Невреме со обилен дожд, ветер и силни електрични празнења, вечерва го зафати Дебарско, што услови прекин во напојувањето со елетрична енергија на целото дебарско конзумно подрачје.
Причина за прекинот беше испадот на 35 киловолтна доводна склопка на регулационен трансформатор во Хидроелектраната „Шпилје“. Екипите на ХЕС „Црн Дрим“ успешно го решија проблемот за кратко време и покрај лошите временски услови во поширокиот дебарски регион, изјавија за МИА од ЕСМ.
Без струја повеќе од еден час беа потрошувачите од конзумното подрачје кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.
До сега нема пријавени штети, сообраќајот во регионот се одвива по влажни коловози, но се препорачува голема внимателност поради честите одрони од камен и земја. Екипи на дебарската секција на јавното претпријатие за одржување на регионални и магистрални патишта се постојано на терен во расчистување на истите, рече за МИА, Фемија Ајроски, раководител на Регионалниот ЦУК-Дебар.
The post Невремето без струја го остави целиот дебарски регион appeared first on Република.
]]>The post Невремето без струја го остави целиот дебарски регион appeared first on Република.
]]>Автомобилите беа однесени од поројна вода во близина на градот Рипостo на источниот брег, соопшти локалната противпожарна служба. Според првичните извештаи нема повредени, а станува збор само за паркирани автомобили.
На Сицилија веќе неколку дена врне силен дожд. Пожарникарите мораа да бидат повикани неколку пати за да ги извлечат луѓето од нивните домови на безбедно. Во Рипостo успеале да спасат четворица станари од стан на приземје кој бил речиси под вода.
Итната помош ослободила и неколку возачи кои не можеле да излезат од возилата без помош. Аматерските видеа покажуваат возила речиси целосно потопени во кал.
Многу реки на островот Сицилија, каде живеат речиси 5 милиони луѓе, се излеаја од коритата и ги покрија улиците со порои од вода.
Италија веќе доживеа неколку бури во последните месеци, особено во северните региони како Емилија-Ромања и Ломбардија. Југот на копното и островот Сицилија претрпеа екстремни горештини во текот на летото.
Massive floods due to torrential rains on the street in Acireale of Sicily region, Italy. pic.twitter.com/vcSxJjNri2
— News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) November 13, 2024
The post Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија appeared first on Република.
]]>Massive floods due to torrential rains on the street in Acireale of Sicily region, Italy. pic.twitter.com/vcSxJjNri2
— News Of The Globe (@NewsOfEarthTr) November 13, 2024
The post Автомобили завршија во море поради обилните врнежи на Сицилија appeared first on Република.
]]>Обилните дождови, предизвикани од студениот воздух што се движи низ југоисточна Шпанија, денеска ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области издадоа предупредувања за граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен аларм во Валенсија и второ највисоко ниво на тревога во делови од Андалузија на југот, каде воз излета од шините поради обилните врнежи, но нема повредени.
АЕМЕТ предупредува дека најтешко ќе биде погодена Валенсија, каде се очекува да наврнат повеќе од девет милиметри дожд за еден час или 180 милиметри за помалку од 12 часа, пренесува Ројтерс.
https://www.youtube.com/watch?v=TXYkHFLN0w0
The post Поплави ја погодија Шпанија, властите издадоа предупредувања за Валенсија и Андалузија appeared first on Република.
]]>The post Поплави ја погодија Шпанија, властите издадоа предупредувања за Валенсија и Андалузија appeared first on Република.
]]>Огромни поплави предизвикаа сериозна штета во делови од југоисточниот регион на Франција по повеќедневни дождови. Метео Франс издаде црвено предупредување за шест делови јужно од Лион, но денеска предупредување е намалено на портокалово, што укажува дека нивото на водата повторно ќе се намалува.
На одредени места во регионот Ардеш паднаа до 700 милиметри дожд за 48 часа. Тоа е повеќе од годишната количина на врнежи во Париз, изјави министерката за животна средина Агнес Паније-Рунашер за БФМ ТВ.
Француските медиуми прикажуваа автомобили, сообраќајни знаци и животни кои беа однесени од поплавата. ссм
The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.
]]>The post Портокалово предупредување по силното невреме во Франција appeared first on Република.
]]>Реката Дунав денеска се излеа во српскиот град Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, каде невремето придружено со силен ветер корнеше дрвја и оштети покриви. На целиот север од земјата е забележан значителен пад на температурата и се предвидува продолжено невреме со силен дожд и грмежи, пренесува „Слободен печат“.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но во потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина, како и во јужните и источните делови на земјата.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на себеси и својот имот од предвиденото невреме.
View this post on Instagram
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
The post Невреме во Србија: Се излеа Дунав, силниот ветер корнеше дрвја appeared first on Република.
]]>Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.View this post on Instagram
The post Невреме во Србија: Се излеа Дунав, силниот ветер корнеше дрвја appeared first on Република.
]]>Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари.
Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја.
Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното.
Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот.
Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион.
Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица.
Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето.
Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки.
Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.
The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.
]]>The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.
]]>Обилни дождови ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе.
Издадено е предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е погодена од невидени врнежи. Повеќе од 120 милиметри дожд на час се забележани утринава во регионот Ното во централната јапонска префектура.
Надлежните соопштија дека најмалку едно лице се води за исчезнато, додека многу куќи се поплавени во општина Ваџими. Медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во одронот.
Јапонската метеоролошка агенција исто така предупреди дека атмосферските услови ќе бидат крајно нестабилни во североисточниот регион Тохоку поради навлегувањето на топол и влажен воздух во систем со низок притисок.
Обилните дождови ја погодија и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, принудувајќи повеќе од 500 луѓе да се евакуираат во јужните региони, додека многу патишта и згради се под вода.
Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки објави дека рано утринава се евакуирани 506 лица од 342 домаќинства во провинциите Северен Гјеонгсанг и јужен Чунгчеонг поради обилните врнежи од дожд. Обилните дождови поплавија и 54 делници од јавните патишта.
Министерството за внатрешни работи го подигна нивото на предупредување за обилни дождови на „алармантно“, а премиерот Хан Дук-су итно им нареди на службениците да ги мобилизираат сите расположливи административни ресурси за да се ублажат штетите и да се направат подготовки за понатамошни врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан на јужниот брег.
The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.
]]>The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.
]]>Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.
Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.
Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.
Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.
Бурата Борис веќе донесе екстремни количества дожд низ централна и источна Европа, со нови поројни дождови во прогнозата барем до крајот на понеделник.
Во некои од погодените делови за три дена наврнале 288 мм дожд, воден талог кој во нормални временски услови би наврнал за време од три месеци.
The post Европа ги брои мртвите од поплавата, хаосот не застанува: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови appeared first on Република.
]]>The post Европа ги брои мртвите од поплавата, хаосот не застанува: Надојдените реки по обилните врнежи оштетија илјадници домови appeared first on Република.
]]>Бројот на загинати во поплавите во централна Европа вчера се искачи на осум, откако илјадници луѓе беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.
Циклонот „Борис“, донесе обилни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најголемите поплави во речиси три децении во тешко погодените области на Чешка и Полска.
Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.
Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.
The post Најмалку осум загинати во поплавите во Европа appeared first on Република.
]]>The post Најмалку осум загинати во поплавите во Европа appeared first on Република.
]]>Снегот дојде рано годинава и од вчера паѓа на Алпите достигнувајќи висина од речиси еден метар.
Иако се очекуваше дека летото ќе трае малку подолго во септември и дека полека ќе преминеме во есен, наглиот пад на температурата донесе неочекувани обилни врнежи од снег во некои делови од Европа. Вчера побелеа и планините во регионот. Снег падна во Словенија и Босна и Херцеговина во Јахорина и Бјелашница, а утрово имаше информации и за снег на Пелистер.
Како што пишуваат австриските медиуми, оваа година летото скокна директно во зима. Студениот, влажен поларен воздух се прошири низ земјата. Температурите на повеќе места паднаа под 10 степени, а висината на снегот на Алпите, која од вчера континуирано паѓа, на места достигна и над 80 сантиметри.
На социјалните мрежи се појавија неверојатни снимки од источните Алпи во Обертауерн, снегот речиси целосно ги затрупа куќите, а допира и до половината, автомобилите се целосно затрупани.
Од вчера снег паѓа на надморска височина од 1.500 метри, но границата на врнежи од снег постепено се спушти на 1.100 метри надморска височина. Во вечерните часови снег почна да паѓа веќе на 900 метри и локално паѓа на 700 метри надморска височина и веќе ги зафати алпските градови и не престанува.
Студениот фронт во петокот предизвика рекордно ниски температури за овој период од годината и во Швајцарија, што доведе до затворање на планинските премини. Како што соопшти Федералниот институт за метеорологија и климатологија (МетеоСвиш), снежната линија денеска изнесуваше меѓу 1.200 и 1.500 метри. Според прогнозата на МетеоСвиш, до вечерва се очекуваат нови врнежи од снег од пет до 15 сантиметри“, објави МетеоСвиш на платформата „Икс“.
The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.
]]>The post Падна еден метар снег во Австрија на средина на септември appeared first on Република.
]]>Цела Европа е на удар. Предупредувања за невреме се на сила речиси во сите европски земји.
🌧️ Europe Braces for Extreme Weather: Flooding and Snow Threats
Our Spire High-Resolution Forecast indicates a major European storm will unleash 10-15 inches (254-381 mm) of rain from Austria to the Czech Republic, Slovakia, and Poland. Localized areas may see over 17.50 inches… pic.twitter.com/bSFpuc7xlS
— Spire Weather & Climate (@SpireWxClimate) September 12, 2024
Како што беше најавено, Хрватска ја зафати огромна промена на времето. Невреме со грмотевици, силен ветар, обилни дождови создадоа проблеми низ целата земја.
Според чешките и полски метеоролози, во некои подрачја на нивната земја би можеле да паднат до 400 литри дожд на метар квадратен во идните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.
Dams across the Czech Republic continue to release significant amounts of water to lower reservoir levels in preparation for what may be one of Central Europe’s most severe flooding events in recent history.#Hochwasser #Unwetter #Weatherpic.twitter.com/a3tvjsz7dF
— beernews24 (@beernews24) September 12, 2024
Културните манифестации предивдени за овој викенд во овие земји се откажани поради најавениот цилкон.
Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината основаше кризен штаб.
Градовите во Моравска подигнале бариери против поплавите и подготвиле вреќи со песок во очекување на невреме кое ќе биде последно со ветрови со брзина до 100 километри на час.
Central Europe braces for worst floods in decades https://t.co/fUh49jhAnK pic.twitter.com/HFRbIpscO9
— CNA (@ChannelNewsAsia) September 12, 2024
Според тврдењата на австриската телевизија ОРФ, водостојот на Дунав би можел да нарасте до ниво кое не е видено пет до 10 години.
Австрискиот канцелар Карл Нехемар рекол дека е подготвен да распореди до 1.000 војници, ако биде потребно.
Словачката војска и пожарникари доброволци исто така се подготвени да помогнат.
Силно невреме вчера зафати и дел од Словенија, словенечкото Приморје и Истра, а посебно подрачјето на Копар. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку за цело лето.
The post Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, се распоредува војска appeared first on Република.
]]>Како што беше најавено, Хрватска ја зафати огромна промена на времето. Невреме со грмотевици, силен ветар, обилни дождови создадоа проблеми низ целата земја. Според чешките и полски метеоролози, во некои подрачја на нивната земја би можеле да паднат до 400 литри дожд на метар квадратен во идните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри.🌧️ Europe Braces for Extreme Weather: Flooding and Snow Threats Our Spire High-Resolution Forecast indicates a major European storm will unleash 10-15 inches (254-381 mm) of rain from Austria to the Czech Republic, Slovakia, and Poland. Localized areas may see over 17.50 inches… pic.twitter.com/bSFpuc7xlS
— Spire Weather & Climate (@SpireWxClimate) September 12, 2024
Културните манифестации предивдени за овој викенд во овие земји се откажани поради најавениот цилкон. Постои реален ризик од локални поплави во петок и недела, предупредија полските метеоролози. Во Вроцлав, кој има 675.000 жители, општината основаше кризен штаб. Градовите во Моравска подигнале бариери против поплавите и подготвиле вреќи со песок во очекување на невреме кое ќе биде последно со ветрови со брзина до 100 километри на час.Dams across the Czech Republic continue to release significant amounts of water to lower reservoir levels in preparation for what may be one of Central Europe’s most severe flooding events in recent history.#Hochwasser #Unwetter #Weatherpic.twitter.com/a3tvjsz7dF
— beernews24 (@beernews24) September 12, 2024
Според тврдењата на австриската телевизија ОРФ, водостојот на Дунав би можел да нарасте до ниво кое не е видено пет до 10 години. Австрискиот канцелар Карл Нехемар рекол дека е подготвен да распореди до 1.000 војници, ако биде потребно. Словачката војска и пожарникари доброволци исто така се подготвени да помогнат. Силно невреме вчера зафати и дел од Словенија, словенечкото Приморје и Истра, а посебно подрачјето на Копар. Во словенечка Истра за само неколку часа падна повеќе дожд отколку за цело лето.Central Europe braces for worst floods in decades https://t.co/fUh49jhAnK pic.twitter.com/HFRbIpscO9
— CNA (@ChannelNewsAsia) September 12, 2024
The post Европа се подготвува за најлошото: Се нижат предупредувања, се откажуваат настани, се распоредува војска appeared first on Република.
]]>За опасни временски појави и опасност од поплави, а не за обична летна нестабилност, предупредува министерот за климатска кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас за невремето „Атена“ што ќе зафати делови од земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Кикиљас објасни дека за невремето веќе е свикан состанок на меѓуресорски комитет со учествуво на сите инволвирани органи.
Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече синоќа Кикиљас.
Додаде дека од денес наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското Море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија.
The post Нема да е обичен летен дожд, туку опасно невреме доаѓа кон Грција appeared first on Република.
]]>Врз основа на деталните информации од Комитетот за процена на опасност и според прогнозата на Националната метеоролошка служба, од вечерва и во следните денови во повеќе области во земјава ќе има опасни временски појави. Ова не е летна нестабилност, туку есенски систем. Практично, значи дека невремето ќе трае долго, па не се исклучени и појави на локални поплави, рече синоќа Кикиљас.Додаде дека од денес наутро се очекуваат обилни врнежи од дожд во Јонското Море, а зафатени ќе бидат и Епир и западниот дел на земјата, а од утре невремето ќе го зафати северниот дел на земјата, како и северна и западна Тесалија.
The post Нема да е обичен летен дожд, туку опасно невреме доаѓа кон Грција appeared first on Република.
]]>Силно невреме ја зафати Западна Италија, а како што јавуваат медиумите најлошо било во регионите Пиемонт и Лигурија каде се забележани поплави кои уништија мостови.
Во Пиемонт реки се излеаја на улиците на Торино, а реката Херардо урна мост во селото Џордани, поради што неколку околни села беа отсечени од светот, јавува државната агенција Анса.
Силен дожд со кратки, но силни налети на ветер го погоди и јадранското пристаниште Бари, предизвикувајќи поплави и прекин на патниот сообраќај. Во Венеција, пак, плимата повторно предизвика проблеми. Плоштадот Свети Марко е под вода, па се огласија сирените.
Дополнително, граѓаните добија и СМС пораки со предупредување за опасностите од поплави.
Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и силниот дожд во западна Лигурија предизвикаа паѓање на дрвја, билборди и летниковци. Многу области се поплавени, а нивото на реките се зголемува и во Ломбардија.
Orange weather alert as the Seveso river overflowed earlier today in Milan
📌 Lombardy | Italy 🇮🇹 #flooding #floods #Milan #Italy #Sevesopic.twitter.com/4QpG12RxbE
— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 5, 2024
The post Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост appeared first on Република.
]]>Orange weather alert as the Seveso river overflowed earlier today in Milan 📌 Lombardy | Italy 🇮🇹 #flooding #floods #Milan #Italy #Sevesopic.twitter.com/4QpG12RxbE
— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) September 5, 2024
The post Големо невреме во Италија, се излеаја реки, се урна мост appeared first on Република.
]]>Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите повремено ќе бидат поинтензивни и наместа ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.
Особено нестабилно ќе биде утре и в сабота, a в недела ќе има помали услови за нестабилност. Oд понеделник до средината на следната седмица повторно ќе има услови за појава на локално невреме.
Во Скопје, од утре до средината на следната недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
За време на продолжениот викенд минималната температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а максималната температура од 25 до 33 степени.
The post УХМР најавува невреме од петок appeared first on Република.
]]>The post УХМР најавува невреме од петок appeared first on Република.
]]>Невреме предизвика поплави во делови од Грција. Некоо Области беа под вода, затоа што за кратко време наврна големо количество дожд. Бурата ги зафати јужните предградија на Атина.
За Пелопонез е издадено предупредување, а нестабилно време се очекува и на Крит и на другите острови во Јонското Море.
Во пристанишниот град Волос, пак, беше прогласена вонредна состојба со цел да се исчистат последиците од загадувањето на морето предизвикано од тони угинати риби.
The post Бура во Атина, поплави во делови од Грција appeared first on Република.
]]>The post Бура во Атина, поплави во делови од Грција appeared first on Република.
]]>Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија.
Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите.
Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати електропроводници.
Поради силното невреме полицијата упати повик до жителите на Тирана до раните утрински часови да не излегуваат од своите домови, а за итна потреба да се јават на телефонскиот број 112, објавувајќи и видеозапис од невремето на страната на Фејсбук.
Од Агенцијата за државни патишта апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација поради влажните коловози и одрони на дел од нив.
Според медиумите обилните дождови ги изгаснале десетината пожари, меѓу нив и оној во планинскиот предел над Булќиза кој беснееше со денови.
Фото: албанска полиција
The post Големо невреме во Албанија: Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода appeared first on Република.
]]>The post Големо невреме во Албанија: Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода appeared first on Република.
]]>Силниот дожд, ветерот, а на некои места и град, создадоа проблеми во делови на северна и централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Тесалија во централниот дел на земјата, во периодот од 18 до 22.30 часот вчера, примиле 55 повици за помош, од кои повеќе од половина за паднати дрва во Лариса, Магнисиа, Трикала и Кардица.
Конкретната област лани беше погодена од големи поплави што предизвикаа огромна материјална штета.
The post Силно невреме во северна и централна Грција appeared first on Република.
]]>The post Силно невреме во северна и централна Грција appeared first on Република.
]]>Невреме со врнежи од град го зафати Кавадарци, при што големи количини на вода се излеаја по улиците и тротоарите во градот, од поројните дождови. Засега не се знае дали градобијните зрна имаат предизвикано штети на земјоделските култури, во време кога е актуелна и бербата на грозјето од годинешнава реколта.
Врнежи од град деновиве имаше и во селата од Поткожувјето, оддалечени околу четириесетина километри од градот.
Претходно, општина Демир Капија ги повика земјоделците, да пријават штети од град, последица од невремето што го зафати демиркаписко во неделата.
Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.
Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.
The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.
]]>Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден од 8.30 до 13 часот, до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.
The post Силно невреме со град го поплави Кавадарци appeared first on Република.
]]>Општина Демир Капија ги повика земјоделците да пријават штети од град, како последица од невремето што го зафати Демиркаписко во неделата.
Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.
Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.
The post Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето appeared first on Република.
]]>Се известуваат земјоделците од општина Демир Капија кои имаат претрпено штети од елементарна непогода - град, дека можат да пријават штети на своите насади, со доставување на барање за проценка на штетата во просториите на Општина Демир Капија, секој работен ден, од 8.30 до 13 часот до наредниот вторник. Покрај барањето, пријавата треба да биде дополнета со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка и копија од имотен лист, се вели во соопштението до земјоделците.Првичните информации говорат дека штетите се најголеми во атарите на селата Бистренци, Корешница и Прждево. Но, како што нагласија од Општината за МИА, Комисијата што ќе излезе на терен, ќе ги утврди точните оштетувања, со цел обесштетување на земјоделците од страна на државата.
The post Повик до земјоделците од Демир Капија да пријават штети од невремето appeared first on Република.
]]>Обилните врнежи од дожд кои денеска околу 14 часот го зафатија делчевскиот регион, создадоа проблеми, како во градот така и на магистралата А3.
Како резултат на одрони кај месноста Маркова Чешма едно возило удри во лимената конструкција поставена покрај патот, додека под вода се неколку улици во градот.
Во моментот дождот престана, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози.
Меѓу улиците кои се под вода се улиците Маршал Тито и крај од улицата Булевар Македонија, улици кои настрадаа и во минатогодишните поплави кои го зафатија Делчево
The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.
]]>The post Невреме во Делчево, неколку улици во градот се под вода appeared first on Република.
]]>