невозможна мисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevozmozna-misija/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Mar 2023 11:13:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невозможна мисија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevozmozna-misija/ 32 32 Том Круз го снима „Невозможна мисија 8“ на Јадранското Море https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tom-kruz-go-snima-nevozmozhna-misija-8-na-jadranskoto-more/ Sun, 05 Mar 2023 11:38:51 +0000 https://republika.mk/?p=616019

Том Круз и режисерот Кристофер Мекквари оваа недела снимаат воздушни сцени за филмот „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ на американски носач на авиони во Јадранското Море.

Круз минатиот викенд беше префрлен со хеликоптер од италијанскиот град Бари на американскиот носач на авиони. Антонио Паренте, претседателот на филмскиот фонд на италијанскиот регион Апулија, ги потврди овие наводи на италијанските медиуми.

Паренте во четвртокот рече дека Круз полетал во Бари минатата сабота, ја поминал ноќта во хотелот со пет ѕвезди Delle Nazioni, а потоа со хеликоптер од аеродромот во Бари до американскиот носач на авиони, за кој рече дека најверојатно бил U.S.S. George H.W. Bush, но тој не е сигурен.

Тој додаде дека носачот на авиони бил во близина на италијанскиот брег во моментот на пристигнувањето на Круз, но сега е „некаде помеѓу Италија и Хрватска“.

Според него, се очекува холивудскиот актер да го заврши снимањето до крајот на неделата кога ќе ја напушти Италија.

– Горди сме што регионот Апулија беше избран како оперативна база за снимање на вакви сложени сцени – рече Паренте.

„Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ е осмиот дел од франшизата „Mission Impossible“ и неговото снимање е завршено на повеќето од планираните локации. Се очекува филмот да се појави во кината следната година.

The post Том Круз го снима „Невозможна мисија 8“ на Јадранското Море appeared first on Република.

]]>

Том Круз и режисерот Кристофер Мекквари оваа недела снимаат воздушни сцени за филмот „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ на американски носач на авиони во Јадранското Море. Круз минатиот викенд беше префрлен со хеликоптер од италијанскиот град Бари на американскиот носач на авиони. Антонио Паренте, претседателот на филмскиот фонд на италијанскиот регион Апулија, ги потврди овие наводи на италијанските медиуми. Паренте во четвртокот рече дека Круз полетал во Бари минатата сабота, ја поминал ноќта во хотелот со пет ѕвезди Delle Nazioni, а потоа со хеликоптер од аеродромот во Бари до американскиот носач на авиони, за кој рече дека најверојатно бил U.S.S. George H.W. Bush, но тој не е сигурен. Тој додаде дека носачот на авиони бил во близина на италијанскиот брег во моментот на пристигнувањето на Круз, но сега е „некаде помеѓу Италија и Хрватска“. Според него, се очекува холивудскиот актер да го заврши снимањето до крајот на неделата кога ќе ја напушти Италија. – Горди сме што регионот Апулија беше избран како оперативна база за снимање на вакви сложени сцени – рече Паренте. „Mission: Impossible – Dead Reckoning Part Two“ е осмиот дел од франшизата „Mission Impossible“ и неговото снимање е завршено на повеќето од планираните локации. Се очекува филмот да се појави во кината следната година.

The post Том Круз го снима „Невозможна мисија 8“ на Јадранското Море appeared first on Република.

]]>
Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци https://arhiva3.republika.mk/scena/film/snimanjeto-na-osmiot-film-od-serijalot-nevozmozna-misija-prekinato-od-stado-ovci/ Sat, 24 Sep 2022 08:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=553718

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ со поднаслов „Смртно лоцирање, 2. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning – Part Two) беше прекинато од стадо овци кои „го нападнаа“ местото на снимањето…

Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато додека животните не се оддалечат оттаму.

Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години… Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација… Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година.

Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година.

The post Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци appeared first on Република.

]]>

Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ со поднаслов „Смртно лоцирање, 2. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning – Part Two) беше прекинато од стадо овци кои „го нападнаа“ местото на снимањето… Најновиот дел на еден од најпрофитабилните филмски серијали со Том Круз во главната улога, се снима во Лејк Дистрикт во Англија, а на филмската екипа работата им ја прекинало стадо овци кои просто минувале тука. Тоа, воообичаено, може да трае подолго, па снимањето морало да биде прекинато додека животните не се оддалечат оттаму. Филмаџиите автори на седмиот и осмиот дел со ист поднаслов, неколкупати мораа да ги менуваат плановите изминативе две години… Само за седмиот дел од филмот, продукцијата предвиде околу 290 милиони долари, но буџетот се зголемуваше со секоја корона-изолација… Се повторуваа тешки сцени кои повлекуваат и скапо затворање на делови од градот, вклучително и акциона сцена за време на карневалот во Венеција. Ова ги зголеми конечните трошоци за цели 100 милиони долари, во споредба со последниот дел од 2018 година. Корона-кризата значеше и одложувања на премиерата, па така, 7. дел ќе биде првпат прикажан на 14 јули 2023 година, а за 8. дел првичниот датум е 28 јули 2024 година.

The post Снимањето на осмиот филм од серијалот „Невозможна мисија“ прекинато од стадо овци appeared first on Република.

]]>
Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/odlozeni-prodolzenijata-na-nevozmozna-misija/ Wed, 26 Jan 2022 08:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=449561

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс.

„Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година.

Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот.

По долго разгледување на ситуацијата, Парамаунт Пикчрс и Скајденс одлучија да ги одложат датумите на прикажување на седмото и осмото продолжение на филмот поради доцнење предизвикано од пандемијата“, се вели во соопштението на компаниите.

The post Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“ appeared first on Република.

]]>

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс. „Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година. Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот.
По долго разгледување на ситуацијата, Парамаунт Пикчрс и Скајденс одлучија да ги одложат датумите на прикажување на седмото и осмото продолжение на филмот поради доцнење предизвикано од пандемијата“, се вели во соопштението на компаниите.

The post Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“ appeared first on Република.

]]>