невин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevin/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 11:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevin/ 32 32 Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност https://arhiva3.republika.mk/scena/film/alek-boldvin-se-izjasni-nevin-za-ubistvo-od-nebrezhnost/ Thu, 01 Feb 2024 11:03:47 +0000 https://republika.mk/?p=739339

Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.

Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само празни куршуми, и дека оружјето пукало иако тој не го повлекол чкрапалото. Обвинителите тврдат дека побарале обвинение откако независно форензичко проучување утврдило дека пиштолот не можел сам да испука куршум доколку не се повлече чкрапалото.

Исказот на Болдвин уследи неколку дена откако специјалната обвинителка Кари Морисеј покажа фотографии што посочуваат дека вистински куршуми биле донесени на сцената од страна на управувачот со пиштолот за потребите на филмот, Хана Гутјерез.

Според сведочењето во судницата и полициските записи, Гутјерез ракувала со пиштолот пред да му го предаде на помошникот-режисер, Дејвид Холс, кој му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“.

Гутјерез се соочува со посебно обвинение за убиство од небрежност и судење од 21 февруари, додека Холс се изјасни за виновен и доби шестмесечна условна казна поради небрежна употреба на смртоносно оружје.

The post Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>

Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само празни куршуми, и дека оружјето пукало иако тој не го повлекол чкрапалото. Обвинителите тврдат дека побарале обвинение откако независно форензичко проучување утврдило дека пиштолот не можел сам да испука куршум доколку не се повлече чкрапалото. Исказот на Болдвин уследи неколку дена откако специјалната обвинителка Кари Морисеј покажа фотографии што посочуваат дека вистински куршуми биле донесени на сцената од страна на управувачот со пиштолот за потребите на филмот, Хана Гутјерез. Според сведочењето во судницата и полициските записи, Гутјерез ракувала со пиштолот пред да му го предаде на помошникот-режисер, Дејвид Холс, кој му рекол на Болдвин дека пиштолот е „ладен“. Гутјерез се соочува со посебно обвинение за убиство од небрежност и судење од 21 февруари, додека Холс се изјасни за виновен и доби шестмесечна условна казна поради небрежна употреба на смртоносно оружје.

The post Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност appeared first on Република.

]]>
Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/marjan-stamenkovski-sopstvenikot-na-stranitsata-dokazm-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Fri, 10 Mar 2023 14:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=618208

Марјан Стаменковски, сопственик на веб страницата „ДоказМ“, на денешното судско рочиште се изјасни за невин за обвинението што му се става на товар, а неговиот бранител Коста Најков најави дека ќе ја заснова одбраната на докажување дека неговиот клиент изнесувал ставови и мислења, не ги извршол кривичните дела за кои е обвинет, а ова обвинение претставува „враќање на вербалниот деликт“.

Стаменковски е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци.

На денешното рочиште сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, кои велат дека биле таргет на текстовите на Стамнековски, во кои биле изнесувани лични навреди, обвинувања, омаловажувања и клевети.

Судењето се врши зад затворени врати за да се заштитат жртвите и да не се изнесуваат нивни лични информации. Стаменковски од затворот во Шуто Оризари, каде издржува мерка притвор, беше спроведен во Кривичниот суд, каде треба да му се суди за повеќе дела.

Неговиот бранител, адвокатот Најков, по завршувањето на рочиштето изјави дека очекува ослободителна пресуда.

– Поради ваше појаснување, бидејќи станува збор за скратена постапка, доказната постапка продолжи со испитување на оштетените. Тоа значи дека обвинетиот не призна вина и смета дека не е виновен, дека овде се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност. Се надеваме дека во текот на постапката тоа ќе го докажеме. Ќе се изведуваат докази, кои и што, не можам да ви кажам. А пресудата ќе биде јавна. Нашите очекувања се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без разлика на она што го пишувал Марјан или дали тоа на неколку му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема – рече адвокатот Најков.

Тој нема информации за тоа што се случува со другиот предмет на кој работи Основното обвинителство Скопје по проширувањето на истрагата за Стаменковски, а по пријава на други граѓани кои сметаат дека се оштетени од пишувањата на сопственикот на порталот ДоказМ.

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Стаменковски за кривично дело уцена, како и за две кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – злоупотреба на лични податоци.

„Така, во периодот од 10.1.2023 година до 2.2.2023 година, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот стапил во контакт со оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб-порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Кога оштетениот одбил средба, на интернет-порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот им наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело уцена“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Обвинителството бараше продолжување на притворот, затоа што смета дека има потреба да се заштитат оштетените.

The post Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Марјан Стаменковски, сопственик на веб страницата „ДоказМ“, на денешното судско рочиште се изјасни за невин за обвинението што му се става на товар, а неговиот бранител Коста Најков најави дека ќе ја заснова одбраната на докажување дека неговиот клиент изнесувал ставови и мислења, не ги извршол кривичните дела за кои е обвинет, а ова обвинение претставува „враќање на вербалниот деликт“. Стаменковски е обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. На денешното рочиште сведочеа двете новинарки од „Фокус“, Валентина Вурмо и Ирена Мулачка, кои велат дека биле таргет на текстовите на Стамнековски, во кои биле изнесувани лични навреди, обвинувања, омаловажувања и клевети. Судењето се врши зад затворени врати за да се заштитат жртвите и да не се изнесуваат нивни лични информации. Стаменковски од затворот во Шуто Оризари, каде издржува мерка притвор, беше спроведен во Кривичниот суд, каде треба да му се суди за повеќе дела. Неговиот бранител, адвокатот Најков, по завршувањето на рочиштето изјави дека очекува ослободителна пресуда. – Поради ваше појаснување, бидејќи станува збор за скратена постапка, доказната постапка продолжи со испитување на оштетените. Тоа значи дека обвинетиот не призна вина и смета дека не е виновен, дека овде се работи за вербален деликт, а не и за кривична одговорност. Се надеваме дека во текот на постапката тоа ќе го докажеме. Ќе се изведуваат докази, кои и што, не можам да ви кажам. А пресудата ќе биде јавна. Нашите очекувања се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без разлика на она што го пишувал Марјан или дали тоа на неколку му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема – рече адвокатот Најков. Тој нема информации за тоа што се случува со другиот предмет на кој работи Основното обвинителство Скопје по проширувањето на истрагата за Стаменковски, а по пријава на други граѓани кои сметаат дека се оштетени од пишувањата на сопственикот на порталот ДоказМ. Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Стаменковски за кривично дело уцена, како и за две кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, едно кривично дело – пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело – злоупотреба на лични податоци. „Така, во периодот од 10.1.2023 година до 2.2.2023 година, обвинетиот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, му се заканувал на еден оштетен дека ќе открие нешто што може да му наштети на неговиот углед и чест. Преку социјална мрежа обвинетиот стапил во контакт со оштетениот и го повикал на средба за да го уценува дека на веб-порталот ќе објави приватни фотографии и информации за него доколку не му исплати парични средства. Кога оштетениот одбил средба, на интернет-порталот биле објавени повеќе текстови за него, со кои обвинетиот им наштетил на угледот и честа на оштетениот. На тој начин обвинетиот се обидел да стори кривично дело уцена“, се вели во соопштението од Обвинителството. Обвинителството бараше продолжување на притворот, затоа што смета дека има потреба да се заштитат оштетените.

The post Марјан Стаменковски, сопственикот на страницата „ДоказМ“ не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>