незадоволни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezadovolni/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Nov 2023 10:39:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png незадоволни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nezadovolni/ 32 32 Здравствените работници ќе му протестираат на министерот под прозорец за да ги чуе, најавија и протестен марш до Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zdravstvenite-rabotnitsi-ke-mu-protestiraat-na-ministerot-pod-prozorets-za-da-gi-chue-najavija-i-protesten-marsh-do-vladata/ Fri, 17 Nov 2023 10:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=702471

Здравствени работници на неколку локации низ Скопје денеска изразија незадоволство поради состојбите во здравството. Се бара зголемување на платите од 30 проценти на докторите и медицинскиот персонал, јавната администрација во медицинските установи и техничкиот персонал. Се бара и покачување на инфективниот додаток од еден на четири проценти, регулирање на статусот на времено вработените лица и нивно вработување на неопределено, ревидирање или нов колективен договор и средба со министерот за здравство.

Ние како Независен синдикат, имаме неколку барања, за кревање на достоинството на вработените во здравствениот сектор. Доколку не се изнајде решение, ќе продолжиме со мирен протест на 24 ноември пред Министерството за здравство и на втори декември ќе имаме протестен марш од пред нашето седиште до Владата, изјави доктор специјалист Јосиф Ѓорески од Гинеколошко - акушерската клиника.

Тој појасни дека повеќе работи им пречат во сегашниот колективен договор. Ѓорески кажа дека имало луѓе кои работеле во здравство и по девет години со нерешен статус. Поради сево ова, како што нагласи, голем дел од медицинскиот персонал си заминува и недостасува кадар, на штета на пациентите.

The post Здравствените работници ќе му протестираат на министерот под прозорец за да ги чуе, најавија и протестен марш до Владата appeared first on Република.

]]>

60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/60-otsto-od-graganite-se-nezadovolni-od-isporakata-na-uslugi-od-javnite-preprijatija/ Wed, 30 Aug 2023 10:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=677264

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода.

Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова.

Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши.

Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените

Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи.

Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“.

Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги.

The post 60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија appeared first on Република.

]]>

Вкупно 37 отсто од граѓаните се незадоволни од наплатата на вода, а 62 процента не се задовлони од испораката на електрична енергија, покажува најновото истражување на Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Според претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, до ОПМ стигнале поплаки од станари на згради кои воопшто не добивале сметки за вода.
Има поплаки и за висината на сметките за струја, но и за пресметковниот период за кој се однесува сметката. Симптоматично е и читањето на водомерите. Граѓаните очекуваат да се отчитуваат, тие не се отчитуваат, наплатата е паушална, но затоа, секој граѓанин има можност од својот струјомер да прочита и даде барање за корекција на сметката. Имавме поплаки од цели згради дека сметките за вода не им стасуваат на луѓето во сандачињата. Тоа е еден од проблемите. Како сакате да си ги плаќаме сметките ако не знаеме колку да платиме. Самите граѓани, особено повозрасната категорија, се јавуваат и кажуваат колку им е водомерот, иако не е отчитан. И тоа така ноншалантно се прифаќа поради што навистина сме загрижени, изјави Лончар Велкова.
Според неа, иако биле изгаснати светлата низ повеќето општини, граѓаните секако плаќале струја. Тие искажале незадоволство и од јавниот превоз, а немаат, како што рекле, и доверба дека нешто конкретно ќе се превземе и ќе се реши. Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените
Вкупно 60 проценти од испитаниците се незадоволни од испорака на услуги од јавните препријатија. Потребно е точно дефинирање на јавните услуги за да се обезбеди подобра услуга. Имаме голем проблем со јавните услуги, и на локално, општинско, но и на централно ниво. Ова е проблематична област, а граѓаните за неа одвојуваат голем дел од семејниот буџет. Притоа, нема систем за заштита. Давателите на услуги мора да им овозможат на граѓаните приговор и треба да бидат опоменати или казнети ако не го исполнуваат тоа правило. Приговорот може да го овозможат и онлајн и директно кај нив, во службените простории, нагласи Лончар пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава, осврнувајќи се на новиот закон за потрошувачи.
Со новиот закон, како што информира, опфатен е „ранливиот потрошувач“ кој, меѓу другото, не треба да се исклучува од системот за време на грејната сезона. Но, Владата треба, а се уште не донела, како што рече Лончар, подзаконски акт, за да се дефинира „ранливиот потрошувач“. Во законот се дефинираат правата на „ранливиот потрошувач“ во однос на добивањето јавни услуги, а има и посебен сегмент - „потрошувачки приговор“ кој може да се однесува за се што е поврзано со давателите на јавните услуги.  

The post 60 отсто од граѓаните се незадоволни од испораката на услуги од јавните препријатија appeared first on Република.

]]>
Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-chetvrtini-od-germantsite-se-nezadovolni-od-vladata/ Tue, 11 Jul 2023 09:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=659971

Околу три четвртини од Германците не се задоволни од работата на Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена од радиодифузерот РТЛ.

Дури 77 отсто се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата.

Клучна тема во истражувањето беше контроверзниот закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65 отсто од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија.

Како удар за владата на канцеларот Олаф Шолц, законот за греење беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија минатата недела, за да ги спречи пратениците да го префрлат прашањето во Парламентот. Законот е одложен до септември.

Истражувањето покажа дека 61 отсто од луѓето сметаат дека проблемот со законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“.

Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на месецов.

The post Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата appeared first on Република.

]]>

Околу три четвртини од Германците не се задоволни од работата на Владата, покажуваат резултатите од најновата анкета на Институтот Форса, објавена од радиодифузерот РТЛ. Дури 77 отсто се изјасниле дека се помалку задоволни или воопшто не се задоволни од Владата. Клучна тема во истражувањето беше контроверзниот закон за греење во Германија, кој има за цел да обезбеди најмалку 65 отсто од новите системи за греење да се напојуваат со обновлива енергија. Како удар за владата на канцеларот Олаф Шолц, законот за греење беше стопиран од страна на највисокиот суд на Германија минатата недела, за да ги спречи пратениците да го префрлат прашањето во Парламентот. Законот е одложен до септември. Истражувањето покажа дека 61 отсто од луѓето сметаат дека проблемот со законот за греење покажува дека коалицијата владее „непрофесионално и хаотично“. Анкетата е спроведена на 1.002 граѓани на почетокот на месецов.

The post Три четвртини од Германците се незадоволни од Владата appeared first on Република.

]]>
Бугарите, Турците и Србите најнезадоволни од својот живот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bugarite-turtsite-i-srbite-najnezadovolni-od-svojot-zhivot/ Wed, 17 May 2023 13:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=641831

Бугарите, Турците и Србите се најмалку, а Австријците, Швајцарците и Финците се назјадоволни од својот живот во целина, покажуваат податоците на Евростат, што преку мапа ги пренесува порталот „Ландгеист“.

На скалата од - до 10, повеќето земји од Европа имаат оценка 7 или повиска. Најнезадовлни од живеачката се граѓаните на Турција (5,6), на Бугарија (5,7) и на Србија (6,0). Под европскиот пресек се и Унагрците со оценка 6,5, Летонците со 6,7 и Хрватите, Грците и Французите со 6,8.

Од сите Европејци, Австријците се најзадоволни од својот живот. Тоа е единствената земја што има оценка 8,0, а веднаш зад неа се Финска и Швајцарија и двете со 7,9.

Македонија не е опфатена со анализата на Евростат и „Ландгеист“.

The post Бугарите, Турците и Србите најнезадоволни од својот живот appeared first on Република.

]]>

Бугарите, Турците и Србите се најмалку, а Австријците, Швајцарците и Финците се назјадоволни од својот живот во целина, покажуваат податоците на Евростат, што преку мапа ги пренесува порталот „Ландгеист“. На скалата од - до 10, повеќето земји од Европа имаат оценка 7 или повиска. Најнезадовлни од живеачката се граѓаните на Турција (5,6), на Бугарија (5,7) и на Србија (6,0). Под европскиот пресек се и Унагрците со оценка 6,5, Летонците со 6,7 и Хрватите, Грците и Французите со 6,8. Од сите Европејци, Австријците се најзадоволни од својот живот. Тоа е единствената земја што има оценка 8,0, а веднаш зад неа се Финска и Швајцарија и двете со 7,9. Македонија не е опфатена со анализата на Евростат и „Ландгеист“.  

The post Бугарите, Турците и Србите најнезадоволни од својот живот appeared first on Република.

]]>
Незадоволните од ДУИ стануваат фракција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezadovolnite-od-dui-stanuvaat-fraktsija/ Sat, 01 Apr 2023 15:57:38 +0000 https://republika.mk/?p=626115

Градоначалникот на општина Сарај и дел од Незадоволните Блерим Беџети денеска во изјава за медиумите, по средбата во ДУИ истакна дека исцрпени се сите можности, односно тие ќе функционираат како фракција.

„Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата. Ќе продолжиме да функционираме како фракција во рамките на ДУИ и отсега ќе имаме свои ставови за сите прашања“, порача Беџети.

На прашањето дали ќе се формира нова политичка партија, тој кратко истакна дека ќе функционираат како фракција.

„Не, ние ќе функционираме како фракција во ДУИ“, вели Беџети.

Инаку, средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ излегоа.

The post Незадоволните од ДУИ стануваат фракција appeared first on Република.

Меџити: Правејќи акробации за 80, можеби нема да има ни 61 пратеник – за уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-pravejki-akrobatsii-za-80-mozhebi-nema-da-ima-ni-61-pratenik-za-ustavni-izmeni-potrebni-se-ushte-shest-pratenitsi-od-vmro-dpmne/ Fri, 03 Feb 2023 07:55:35 +0000 https://republika.mk/?p=604082

Незадоволното членство од ДУИ, предводено од потпретседателот на партијата Изет Меџити, вчеравечер одржаа средба со партиски членови и симпатизери во Гостивар, од каде уште еднаш изразија незадоволство од резултатите на извршната власт на ДУИ во Владата на чело со Артан Груби како прв вицепремиер.

Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, што значи дека Алијанса е за Артан, а не за Европа. Правејќи акробации за 80, можеби немаме ни 61 пратеник. Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. За да се изгласаат уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече Меџити, од средбата во Гостивар.

Меџити уште еднаш го изрази незадоволството од Артан Груби како прв вицепремиер во Владата и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го свика Централното собрание за да се види кој треба да си оди, а кој да остане.

Грешка беше Артан Груби да биде организационен секретар бидејќи не ја познава структурата. Имаме парламент со лојални, но не и квалитетни пратеници. Ни требаат отворени листи, додаде тој.

На средбата присуствуваше и организацискиот секретар на партијата и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, кој порача дека Албанците и симпатизерите на ДУИ не можат да бидат незаинтересирани за состојбата во која се наоѓа партијата и затоа доаѓаат во толку голем број на состаноците.

Апелирам до претседателот на партијата да ја анализира загриженоста на членовите на ДУИ, бидејќи со принципиелна дебата се наоѓа решение за секој проблем, рече Беџети.

На средбата во Гостивар, меѓу другите, присуствуваше и поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта, кој пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните.

Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, Муса Џафери, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.

The post Меџити: Правејќи акробации за 80, можеби нема да има ни 61 пратеник – за уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Незадоволното членство од ДУИ, предводено од потпретседателот на партијата Изет Меџити, вчеравечер одржаа средба со партиски членови и симпатизери во Гостивар, од каде уште еднаш изразија незадоволство од резултатите на извршната власт на ДУИ во Владата на чело со Артан Груби како прв вицепремиер.
Во време кога власта има 64 пратеници, за да го спаси Артан, зема пратеници од опозицијата, што значи дека Алијанса е за Артан, а не за Европа. Правејќи акробации за 80, можеби немаме ни 61 пратеник. Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. За да се изгласаат уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште со нова акробација, рече Меџити, од средбата во Гостивар.
Меџити уште еднаш го изрази незадоволството од Артан Груби како прв вицепремиер во Владата и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да го свика Централното собрание за да се види кој треба да си оди, а кој да остане.

Грешка беше Артан Груби да биде организационен секретар бидејќи не ја познава структурата. Имаме парламент со лојални, но не и квалитетни пратеници. Ни требаат отворени листи, додаде тој.

На средбата присуствуваше и организацискиот секретар на партијата и градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, кој порача дека Албанците и симпатизерите на ДУИ не можат да бидат незаинтересирани за состојбата во која се наоѓа партијата и затоа доаѓаат во толку голем број на состаноците.
Апелирам до претседателот на партијата да ја анализира загриженоста на членовите на ДУИ, бидејќи со принципиелна дебата се наоѓа решение за секој проблем, рече Беџети.
На средбата во Гостивар, меѓу другите, присуствуваше и поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта, кој пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти. На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, Муса Џафери, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.

The post Меџити: Правејќи акробации за 80, можеби нема да има ни 61 пратеник – за уставни измени потребни се уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-odbelezha-555-godini-od-smrtta-na-skenderbeg-nezadovolnite-i-medhiti-kako-najzasluzhen-za-spomenikot-ne-bea-pokraj-liderot-ahmeti/ Tue, 17 Jan 2023 14:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=597965

Демократската унија за интеграција на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег на кој не присуствуваа незадоволните членови на партијата блиски до Изет Меџити.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби положија цвеќе пред споменикот на Скендербег на истоимениот плоштад.

Денеска сме овде за да одбележуваме еден многу важен историски настан за албанскиот народ – одбележувањето на 555 годишнината од смртта на народниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, една многу важна фигура која ја има предводено револуцијата на албанскиот народ. Тој е фигура која ги има охрабрено сите народни движења на Албанците и еден голем стратег, посебна личност од огромна важност за цела Европа. Ние сме горди што неговата фигура ја имаме на нашите територии, изјави Ахмети.

На новинарско прашање зошто на настанот не присуствуваат членови на партијата како Изет Меџити како најзаслужен за поставување на монументот на Скендербег на плоштадот, лидерот на ДУИ одговори дека на никого не му било забрането да присуствува на настанот.

Во врска со тоа дали некој од незадоволните членови на партијата од „огнената група“ ќе биде исклучен од партијата, Ахмети изјави дека досега никој не е исклучен од партијата.

Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели и соработници. Имаат многу погрешен пристап и анализите што ги прават. ДУИ е една од најдемократските и најотворените партии на овие простори. Ќе работиме уште повеќе за да бидеме што потранспарентни и што поодговорни, рече Ахмети.

The post ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети appeared first on Република.

]]>

Демократската унија за интеграција на плоштадот „Скендербег“ организираше настан по повод одбележувањето на 555-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег на кој не присуствуваа незадоволните членови на партијата блиски до Изет Меџити. Лидерот на ДУИ Али Ахмети придружуван од претседателот на Собранието Талат Џафери и вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби положија цвеќе пред споменикот на Скендербег на истоимениот плоштад.
Денеска сме овде за да одбележуваме еден многу важен историски настан за албанскиот народ – одбележувањето на 555 годишнината од смртта на народниот албански херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, една многу важна фигура која ја има предводено револуцијата на албанскиот народ. Тој е фигура која ги има охрабрено сите народни движења на Албанците и еден голем стратег, посебна личност од огромна важност за цела Европа. Ние сме горди што неговата фигура ја имаме на нашите територии, изјави Ахмети.
На новинарско прашање зошто на настанот не присуствуваат членови на партијата како Изет Меџити како најзаслужен за поставување на монументот на Скендербег на плоштадот, лидерот на ДУИ одговори дека на никого не му било забрането да присуствува на настанот. Во врска со тоа дали некој од незадоволните членови на партијата од „огнената група“ ќе биде исклучен од партијата, Ахмети изјави дека досега никој не е исклучен од партијата.
Никој досега не е исклучен од ДУИ. Тие се мои пријатели и соработници. Имаат многу погрешен пристап и анализите што ги прават. ДУИ е една од најдемократските и најотворените партии на овие простори. Ќе работиме уште повеќе за да бидеме што потранспарентни и што поодговорни, рече Ахмети.

The post ДУИ одбележа 555 години од смртта на Скендербег, незадоволните и Меџити како најзаслужен за споменикот не беа покрај лидерот Ахмети appeared first on Република.

]]>
„Со Груби нема разбирачка“: Незадоволството уште постои во ДУИ, се бара одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-grubi-nema-razbirachka-nezadovolstvoto-ushte-postoi-vo-dui-se-bara-odgovornost/ Tue, 27 Dec 2022 13:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=590574

Членовите на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција, Изет Меџити, Саранда Имери, Блерим Беџети, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта и други, кои и досега отворено го покажуваа незадоволството од работата на партијата, особено на првиот вицепремиер, денеска свикаа прес-конференција за повторно да го искажат својот став.

Нашите забелешки не беа разгледани во партијата и затоа се обраќаме директно на членството преку медиумите. Од владата бараме одговорност за неефикасното работење. Артан Груби и Бујар Османи ги имаат најслабите резултати во Владата и првпат рејтингот на албанската позиција го надмина рејтингот на ДУИ, рече Меџити.

Според Меџити, донесувањето одлуки во партијата стана ексклузивна привилегија за Артан Груби. Според него ова ова не оди само на штета на ДУИ, туку и на штета на државата.

Тоа предизвика поделби во партиските тела. Вие сте „за“ реформа, но не и за неотуѓување на партијата. Се работи за членството на ДУИ. Ќе ги користиме сите демократски средства, ќе одиме тет а тет со членовите да видиме што велат тие, дополнува тој.

Како што вели, нема дилеми дека Али Ахмети треба да остане како лидер на партијата.

Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат. Се што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија или добар закон во Собрание, јас ќе го гласам, а она што не е добро нема да го гласам, изјави Меџити.

The post „Со Груби нема разбирачка“: Незадоволството уште постои во ДУИ, се бара одговорност appeared first on Република.

Дали за Груби крајот вака мириса? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-za-grubi-krajot-vaka-mirisa/ Thu, 17 Nov 2022 14:50:26 +0000 https://republika.mk/?p=575012

Ревидираниот отчет на министрите од ДУИ веќе е на маса пред лидерот Али Ахмети и очекувањата на придржувачите на Изет Меџити се дека претседателот на партијата ќе му предложи на премиерот Димитар Ковачевски реконструкција на Владата во делот на министри од ДУИ, брифираат за „Слободен печат“ од незадоволната група.

Тие остануваат на барањето за смена на првиот вицепремиер Артан Груби и на други министри што треба да се одлучи на состанокот на Централното претседателство, закажан за в сабота напладне, во централата во Мала Речица. Во спротивно, останува можноста за формирање фракција во ДУИ.

Според извори на весникот, впечатливо е дека поправките на извештајот за сработеното на министрите од ДУИ во изминативе две години ја направил предводникот на незадоволните членови во ДУИ,  Изет Меџити, иако Ахмети, по состанокот на ЦП пред половина месец, изјави дека извештајот ќе го доуредат тројца високи функционери. Тогаш Ахмети информира дека корекција на отчетот ќе прават Меџити, Груби и генералниот секретар Фатон Ахмети.

Нејасно е дали Груби работел и дали воопшто имал увид во поправениот извештај. Поддржувачите на Меџити велат дека е битно што отчетот е испратен до Ахмети.

Повеќе на „Слободен печат“

The post Дали за Груби крајот вака мириса? appeared first on Република.

]]>

Ревидираниот отчет на министрите од ДУИ веќе е на маса пред лидерот Али Ахмети и очекувањата на придржувачите на Изет Меџити се дека претседателот на партијата ќе му предложи на премиерот Димитар Ковачевски реконструкција на Владата во делот на министри од ДУИ, брифираат за „Слободен печат“ од незадоволната група. Тие остануваат на барањето за смена на првиот вицепремиер Артан Груби и на други министри што треба да се одлучи на состанокот на Централното претседателство, закажан за в сабота напладне, во централата во Мала Речица. Во спротивно, останува можноста за формирање фракција во ДУИ. Според извори на весникот, впечатливо е дека поправките на извештајот за сработеното на министрите од ДУИ во изминативе две години ја направил предводникот на незадоволните членови во ДУИ,  Изет Меџити, иако Ахмети, по состанокот на ЦП пред половина месец, изјави дека извештајот ќе го доуредат тројца високи функционери. Тогаш Ахмети информира дека корекција на отчетот ќе прават Меџити, Груби и генералниот секретар Фатон Ахмети. Нејасно е дали Груби работел и дали воопшто имал увид во поправениот извештај. Поддржувачите на Меџити велат дека е битно што отчетот е испратен до Ахмети. Повеќе на „Слободен печат“

The post Дали за Груби крајот вака мириса? appeared first on Република.

]]>