невакцинирани деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevakcinirani-deca/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 18:54:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png невакцинирани деца Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nevakcinirani-deca/ 32 32 Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-mtsp-sledi-dali-vo-gradinkite-ima-priem-na-detsa-koi-ne-se-vaktsinirani-protiv-golema-kashlitsa/ Thu, 22 Feb 2024 18:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=747087

При запишување на деца во градинка Министерството за труд и социјална политика се придржува кон исполнувањето на протоколите за вакцинирање против голема кашлица и ја следи состојбата на терен, изјави за МИА министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски при денешната посета на детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.

Имаме стриктни протоколи, а и според правилниците за упис на дете во градинка потребно е во досието, во согласност со возраста, да биде вклучен и картонот со примени вакцини. Притоа строго се постапува, нашите инспектори се и во редовни и во вонредни надзори на терен, а таму каде што ќе се констатираат неправилности, тие ќе бидат евидентирани и ќе се изготват записници. Тоа значи дека се постапува според она што е во наша надлежност. Освен овие законски обврски за комплетно досие со вакцинален картон при уписот, ние како Министерство немаме дополнителни мерки. Комисијата за заразни болести одржува состаноци секоја недела и ако стигнат некакви насоки и заклучоци, ние ќе постапуваме според нив, нагласи Велковски.

Од детската градинка „Павлина Велјанова“ информираа дека за сите деца имаат уредни и комплетни вакциналните статуси, вклучени се потребните картони, а секоја година се бара нова потврда за навремено примени вакцини. До сега, во петте клона на градинката во Кочани, не се евидентирани деца со симптоми или заболени од голема кашлица.

The post Велковски: МТСП следи дали во градинките има прием на деца кои не се вакцинирани против голема кашлица appeared first on Република.

]]>

Три деца заразени со магарешка кашлица во Куманово, трите невакцинирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/tri-detsa-zarazeni-so-magareshka-kashlitsa-vo-kumanovo-trite-nevaktsinirani/ Fri, 09 Feb 2024 13:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=742232

Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од пертусис, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 1-месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија. Ниту едно од децата не посетува градинка.

Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата, изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат болеста е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.

Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.

Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно заболување, мошне заразно. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.

Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.

Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми.

Лекарите велат дека најефикасна мерка за заштитата од болеста е имунизацијата.

The post Три деца заразени со магарешка кашлица во Куманово, трите невакцинирани appeared first on Република.

]]>

Три деца од Куманово, две од исто семејство на четиригодишна возраст и 13 месеци и уште едно 18-месечно дете се заболени од пертусис, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Тринаесетмесечното бебе се лекува во Козле, 1-месечното е на приватна клиника, a четиригодишното дете е на домашна тепарија. Ниту едно од децата не посетува градинка.
Сите се лабораториски потврдени случаи и се невакцинирани деца. Останува нашата препорака да се вакцинираат децата, изјави доктор Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.
Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е недоволен, информираа претходно од Здравствен дом, детски диспанзер. Надлежните велат болеста е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата.
Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани деца. Антивакциналната кампања, придонесе да се вратат исчезнати болести, како пертусис кои можат да предизвикаат сериозни последици, па дури да бидат и фатални, изјави д-р Валентина Богоевска-Димитриевска, од диспанзер Куманово.
Болеста, како што објаснува докторката, меѓу луѓето е позната како „црна кашлица“ или „магарешка кашлица“ и е акутно заболување, мошне заразно. Инкубацијата трае од 7 до 14 дена. Првин се појавува течење нос, зарипнато грло, покачена температура, после болеста напредува и е препознатлива со карактеристично ноќно кашлање предизвикано од инфекцијата која ги напаѓа белите дробови.
Почнува да се лачи слузта поинтензивно не постои можност за искашлување, кашлицата е иритативна, досадна кашлица може да предизвика компликации бронхопневмонија, воспаление на средно уво, енцефалитис. Може да се јави и крв, зашто е многу напорна кашлица. Може да доведе до фатален исход, вели Богоевска-Димитриевска.
Болеста освен кај бебињата може да предизвика и сериозни компликации кај возрасните со коморбидитети. Но, особено страдаат најмалите, оние кои не се вакцинирани. Вакцинираните пак, можат да се заразат ама поминуваат со послаби симптоми. Лекарите велат дека најефикасна мерка за заштитата од болеста е имунизацијата.