невработени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevraboteni/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 12:25:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невработени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevraboteni/ 32 32 Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-se-grizhime-nevrabotenite-gragani-da-bidat-konkurentni-na-pazarot-na-trud/ Tue, 14 Feb 2023 12:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=608841

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека домашните компании имааат ист третман од државата како и директните странски инвестиции.

И домашните компании ги имаат истите олеснувања. Ние имавме закон за зголемување на плати каде 99% од компаниите кои ги користеа поволностите за три години беа домашни. За секое зголемување до 6 илјади денари ние плаќавме 100% од придонесите на компаниите и тоа го користеа 20 илјади компании секоја година наназад три години. Во овој момент имаме по законот за зголемување на минимална плата имаме подршка на компании кои што ја зголемиле минималната плата, изјави вицепремиерот Битиќи, според кој тврдењата за поволностите на странските компании се еден мит, а реалноста е сосема друга.

Вицепремиерот Битиќи најави за оваа недела отворање на една цела дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори со цел да се утврди дали и кои сектори од економијата се најповеќе погодени од недостатокот на работна сила.

Ќе отвориме цела една дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори да видиме дали и кои сектори се најмногу погодени и како треба тоа да го насочиме, за недостигот на работна сила и справувањето со истиот, да биде контролирано ако веќе треба да имаме увоз на работна сила и да видиме дали може да се олеснат одредени процедури, затоа што сметам дека само така економијата во одредени сектори можеме да ја задржиме во конкурентна, изјави Битиќи.

Потпретседателот на Владата, Битиќи нагласи дека дека нашите граѓани секогаш треба да бидат на прво место.

Фактот говори дека барателите на работа кои се регистрирани во Агенцијата за вработување се со вештини и знаења кои не секогаш содејствуваат со работните места кои се креираат и ако тоа успееме да го надокнадиме со увоз на работна сила, а овие наши граѓани да ги доквалификуваме и преквалификуваме за да бидат повисоко платени, зошто тоа да не го направиме, тоа е нашата цел, изјави вицепремиерот Битиќи.

The post Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи за емисијата „360 Степени“ на Алсат, изјави дека домашните компании имааат ист третман од државата како и директните странски инвестиции.
И домашните компании ги имаат истите олеснувања. Ние имавме закон за зголемување на плати каде 99% од компаниите кои ги користеа поволностите за три години беа домашни. За секое зголемување до 6 илјади денари ние плаќавме 100% од придонесите на компаниите и тоа го користеа 20 илјади компании секоја година наназад три години. Во овој момент имаме по законот за зголемување на минимална плата имаме подршка на компании кои што ја зголемиле минималната плата, изјави вицепремиерот Битиќи, според кој тврдењата за поволностите на странските компании се еден мит, а реалноста е сосема друга.
Вицепремиерот Битиќи најави за оваа недела отворање на една цела дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори со цел да се утврди дали и кои сектори од економијата се најповеќе погодени од недостатокот на работна сила.
Ќе отвориме цела една дискусија со организациите на работодавачи и стопанските комори да видиме дали и кои сектори се најмногу погодени и како треба тоа да го насочиме, за недостигот на работна сила и справувањето со истиот, да биде контролирано ако веќе треба да имаме увоз на работна сила и да видиме дали може да се олеснат одредени процедури, затоа што сметам дека само така економијата во одредени сектори можеме да ја задржиме во конкурентна, изјави Битиќи.
Потпретседателот на Владата, Битиќи нагласи дека дека нашите граѓани секогаш треба да бидат на прво место. Фактот говори дека барателите на работа кои се регистрирани во Агенцијата за вработување се со вештини и знаења кои не секогаш содејствуваат со работните места кои се креираат и ако тоа успееме да го надокнадиме со увоз на работна сила, а овие наши граѓани да ги доквалификуваме и преквалификуваме за да бидат повисоко платени, зошто тоа да не го направиме, тоа е нашата цел, изјави вицепремиерот Битиќи.

The post Битиќи: Се грижиме невработените граѓани да бидат конкурентни на пазарот на труд appeared first on Република.

]]>
Над 100.000 македонски граѓани се невработени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nad-100-000-makedonski-gragjani-se-nevraboteni/ Wed, 01 Jun 2022 10:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=509713

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците се објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef

Што ни покажуваат податоците:
– Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.
– Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии.
– Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.
– Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица.
– Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование.
– Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени.
– Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица.
– Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе.
– Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето.
– Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

The post Над 100.000 македонски граѓани се невработени appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика, во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021, во третиот сет на пописни податоци ги објави податоците кои се однесуваат на: образовните и економските карактеристики на лицата, лицата со попреченост и дел од картактеристиките на живеалиштата и становите. Податоците се објавени на во МакСтат базата на податоци, во делот за Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef Што ни покажуваат податоците: – Во вкупното резидентното население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, регистрирани се: 18 897 лица или 1.2 % неписмени лица, од кои 5 517 се мажи и 13 380 се жени. – Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23 192 лица или 1.5 % без образование, 62 129 лица или 4.1 % се со незавршено основно образование, 423 456 лица или 27.8 % се со основно образование, 672 375 лица или 44.1 % се со средно образование, 263 349 лица или 17.3 % се со високо образование, 29 654 лица или 1.9 % се со магистратура, 6 037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка. – Според полето ( видот ) на највисокиот степен на школска подготовка, 189 736 лица или 18.7 % се во од областа Инженерство, производство и градежништво, а само 19 044 лица или 1.9 % се во од областа Информатичко-комуникациски технологии. – Во вкупното резидентното население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186 570 лица или 10.7 % посетуваат основното образование, 80 378 лица или 4.6 % се во средното образование, додека 93 804 лица или 5.4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии. – Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1 525 366 лица, од кои 717 769 лица се дел од активното население , односно 608 520 лица се вработени, а 109 249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768 549 лица. – Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56 701 лице се со средно образование од кои 34 313 се мажи и 22 388 се женисе со средно образование. – Според дејноста, најмногу вработени, 123 347 лица , има во Преработувачката индустрија од кои 65 751 се мажи и 57 596 се жени. – Во вкупното резидентното население, бројот на издржуваните лица изнесува 450 766 лица. – Во вкупното резидентно население бројот на лицата со попреченост изнесува 94 412 лица и тоа: 1.8 % на возраст од 0- до 14 години, 43.5 % на возраст од 15- до 64 години и 54.8 % на возраст од 65 и повеќе. – Според видот на попреченоста, најголемо учество од 40.8 % или 38 499 имаат лицата со потешкотии со движењето. – Од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63.4 % се населени , а 307 187 станови или 36.6 % се ненаселени.

The post Над 100.000 македонски граѓани се невработени appeared first on Република.

]]>
„Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/audicija-sega-inicijativa-na-teatarskite-rabotnici-bara-sredba-so-ministerkata-za-kultura/ Sun, 27 Mar 2022 11:05:40 +0000 https://republika.mk/?p=479268

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава.

Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.

Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците  сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и формално беше побарана на 25 март годинава“, велат од „Аудиција сега“.

Приоритетно барање на Иницијативата е формирање на работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.

Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива ‘Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на театарот’, истакнуваат од Иницијативата.

Оттаму дополнуваат дека очекуваат позитивен одговор и покана од министерката за култура, а нагласуваат дека сите заинтересирани театарции може да се приклучат на Иницијативата преку допис на audicijasegainicijativa@gmail.com.

The post „Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура appeared first on Република.

]]>

„Аудиција сега“ бараат над 60 дипломци, дел од Иницијативата на невработени театарџии во државава. Над 160 дипломирани театарски работилници, од кои еден дел се на професионално доусовршување во странство, дел се имаат откажано од театарот, а над 60 театарџии- невработени и вработени, но не во својата струка, актери, режисери, продуценти и драматурзи/драмски автори, ја формираа иницијативата „Аудиција сега“, барајќи да се сретнат со надлежните.
Нашата порака за Светскиот ден на театарот е малку поразлична од другите, има форма на Листа на барања, кои претставниците  сакаат да ги продискутираат на средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која и формално беше побарана на 25 март годинава“, велат од „Аудиција сега“.
Приоритетно барање на Иницијативата е формирање на работна група за разработка на веќе постоечките, но и креирање нови културни политики, отворање нови работни места, воведување нови критериуми за оценување на проектите за независната сцена, водење сметка за процентот на учество на невработени/вработени театарџии во театарските продукции при бодувањето, задолжително ангажирање невработени режисери со по минимум еден проект во институциите годишно, ангажирање невработени актери во секоја претстава во продукција на институционалните театри и редовни конкурси за драми на македонски драмски автори.
Сосема случајно, дел од пораката по повод Светскиот ден на театарот на д-р Ана Стојаноска, театролог, писател и професор на Факултетот за драмски уметности при УКИМ – Скопје, го објаснува она што нè поттикна да ја формираме оваа Иницијатива ‘Најважно од сѐ, публиката, критиката, театролозите, професорите да се искрени пред себе и пред театарските уметници, да се говори јавно, отворено, да се критикува, но не да се критизира, да се инспирира, да се отвораат можностите, да не се дозволува еден или двајца луѓе да креираат програма на една театарска заедница, да се даде шанса на сите што ја заслужуваат, затоа што ние сите му требаме на театарот’, истакнуваат од Иницијативата.
Оттаму дополнуваат дека очекуваат позитивен одговор и покана од министерката за култура, а нагласуваат дека сите заинтересирани театарции може да се приклучат на Иницијативата преку допис на audicijasegainicijativa@gmail.com.

The post „Аудиција сега“ – Иницијатива на театарските работници бара средба со министерката за култура appeared first on Република.

]]>
Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/operativniot-plan-za-vrabotuvanje-vreden-1-8-milijardi-denari-kje-opfati-rechisi-15-000-lica/ Tue, 22 Mar 2022 16:51:01 +0000 https://republika.mk/?p=476798

Владата на денешната 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања.

Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година.

Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност.

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел.

Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година.

Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

The post Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната 32 седница донесе одлука да го повлече предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска покрената иницијатива за измени и дополнувања. Оваа одлука е донесена поради доусогласување со Закон за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Од друга страна, законското решение е застарено во поглед на неевидентираните лица и истиот е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени кој што е донесен во 2020 година. Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност. На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници. Основната цел на предложеното законско решение е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Владата денеска го разгледа и прифати Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година. Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година. Оперативниот план за вработување е предвидено да опфати 14.685 лица, а за програмите, мерките и услугите за вработување се предвидени повеќе од 1,8 милијарди денари.

The post Оперативниот план за вработување вреден 1,8 милијарди денари ќе опфати речиси 15.000 лица appeared first on Република.

]]>
Брат и сестра дипломирале со просек 10, но со години се невработени: Снежана се зачленила и во СДСМ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/brat-i-sestra-diplomirale-so-prosek-10-no-so-godini-se-nevraboteni-snezana-se-zachlenila-i-vo-sdsm/ Sun, 16 Jan 2022 21:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=445480

Зоран и Снежана од Битола се брат и сестра кои завршиле факултет со 10 просек, тој е психолог, а таа правник. Сметаат дека државата со оглед на нивниот просек и компетенции уште по завршувањето требаше да ги вработи. Но се останало на залудно аплицирање. Ги прашуваат партиите, дали со ова ги наведуваат кадрите со висок просек да заминат во странство бидејќи тука не им се дава никаква шанса.

-Во изминатите 10 години, и во време на СДСМ и во време на ВМРО ДПМНЕ имам аплицирано за работа на државни огласи, но просекот 10 не бил доволен да добијам вработување. Со оглед на тоа што и лидерот на власта и лидерот на опозицијата се доктори на науки, сигурно знаат што значи просек 10, и сигурно знаат дека инстелектуалците со висок просек својата шанса се повеќе ја бараат надвор од државата за да не дозволат нивните дипломи да се сведат на хартија за виткање бурек, вели Зоран Секуловски за Сител.

Зоран не е член на политичка партија. Снежана, барајќи можност да ги искористи своите компетенции пред 4 и пол години се зачленила.

-Се зачленив во СДСМ бидејќи верував дека кога ќе дојдат на власт ќе се изборат за тоа што го ветуваа, т.е. живот за сите и дека ќе им ги вратат од странство децата на мајките. Јас од нив не побарав да ме вработат партиски, јас само сакав да добијам можност според моите компетенциии и квалификации да се вработам и да придонесам во моето општество. Во 2018 бев одбиена од ЦСР каде што аплицирав за правник иако ги исполнував сите услови. 4 години откако се на власт СДСМ јас се уште не ја добивам таа можност, вели Снежана Секуловска.

Целиот текст на Сител

The post Брат и сестра дипломирале со просек 10, но со години се невработени: Снежана се зачленила и во СДСМ appeared first on Република.