нигерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nigerija/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 19:42:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нигерија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nigerija/ 32 32 Најмалку 48 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-48-litsa-zaginaa-vo-eksplozija-na-tsisterna-so-gorivo-vo-nigerija/ Sun, 08 Sep 2024 19:42:56 +0000 https://republika.mk/?p=814495

Најмалку 48 лица загинаа денеска во Нигерија во експлозија на цистерна со гориво.

Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека цистерната експлодирала кога се судрила со друг камион што превезувал луѓе и добиток.

Портпаролот на агенцијата Хусаини Ибрахим соопшти дека бројот на загинати е 48, а официјалните лица се уште се обидуваат да го расчистат местото на инцидентот.

Нигериската државна компанија NNPC Ltd минатата недела ја зголеми цената на бензинот за најмалку 39 отсто, што е второ големо зголемување во една година. Сепак, се уште има недостиг на бензин, па возачите чекаат во редици со часови.

The post Најмалку 48 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 48 лица загинаа денеска во Нигерија во експлозија на цистерна со гориво. Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека цистерната експлодирала кога се судрила со друг камион што превезувал луѓе и добиток. Портпаролот на агенцијата Хусаини Ибрахим соопшти дека бројот на загинати е 48, а официјалните лица се уште се обидуваат да го расчистат местото на инцидентот. Нигериската државна компанија NNPC Ltd минатата недела ја зголеми цената на бензинот за најмалку 39 отсто, што е второ големо зголемување во една година. Сепак, се уште има недостиг на бензин, па возачите чекаат во редици со часови.

The post Најмалку 48 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија appeared first on Република.

]]>
Најмалку 18 загинати и 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najmalku-18-zaginati-i-30-povredeni-pri-teroristichki-napadi-vo-severoistochna-nigerija/ Sun, 30 Jun 2024 08:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=792025

Најмалку 18 лица се убиени, а 30 се повредени при терористички напади во североисточната нигериска држава Борно, соопшти локалната служба за итни случаи.

Од пред 15 години, Борно е подложен на напади од исламистички групи кои убија илјадници локални жители и принудија милиони да ги напуштат своите домови. Иако нигериската армија успеа да го ограничи капацитетот на исламистичките борци, тие сè уште извршуваат смртоносни напади врз цивили и напаѓаат припадници на безбедносните сили.

Раководителот на Агенцијата за управување со итни случаи во државата Борно, Баркиндо Саду, изјави дека вчера имало три одделни напади во градот Гвоза. Напаѓачи-самоубијци нападнале учесници на свадбена церемонија, луѓе собрани на погреб, како и болница во градот Гвоза. Саду посочи дека засега е потврдена смртта на 18 лица, меѓу кои две деца и бремена жена, а повредени се најмалку 30 лица.

Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но најактивни терористички групи во Борно се „Боко Харам“ и „Исламска држава - провинција Западна Африка“.

The post Најмалку 18 загинати и 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 18 лица се убиени, а 30 се повредени при терористички напади во североисточната нигериска држава Борно, соопшти локалната служба за итни случаи. Од пред 15 години, Борно е подложен на напади од исламистички групи кои убија илјадници локални жители и принудија милиони да ги напуштат своите домови. Иако нигериската армија успеа да го ограничи капацитетот на исламистичките борци, тие сè уште извршуваат смртоносни напади врз цивили и напаѓаат припадници на безбедносните сили. Раководителот на Агенцијата за управување со итни случаи во државата Борно, Баркиндо Саду, изјави дека вчера имало три одделни напади во градот Гвоза. Напаѓачи-самоубијци нападнале учесници на свадбена церемонија, луѓе собрани на погреб, како и болница во градот Гвоза. Саду посочи дека засега е потврдена смртта на 18 лица, меѓу кои две деца и бремена жена, а повредени се најмалку 30 лица. Засега никој не ја презел одговорноста за нападите, но најактивни терористички групи во Борно се „Боко Харам“ и „Исламска држава - провинција Западна Африка“.

The post Најмалку 18 загинати и 30 повредени при терористички напади во североисточна Нигерија appeared first on Република.

]]>
Масакр во Нигерија: Вооружени напаѓачи убиле 50 жители на село https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/masakr-vo-nigerija-vooruzheni-napagachi-ubile-50-zhiteli-na-selo/ Mon, 10 Jun 2024 19:54:47 +0000 https://republika.mk/?p=786362

Најмалку 50 луѓе загинале, а неколку се киднапирани кога вооружени луѓе го нападнале селото Јаргоје во северозападна Нигерија.

Десетици вооружени луѓе на мотори упаднаа во селото во областа на локалната самоуправа Канкара во државата Кацина доцна во неделата“, изјави локалниот жител Хасан Јау.

Тој додаде дека не се знае колку селани се киднапирани или колку имоти се ограбени.

Една година откако нигерискиот претседател Бола Тинубу дојде на власт, ветувајќи дека ќе стави крај на широко распространетата несигурност, нападите на вооружените банди во северозападниот дел на земјата станаа речиси секојдневна појава.

The post Масакр во Нигерија: Вооружени напаѓачи убиле 50 жители на село appeared first on Република.

]]>

Најмалку 50 луѓе загинале, а неколку се киднапирани кога вооружени луѓе го нападнале селото Јаргоје во северозападна Нигерија.
Десетици вооружени луѓе на мотори упаднаа во селото во областа на локалната самоуправа Канкара во државата Кацина доцна во неделата“, изјави локалниот жител Хасан Јау.
Тој додаде дека не се знае колку селани се киднапирани или колку имоти се ограбени. Една година откако нигерискиот претседател Бола Тинубу дојде на власт, ветувајќи дека ќе стави крај на широко распространетата несигурност, нападите на вооружените банди во северозападниот дел на земјата станаа речиси секојдневна појава.

The post Масакр во Нигерија: Вооружени напаѓачи убиле 50 жители на село appeared first on Република.

]]>
Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/epidemija-na-meningitis-vo-nigerija-pochinaa-20-uchenitsi/ Wed, 28 Feb 2024 13:30:32 +0000 https://republika.mk/?p=749285

Најмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис.

Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани.

Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост.

Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година.

Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот.

The post Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици appeared first on Република.

]]>

Најмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис. Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани. Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост. Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година. Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот.

The post Епидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученици appeared first on Република.

]]>
Вооружени напаѓачи киднапираа 50 луѓе во северозападна Нигерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vooruzheni-napagachi-kidnapiraa-50-luge-vo-severozapadna-nigerija/ Tue, 17 Oct 2023 19:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=692276

Вооружени лица киднапирале речиси 50 луѓе, меѓу кои жени и деца во северозападна Нигерија.

Жителите на рударскиот град Багега во државата Замфара изјавија дека вооружени лица упаднале во селото со мотоцикли, пукајќи во сите на кои ќе наишле и ги запалиле нивните куќи.

Во нападот загинале три лица, а седум се ранети.

Во последниве години, киднапирањата за откуп станаа вообичаени во северозападна Нигерија, каде вооружените банди напаѓаат села, училишта и патници. (МИА)

The post Вооружени напаѓачи киднапираа 50 луѓе во северозападна Нигерија appeared first on Република.

]]>

Вооружени лица киднапирале речиси 50 луѓе, меѓу кои жени и деца во северозападна Нигерија. Жителите на рударскиот град Багега во државата Замфара изјавија дека вооружени лица упаднале во селото со мотоцикли, пукајќи во сите на кои ќе наишле и ги запалиле нивните куќи. Во нападот загинале три лица, а седум се ранети. Во последниве години, киднапирањата за откуп станаа вообичаени во северозападна Нигерија, каде вооружените банди напаѓаат села, училишта и патници. (МИА)

The post Вооружени напаѓачи киднапираа 50 луѓе во северозападна Нигерија appeared first on Република.

]]>
Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-nigerija-zadushena-homoseksualna-venchavka/ Tue, 29 Aug 2023 17:23:05 +0000 https://republika.mk/?p=677092

Полицијата во Нигерија денеска соопшти дека уапсила најмалку 67 лица кои славеле геј венчавка, што е едно од најголемите апсења во земјата во која е забранета хоммосексуалноста.

-Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајцата се венчаа, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.

Полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадба и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор

The post Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Нигерија денеска соопшти дека уапсила најмалку 67 лица кои славеле геј венчавка, што е едно од најголемите апсења во земјата во која е забранета хоммосексуалноста.
-Осомничените хомосексуалци беа уапсени во градот Екпан, во јужната држава Делта, околу 2 часот по полноќ во понеделникот, на настан на кој двајцата се венчаа, изјави портпаролот на државната полиција Брајт Едафе.
Полицијата во Делта упаднала во хотелот во Екпан, каде што се одржала геј свадба и првично привеле 200 лица, а по првата истрага, 67 останале во притвор

The post Во Нигерија задушена хомосексуална венчавка appeared first on Република.

]]>
Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-urna-dhamija-vo-nigerija-dodeka-stotina-vernitsi-se-molea/ Sat, 12 Aug 2023 09:08:46 +0000 https://republika.mk/?p=671316

Седум лица загинаа, а неколку други се повредени откако структурата на централната џамија полна со верници попушти во градот Зарија, државата Кадуна во северна Нигерија.

Портпаролот на градскиот совет во Зарија, Абдулахи Кварбаи, изјави дека несреќата се случила во време кога стотици верници биле во џамијата за попладневната молитва, пренесува Ројтерс.

„Прво беа пронајдени четири тела, а потоа уште три кога спасувачкиот тим заврши со увидот на урнатините на џамијата“, рече Кварбаи.

Уривањата на зградите се вообичаени во најнаселената африканска земја, каде што често се прекршуваат прописите, а градежните материјали и изработката се супстандардни, наведува Ројтерс.

The post Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа appeared first on Република.

]]>

Седум лица загинаа, а неколку други се повредени откако структурата на централната џамија полна со верници попушти во градот Зарија, државата Кадуна во северна Нигерија. Портпаролот на градскиот совет во Зарија, Абдулахи Кварбаи, изјави дека несреќата се случила во време кога стотици верници биле во џамијата за попладневната молитва, пренесува Ројтерс.
„Прво беа пронајдени четири тела, а потоа уште три кога спасувачкиот тим заврши со увидот на урнатините на џамијата“, рече Кварбаи.
Уривањата на зградите се вообичаени во најнаселената африканска земја, каде што често се прекршуваат прописите, а градежните материјали и изработката се супстандардни, наведува Ројтерс.

The post Се урна џамија во Нигерија додека стотина верници се молеа appeared first on Република.

]]>
Млад Нигериец самиот направил дрон со парчиња отпад, технолошка компанија му понудила стажирање https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mlad-nigeriets-samiot-napravil-dron-so-parchina-otpad-tehnoloshka-kompanija-mu-ponudila-stazhirane/ Tue, 09 May 2023 09:16:43 +0000 https://republika.mk/?p=638433

Болаји Фатаи е 21-годишен Нигериец, кој никогаш не стапнал во авион, но тоа не го спречило да изгради сопствен модел на летало на далечинско управување и да го вивне во небото над хаотичниот нигериски комерцијален центар Лагос.

И покрај облачниот и ветровит ден, авионот со еден пропелер успеал да ги издржи страничните удари од ветрот високо над песочното фудбалско игралиште, пред да се спушти ниско над главите на набљудувачите во Овороншоки, сиромашна населба во источниот дел на градот во која живее Фатаи.

Пропелерот и далечинскиот управувач ги купил во продавница, но трупот, крилата, опашката и перката ги конструирал од парчиња рециклиран стиропор од отпад и ги прицврстил со леплива лента. Распонот на крилата на неговиот авион е околу 1 метар.

Почнав да се занимавам со ова хоби кога имав 7 години. Собирав некои предмети и работев на помали проекти. И секогаш се чувствувам воодушевено кога гледам како лета авион“, вели 21-годишниот Нигериец за „Ројтерс“.

Хобито на Фатаи наскоро би можело да се претвори во нешто повеќе и да ги оствари неговите детски соништа. Имено, една технолошка компанија му понудила стажирање, што е важен прв чекор кон остварување на неговата желба да стане аеронаутички инженер.

Со оглед на тоа дека нашата земја спаѓа во оние неразвиените, се надевам дека ќе станам дел од луѓето кои ќе работат на нејзин развој, користејќи ја мојата дронска технологија“, вели Фатаи .

The post Млад Нигериец самиот направил дрон со парчиња отпад, технолошка компанија му понудила стажирање appeared first on Република.

]]>

Болаји Фатаи е 21-годишен Нигериец, кој никогаш не стапнал во авион, но тоа не го спречило да изгради сопствен модел на летало на далечинско управување и да го вивне во небото над хаотичниот нигериски комерцијален центар Лагос. И покрај облачниот и ветровит ден, авионот со еден пропелер успеал да ги издржи страничните удари од ветрот високо над песочното фудбалско игралиште, пред да се спушти ниско над главите на набљудувачите во Овороншоки, сиромашна населба во источниот дел на градот во која живее Фатаи. Пропелерот и далечинскиот управувач ги купил во продавница, но трупот, крилата, опашката и перката ги конструирал од парчиња рециклиран стиропор од отпад и ги прицврстил со леплива лента. Распонот на крилата на неговиот авион е околу 1 метар. Почнав да се занимавам со ова хоби кога имав 7 години. Собирав некои предмети и работев на помали проекти. И секогаш се чувствувам воодушевено кога гледам како лета авион“, вели 21-годишниот Нигериец за „Ројтерс“. Хобито на Фатаи наскоро би можело да се претвори во нешто повеќе и да ги оствари неговите детски соништа. Имено, една технолошка компанија му понудила стажирање, што е важен прв чекор кон остварување на неговата желба да стане аеронаутички инженер.
Со оглед на тоа дека нашата земја спаѓа во оние неразвиените, се надевам дека ќе станам дел од луѓето кои ќе работат на нејзин развој, користејќи ја мојата дронска технологија“, вели Фатаи .

The post Млад Нигериец самиот направил дрон со парчиња отпад, технолошка компанија му понудила стажирање appeared first on Република.

]]>
1,8 тони дрога во Нигерија фатени во тапани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/1-8-toni-droga-vo-nigerija-fateni-vo-tapani/ Tue, 20 Sep 2022 08:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=552492

 Нигериската агенција за борба против дрога заплени рекордни 1,8 тони кокаин со проценета улична вредност од 278 милиони долари од магацин во Лагос, што се смета за најголема заплена во земјата досега.
Пет лица, управител на магацин и четворица наркобосови, меѓу кои и еден од Јамајка, се уапсени поради поврзаност со дрога, соопшти Националната агенција за борба против дрога.

Како што е наведено, осомничените се членови на меѓународен картел кои биле следени од 2018 година.

Агенцијата соопшти дека дрогата била пронајден во изолиран имот во Лагос во неделата во време кога „картелот се обидувал да ја продаде на купувачи во Европа, Азија и други делови од светот“.

Дрогата била чувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопшти агенцијата заедно со објавена фотографија на осомничените и дрогата.

Агенцијата соопшти дека апсењата и заплените биле „историски удар за нарко-картелите и силно предупредување дека сите ќе паднат ако не сфатат дека играта се променила“.

Бројот на заплени на дрога во Западна Африка се зголеми минатата година, што покажува дека шверцерите на дрога го претворија континентот во центар за пренесување на нивните нелегални производи меѓу Јужна Америка и Европа

The post 1,8 тони дрога во Нигерија фатени во тапани appeared first on Република.

]]>

 Нигериската агенција за борба против дрога заплени рекордни 1,8 тони кокаин со проценета улична вредност од 278 милиони долари од магацин во Лагос, што се смета за најголема заплена во земјата досега.
Пет лица, управител на магацин и четворица наркобосови, меѓу кои и еден од Јамајка, се уапсени поради поврзаност со дрога, соопшти Националната агенција за борба против дрога.
Како што е наведено, осомничените се членови на меѓународен картел кои биле следени од 2018 година. Агенцијата соопшти дека дрогата била пронајден во изолиран имот во Лагос во неделата во време кога „картелот се обидувал да ја продаде на купувачи во Европа, Азија и други делови од светот“. Дрогата била чувана во 10 патни торби и 13 тапани, соопшти агенцијата заедно со објавена фотографија на осомничените и дрогата. Агенцијата соопшти дека апсењата и заплените биле „историски удар за нарко-картелите и силно предупредување дека сите ќе паднат ако не сфатат дека играта се променила“. Бројот на заплени на дрога во Западна Африка се зголеми минатата година, што покажува дека шверцерите на дрога го претворија континентот во центар за пренесување на нивните нелегални производи меѓу Јужна Америка и Европа

The post 1,8 тони дрога во Нигерија фатени во тапани appeared first on Република.

]]>
Милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во Нигерија, избегале околу 300 затвореници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/militanti-na-boko-haram-upadnaa-vo-zatvor-vo-nigerija-izbegale-okolu-300-zatvorenici/ Wed, 06 Jul 2022 13:34:35 +0000 https://republika.mk/?p=524813

Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, соопшти дека еден чувар бил убиен при упадот и дека уште тројца вработени во затворот се ранети.

Тој истакна дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни.

Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, но многу од нив беа вратени - додаде Белгоре.

Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува.

The post Милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во Нигерија, избегале околу 300 затвореници appeared first on Република.

]]>

Околу 300 затвореници се во бегство откако исламистички милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во главниот град на Нигерија, Абуџа. Секретарот на Министерството за внатрешни работи, Шуаиб Белгоре, пред затворот во Абуџа, во кој се сместени околу 900 затвореници, соопшти дека еден чувар бил убиен при упадот и дека уште тројца вработени во затворот се ранети. Тој истакна дека осомничените напаѓачи на Боко Харам дошле да ги земат нивните членови кои отслужуваат затворски казни.
Тие дојдоа по своите соучесници, но бидејќи некои од нив беа измешани со останатите затвореници, избегаа и други, но многу од нив беа вратени - додаде Белгоре.
Тој истакна дека повеќе од 600 затвореници избегале, но половината биле фатени и потрагата по бегалците продолжува.

The post Милитанти на Боко Харам упаднаа во затвор во Нигерија, избегале околу 300 затвореници appeared first on Република.

]]>
Во стампедо пред црква во Нигерија загина 31 лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-stampedo-pred-crkva-vo-nigerija-zagina-31-lice/ Sat, 28 May 2022 16:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=508071

Најмалку 31 лице загина во Нигерија во стампедо пред црква за време на дистрибуција на храна, соопшти полицијата.

Тоа се случи на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организираше дистрибуција на храна на спортски терен.

Во изминатите години, во Нигерија имаше неколку смртни случаи при дистрибуција на храна. Во 2021 година, во таква прилика, до смрт беа прегазени седум жени.

The post Во стампедо пред црква во Нигерија загина 31 лице appeared first on Република.

]]>

Најмалку 31 лице загина во Нигерија во стампедо пред црква за време на дистрибуција на храна, соопшти полицијата. Тоа се случи на југот на Нигерија, во градот Порт Харкорт, каде црква организираше дистрибуција на храна на спортски терен. Во изминатите години, во Нигерија имаше неколку смртни случаи при дистрибуција на храна. Во 2021 година, во таква прилика, до смрт беа прегазени седум жени.

The post Во стампедо пред црква во Нигерија загина 31 лице appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 100 луѓе загинаа во експлозија во илегална нафтена рафинерија во Нигерија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povekje-od-100-lugje-zaginaa-vo-eksplozija-vo-ilegalna-naftena-rafinerija-vo-nigerija/ Sat, 23 Apr 2022 18:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=492845

Во експлозија во нелегална фабрика за преработка на нафта во нигериската држава Риверс вечерва загинаа повеќе од 100 луѓе, изјави претставник на локалната власт.

„Пожар избувна во нелегално складиште за нафта и во експлозијата изгореа повеќе од 100 луѓе до непрепознатливост“, изјави денеска државниот комесар за нафтени ресурси Гудлак Опија.

Невработеноста и сиромаштијата во делтата на Нигер се причина поради која нелегалните рафинерии за нафта станаа атрактивен бизнис, но со смртоносни последици.

Суровата нафта се вади од лавиринт цевки во сопственост на големи нафтени компании, а потоа незаконски се рафинира во гориво и се складира во импровизирани резервоари. Овој опасен процес предизвика бројни фатални несреќи и загадување во регионот веќе контаминиран со излевање на нафта на фарми, потоци и лагуни.

The post Повеќе од 100 луѓе загинаа во експлозија во илегална нафтена рафинерија во Нигерија appeared first on Република.

]]>

Во експлозија во нелегална фабрика за преработка на нафта во нигериската држава Риверс вечерва загинаа повеќе од 100 луѓе, изјави претставник на локалната власт.
„Пожар избувна во нелегално складиште за нафта и во експлозијата изгореа повеќе од 100 луѓе до непрепознатливост“, изјави денеска државниот комесар за нафтени ресурси Гудлак Опија.
Невработеноста и сиромаштијата во делтата на Нигер се причина поради која нелегалните рафинерии за нафта станаа атрактивен бизнис, но со смртоносни последици. Суровата нафта се вади од лавиринт цевки во сопственост на големи нафтени компании, а потоа незаконски се рафинира во гориво и се складира во импровизирани резервоари. Овој опасен процес предизвика бројни фатални несреќи и загадување во регионот веќе контаминиран со излевање на нафта на фарми, потоци и лагуни.

The post Повеќе од 100 луѓе загинаа во експлозија во илегална нафтена рафинерија во Нигерија appeared first on Република.

]]>
Уништуваат се пред себе: Тотален хаос и сцени на дивјаштво по пропуштениот пласман на СП! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/unishtuvaat-se-pred-sebe-totalen-haos-i-sceni-na-divjashtvo-po-propushteniot-plasman-na-sp/ Tue, 29 Mar 2022 21:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=480576

Од Африка ни пристигнуваат неверојатни сцени.

Нигерија не успеа да се пласира на Светското првенство, што беше сигнал до навивачите на таа селекција да направат тотален хаос на стадионот во Абуџа.

По 0:0 на првиот натпревар, Суперорлите се надеваа дека ќе го потврдат пласманот во Катар на својот стадион пред домашните навивачи.

Сепак, работите не одеа како што замислуваа во нигерискиот камп. Натпреварот заврши 1:1, а Гана отиде на Светското првенство благодарение на голот на гости.


По завршувањето на натпреварот на стадионот во Абуџа настана тотален хаос. Неколку илјади навивачи истрчаа на теренот и почнаа да уништуваат се пред себе.


Искршени се клупите за резервните играчи, а уништен е теренот. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја смири ситуацијата.

The post Уништуваат се пред себе: Тотален хаос и сцени на дивјаштво по пропуштениот пласман на СП! appeared first on Република.

]]>

Од Африка ни пристигнуваат неверојатни сцени. Нигерија не успеа да се пласира на Светското првенство, што беше сигнал до навивачите на таа селекција да направат тотален хаос на стадионот во Абуџа. По 0:0 на првиот натпревар, Суперорлите се надеваа дека ќе го потврдат пласманот во Катар на својот стадион пред домашните навивачи. Сепак, работите не одеа како што замислуваа во нигерискиот камп. Натпреварот заврши 1:1, а Гана отиде на Светското првенство благодарение на голот на гости. По завршувањето на натпреварот на стадионот во Абуџа настана тотален хаос. Неколку илјади навивачи истрчаа на теренот и почнаа да уништуваат се пред себе. Искршени се клупите за резервните играчи, а уништен е теренот. Полицијата мораше да употреби солзавец за да ја смири ситуацијата.

The post Уништуваат се пред себе: Тотален хаос и сцени на дивјаштво по пропуштениот пласман на СП! appeared first on Република.

]]>