ние сме европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nie-sme-evropa/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Dec 2023 07:47:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ние сме европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nie-sme-evropa/ 32 32 Владата уште тера кампања „Ние сме Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ushte-tera-kampana-nie-sme-evropa/ Mon, 11 Dec 2023 07:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=721602

Завршната осма трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи вечер во Куманово. Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на енергетиката.

Најавено се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и на амбасадор на Европската Унија Дејвид Гир и на амбасадорка на Германија Петра Дрекслер.

Кампањата „Ние сме Европа“ чиј предводник е заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во осум градови низ државата.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, се посочува во соопштението од СЕП.

The post Владата уште тера кампања „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>

Завршната осма трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ ќе се одржи вечер во Куманово. Темата на трибината е членството во ЕУ од аспект на енергетиката. Најавено се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и на амбасадор на Европската Унија Дејвид Гир и на амбасадорка на Германија Петра Дрекслер. Кампањата „Ние сме Европа“ чиј предводник е заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во осум градови низ државата. Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, се посочува во соопштението од СЕП.

The post Владата уште тера кампања „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>
Нова кампања: Владата за 350.000 наши пари ќе нѐ убедува колку е добро во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-kampana-vladata-za-350-000-nashi-pari-ke-n-ubeduva-kolku-e-dobro-vo-eu/ Thu, 16 Nov 2023 10:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=702097

Владата во пресрет на изборите подготвува нова кампања во која ќе го афирмира и промовира членството во ЕУ и придобивките кои ќе ги имаат граѓаните.Ова убедување ќе ги чини граѓаните 350.000 евра.

Договорот е веќе потпишан пред една недела, тежи 18 ипол милиони денари, а скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, ПР стратегии.

Кампањата ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација…велат од  од Владата за „Алфа тв“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера не беше расположен да говори за кампањата но пред неколку дена се закани дека ќе ги објави имињата за тие што биле против ЕУ.

Владата пред неколку месеци тераше кампања дека „Ние сме ЕУ“ а за време на референдумот за името велеше дека треба да поддржиме промена на името за бесплатни здравствени услуги во Европа.

 

The post Нова кампања: Владата за 350.000 наши пари ќе нѐ убедува колку е добро во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Владата во пресрет на изборите подготвува нова кампања во која ќе го афирмира и промовира членството во ЕУ и придобивките кои ќе ги имаат граѓаните.Ова убедување ќе ги чини граѓаните 350.000 евра. Договорот е веќе потпишан пред една недела, тежи 18 ипол милиони денари, а скопската фирма „Вертиго НМЕ“ треба да изработи слоган, дизајн на лого, графички стандарди, комуникациска и креативна стратегија, дизајн на билборди, промотивни видеа и видео анимации, веб банери, графички решенија за социјални мрежи, ПР стратегии.
Кампањата ќе ги опфати придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Македонија, преку повеќе канали на комуникација…велат од  од Владата за „Алфа тв“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера не беше расположен да говори за кампањата но пред неколку дена се закани дека ќе ги објави имињата за тие што биле против ЕУ. Владата пред неколку месеци тераше кампања дека „Ние сме ЕУ“ а за време на референдумот за името велеше дека треба да поддржиме промена на името за бесплатни здравствени услуги во Европа.  

The post Нова кампања: Владата за 350.000 наши пари ќе нѐ убедува колку е добро во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура нема да исчезне, ЕУ ги чува и ги штити културите на земјите членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-makedonskata-kultura-nema-da-ischezne-eu-gi-chuva-i-gi-shtiti-kulturite-na-zemjite-chlenki/ Thu, 07 Sep 2023 07:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=679547

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска учествуваше на јавната трибина „ЕУ за македонското културно богатство“, на која рече дека културата е таа што ги поврзува 27-те држави членки на ЕУ, кои сите меѓу себе се различни, и дека ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ.

– Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори. Европската култура се дефинира како збир на национални култури и таа не се усогласува со законодавство на ЕУ – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека сите дезинформации што се пласираат од почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, дека ќе ги загубиме идентитетот, македонскиот јазик, нашите културни обележја, доаѓаат од структури на кои не им е до реформи и не сакаат позитивна трансформација на македонското општество.

– ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно. Тоа значи дека ЕУ ги чува и ги негува културите на народите на своите држави членки, јазикот и културното наследство, и затоа граѓаните треба да знаат дека нема опасност од губење на македонскиот идентитет или да се намали важноста на македонскиот јазик, идентитет, култура кога ќе станеме членка на ЕУ – укажа Костадиновска-Стојчевска.

Таа пред битолчани спомна и конкретни примери како Европската Унија го заштитува македонското културно богатство преку ИПА-програмата, потенцирајќи дека филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ е првиот македонски филмски фестивал кој бил поддржан од програмата на ЕУ за култура, „Креативна Европа“.

– Нашиот филмски фестивал „Браќа Манаки“ е првиот македонски филмски фестивал кој добил средства од програмата „МЕДИА“ на „Креативна Европа“, единствената програма на Унијата конкретно наменета за културните, креативните и аудиовизуелните сектори во Европа. Оваа програма за периодот од 2021 до 2027 година обезбеди 2,44 милијарди евра за поддршка на европската култура, достапни и за македонската. Министерството за култура е дел од различни европски проекти, а, конкретно, во програмата „Креативна Европа“ учествуваме со вкупен износ од 1,14 милиони евра – укажа министерката.

Министерката за култура во својот говор нагласи дека со ЕУ споделуваме исти вредности во однос на културата и уметноста и затоа работиме заедно во градењето инклузивно општество каде што сечие уникатно културно наследство се почитува и негува, а македонската култура, како што рече таа, е „европска и е додадена вредност на богатството и културната разновидност на заедничкото европско наследство“.

– Многу е важно сами да продолжиме да го негуваме и да се грижиме за нашиот културен идентитет, а ЕУ ќе го поддржи тоа. Сега стоиме одговорно исправени пред задачата која не се однесува само на нашата иднина туку и на заштитата на нашето културно наследство, нашиот идентитет и кои сме како нација. А најдобра заштита е културниот мозаик на ЕУ, каде што се слави различноста и се создава единство преку заедничките вредности – порача Костадиновска-Стојчевска.

Трибината „ЕУ за македонското културно наследство“ во Битола е во рамките на кампањата „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

The post Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура нема да исчезне, ЕУ ги чува и ги штити културите на земјите членки appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска учествуваше на јавната трибина „ЕУ за македонското културно богатство“, на која рече дека културата е таа што ги поврзува 27-те држави членки на ЕУ, кои сите меѓу себе се различни, и дека ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. – Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори. Европската култура се дефинира како збир на национални култури и таа не се усогласува со законодавство на ЕУ – рече министерката Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека сите дезинформации што се пласираат од почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, дека ќе ги загубиме идентитетот, македонскиот јазик, нашите културни обележја, доаѓаат од структури на кои не им е до реформи и не сакаат позитивна трансформација на македонското општество. – ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно. Тоа значи дека ЕУ ги чува и ги негува културите на народите на своите држави членки, јазикот и културното наследство, и затоа граѓаните треба да знаат дека нема опасност од губење на македонскиот идентитет или да се намали важноста на македонскиот јазик, идентитет, култура кога ќе станеме членка на ЕУ – укажа Костадиновска-Стојчевска. Таа пред битолчани спомна и конкретни примери како Европската Унија го заштитува македонското културно богатство преку ИПА-програмата, потенцирајќи дека филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ е првиот македонски филмски фестивал кој бил поддржан од програмата на ЕУ за култура, „Креативна Европа“. – Нашиот филмски фестивал „Браќа Манаки“ е првиот македонски филмски фестивал кој добил средства од програмата „МЕДИА“ на „Креативна Европа“, единствената програма на Унијата конкретно наменета за културните, креативните и аудиовизуелните сектори во Европа. Оваа програма за периодот од 2021 до 2027 година обезбеди 2,44 милијарди евра за поддршка на европската култура, достапни и за македонската. Министерството за култура е дел од различни европски проекти, а, конкретно, во програмата „Креативна Европа“ учествуваме со вкупен износ од 1,14 милиони евра – укажа министерката. Министерката за култура во својот говор нагласи дека со ЕУ споделуваме исти вредности во однос на културата и уметноста и затоа работиме заедно во градењето инклузивно општество каде што сечие уникатно културно наследство се почитува и негува, а македонската култура, како што рече таа, е „европска и е додадена вредност на богатството и културната разновидност на заедничкото европско наследство“. – Многу е важно сами да продолжиме да го негуваме и да се грижиме за нашиот културен идентитет, а ЕУ ќе го поддржи тоа. Сега стоиме одговорно исправени пред задачата која не се однесува само на нашата иднина туку и на заштитата на нашето културно наследство, нашиот идентитет и кои сме како нација. А најдобра заштита е културниот мозаик на ЕУ, каде што се слави различноста и се создава единство преку заедничките вредности – порача Костадиновска-Стојчевска. Трибината „ЕУ за македонското културно наследство“ во Битола е во рамките на кампањата „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

The post Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура нема да исчезне, ЕУ ги чува и ги штити културите на земјите членки appeared first on Република.

]]>
Кучињата лаат, караванот си врви https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kuchinata-laat-karavanot-si-vrvi/ Wed, 06 Sep 2023 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=679245

Додека јавноста е згрозена од последниот од безбројните скандали кои ја тресат владата, од таму продолжуваат со скапата кампања „Ние сме Европа“. Комбиња од караванот денеска заминаа за Битола каде вечерва во Центарот за култура ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“.

Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово.

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Cеверна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, велат од СЕП.

Тоа што се одлучија европските пари да ги трошат за кампања „Ние сме Европа“ покажаа дека во Македонија навистина имаат сериозни проблеми па сега им требаат европските средства и пари за да го билдаат својот углед. Погледнете ги објавите на Бојан Маричиќ кој себе промоцијата ја плаќа со пари од Европската Унија, еден дел од постовите се спонзорирани од европски пари. Најмалку што можат да направат парите за таа кампања и парите за Фејсбук рекламите на Бојан Маричиќ да завршат кај жртвите на луѓето од Онкологија, кај луѓето кои зеле кредити и се задолжиле за да ги лекуваат своите најблиски. Најмалку што треба да направи Бојан Маричиќ е веднаш да се откаже од таа кампања затоа што со вакво здравство, скандали не си Европа“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

The post Кучињата лаат, караванот си врви appeared first on Република.

]]>

Додека јавноста е згрозена од последниот од безбројните скандали кои ја тресат владата, од таму продолжуваат со скапата кампања „Ние сме Европа“. Комбиња од караванот денеска заминаа за Битола каде вечерва во Центарот за култура ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“. Кампањата „Ние сме Европа“ почна со трибина во Скопје, продолжи во Струмица, а по вечерашната во Битола, трибини во наредните денови ќе има и во Прилеп, Охрид, Штип, Тетово и Куманово.
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и Владата на Република Cеверна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права итн, велат од СЕП.
Тоа што се одлучија европските пари да ги трошат за кампања „Ние сме Европа“ покажаа дека во Македонија навистина имаат сериозни проблеми па сега им требаат европските средства и пари за да го билдаат својот углед. Погледнете ги објавите на Бојан Маричиќ кој себе промоцијата ја плаќа со пари од Европската Унија, еден дел од постовите се спонзорирани од европски пари. Најмалку што можат да направат парите за таа кампања и парите за Фејсбук рекламите на Бојан Маричиќ да завршат кај жртвите на луѓето од Онкологија, кај луѓето кои зеле кредити и се задолжиле за да ги лекуваат своите најблиски. Најмалку што треба да направи Бојан Маричиќ е веднаш да се откаже од таа кампања затоа што со вакво здравство, скандали не си Европа“, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

The post Кучињата лаат, караванот си врви appeared first on Република.

]]>
Демократскиот сојуз реагира што СДСМ си тера кампања со партиски активисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demokratskiot-sojuz-reagira-shto-sdsm-si-tera-kampana-so-partiski-aktivisti/ Sat, 02 Sep 2023 16:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=678188

Демократскиот сојуз најостро реагира против кампањата на СДСМ „Ние сме Европа“, која е финансирана од Владата, а на неа присуствуваат само партиски активисти.

Демократскиот сојуз ги поддржува сите активности поврзани со евроинтеграциските процеси, насочени кон коренити реформи, јакнење на демократијата, борба против корупцијата и организираниот криминал, но со пари на граѓаните да организирате предизборна кампања, тоа е спротивно на Изборниот законик.

На трибините плукате по сите што не ве поддржуваат во авантурата со уставни промени во услови кога за седум години не спроведовте ниту една реформа, ниту пак имате резултати.

Со оваа кампања продолжувате да ги манипулирате граѓаните дека со Преговарачката рамка е решен македонскиот јазик, а не е, дека историските, образовните и идентитетските прашања не се дел од рамката, а се, и дека освен уставни измени, Бугарија нема други барања, а има.

Колку повеќе „притискате“ толку повеќе граѓанскиот отпор се зголемува, едноставно кредибилитет немате и немате поддршка од народот.

Граѓаните се за ЕУ, но над 85 % се против Владата на СДСМ и ДУИ и против уставните промени.

За уставни промени се само платените функционери од СДСМ и ДУИ.

Затоа наместо да губите време  и натаму да ги загрозувате националните и државните интереси и да ги блокирате евроинтеграциите, прифатете избори. Народот нека се изјасни!

 

The post Демократскиот сојуз реагира што СДСМ си тера кампања со партиски активисти appeared first on Република.

]]>

Демократскиот сојуз најостро реагира против кампањата на СДСМ „Ние сме Европа“, која е финансирана од Владата, а на неа присуствуваат само партиски активисти. Демократскиот сојуз ги поддржува сите активности поврзани со евроинтеграциските процеси, насочени кон коренити реформи, јакнење на демократијата, борба против корупцијата и организираниот криминал, но со пари на граѓаните да организирате предизборна кампања, тоа е спротивно на Изборниот законик. На трибините плукате по сите што не ве поддржуваат во авантурата со уставни промени во услови кога за седум години не спроведовте ниту една реформа, ниту пак имате резултати.
Со оваа кампања продолжувате да ги манипулирате граѓаните дека со Преговарачката рамка е решен македонскиот јазик, а не е, дека историските, образовните и идентитетските прашања не се дел од рамката, а се, и дека освен уставни измени, Бугарија нема други барања, а има.
Колку повеќе „притискате“ толку повеќе граѓанскиот отпор се зголемува, едноставно кредибилитет немате и немате поддршка од народот. Граѓаните се за ЕУ, но над 85 % се против Владата на СДСМ и ДУИ и против уставните промени. За уставни промени се само платените функционери од СДСМ и ДУИ. Затоа наместо да губите време  и натаму да ги загрозувате националните и државните интереси и да ги блокирате евроинтеграциите, прифатете избори. Народот нека се изјасни!  

The post Демократскиот сојуз реагира што СДСМ си тера кампања со партиски активисти appeared first on Република.

]]>
СЕП: Младите претприемачи се наш најголем ресурс, потребни им се европски можности и пазарот на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sep-mladite-pretpriemachi-se-nash-najgolem-resurs-potrebni-im-se-evropski-mozhnosti-i-pazarot-na-eu/ Sat, 02 Sep 2023 08:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=678074

На трибината од Кампањата „Ние сме Европа“, која се одржа во струмичкиот Амфитеатар, на тема: „Македонски труд-европска социјална политика“, покрај обраќањата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, свој говор имаше и младата Благица Ефтимова, проектен асистент за претприемништво за глобален и регионален менаџмент.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-2030-godina-sugurno-ke-bideme-chlenka-na-eu/

Ефтимова во своето обраќање зборуваше за потребите и можностите кои им требаат на младите во земјава, за причините за нивното иселување и за придобивките кои ги носи членството во Европската Унија.

Можностите кои ги имаме од Европската Унија, коишто се нудат кога станува збор за креирање на бизнис и инвестиција во истите, а со тоа и нови работни места е од исклучителна можност за младите. И образованието кое е камен темелник на трансформацијата е една од главните можности коишто Европа, Европската Унија, европското семејство ќе ни ги понудат како подобра иднина. Тие ќе ни понудат и финансиска и техничка поддршка, како за модернизација на образованието така и за креирање на подобри можности, доедукација на младите, рече Ефтимова.

Таа рече дека членството во Унијата не само што ни нуди врати за повеќе можности туку и не го отвора патот кон меѓународниот пазар за да ги претставиме ние нашите идеи и иновации, укажувајќи дека „Cеверна Македонија има еден од најголемите проценти на млади луѓе коишто заминуваат во странство, во потрага по тие подобри услови и можности на европскиот пазар“.

Со членството во Европската Унија ќе се отвори врата кон соработка, меѓутоа не само за инфраструктурата, туку и за споделувањето на добрите практики. Веќе знаеме голем дел од младите знаат програмата Еразмус. Ќе имаме многу поголеми и отворени врати, поголеми ресурси со програмата Еразмус којшто ги имаат останатите земји, отколку сега бидејќи работиме со многу мали ресурси. Младите ќе имаат многу поголеми можности да тие креираат проекти, тие одат да студираат, да донесат практики и знаења од земјите-членки во нашата земја, рече Ефтимова.

Таа посочи дека членството во ЕУ гради општество кое ги стимулира и одржува амбициите на младите и нуди платформа за креирање на повеќе работни места, иновации, инвестиции во знаење и инфраструктура, додавајќи дека тогаш „Cеверна Македонија не само што ќе ги задржува своите таленти дома, туку ќе биде и магнет за прибирање на останатите таленти“.

Членството во ЕУ дава многу поголеми шанси да промени начинот на кој ги гледаме трудот и социјалната политика. Смета дека младите се најголем ресурс тие де талентирани иновативни и имаат потенцијал да го трансформираат нашето општество и економија. Но за тоа мора да се создадат услови и околина налик на европските во која младите ќе се развиваат и да напредуваат, порача Ефтимова на трибината „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријат за европски прашања.

Следната трибина за запознавање на граѓаните со придобивките од членството во ЕУ, ќе се одржи на Битола, на тема култура, на која покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, свое обраќање ќе има и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kampanata-platena-so-nashi-pari-ja-prenesuvaat-na-partiskiot-kanal-na-sdsm/

The post СЕП: Младите претприемачи се наш најголем ресурс, потребни им се европски можности и пазарот на ЕУ appeared first on Република.

]]>

На трибината од Кампањата „Ние сме Европа“, која се одржа во струмичкиот Амфитеатар, на тема: „Македонски труд-европска социјална политика“, покрај обраќањата на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, свој говор имаше и младата Благица Ефтимова, проектен асистент за претприемништво за глобален и регионален менаџмент. https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-2030-godina-sugurno-ke-bideme-chlenka-na-eu/ Ефтимова во своето обраќање зборуваше за потребите и можностите кои им требаат на младите во земјава, за причините за нивното иселување и за придобивките кои ги носи членството во Европската Унија.
Можностите кои ги имаме од Европската Унија, коишто се нудат кога станува збор за креирање на бизнис и инвестиција во истите, а со тоа и нови работни места е од исклучителна можност за младите. И образованието кое е камен темелник на трансформацијата е една од главните можности коишто Европа, Европската Унија, европското семејство ќе ни ги понудат како подобра иднина. Тие ќе ни понудат и финансиска и техничка поддршка, како за модернизација на образованието така и за креирање на подобри можности, доедукација на младите, рече Ефтимова.
Таа рече дека членството во Унијата не само што ни нуди врати за повеќе можности туку и не го отвора патот кон меѓународниот пазар за да ги претставиме ние нашите идеи и иновации, укажувајќи дека „Cеверна Македонија има еден од најголемите проценти на млади луѓе коишто заминуваат во странство, во потрага по тие подобри услови и можности на европскиот пазар“.
Со членството во Европската Унија ќе се отвори врата кон соработка, меѓутоа не само за инфраструктурата, туку и за споделувањето на добрите практики. Веќе знаеме голем дел од младите знаат програмата Еразмус. Ќе имаме многу поголеми и отворени врати, поголеми ресурси со програмата Еразмус којшто ги имаат останатите земји, отколку сега бидејќи работиме со многу мали ресурси. Младите ќе имаат многу поголеми можности да тие креираат проекти, тие одат да студираат, да донесат практики и знаења од земјите-членки во нашата земја, рече Ефтимова.
Таа посочи дека членството во ЕУ гради општество кое ги стимулира и одржува амбициите на младите и нуди платформа за креирање на повеќе работни места, иновации, инвестиции во знаење и инфраструктура, додавајќи дека тогаш „Cеверна Македонија не само што ќе ги задржува своите таленти дома, туку ќе биде и магнет за прибирање на останатите таленти“.
Членството во ЕУ дава многу поголеми шанси да промени начинот на кој ги гледаме трудот и социјалната политика. Смета дека младите се најголем ресурс тие де талентирани иновативни и имаат потенцијал да го трансформираат нашето општество и економија. Но за тоа мора да се создадат услови и околина налик на европските во која младите ќе се развиваат и да напредуваат, порача Ефтимова на трибината „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријат за европски прашања.
Следната трибина за запознавање на граѓаните со придобивките од членството во ЕУ, ќе се одржи на Битола, на тема култура, на која покрај вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, свое обраќање ќе има и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. https://republika.mk/vesti/makedonija/kampanata-platena-so-nashi-pari-ja-prenesuvaat-na-partiskiot-kanal-na-sdsm/

The post СЕП: Младите претприемачи се наш најголем ресурс, потребни им се европски можности и пазарот на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Кампањата платена со наши пари ја пренесуваат на партискиот канал на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kampanata-platena-so-nashi-pari-ja-prenesuvaat-na-partiskiot-kanal-na-sdsm/ Fri, 01 Sep 2023 20:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=678016

СДС и Ковачевски поради нервозата и очајот влегуваат од грешка во грешка. Впрочем денешната трибина на кои тие се прикажуваат како Европа, платена со народни пари, се пренесува на фејсбук профилот на партијата СДС. Ова ли е Европа која ја пропагира СДС и Ковачевски? Апсурд, неевропската и корумпирана влада, зборува за Европа и Европски вредности, а на првиот чекор ги крши.

Ова се наведува во вечерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ за трибините од кампањата „Ние сме Европа“, за која владата плати 80 илјади евра.

https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-2030-godina-sugurno-ke-bideme-chlenka-na-eu/

Очигледно за СДС е исто Владата и партијата. Очигледно народните пари од буџетот се користат за партиска промоција, и тоа не за народот, туку за своите партиски членови кои се разочараа од нивните лаги кои со години ги кажуваат и ништо не прават. Оваа кампања на СДС се сведе на мотивирање на своето членство пред избори, но судејќи според составот во Струмица изгледа не успеале ни своите највидни членови да ги мотивираат да им дојдат на апсурдната трибина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post Кампањата платена со наши пари ја пренесуваат на партискиот канал на СДСМ appeared first on Република.

]]>

СДС и Ковачевски поради нервозата и очајот влегуваат од грешка во грешка. Впрочем денешната трибина на кои тие се прикажуваат како Европа, платена со народни пари, се пренесува на фејсбук профилот на партијата СДС. Ова ли е Европа која ја пропагира СДС и Ковачевски? Апсурд, неевропската и корумпирана влада, зборува за Европа и Европски вредности, а на првиот чекор ги крши. Ова се наведува во вечерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ за трибините од кампањата „Ние сме Европа“, за која владата плати 80 илјади евра. https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-2030-godina-sugurno-ke-bideme-chlenka-na-eu/
Очигледно за СДС е исто Владата и партијата. Очигледно народните пари од буџетот се користат за партиска промоција, и тоа не за народот, туку за своите партиски членови кои се разочараа од нивните лаги кои со години ги кажуваат и ништо не прават. Оваа кампања на СДС се сведе на мотивирање на своето членство пред избори, но судејќи според составот во Струмица изгледа не успеале ни своите највидни членови да ги мотивираат да им дојдат на апсурдната трибина, велат од ВМРО-ДПМНЕ

The post Кампањата платена со наши пари ја пренесуваат на партискиот канал на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Во 2030 година сугурно ќе бидеме членка на ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-2030-godina-sugurno-ke-bideme-chlenka-na-eu/ Fri, 01 Sep 2023 19:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=678010

Бидете сигурни дека во 2030 година ќе бидеме членка на ЕУ. Деновиве на прашуваат зошто толку многу брзате? Зошто инсистирате токму таа година, сега да се носат тешки одлуки? Зошто реформи, зошто баш сега? Имаме време да чекаме. Ќе чекаме подобри времиња, ќе ослабе позицијата на некои други држави што мислиме дека денеска ни се пречка, ќе зајакне нашата позиција. Јас им велам во 2030 година ќе има прием на нови членки во ЕУ. На ваква бина ќе стојат претставниците на Украина, на Молдавија, на Србија, на Црна Гора, на Албанија.Ние ќе направиме се на таа бина да стојат и претставниците на нашата татковина. Што ќе им кажеме на младите ако не успееме да застанема таму во 2030 година? Како ќе им објасниме дека оваа година не сме биле подготвени да носиме одлуки за тие во 2030 година да имаат европски пасош.

Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на Отворената трибина „Македонски труд-Европска социјална политика" во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на Секретаријатот за европски прашања, која вечерва се одржа во Струмица.

Додаде дека Струмица од пред повеќе години ги споделува и негува европските вредности и затоа, како што кажа, тука доаѓале за да земат свеж и прогресивен европски воздух, кој ја враќал енергијата и силата и надежта дека припаѓаме и дека сме Европа.

Според него, нашата држава споделува многу вредности со Европската Унија и затоа определбата за зачленување во ЕУ е определба за зачувување на стабилноста, просперитетот, соработката и успехот.

По долго време европската агенда и перспектива не е само сон, туку е реалност. Добивме временска одредница дека во 2030 година е навистина возможно да станеме членка на ЕУ. Со чекањето секој ден губиме по една можност, секој ден надвор од Европската унија нашите луѓе имаат помалку можности, рече Маричиќ.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето излагање дека во државата се реализираат многу европски практики и решенија, а една од нив е Гаранцијата за млади која се реализира од 2018 година, како и младинскиот додаток за тие кои сакаат по завршувањето на нивното образование да се вклучат во процесот на производството.

Мерката за самовработување е исто така европска мерка донесена во нашата држава. 44 отсто од корисниците на мерката се токму младите. Мерката ИТ напредни вештини за младуите во државата ка проширивме до 40 години за да можат што повеќе млади да се вклучат и овозможува европски плати, работа за европски компании, работа оттука, во државата за да ни останат тука младите, да земаат европски плати. Предлог законот за работни односи носи европски вредности. Работата од дома и од далечина е она што младите го посакуваат и ќе биде овозможено токму со овој закон, истакна Тренчевска.

Благица Ефтимова, млад претприемач, во своето обраќање подвлече дека дека денеска стоиме на работ на кој се дефинира нашата иднина, но и иднината на нашите поколенија.

Стоиме на работ на декларацијата за нашата посветеност за обликување на иднината со бесконечни можности наречен Европска Унија, рече Ефтимова.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, рече дека нема поубаво место да се зборува за Европската Унија од Општината којашто ги споделува боите со неа.

Струмица е европски градител многу одамна и ги споделува европските вредности уште кога во државата и не беше така лесно да се сподели вредност, било каква, а најмалку европска. До пред некое време само зборувавме за интеграцијата во ЕУ, но немавме систем на вредности како опиплив пример за граѓаните. Но, јас сум навистина горд човек и политичар што имаме Влада која силно работи и е во симбиоза со делегацијата на ЕУ и со сите амбасади и која прави пристапот на ЕУ во Република Македонија, да премине и на локално ниво и да стане повидливо за граѓаните. Струмица е примерот којшто треба да се следи. Европска вредност е да понудиме еднакви можности за сите граѓани. Ние тоа и го правиме во сите области, а најмногу во делот на социјалната заштита, истакна струмичкиот градоначалник.

На вечерашната трибина присустуваше и генералниот секретар на македонскиот парламент, Цветанка Иванова, пратеници од регионот, членови на Советот на Општина Струмица и граѓани.

Караванот „Ние сме Европа“ по Струмица продолжува во Битола.

The post Маричиќ: Во 2030 година сугурно ќе бидеме членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бидете сигурни дека во 2030 година ќе бидеме членка на ЕУ. Деновиве на прашуваат зошто толку многу брзате? Зошто инсистирате токму таа година, сега да се носат тешки одлуки? Зошто реформи, зошто баш сега? Имаме време да чекаме. Ќе чекаме подобри времиња, ќе ослабе позицијата на некои други држави што мислиме дека денеска ни се пречка, ќе зајакне нашата позиција. Јас им велам во 2030 година ќе има прием на нови членки во ЕУ. На ваква бина ќе стојат претставниците на Украина, на Молдавија, на Србија, на Црна Гора, на Албанија.Ние ќе направиме се на таа бина да стојат и претставниците на нашата татковина. Што ќе им кажеме на младите ако не успееме да застанема таму во 2030 година? Како ќе им објасниме дека оваа година не сме биле подготвени да носиме одлуки за тие во 2030 година да имаат европски пасош. Ова го истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на Отворената трибина „Македонски труд-Европска социјална политика" во рамки на кампањата „Ние сме Европа“ на Секретаријатот за европски прашања, која вечерва се одржа во Струмица. Додаде дека Струмица од пред повеќе години ги споделува и негува европските вредности и затоа, како што кажа, тука доаѓале за да земат свеж и прогресивен европски воздух, кој ја враќал енергијата и силата и надежта дека припаѓаме и дека сме Европа. Според него, нашата држава споделува многу вредности со Европската Унија и затоа определбата за зачленување во ЕУ е определба за зачувување на стабилноста, просперитетот, соработката и успехот.
По долго време европската агенда и перспектива не е само сон, туку е реалност. Добивме временска одредница дека во 2030 година е навистина возможно да станеме членка на ЕУ. Со чекањето секој ден губиме по една можност, секој ден надвор од Европската унија нашите луѓе имаат помалку можности, рече Маричиќ.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, во своето излагање дека во државата се реализираат многу европски практики и решенија, а една од нив е Гаранцијата за млади која се реализира од 2018 година, како и младинскиот додаток за тие кои сакаат по завршувањето на нивното образование да се вклучат во процесот на производството.
Мерката за самовработување е исто така европска мерка донесена во нашата држава. 44 отсто од корисниците на мерката се токму младите. Мерката ИТ напредни вештини за младуите во државата ка проширивме до 40 години за да можат што повеќе млади да се вклучат и овозможува европски плати, работа за европски компании, работа оттука, во државата за да ни останат тука младите, да земаат европски плати. Предлог законот за работни односи носи европски вредности. Работата од дома и од далечина е она што младите го посакуваат и ќе биде овозможено токму со овој закон, истакна Тренчевска.
Благица Ефтимова, млад претприемач, во своето обраќање подвлече дека дека денеска стоиме на работ на кој се дефинира нашата иднина, но и иднината на нашите поколенија.
Стоиме на работ на декларацијата за нашата посветеност за обликување на иднината со бесконечни можности наречен Европска Унија, рече Ефтимова.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, рече дека нема поубаво место да се зборува за Европската Унија од Општината којашто ги споделува боите со неа.
Струмица е европски градител многу одамна и ги споделува европските вредности уште кога во државата и не беше така лесно да се сподели вредност, било каква, а најмалку европска. До пред некое време само зборувавме за интеграцијата во ЕУ, но немавме систем на вредности како опиплив пример за граѓаните. Но, јас сум навистина горд човек и политичар што имаме Влада која силно работи и е во симбиоза со делегацијата на ЕУ и со сите амбасади и која прави пристапот на ЕУ во Република Македонија, да премине и на локално ниво и да стане повидливо за граѓаните. Струмица е примерот којшто треба да се следи. Европска вредност е да понудиме еднакви можности за сите граѓани. Ние тоа и го правиме во сите области, а најмногу во делот на социјалната заштита, истакна струмичкиот градоначалник.
На вечерашната трибина присустуваше и генералниот секретар на македонскиот парламент, Цветанка Иванова, пратеници од регионот, членови на Советот на Општина Струмица и граѓани. Караванот „Ние сме Европа“ по Струмица продолжува во Битола.

The post Маричиќ: Во 2030 година сугурно ќе бидеме членка на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shambevski-zamislete-vo-shpanija-ambasador-na-druga-zemja-da-nastapuva-na-vakvi-nastani/ Thu, 31 Aug 2023 06:36:13 +0000 https://republika.mk/?p=677437

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.

Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција...
Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате.
Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>

Секој дипломат, особено високи дипломати како во случајов шпанскиот амбасадор во Македонија, мора да биде свесен и за перцепцијата и имиџот кои ги остава за него и неговата земја, во земјата домаќин, потенцира поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски, реагирајќи на обраќањето на Хозе Луиз Лозано Гарсија на првата трибина „ЕУ за македонската економија“ од кампањата на власта „Ние сме Европа“, која почна синоќа.
Особено треба да е свесен за ова кога решил да настапува на настан кој не е ништо друго, иако формално организиран од Владата, освен маскирана партиска активност на една владеачка партија, дизајниран да го поларизира општеството. Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на такви настани на кои се клевети опозицијата, па и 80% од населението кое не се согласува со одредена политика на Владата. Притоа истиот настан да е под сериозен сомнеж за корупција... Верувам, незамисливо Ви е… ама амбасадоре бидете свесен дека, иако овде еве се случи, немојте да мислите дека е прифатливо тоа што се случи и дека му правите услуга на имиџот на кралството кое го претставувате. Јас, колега, во ваков случај, најискрено, професионално би се засрамил, макар и да имам формално оправдување за мојот настап, порача Шамбевски.

The post Шамбевски: Замислете во Шпанија, амбасадор на друга земја да настапува на вакви настани appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-nasheto-ekonomsko-chudo-nashiot-politichki-razvoj-i-nashiot-miroven-proekt-e-mozhen-samo-vo-eu/ Wed, 30 Aug 2023 20:13:45 +0000 https://republika.mk/?p=677405

Основно прашање на оваа кампања и на битката што ја водиме во општеството е каде сакаме Cеверна Македонија да припаѓа: дали сакаме да припаѓа на овој најголем мировен политички и економски проект (ЕУ), дали сакаме да припаѓаме на економското чудо или сакаме да веруваме во алтернативни приказни во кои многу малку луѓе веруваат од кои баш никој нема видено придобивки, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на првата трибина „ЕУ за македонската економија“.

Република Cеверна Македонија без дилеми припаѓа во Европската унија. Нашите граѓани без дилеми сакаат да бидат дел од Европската унија. Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот посочи дека европската дипломатија повеќе пати ѝ помогна на нашата држава да излезе од криза, но исто така финансиската помош која во последните 15 години изнесува над една милијарда суштински придонесоа во повеќе аспекти од нашиот живот.

Коридорот 10, голем број на инфраструктурни пректи, железнички станици во повеќе градови, канализации, водовод и инфраструктура, земјоделие, образование, рекордна искористеност на Еразмус програмите, заштита на нашето културно наследство, рече Маричиќ.

Заедничкиот пазар на ЕУ, како што кажа вицепремиерот, е нашата единствена шанса за развој, комплетирање на нашиот мозаик, е возможен и остварлив само преку ЕУ. Ако сега користиме една милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од кохезивните и структурните реформи една милијарда годишно. Тоа е огромна разлика, вели Маричиќ.

Во својот говор вицепремиерот посочи на примерите на Чешка и на Хрватска и нивниот развој по влезот во ЕУ.

Амбасадорот на Кралството Шпанија Хозе Луиз Лозано Гарсија го пренесе искуството на неговата земја во пристапувањето на Европската унија, посочувајќи на поддршката што неговата држава и ја дава на земјата на европскиот пат. Влезот на Шпанија во ЕУ за земјата значело главно отварање и модернизација на шпанската економија, што доведе до поголема буџетска стабилност и претставува поттик за преземање на одредени структурни реформи...

Членството во овој клуб нуди гаранција за мир, за стабилност и за безбедност, рече шпанскиот амбасадор.

Според него, секојдневно можеме да зборуваме за конкретни и опипливи придобивки како слободата на движење, заштита како потрошувачи, на нашите податоци , здравственото покритие со носење на европската здравствена картичка...

На трибината вечерва во Скопје зборуваа премиерот Димитар Ковачевски, и министерот за економија Крешник Бектеши, Благица Петрески од Институтот за економски анализи Фајнанс тинк, како и Ирена Јакимовска од компанијата „Комфи Ангел“...

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“. Таа ќе се реализира во осум градови низ државата. Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Ќе се има конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Маричиќ: Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Основно прашање на оваа кампања и на битката што ја водиме во општеството е каде сакаме Cеверна Македонија да припаѓа: дали сакаме да припаѓа на овој најголем мировен политички и економски проект (ЕУ), дали сакаме да припаѓаме на економското чудо или сакаме да веруваме во алтернативни приказни во кои многу малку луѓе веруваат од кои баш никој нема видено придобивки, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, на првата трибина „ЕУ за македонската економија“.
Република Cеверна Македонија без дилеми припаѓа во Европската унија. Нашите граѓани без дилеми сакаат да бидат дел од Европската унија. Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот посочи дека европската дипломатија повеќе пати ѝ помогна на нашата држава да излезе од криза, но исто така финансиската помош која во последните 15 години изнесува над една милијарда суштински придонесоа во повеќе аспекти од нашиот живот.
Коридорот 10, голем број на инфраструктурни пректи, железнички станици во повеќе градови, канализации, водовод и инфраструктура, земјоделие, образование, рекордна искористеност на Еразмус програмите, заштита на нашето културно наследство, рече Маричиќ.
Заедничкиот пазар на ЕУ, како што кажа вицепремиерот, е нашата единствена шанса за развој, комплетирање на нашиот мозаик, е возможен и остварлив само преку ЕУ. Ако сега користиме една милијарда евра преку ИПА проектите за 15 години, кога ќе бидеме држава членка на ЕУ ќе користиме од кохезивните и структурните реформи една милијарда годишно. Тоа е огромна разлика, вели Маричиќ. Во својот говор вицепремиерот посочи на примерите на Чешка и на Хрватска и нивниот развој по влезот во ЕУ. Амбасадорот на Кралството Шпанија Хозе Луиз Лозано Гарсија го пренесе искуството на неговата земја во пристапувањето на Европската унија, посочувајќи на поддршката што неговата држава и ја дава на земјата на европскиот пат. Влезот на Шпанија во ЕУ за земјата значело главно отварање и модернизација на шпанската економија, што доведе до поголема буџетска стабилност и претставува поттик за преземање на одредени структурни реформи...
Членството во овој клуб нуди гаранција за мир, за стабилност и за безбедност, рече шпанскиот амбасадор.
Според него, секојдневно можеме да зборуваме за конкретни и опипливи придобивки како слободата на движење, заштита како потрошувачи, на нашите податоци , здравственото покритие со носење на европската здравствена картичка... На трибината вечерва во Скопје зборуваа премиерот Димитар Ковачевски, и министерот за економија Крешник Бектеши, Благица Петрески од Институтот за економски анализи Фајнанс тинк, како и Ирена Јакимовска од компанијата „Комфи Ангел“... Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“. Таа ќе се реализира во осум градови низ државата. Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Ќе се има конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Маричиќ: Нашето економско чудо, нашиот политички развој и нашиот мировен проект е можен само во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Младите си одат оти 10 до 15 олигарси покриваат над 90 отсто од пазарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bekteshi-mladite-si-odat-oti-10-do-15-oligarsi-pokrivaat-nad-90-otsto-od-pazarot/ Wed, 30 Aug 2023 19:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=677408

На трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која вечерва во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на придобивки од членство во Европската Унија, која ја нарече „економско чудо“.

Тоа економско чудо, како што рече, не дозволува 10 или 20 поединци да ја држат економијата на една држава 10, 20, па и 40 години. Такви поединци, рече тој, има во Русија и во други источни земји, а и кај нас „до 2017 пред да се смени власта“.

Младите си одат од земјава затоа што со своите идеи, нагласи Бектеши, не можат да бидат конкурентни на домашните 10 до 15 олигарси кои се непроменети од 1991 година до денес и кои 30 години, како што рече, секој од нив покрива по над 90 отсто од пазарот на некој сектор.

Тоа ги одвраќа младите, тие наидуваат на неможност да ги остварат своите визии и идеи, и заминуваат од земјава. Но Европската Унија, рече министерот, има механизми и реформи што се антимонополски.

Политиките на ЕУ даваат иста можност, без разлика за кого се работи. Во ЕУ развојот се гради само преку конкурентност и со еднаква можност за сите, нема дискирминација на ниеден на граѓанин. Тоа е начинот да ги задржиме младите, порача Бектеши.

За искуствата од соработката со ЕУ зборуваше Ирена Јакимова од компанијата за производство на постелнина „Комфи Ангел“ која извезува на европскиот пазар.

Благица Петревска од „Фајнанс тинк“ рече дека со пристапувањето во ЕУ може да се подобрат економските аспекти и дека иселувањето на младите ќе се спречи ако тие имаат извесност и стабилност.

The post Бектеши: Младите си одат оти 10 до 15 олигарси покриваат над 90 отсто од пазарот appeared first on Република.

]]>

На трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која вечерва во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, министерот за економија Крешник Бектеши се осврна на придобивки од членство во Европската Унија, која ја нарече „економско чудо“. Тоа економско чудо, како што рече, не дозволува 10 или 20 поединци да ја држат економијата на една држава 10, 20, па и 40 години. Такви поединци, рече тој, има во Русија и во други источни земји, а и кај нас „до 2017 пред да се смени власта“. Младите си одат од земјава затоа што со своите идеи, нагласи Бектеши, не можат да бидат конкурентни на домашните 10 до 15 олигарси кои се непроменети од 1991 година до денес и кои 30 години, како што рече, секој од нив покрива по над 90 отсто од пазарот на некој сектор. Тоа ги одвраќа младите, тие наидуваат на неможност да ги остварат своите визии и идеи, и заминуваат од земјава. Но Европската Унија, рече министерот, има механизми и реформи што се антимонополски.
Политиките на ЕУ даваат иста можност, без разлика за кого се работи. Во ЕУ развојот се гради само преку конкурентност и со еднаква можност за сите, нема дискирминација на ниеден на граѓанин. Тоа е начинот да ги задржиме младите, порача Бектеши.
За искуствата од соработката со ЕУ зборуваше Ирена Јакимова од компанијата за производство на постелнина „Комфи Ангел“ која извезува на европскиот пазар. Благица Петревска од „Фајнанс тинк“ рече дека со пристапувањето во ЕУ може да се подобрат економските аспекти и дека иселувањето на младите ќе се спречи ако тие имаат извесност и стабилност.

The post Бектеши: Младите си одат оти 10 до 15 олигарси покриваат над 90 отсто од пазарот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски заборави на „Северна“ и порача: Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан членка на ЕУ во 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zaboravi-na-severna-i-poracha-makedonija-ke-bide-prvata-zemja-od-zapaden-balkan-chlenka-na-eu-vo-2030-godina/ Wed, 30 Aug 2023 19:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=677401

Во 2030 година Македонија ќе биде прва земја членка на Европската Унија од Западен Балкан, порача вечерва премиерот Димитар Ковачевски на трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“.

Според Ковачевски, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има конкретна одредница за проширувањето на ЕУ - 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија.

Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Cеверна Македонија ќе биде подготвена, истакна тој на почетокот на трибината.

Посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, Ковачевски нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија“.

На настанот кој се одржа на плоштадот „Јадран“ премиерот истакна дека сите стратешки одлуки кои ги носи Владата, како што рече, имаат многу јасна цел, а тоа е развој на економијата, приватниот сектор и нови вработувања.

- Дека политиките даваат резултати се гледа од растот на платите и пензиите кои што денеска се на највисоко ниво од постоењето на независна Македонија, рече премиерот.

Тој посочи на зголемувањето на број на вработени, странските и домашни инвестиции, како и најниската стапка на невработеност и најави ново зголемување кое ќе се случи во септември оваа година и, како што рече, повторно ново идниот март, 2024 година.

Според Ковачевски, позитивниот ефект не е само членството во Европската Унија, туку и самиот процес на пристапување.

Позитивни резултати од економската политика на Владата, како што кажа, може да се мултиплицираат со продолжување на евроинтеграциските политики и посочи дека ЕУ има вложено 3,3 милијарди евра неповратни средства преку грантови и инвестиции.

Влезот во ЕУ, како што рече Ковачевски, дополнително ги зајакнува позициите на компаниите кај нас и ќе отвори нови трговски перспективи, а се зголемува и пристапот до големиот заеднички европски пазар.

- ЕУ и САД се најбогати и нивниот БДП е 60 отсто од светската економија и затоа сите сакаат да живеат на запад никој не отиде на исток. Затоа е подобро интеграции во ЕУ отколку изолација и барање алтернативи кои се утопистички, нагласи Ковачевски.

Тој сподели повеќе статистички податоци за напредок на земјите членки на ЕУ и посочи дека новите членки имаат 28 отсто зголемени странски директни инвестиции годишно по влегувањето во ЕУ.

- Се зголемува БДП по влегувањето на земјите членки во ЕУ. Поголеми плати, подобри платени работни места со европски услови и поголема куповна моќ, посочи премиерот Ковачевски.

Информираше дека 80 отсто од нашиот извоз завршува на ЕУ, а 50 отсто од увозот е од ЕУ.

Ова е историска шанса за нашата економија и не смееме да ја пропуштиме, ќе овозможи економски раст, нема алтернатива за поголем животен стандард, сега треба одговорност за земјата да оди напред, а не изолирани и без план за иднината, рече Ковачевски.

Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат „можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ“.

Свои обраќања вечерва имаа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за економија, Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други.

На настанот присуствуваа голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, и граѓани.

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата, Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски заборави на „Северна“ и порача: Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан членка на ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>

Во 2030 година Македонија ќе биде прва земја членка на Европската Унија од Западен Балкан, порача вечерва премиерот Димитар Ковачевски на трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“. Според Ковачевски, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има конкретна одредница за проширувањето на ЕУ - 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската Унија.
Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Cеверна Македонија ќе биде подготвена, истакна тој на почетокот на трибината.
Посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, Ковачевски нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија“. На настанот кој се одржа на плоштадот „Јадран“ премиерот истакна дека сите стратешки одлуки кои ги носи Владата, како што рече, имаат многу јасна цел, а тоа е развој на економијата, приватниот сектор и нови вработувања. - Дека политиките даваат резултати се гледа од растот на платите и пензиите кои што денеска се на највисоко ниво од постоењето на независна Македонија, рече премиерот. Тој посочи на зголемувањето на број на вработени, странските и домашни инвестиции, како и најниската стапка на невработеност и најави ново зголемување кое ќе се случи во септември оваа година и, како што рече, повторно ново идниот март, 2024 година. Според Ковачевски, позитивниот ефект не е само членството во Европската Унија, туку и самиот процес на пристапување. Позитивни резултати од економската политика на Владата, како што кажа, може да се мултиплицираат со продолжување на евроинтеграциските политики и посочи дека ЕУ има вложено 3,3 милијарди евра неповратни средства преку грантови и инвестиции. Влезот во ЕУ, како што рече Ковачевски, дополнително ги зајакнува позициите на компаниите кај нас и ќе отвори нови трговски перспективи, а се зголемува и пристапот до големиот заеднички европски пазар. - ЕУ и САД се најбогати и нивниот БДП е 60 отсто од светската економија и затоа сите сакаат да живеат на запад никој не отиде на исток. Затоа е подобро интеграции во ЕУ отколку изолација и барање алтернативи кои се утопистички, нагласи Ковачевски. Тој сподели повеќе статистички податоци за напредок на земјите членки на ЕУ и посочи дека новите членки имаат 28 отсто зголемени странски директни инвестиции годишно по влегувањето во ЕУ. - Се зголемува БДП по влегувањето на земјите членки во ЕУ. Поголеми плати, подобри платени работни места со европски услови и поголема куповна моќ, посочи премиерот Ковачевски. Информираше дека 80 отсто од нашиот извоз завршува на ЕУ, а 50 отсто од увозот е од ЕУ.
Ова е историска шанса за нашата економија и не смееме да ја пропуштиме, ќе овозможи економски раст, нема алтернатива за поголем животен стандард, сега треба одговорност за земјата да оди напред, а не изолирани и без план за иднината, рече Ковачевски.
Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат „можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ“. Свои обраќања вечерва имаа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за економија, Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други. На настанот присуствуваа голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, и граѓани. Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата, Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски заборави на „Северна“ и порача: Македонија ќе биде првата земја од Западен Балкан членка на ЕУ во 2030 година appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zemjite-shto-ke-bidat-pobrzi-so-reformite-prvi-ke-vlezat-vo-2030-godina-vo-evropskata-unija/ Wed, 30 Aug 2023 17:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=677376

Премиерот Димитар Ковачевски на првата отворена трибина „ЕУ за македонската економија” од кампањата „Ние сме Европа” вечерва изјави дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ - 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.

Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Cеверна Македонија ќе биде подготвена, тврди тој.

Ковачевски посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија“.

Исто така оттука сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети држави кои не скаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизнисни сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава, претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија, посочи Ковачевски.

Според Ковачевски, сите стратешки одлуки што ги носи оваа Влада и што ќе ги носи имаат стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места.

Со трибината, која се одржува во центарот на Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија“, во Скопје денеска започна кампањата „Ние сме Европа“.

Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат „можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ“.

Вечерва свои обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други. На настанот присуствуваат голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, како и повеќе граѓани.

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата, Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски: Земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на првата отворена трибина „ЕУ за македонската економија” од кампањата „Ние сме Европа” вечерва изјави дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ - 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.
Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: Прво дека после долго време претседателот на Европскиот совет во Блед и повторно на телевизија Словенија кажа дека има конкретна одредница за проширување на Европската унија а тоа е 2030 година и тоа е истата година за која што ние велиме дека Cеверна Македонија ќе биде подготвена, тврди тој.
Ковачевски посочувајќи на изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа со повеќе брзини“, нагласи дека „тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија“.
Исто така оттука сакам да ги демантирам пропагандистите платени од трети држави кои не скаат да ја видат оваа држава во ЕУ, да ги демантирам структурите на поранешните служби на државна безбедност уште од времето на Југославија кои исто така не сакаат да ја видат оваа држава во ЕУ и оние чиишто бизнисни сметаат дека единствено можат да работат во изолирана држава, претседателот Макрон кажа да, Европа со повеќе брзини, но тоа значи дека оние кои се побрзи во своите реформи тие први ќе влезат во 2030 година во Европската унија, посочи Ковачевски.
Според Ковачевски, сите стратешки одлуки што ги носи оваа Влада и што ќе ги носи имаат стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Со трибината, која се одржува во центарот на Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија“, во Скопје денеска започна кампањата „Ние сме Европа“. Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат „можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ“. Вечерва свои обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други. На настанот присуствуваат голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, како и повеќе граѓани. Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата, Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски: Земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски ќе се обрати на првата отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-se-obrati-na-prvata-otvorena-tribina-od-kampanata-nie-sme-evropa/ Wed, 30 Aug 2023 07:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=677186

Денеска, 30 август 2023 година (среда), со почеток во 19:00 часот, на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија", на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски.

Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески-Finance Think, како и Ирена Јакимовска, од компанијата Комфи Ангел.

Во рамки на напорите на Владата на Република Македонија за исполнување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски ќе се обрати на првата отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, 30 август 2023 година (среда), со почеток во 19:00 часот, на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија", на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски. Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески-Finance Think, како и Ирена Јакимовска, од компанијата Комфи Ангел. Во рамки на напорите на Владата на Република Македонија за исполнување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ. Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

The post Ковачевски ќе се обрати на првата отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>
Владата со копирана кампања од Грузија, „Ние сме Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-so-kopirana-kampana-od-gruzija-nie-sme-evropa/ Wed, 23 Aug 2023 16:45:27 +0000 https://republika.mk/?p=675071

Преку трибини и кампања „Ние сме Европа“ тешки 80.000 евра, Владата ќе ги убедува граѓаните дека единствена опција за иднината на државата е ЕУ.

Откако стана јасно дека власта нема обезбедено мнозинство за уставни измени, а вицепремиерот Бојан Маричиќ не верува дека опозицијата ќе го смени ставот, Владата ќе го убедува народот.

Владината кампања за промоција на ЕУ ќе започне на 30 август и ќе трае десет дена.

Инаку, во јули минатата година во Грузија имаше масовни демонстрации под слоганот „Ние сме Европа“ откако Европската комисија препорача одложување на кандидатурата на земјата.

 

The post Владата со копирана кампања од Грузија, „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>

Преку трибини и кампања „Ние сме Европа“ тешки 80.000 евра, Владата ќе ги убедува граѓаните дека единствена опција за иднината на државата е ЕУ. Откако стана јасно дека власта нема обезбедено мнозинство за уставни измени, а вицепремиерот Бојан Маричиќ не верува дека опозицијата ќе го смени ставот, Владата ќе го убедува народот. Владината кампања за промоција на ЕУ ќе започне на 30 август и ќе трае десет дена. Инаку, во јули минатата година во Грузија имаше масовни демонстрации под слоганот „Ние сме Европа“ откако Европската комисија препорача одложување на кандидатурата на земјата.  

The post Владата со копирана кампања од Грузија, „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Значи поглупи и пофалц се и од Брат Љубе https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-znachi-poglupi-i-pofalts-se-i-od-brat-lube/ Wed, 23 Aug 2023 13:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=675024

Веројатно попроста, посамобендисана, понеспособна, понекреативна екипа никад ни се нема случено, коментира Ивор Мицковски за новата кампања на вицепремиерот Бојан Маричиќ и неговата СЕП - „Ние сме Европа“.

Можда Брат Љубе со жабицата и убиените Пакистанци, ама и тој им е коалиционен.
Значи поглупи и пофалц се и од него, вели тој.

The post Мицковски: Значи поглупи и пофалц се и од Брат Љубе appeared first on Република.

]]>

Веројатно попроста, посамобендисана, понеспособна, понекреативна екипа никад ни се нема случено, коментира Ивор Мицковски за новата кампања на вицепремиерот Бојан Маричиќ и неговата СЕП - „Ние сме Европа“.
Можда Брат Љубе со жабицата и убиените Пакистанци, ама и тој им е коалиционен. Значи поглупи и пофалц се и од него, вели тој.

The post Мицковски: Значи поглупи и пофалц се и од Брат Љубе appeared first on Република.

]]>
Маричиќ ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-ke-ja-promovira-kampanata-nie-sme-evropa/ Wed, 23 Aug 2023 06:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=674802

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“.

Претстојната кампања „Ние сме Европа“ ќе ја спроведува Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата.

The post Маричиќ ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“. Претстојната кампања „Ние сме Европа“ ќе ја спроведува Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Владата.

The post Маричиќ ќе ја промовира кампањата „Ние сме Европа“ appeared first on Република.

]]>