број бендови, меѓу кои се „Металика“, „Слејер“, „Антракс“, „Нирвана“, „Квинс ов д Стоун Ејџ“, но и „Дисчарџ“, кој оваа година исто така ќе настапи на „Експлозив“! Творештвото на „Експлоитед“ покрива различни поджанрови од панк-рок и треш-метал до хардкор и стрит-панк и важат за еден од најзначајните бендови во изминатите четири децении. Подеднакво гласни ќе бидат и десетте нови имиња од екстремната бина на Егзит: „Краун Корт“, „Ламори“, „Бохемист“, „Смрт разума“, „Шанк“, „Вокс Попули“, „Чеин култ“, „Хексис“ и „Вор Енџин“. Со тоа програмата на оваа бина стигнува до скоро 30 имиња, со претходно објавените „Бури Тумороу“, „Дисчарџ“, „Инкантејшн“, „Москоу дет бригад“, „Нервоса“, „Танкард“, „Архитект оф пеин“, „Блек Тутх“, „Чеинс“, „Хереси“, „Мадвро“, „Мискондукт“, „Ноктифериа“, „Оатхбрингер“, „Прогон“, „Шајнинг“, „Стреинџер“, „Терминал Проспект“ и „Андертонс“. Гитарскиот звук на Главната бина ќе го предводи единствениот Ник Кејв (Nick Cave) со својот бенд „Бед Сидс“ (The Bad Seeds), а за пожестоките фреквенции ќе бидат задолжени имињата кои ја обележаа историјата на метал музиката и денешната хардкор, њу-вејв и пост-панк сцена – култната бразилска „Сепултура“ (Sepultura), легендарната четворка од Бирмингем „Напалм Дет“ (Napalm Death) и белорускиот состав „Молчат Дома“. Новото име на „Фјужн“ бината се „Деца лоших музичара“, скратено ДЛМ, белградската група оформена во 1988 година која ќе донесе фанк-рок спој. Тие на оваа бина се во одлично друштво на чие чело е добитникот на Греми наградата за животно дело и живата икона на панкот Марки Рамон, со финскиот „Блајнд Ченел“, водечкиот пост-панк дарк-вејв бенд „Ши паст авеј“, еден од концертно најактивните и најатрактивните бендови од регионов – панк-фолк бендот „Бркови“, култните и повторно собрани панкери од Ријека „Параф“, потоа „Прти Бе Ге“, „Визељ“, „Коач Парти“ и Сана Гариќ. ЕГЗИТ фестивалот ќе биде одржан на Петроварадинската тврдина од 7 до 10 јули, со потврдените големи музички имиња, како што се Калвин Харис, Ник Кејв, Иги Азалеа, Афроџек, Џејмс Артур, Маскд Вулф, Џоел Кори, Џекс Џонс, Алок, Борис Брејча, Хани Дижон, Масео Плекс, Монолинк, Денис Султа и многу други, а пристигнуваат и објави на нови изведувачи! Започна и најпопуларната акција на ЕГЗИТ, „Купи 4, зграби 5“! За четири купени четиридневни влезници за фестивалот, петта се добива на поддарок. Акцијата ќе трае до истек на ограничените количини. Влезниците во Македонија можат да се купат преку www.mktickets.mk .

The post Nick Cave, Sepultura, Napalm Death и The Exploited го предводат гитарскиот звук на „Егзит“ appeared first on Република.

]]>