невена георгиевска дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevena-georgievska-dunja/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Jul 2022 06:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невена георгиевска дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevena-georgievska-dunja/ 32 32 Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/celata-antifashistichka-borba-spomenot-na-deportiranite-evrei-kje-e-govor-na-omraza-povtorno-ja-otsekuvate-glavata-na-dunja/ Mon, 04 Jul 2022 06:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=523363

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог.

„’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот.

„Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.

The post Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња appeared first on Република.

]]>

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог. „’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот. „Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.

The post Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња appeared first on Република.

]]>
Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnikot-gjorgievski-najavi-temelna-rekonstrukcija-i-parno-greenje-vo-salata-na-oou-nevena-georgieva-dunja-vo-kisela-voda/ Sat, 12 Feb 2022 12:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=457540

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, најави темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување.

 

Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти.

 

Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат.

 

Овде, почнавме со целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.

 

Се менува и електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација.

 

Исто така, во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити.

 

По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.

 

На барање на општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење - информира градоначалникот Ѓоргиевски.

The post Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, најави темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода
Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување.   Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти.   Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат.   Овде, почнавме со целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.   Се менува и електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација.   Исто така, во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити.   По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.   На барање на општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење - информира градоначалникот Ѓоргиевски.

The post Градоначалникот Ѓоргиевски најави темелна реконструкција и парно греење во салата на ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>