независна сцена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezavisna-scena/ За подобро да се разбереме Wed, 11 May 2022 12:14:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png независна сцена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezavisna-scena/ 32 32 Уметници од независната сцена на Македонија се претставуваат во Погон-Загреб Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnici-od-nezavisnata-scena-na-makedonija-se-pretstavuvaat-vo-pogon-zagreb-centar/ Wed, 11 May 2022 12:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=501032

Во рамките на програмската размена на проектот REG.LAB, помеѓу независни културни центри од регионот, во Погон - Загреб Центар за независна култура и млади (https://www.pogon.hr/) ќе се претстават уметници од независната сцена на Македонија.

На 10.05.2022, македонска кореографка и танчарка, ги изведе нејзините две дела: "Where's Your Gravity" & "Chance-Dance".

"Where's Your Gravity" (7 мин) во која Ивана Коцевска освен како танчарка, за прв пат се претстави пред публиката и како кореограф е студија за кинестетичките можности на телото: како го користиме телото, дали можеме да се соочиме со него итн.

„Chance Dance“ (25 мин) е нејзината најнова изведба која е во тек, резултат на соработката со музичкиот продуцент, програмер и дизајнер на звук Џеф Кастел-Бранко.

На 12.05.2022 се отвара групната изложба на современи македонски уметници и дизајнери - „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ , пропратена со промоција на книгата „Во дијалог“.

Изложбата „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ ја тематизира улогата на независната култура во Македонија од два агли: од една страна потпирајќи се на несигурната положба на уметниците, која произлегува од недостатокот на институционална поддршка за нивната работа. , а од друга и трансформативниот потенцијал на уметниците и нивните дела. Позицијата на уметниците сè уште се смета за парадигматска позиција на отпор, па уметниците поединечно и преку различни форми на соработка се обидуваат да го преиспитаат доминантниот дискурс кој ги дефинира идентитетот, територијата, границите, миграциските политики и бездомништвото, како и ксенофобијата и говорот на омраза вкоренети во секојдневниот живот. Едно од клучните прашања е како уметноста навистина може да учествува во општеството и да стане ефективен инструмент на промени и дали може да генерира нови вредности преку културните институции?

Во Погон ќе бидат изложени дела на: Велимир Жерновски, Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Никола Узуноски, Игор Тошевски, Дарко Алексовски, Моника Мотеска, Јане Чаловски, Христина Иваноска, Верица Ковачевска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ.

На 17.05.2022, Ивана Балабанова, танчарка и кореографка, ќе се претстави со интердисциплинарниот соло перформанс "Raw".

"Raw" (45 мин) е интердисциплинарен соло перформанс заснован на поезијата на самата авторка. Песната, а со тоа и изведбата, се за потрагата по сопствениот идентитет, за гушењето на душата, за потребата од простор и за суровоста на секојдневието. Овој танцов перформанс е интимна исповед за изгубеното совршенство и во исто време процес на прифаќање.

А, на 18.05.2022, Ивана Балабанова и композиторот Алесандро Ола, ќе го изведат интердисциплинарниот перформанс "Code #9".

"Code #9" е интердисциплинарна изведба која се обидува да ги објасни деветте видови темнина. Перформансот ги истражува внатрешните, но и надворешните фактори кои се потпираат на темнината, вклучувајќи ја публиката во аудиовизуелно патување низ просторот и времето.

Гостувањата се реализирани во рамките на Програмската размена на проектот на REG.LAB (https://platforma-kooperativa.org/?botmenu=reglab) , помеѓу независни културни центри од регионот во координација на Кооператива - регионална платформа за култура (https://platforma-kooperativa.org/ ), Погон, Културно-социјалнен простор Центар Јадро (https://centarjadro.mk/) и Операција Град од Загреб (https://operacijagrad.net/ ).

 

The post Уметници од независната сцена на Македонија се претставуваат во Погон-Загреб Центар appeared first on Република.

]]>

Во рамките на програмската размена на проектот REG.LAB, помеѓу независни културни центри од регионот, во Погон - Загреб Центар за независна култура и млади (https://www.pogon.hr/) ќе се претстават уметници од независната сцена на Македонија. На 10.05.2022, македонска кореографка и танчарка, ги изведе нејзините две дела: "Where's Your Gravity" & "Chance-Dance". "Where's Your Gravity" (7 мин) во која Ивана Коцевска освен како танчарка, за прв пат се претстави пред публиката и како кореограф е студија за кинестетичките можности на телото: како го користиме телото, дали можеме да се соочиме со него итн. „Chance Dance“ (25 мин) е нејзината најнова изведба која е во тек, резултат на соработката со музичкиот продуцент, програмер и дизајнер на звук Џеф Кастел-Бранко. На 12.05.2022 се отвара групната изложба на современи македонски уметници и дизајнери - „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ , пропратена со промоција на книгата „Во дијалог“. Изложбата „Уште еднаш ќе биде премногу: (не)можности за посредување“ ја тематизира улогата на независната култура во Македонија од два агли: од една страна потпирајќи се на несигурната положба на уметниците, која произлегува од недостатокот на институционална поддршка за нивната работа. , а од друга и трансформативниот потенцијал на уметниците и нивните дела. Позицијата на уметниците сè уште се смета за парадигматска позиција на отпор, па уметниците поединечно и преку различни форми на соработка се обидуваат да го преиспитаат доминантниот дискурс кој ги дефинира идентитетот, територијата, границите, миграциските политики и бездомништвото, како и ксенофобијата и говорот на омраза вкоренети во секојдневниот живот. Едно од клучните прашања е како уметноста навистина може да учествува во општеството и да стане ефективен инструмент на промени и дали може да генерира нови вредности преку културните институции? Во Погон ќе бидат изложени дела на: Велимир Жерновски, Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Никола Узуноски, Игор Тошевски, Дарко Алексовски, Моника Мотеска, Јане Чаловски, Христина Иваноска, Верица Ковачевска, Нада Прља и Ѓорѓе Јовановиќ. На 17.05.2022, Ивана Балабанова, танчарка и кореографка, ќе се претстави со интердисциплинарниот соло перформанс "Raw". "Raw" (45 мин) е интердисциплинарен соло перформанс заснован на поезијата на самата авторка. Песната, а со тоа и изведбата, се за потрагата по сопствениот идентитет, за гушењето на душата, за потребата од простор и за суровоста на секојдневието. Овој танцов перформанс е интимна исповед за изгубеното совршенство и во исто време процес на прифаќање. А, на 18.05.2022, Ивана Балабанова и композиторот Алесандро Ола, ќе го изведат интердисциплинарниот перформанс "Code #9". "Code #9" е интердисциплинарна изведба која се обидува да ги објасни деветте видови темнина. Перформансот ги истражува внатрешните, но и надворешните фактори кои се потпираат на темнината, вклучувајќи ја публиката во аудиовизуелно патување низ просторот и времето. Гостувањата се реализирани во рамките на Програмската размена на проектот на REG.LAB (https://platforma-kooperativa.org/?botmenu=reglab) , помеѓу независни културни центри од регионот во координација на Кооператива - регионална платформа за култура (https://platforma-kooperativa.org/ ), Погон, Културно-социјалнен простор Центар Јадро (https://centarjadro.mk/) и Операција Град од Загреб (https://operacijagrad.net/ ).  

The post Уметници од независната сцена на Македонија се претставуваат во Погон-Загреб Центар appeared first on Република.

]]>
„Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/crtaj-na-makedonski-jazik-kje-ja-osovremeni-i-razdvizi-kulturnata-ponuda/ Thu, 05 May 2022 19:42:47 +0000 https://republika.mk/?p=498340

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.

Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда.

Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби.

Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик.

Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули.

Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Од Министерството посочуваат дека целта на конкурсот е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, како и да се обезбедат услови за создавање нови форми на културно изразување, во кои преку различни медиуми ќе се користи македонскиот јазик, со кои ќе се осовремени и раздвижи културната понуда. Според конкурсот, предлог-проектите можат да бидат од некоја од областите на уметничкото творештво и задолжително треба да содржат зборови на македонски и македонското кирилско писмо како што се: графити, ликовни интервенции во урбан простор, налепници (стикери) за социјални мрежи и канали за комуникација (Вибер, Инстаграм…), самостојни и групни изложби. Предност ќе имаат млади автори до 30 годишна возраст кои за првпат конкурираат, како и мали проекти кои како активност се планирани да се реализираат во наведениот период со користење на македонскиот јазик. Конкурсот ќе трае од денеска па до 5 јуни, а манифестацијата ќе се одвива од 15-ти јуни до 15-ти јули. Повеќе информации за конкурсот може да најдете на следниов ЛИНК.

The post „Цртај на македонски јазик“ ќе ја осовремени и раздвижи културната понуда appeared first on Република.

]]>