невена георгиева дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevena-georgieva-dunja/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Oct 2022 17:49:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невена георгиева дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevena-georgieva-dunja/ 32 32 Ги украдоа бистите на Дуња, Вапцаров и Неделковски за да нè понижат до степен на отупеност и инертност https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gi-ukradoa-bistite-na-dunja-vapcarov-i-nedelkovski-za-da-ne-ponizat-do-stepen-na-otupenost-i-inertnost/ Fri, 07 Oct 2022 17:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=558530

Ивор Мицковски го коментира исчезнувањето на бистите на револуционерите Невена Георгиева Дуња, Никола Вапцаров и Коле Неделковски. Настанот помина речиси незабележано, како ситна кражба.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-vo-gradski-park-skopje-odzemeni-i-bistite/

Ги украдоа бистите на Дуња, Вапцаров и Неделковски за малку повеќе да пече бугарскиот негационизам и ревизионизам, да не понижат до степен на отупеност и инертност, да ни покажат дека пред очи и со наша поддршка ќе се избрише меморијата и вистината за антифашизмот и нашето национално созревање.
Која беда сме, колку сме упропастени и празни, ние сме живи мртовци.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/

The post Ги украдоа бистите на Дуња, Вапцаров и Неделковски за да нè понижат до степен на отупеност и инертност appeared first on Република.

]]>

Ивор Мицковски го коментира исчезнувањето на бистите на револуционерите Невена Георгиева Дуња, Никола Вапцаров и Коле Неделковски. Настанот помина речиси незабележано, како ситна кражба. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oshteteni-spomenicite-na-kole-nedelkovski-i-nikola-vapcarov-vo-gradski-park-skopje-odzemeni-i-bistite/
Ги украдоа бистите на Дуња, Вапцаров и Неделковски за малку повеќе да пече бугарскиот негационизам и ревизионизам, да не понижат до степен на отупеност и инертност, да ни покажат дека пред очи и со наша поддршка ќе се избрише меморијата и вистината за антифашизмот и нашето национално созревање. Која беда сме, колку сме упропастени и празни, ние сме живи мртовци.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/

The post Ги украдоа бистите на Дуња, Вапцаров и Неделковски за да нè понижат до степен на отупеност и инертност appeared first on Република.

]]>
Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nov-vandalizam-iskornata-i-ukradena-bistata-na-nevena-georgieva-dunja/ Tue, 04 Oct 2022 07:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=557105

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата.

Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година.

Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.

 

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>

Нов вандализам и кражба на спомен-обележјата во градот. Искорната и украдена е бистата на младата хероина Невена Георгиева – Дуња која се наоѓаше во дворот на училиштето коешто го носи нејзиното име во скопската општина Кисела Вода. Постаментот е оштетен а искршени се и плочките на коишто беше поставена бистата. Бистата на хероината од Народноослободителната војна Невена Георгиева – Дуња беше поставена во декември 2019 година, по повод на одбележувањето на 55-годишнината од основањето на ова основно училиште. Се работеше за нова биста откако претходната беше, исто така, украдена во 2016 година. Неодамна, претседателот на државата Стево Пендаровски додели постхумно одликување за Невена Георгиева – Дуња коешто го примија членовите на нејзиното семејство.  

The post Нов вандализам: Искорната и украдена бистата на Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>
Пред да ни забранат да ја споменуваме: 97 години од раѓањето на првата партизанка Невена Георгиева – Дуња https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pred-da-ni-zabranat-da-ja-spomenuvame-97-godini-od-ragjanjeto-na-prvata-partizanka-nevena-georgieva-dunja/ Mon, 25 Jul 2022 07:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=532837

На денешен ден 1925 година се роди Невена Георгиева – Дуња, најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија, која на 17 години ќе загине од раката на бугарскиот фашистички окупатор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/celata-antifashistichka-borba-spomenot-na-deportiranite-evrei-kje-e-govor-na-omraza-povtorno-ja-otsekuvate-glavata-na-dunja/

Од 1941 година како младинка учествува во подготовките за вооружено востание во Македонија. Таа е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк.

Шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да му се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски – Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња.

Во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета на 16 декември 1942 година во Велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“.

Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела Вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име.

Во Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Невена Георгиева-Дуња. Во 1969 година била поставена нејзина биста во основното училиште што го носи нејзиното име во Кисела Вода, а во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје што го носи нејзиното име. Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом е уништена, а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода. Во 2013 година била откриена нејзина спомен-плоча во Нежилово.

The post Пред да ни забранат да ја споменуваме: 97 години од раѓањето на првата партизанка Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>

На денешен ден 1925 година се роди Невена Георгиева – Дуња, најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред и прва жена партизан во партизанските одреди на Македонија, која на 17 години ќе загине од раката на бугарскиот фашистички окупатор. https://republika.mk/vesti/makedonija/celata-antifashistichka-borba-spomenot-na-deportiranite-evrei-kje-e-govor-na-omraza-povtorno-ja-otsekuvate-glavata-na-dunja/ Од 1941 година како младинка учествува во подготовките за вооружено востание во Македонија. Таа е меѓу првите 12 борци кои влегуваат во Првиот скопски партизански одред, формиран на 22 август кај месноста Чифлик во близина на Скопскиот градски парк. Шестмина борци од Скопскиот партизански одред илегално се префрлаат во Велес со намера да му се приклучат на Прилепскиот партизански одред. Во групата се: Васил Антевски – Дрен, Благоја Давков, Боро Боцевски, Даме Крапчев, Боро Ончев и Невена Георгиева – Дуња. Во мај 1942 година, Невена Георгиева – Дуња била осудена во отсуство на 7 години строг затвор. Во втората половина на септември 1942 година, таа станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Загинала во судир со бугарската полиција и велешката контрачета на 16 декември 1942 година во Велешко Нежилово. Откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата и ја набиле на кол и така ја шетале низ велешките села за да се заплаши востанатиот народ. За страв пак на граѓаните на Велес, нејзината глава ја ставиле во еден централен излог. Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“. Во нејзина чест, две основни училишта, во Кисела Вода и Нежилово, го носат нејзиното име. Исто така, еден од студентските домови во Скопје го носи нејзиното име. Во Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Невена Георгиева-Дуња. Во 1969 година била поставена нејзина биста во основното училиште што го носи нејзиното име во Кисела Вода, а во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје што го носи нејзиното име. Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом е уништена, а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода. Во 2013 година била откриена нејзина спомен-плоча во Нежилово.

The post Пред да ни забранат да ја споменуваме: 97 години од раѓањето на првата партизанка Невена Георгиева – Дуња appeared first on Република.

]]>