невролошки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevroloshki/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 14:47:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невролошки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevroloshki/ 32 32 Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kardiovaskularni-bolesti-i-nevroloshki-narushuvanja-najchesti-post-kovid-simptomi/ Fri, 02 Dec 2022 14:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=580965

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања.

На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата.

– Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски.

Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања.

Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата.

– КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова.

Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем.

– Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска.

Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки.

– Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.

 

The post Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>

Иако се чини дека состојбата со пандемијата на КОВИД-19 е стабилна, здравствените работници укажуваат дека се повеќе фокусот на вниманието се поместува на последиците по прележан ковид. Најчести пост-ковид симптоми се јавуваат во делот на кардиоваскуларните болести, како и невролошките нарушувања. На денешниот брифинг со медиуми во организација на Македонскиот институт за медиуми, на кој присуствуваа д-р Александар Петличковски, специјалист по клиничка генетика и претседател на Комисијата за заразни болести, д-р Гордана Китева-Тренчевска, специјалист невролог и научен соработник и Валентина Андова, специјалист кардиолог се дискутираше околу актуелните прашања поврзани со КОВИД-19, хроничните болести и вакцинацијата. – Разговаравме за најчестите симптоми што се јавуваат по прележан КОВИД, а можат да траат со месеци, па веројатно и години и потенциравме на значењето на вакцинацијата во намалување на шансите на вакви симптоми, бидејќи во сите сериозни студии е јасно дека оние кои се вакцинираат поретко имаат долг ковид и симптоми што го отежнуваат животот по прележување. Помеѓу главните ризик фактори што можат да доведат до долготраен ковид се набројуваат тешка форма на КОВИД, понапредната возраст, женски пол и невакцинираност, вели д-р Петличковски. Д-р Андонова, специјалист кардиолог вели дека на Универзитетска клиника за кардиологија е зголемен бројот на пациенти во амбулантите. На дневна основа во амбулантите за преглед доаѓаат околу 400 пациенти, додека на дијагностичките методи се прават и до 150 прегледи дневно. Старосната граница, како што посочи станува се пониска и периодов доаѓаат и пациенти од 25 до 30 години, со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Додаде дека најчесто пациентите доаѓаат поради симптоми на замор, малаксаност, градна болка, отежнато дишење или пак срцебиење, а како пост-ковид синдроми најчесто се јавуваат дилатативна кардиомиопатија, лева и десна срцева слабост, аритмија, венски тромбоемболизам и воспалителни промени на срцето што се многу почести во однос на пред пандемијата. – КОВИДОТ и пост-ковидот се ризични, но исто така ризик се и нездравите навики на живеење, тоа значи дека нивните навики на пушачи, дебелина, неправилен начин на живот, без физичка активност се голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања на коишто нормално ние можеме да делуваме, апелираше д-р Андонова. Д-р Китева-Тренчевска од Клиниката за неврологија вели дека најчести пост-ковид што пациентите ги пријавуваат кај нив се главоболка, вртоглавица, епилептични напади, промени во функционирање на централниот нервен систем, деменција, проблеми со периферниот нервен систем. – Овие пост-ковид заболувања ќе ги имаме зачестено бидејќи КОВИДОТ покажа дека ја менува хомеостазата, менувајќи ја циркулацијата, правејќи состојба на зголемена тромбоза, зголемување на мозочни удари, менувајќи го имунолошкиот одговор кога тој наместо да се сврти против вирусот се врти против сопствените структури во нервниот систем. Потребно е симптомите да се следат уште на почетокот за да може да се реагира на време, со цел последиците да бидат што помали од овие сериозни невролошки болести, вели д-р Китева-Тренчевска. Д-р Петличковски вели дека Комисијата за заразни болести ја следи состојбата со зачестените респираторни болести и вели дека е очекувано по олеснување на рестриктивните мерки. – Апсолутно е причина за ново сретнување со малку подзаборавени вируси и од тоа што го гледаме тоа е очекувано. Во моментов навистина се исполнети педијатриските капацитети со пациенти со потешка клиничка слика. Не е загрижувачки, туку нормален тек по олабавување на мерките по ковид-пандемијата, додаде тој.  

The post Кардиоваскуларни болести и невролошки нарушувања најчести пост-ковид симптоми appeared first on Република.

]]>