Независен полициски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezavisen-politsiski-sindikat/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Mar 2024 15:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Независен полициски синдикат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezavisen-politsiski-sindikat/ 32 32 Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/delchev-na-kandidatite-vo-tsentarot-za-obuka-im-davale-pristapnitsi-za-sindikat-pred-da-dobijat-raboten-odnos/ Fri, 22 Mar 2024 16:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=757510

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос.

Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.

Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.

Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.

Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев, обвини дека на часовите за обука на полициски службеници во Центарот за обука - Идризово административни службеници на МВР, на кандидатите им давале листи за пристапување кон Македонскиот полициски синдикат пред да имаат остварено работен однос. Делчев го повика актуелниот технички министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, да испрати внатрешна контрола, како и да го извести Основото јавно обвинителството, бидејќи, како што рече, на овој начин се прави штета на вработените во МВР.
Тука има одговорност на лица кои се на раководни функции во Министерството за внатрешни работи, кои дозволиле на дел од часовите слушателите да ги запознаваат со работата и програмата на Македонскиот полициски синдикат и им дале пристапници за пополнување, со што на денот кога ќе почнат со работа ја активираат таа пристапница и Македонскиот полициски синдикат за еден ден прави 500 членови“, изјави Делчев.
Тој рече дека во Центарот за обука - Идризово во моментов има 80 кандидати за полициски службеници и оти таквиот начин на членство е пракса изминатите десет години.
Дел од раководството изминативе три дена непрекинато го прават со два тима, конкретно 80 слушатели се на курсот. Дел од обуката е запознавање на т.н. Единствен Македонски полициски синдикат, кој изминативе десет години на овој начин ги направил тие 5.000 членови, кој за мене е криминален начин, рече Делчев.

The post Делчев: На кандидатите во Центарот за обука им давале пристапници за Синдикат пред да добијат работен однос appeared first on Република.

]]>
Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisen-politsiski-sindikat-politichkite-kampani-da-se-realiziraat-nadvor-od-institutsiite/ Sat, 24 Feb 2024 13:13:44 +0000 https://republika.mk/?p=747805

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

- Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев.

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

- Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев.

Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.

- Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. - Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев. Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците. - Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев. Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа. - Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

The post Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите appeared first on Република.

]]>
Повисоки плати, смена на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи побараа од Независниот синдикат на полицијата на првиот од низата протести https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povisoki-plati-smena-na-zakonot-za-politsija-i-zakonot-za-vnatreshni-raboti-pobaraa-od-nezavisniot-sindikat-na-politsijata-na-prviot-od-nizata-protesti/ Sat, 04 Nov 2023 15:09:51 +0000 https://republika.mk/?p=698179

Под итно да се променат Законот за полиција, Законот за внатрешни работи, работни односи и Кривичниот законик побараа полицајците од протестот во Штип. Поради крајно сериозната ситуација во полициската служба и честите напади и закани врз полицајци, бараат минималната казна затвор за напад на полициски службеник да биде пет години. Бројката на нападнати во последниве месеци е над 100, вели претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев-Тодев, а наскоро таа бројка ќе биде видлива за јавноста на скопската Триумфална порта.

Бројката надмина повеќе од 100 повредени, нападнати полицајци. Пред десетина дена отпочнавме со симболичен бројчаник, кој за брзо време јавноста ќе го види пред Триумфалната капија, а со кој ќе се бројат нападнатите полицајци од лошите закони кои во моментов ги има Македонија, не заради полицајците, заради иднината на моите внуци, на вашите внуци и на цела држава. Законите мора да се прилагодат на европските закони, вели Делчев Тодев.

На ризичните услови за работа реагира и затворската полиција. Тихомир Ивков, претседател на Независен синдикат на затворската полиција при КПД Штип вели дека има случаи на палење на возила на затворски полицајци, закани по нивните семејства.

Ова се само дел од ризиците со кои се соочуваат тие, вели Ивков.

Освен што се соочуваат со закани и напади, додава тој, работат и за минимални плати.

Имаше напад на колеги при извршување претрес во просториите на КПД Штип, имаме најмалку десет повредени колеги. Се има случувано палење на возило на колеги, закани на колеги по фамилии, по деца. Моментално состојбата на полицајците е на некое најниско ниво. Немаме плати, платите ни се ниски. Во затворска полиција има и минимална плата. Работиме ризични работи, со доживотно осудени лица, рече Ивков.

Протестниот караван започна од пред Градскиот стадион во Штип, од каде Независниот полициски синдикат се движеше до Плоштадот „Слобода“. По првиот ваков протест, ќе следуваат уште два во Источна Македонија и три во Западна, а централниот ќе се организира во Скопје.

The post Повисоки плати, смена на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи побараа од Независниот синдикат на полицијата на првиот од низата протести appeared first on Република.