невакцинирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevakcinirani/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Mar 2024 13:01:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невакцинирани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevakcinirani/ 32 32 Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/demiri-detsata-koi-ne-se-vaktsinirani-nema-da-se-primaat-vo-gradinki-vo-tselata-drzhava-ke-ima-zasileni-inspektsii/ Mon, 11 Mar 2024 13:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=753656

Децата кои не делумно или воопшто не се вакцинирани против пертусис, односно голема кашлица нема да се примаат во сите градинки во државата, а ќе има и засилени инспекции, најави денеска министерот за здравство Илир Демири, кој присустуваше на одбележување на Светскиот ден на глауком кој го организираше Клиниката за очни болести.

Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани, изјави Демири.

Демири апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација.

Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок.

Во Македонија до 7 март се регистрирани 173 болни од голема кашлица, од кои 151 во Скопје.

Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот, на 8 март соопшти дека од денеска (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината.

The post Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции appeared first on Република.

]]>

Децата кои не делумно или воопшто не се вакцинирани против пертусис, односно голема кашлица нема да се примаат во сите градинки во државата, а ќе има и засилени инспекции, најави денеска министерот за здравство Илир Демири, кој присустуваше на одбележување на Светскиот ден на глауком кој го организираше Клиниката за очни болести.
Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа. Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани. Да и во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба, одговори тој на новинарско прашање дали се задоцнети мерките, вонредните инспекциски надзори на ДСЗИ во градинките, да не се примаат деца делмно или целосно невакцинирани, изјави Демири.
Демири апелираше да се зголеми свесноста и значењето на тоа што значи вакцинација. Со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, тој беше прашан дали има податоци колку решенија се издадени досега, на што, Демири одговори оти нема податок. Во Македонија до 7 март се регистрирани 173 болни од голема кашлица, од кои 151 во Скопје. Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во петокот, на 8 март соопшти дека од денеска (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината.  

The post Демири: Децата кои не се вакцинирани нема да се примаат во градинки во целата држава, ќе има засилени инспекции appeared first on Република.

]]>
Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pod-strogi-protokoli-nevakciniranite-zdravstveni-rabotnici-vo-grcija-kje-se-vratat-na-rabota/ Wed, 30 Nov 2022 11:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=580019

Опасна за јавното здравје, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис е одлуката на Уставниот суд на Грција да ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека е обврзан да ја почитува одуката и најави дека враќањето на работа на невакцинираните здравствени работници ќе биде под строги протоколи „за да не се загрози јавното здравје“.

За самата одлука, министерот за здравство на Грција објасни дека судот првичната одлука ја смета за уставна, меѓутоа продолжувањето, оценува дека е неоправдано, бидејќи не постоеле опасностите што биле присутни во првата фаза.

Тоа не значи дека не постои опасност по јавното здравје. На човек кој верува дека ако прими вакцина, ќе добие белег на антихрист или ќе му се измени ДНК, би му верувале да ви биде лекар ако отидете во државна болница? Јас не би му верувал. Овие луѓе, јас ги сметам за опасни. Без разлика дали е затоа што не веруваат во науката, или поради некои други причини - истакна Плеврис.

За протоколите, објасни дека следната седмица надлежната комисија ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени дополнителни детали.

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека препораките до министерот за здравство се за враќање на работа на невакцинираните здравствени работници да се воведе задолжителен ПЦР или рапид тест два пати седмично, кој ќе биде на нивен трошок.

Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници во Грција беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција одлучи дека е противуставно.

The post Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа appeared first on Република.

]]>

Опасна за јавното здравје, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис е одлуката на Уставниот суд на Грција да ја прогласи за противуставна мерката за продолжување до крајот на годинава на принудното отсуство од работа за невакцинираните здравствени работници, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија „Скај“, Плеврис рече дека е обврзан да ја почитува одуката и најави дека враќањето на работа на невакцинираните здравствени работници ќе биде под строги протоколи „за да не се загрози јавното здравје“. За самата одлука, министерот за здравство на Грција објасни дека судот првичната одлука ја смета за уставна, меѓутоа продолжувањето, оценува дека е неоправдано, бидејќи не постоеле опасностите што биле присутни во првата фаза.
Тоа не значи дека не постои опасност по јавното здравје. На човек кој верува дека ако прими вакцина, ќе добие белег на антихрист или ќе му се измени ДНК, би му верувале да ви биде лекар ако отидете во државна болница? Јас не би му верувал. Овие луѓе, јас ги сметам за опасни. Без разлика дали е затоа што не веруваат во науката, или поради некои други причини - истакна Плеврис.
За протоколите, објасни дека следната седмица надлежната комисија ќе одржи состанок и ќе бидат соопштени дополнителни детали. Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека препораките до министерот за здравство се за враќање на работа на невакцинираните здравствени работници да се воведе задолжителен ПЦР или рапид тест два пати седмично, кој ќе биде на нивен трошок. Мерката за принуден неплатен одмор за невакцинираните здравствени работници во Грција беше воведена во септември 2021 година, првично беше предвидено да биде во сила до 31 март годинава кога беше продолжена до крајот на 2022 година, продолжување за кое Уставниот суд на Грција одлучи дека е противуставно.

The post Под строги протоколи невакцинираните здравствени работници во Грција ќе се вратат на работа appeared first on Република.

]]>
Грција ја укина месечната казна од 100 евра за невакцинираните над 60 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-ja-ukina-mesechnata-kazna-od-100-evra-za-nevakciniranite-nad-60-godini/ Fri, 15 Apr 2022 09:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=488830

Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа дека привремено се укинува конкретната одлука на Владата, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември.

Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои не се вакцинирани и секој месец плаќаа казна по 100 евра.

За периодот од стапувањето во сила на мерката, заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, Плеврис, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.

The post Грција ја укина месечната казна од 100 евра за невакцинираните над 60 години appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа дека привремено се укинува конкретната одлука на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември. Мерката беше воведена на 16 јануари годинава и се однесува на граѓаните со наполнети 60 години кои не се вакцинирани и секој месец плаќаа казна по 100 евра. За периодот од стапувањето во сила на мерката, заклучно со денеска, невакцинираните ќе треба да платат износ од вкупно 300 евра, меѓутоа, Плеврис, говорејќи за грчките медиуми во изминатите денови ја остави отворена можноста да се поништат веќе изречените казни, во случај невакцинираните да решат да се вакцинираат.  

The post Грција ја укина месечната казна од 100 евра за невакцинираните над 60 години appeared first on Република.

]]>
Австрија го укина локдаунот за невакцинираните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-ukina-lokdaunot-za-nevakciniranite/ Mon, 31 Jan 2022 09:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=451795

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна.

Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство.

Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните.

Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19.

Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места.

Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите.

Австриската Влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ.

Следниот чекор предвидува укинување на правилото „2Г“ и преминување на „3Г“ во угостителството.

Сите овие мерки, како што посочија претставници на Владата во Виена, се можни поради новиот сој омикрон, кој ги промени правилата на игра, односно повеќе луѓе се заразени, но состојбата во болниците останува стабилна.

The post Австрија го укина локдаунот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>

Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна. Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство. Сепак, укинувањето на карантинот не им ги враќа сите слободи на невакцинираните. Имено, во продавниците кои не продаваат намирници или средства за хигиена важи правилото „2Г“ што значи дека се „отворени“ само за вакцинирани и луѓе кои прележале Ковид-19. Истото правило важи и за угостителството, хотелите, културните и спортските настани, како и на многу други места. Она што сега повторно може да го направат невакцинираните е слободно да се движат надвор од дома, како и да ги посетуваат пријателите. Австриската Влада во саботата донесе одлука за натамошно олеснување на епидемиолошките мерки, според која од 5 февруари работата на угостителските објекти ќе биде продолжена до полноќ. Следниот чекор предвидува укинување на правилото „2Г“ и преминување на „3Г“ во угостителството. Сите овие мерки, како што посочија претставници на Владата во Виена, се можни поради новиот сој омикрон, кој ги промени правилата на игра, односно повеќе луѓе се заразени, но состојбата во болниците останува стабилна.

The post Австрија го укина локдаунот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>
Австрија го укинува карантинот за невакцинираните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstrija-go-ukinuva-karantinot-za-nevakciniranite/ Wed, 26 Jan 2022 11:07:52 +0000 https://republika.mk/?p=449674

Австрија ќе го укине карантинот за невакцинираните лица в понеделник, 31 јануари.

Да потсетиме, австриската влада во ноември воведе мерка за ограничување на движењето на граѓаните кои не се имунизирани, поради рекордниот број на заразени и притисокот врз болниците. Невакцинираните луѓе можеа да ги напуштат своите домови само поради одредени причини, како што се купување храна и работа.

Во Австрија од почетокот на пандемијата е поставен нов рекорден број на новозаразени, со најмалку 35.000 заразени.

Според Системот за епидемиолошко известување (ЕМС), во последните 24 часа се регистрирани 37.373 новозаболени лица.

Сепак, овие податоци мора да се „исчистат“ од можни двојни пријави, но бројот на новозаразени сигурно нема да биде помал од 35.000, што е највисоко од почетокот на пандемијата. Пред една недела бројот на новозаразени беше 27.677.

Откако се појави сојот омикрон, експертите предупредија дека дневниот број на новозаразени во Австрија наскоро ќе достигне рекордни 40.000.

The post Австрија го укинува карантинот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>

Австрија ќе го укине карантинот за невакцинираните лица в понеделник, 31 јануари. Да потсетиме, австриската влада во ноември воведе мерка за ограничување на движењето на граѓаните кои не се имунизирани, поради рекордниот број на заразени и притисокот врз болниците. Невакцинираните луѓе можеа да ги напуштат своите домови само поради одредени причини, како што се купување храна и работа. Во Австрија од почетокот на пандемијата е поставен нов рекорден број на новозаразени, со најмалку 35.000 заразени. Според Системот за епидемиолошко известување (ЕМС), во последните 24 часа се регистрирани 37.373 новозаболени лица. Сепак, овие податоци мора да се „исчистат“ од можни двојни пријави, но бројот на новозаразени сигурно нема да биде помал од 35.000, што е највисоко од почетокот на пандемијата. Пред една недела бројот на новозаразени беше 27.677. Откако се појави сојот омикрон, експертите предупредија дека дневниот број на новозаразени во Австрија наскоро ќе достигне рекордни 40.000.

The post Австрија го укинува карантинот за невакцинираните appeared first on Република.

]]>
МЗ: 81 отсто од моментно хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mz-81-otsto-od-momentno-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevakcinirani/ Fri, 14 Jan 2022 13:58:35 +0000 https://republika.mk/?p=444632

Според извештаите од болниците, моментно се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани. Во исто време, 78 отсто од починатите лица од Ковид-19 биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина, се вели во анализата објавена од Министерството за здравство за вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19 во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година.

За вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина.

Од Министерството потенцираат дека изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа.

Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата како позитивни на Ковид-198 се тестирани 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Анализата на Министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78 отсто од починатите лица со Ковид-19, биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, посочуваат од Министерство.

Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинација и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2

The post МЗ: 81 отсто од моментно хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани appeared first on Република.

]]>

Според извештаите од болниците, моментно се хоспитализирани 340 лица, a од нив 81 отсто не се вакцинирани, додека 19 проценти се вакцинирани. Во исто време, 78 отсто од починатите лица од Ковид-19 биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина, се вели во анализата објавена од Министерството за здравство за вакцинирани од позитивните случаи со Ковид-19 во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кај кои се аплицирани две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза вакцина. Од Министерството потенцираат дека изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден во една установа. Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 година на територија на државата како позитивни на Ковид-198 се тестирани 85.593 граѓанин, од кои 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани, се вели во соопштението на Министерството за здравство. Анализата на Министерството покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78 отсто од починатите лица со Ковид-19, биле невакцинирани, а само 22 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, посочуваат од Министерство.
Од Министерството за здравство укажуваат на важноста на вакцинација и апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2

The post МЗ: 81 отсто од моментно хоспитализираните со ковид-19 се невакцинирани appeared first on Република.

]]>
Во Канада ќе се воведува посебен данок за невакцинираните https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-kanada-kje-se-voveduva-poseben-danok-za-nevakciniranite/ Wed, 12 Jan 2022 07:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=443473

Властите во канадската провинција Квебек соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.

Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против корона вирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани - изјави премиерот на покраината, Франсоа Лего.

Тој додава дека десет отсто од граѓаните на Квебек не примиле вакцина и нагласи дека останатите 90 отсто вакцинирани не треба да страдаат поради нив. Според него, тие десет проценти невакцинирани возрасни лица претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Во Квебек, каде што живеат околу осум милиони жители, во моментов се хоспитализирани вкупно 2.742 лица, а околу 255 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.

The post Во Канада ќе се воведува посебен данок за невакцинираните appeared first on Република.

]]>

Властите во канадската провинција Квебек соопштија дека во наредните недели ќе воведат нов данок наречен „здравствен придонес“, само за граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против Ковид-19.
Работиме на нов данок за сите возрасни кои одбиваат да примат вакцина против корона вирусот бидејќи тие претставуваат финансиски товар за сите граѓани - изјави премиерот на покраината, Франсоа Лего.
Тој додава дека десет отсто од граѓаните на Квебек не примиле вакцина и нагласи дека останатите 90 отсто вакцинирани не треба да страдаат поради нив. Според него, тие десет проценти невакцинирани возрасни лица претставуваат 50 проценти од луѓето на одделенијата за интензивна нега во болниците. Во Квебек, каде што живеат околу осум милиони жители, во моментов се хоспитализирани вкупно 2.742 лица, а околу 255 луѓе се на одделенијата за интензивна нега.

The post Во Канада ќе се воведува посебен данок за невакцинираните appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Филипините се закани, ќе ги апси невакцинираните ако не останат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-filipinite-se-zakani-kje-gi-apsi-nevakciniranite-ako-ne-ostanat-doma/ Fri, 07 Jan 2022 07:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=441548

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број новозаразени во измминатите три месеци.

Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови.

Ако ја напушти куќата и се движи низ заедницата, дозволено е да биде запрен. Ако се спротиставува, капетанот сега е овластен да апси непослушни лица, рече Дутерте.

Дневните инфекции со коронавирус на Филипините се највисоки од 26 септември со 17.220 нови случаи вчера, соопшти Министерството за здравство, вклучително и оние предизвикани од сојот омикрон. Новите случаи се трипати повеќе од вторникот, и вкупниот број на инфекции е над 2,88 милиони и има повеќе од 51.700 смртни случаи, втор најголем број заразени и починати со Ковид-19 во Југоисточна Азија по Индонезија.

Јас сум одговорен за безбедноста и благосостојбата на секој Филипинец, наглчаси Дутерте.

The post Претседателот на Филипините се закани, ќе ги апси невакцинираните ако не останат дома appeared first on Република.

]]>

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број новозаразени во измминатите три месеци. Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови.