неутралност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neutralnost/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 18:16:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неутралност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neutralnost/ 32 32 Швајцарија: Иницијативата за заштита на неутралност потпишана од над 133.000 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvajtsarija-initsijativata-za-zashtita-na-neutralnost-potpishana-od-nad-133-000-luge/ Thu, 11 Apr 2024 18:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=765075

Организацијата „За Швајцарија“ денеска поднесе повеќе од 133.000 потписи за поддршка на народната иницијатива „Заштита на швајцарската неутралност (иницијатива за неутралност)“.

Со иницијативата се бара трајна и воена неутралност, која би станала составен дел на швајцарскиот Устав.

Организацијата соопшти дека иницијативата добила неочекувано високо ниво на поддршка, што е показател дека неутралноста мора да остане во фокусот на надворешната, домашната и безбедносната политика на Швајцарија.

Во текстот на иницијативата се наведува дека Швајцарија не треба да се приклучува на ниту еден воен или одбранбен сојуз, но соработката со такви организации би била дозволена доколку земјата биде директно нападната.

Освен тоа, Швајцарија не треба да воведува или поддржува санкции поинакви од оние договорени во Обединети нации.

Санкциите наметнати од Европска Унија, како оние против Русија по нејзиниот напад врз Украина, повеќе нема да се применуваат од Швајцарија доколку гласачите ги прифатат иницијативите, но земјата сепак ќе биде обврзана да обезбеди санкциите наметнати од други земји да не можат да се заобиколат.

Иницијативата, исто така, ќе ја обврзе Швајцарија да понуди „добри услуги“ и да ја искористи својата неутралност за да спречи конфликт и да биде достапна како посредник во преговорите.

The post Швајцарија: Иницијативата за заштита на неутралност потпишана од над 133.000 луѓе appeared first on Република.

]]>

Организацијата „За Швајцарија“ денеска поднесе повеќе од 133.000 потписи за поддршка на народната иницијатива „Заштита на швајцарската неутралност (иницијатива за неутралност)“. Со иницијативата се бара трајна и воена неутралност, која би станала составен дел на швајцарскиот Устав. Организацијата соопшти дека иницијативата добила неочекувано високо ниво на поддршка, што е показател дека неутралноста мора да остане во фокусот на надворешната, домашната и безбедносната политика на Швајцарија. Во текстот на иницијативата се наведува дека Швајцарија не треба да се приклучува на ниту еден воен или одбранбен сојуз, но соработката со такви организации би била дозволена доколку земјата биде директно нападната. Освен тоа, Швајцарија не треба да воведува или поддржува санкции поинакви од оние договорени во Обединети нации. Санкциите наметнати од Европска Унија, како оние против Русија по нејзиниот напад врз Украина, повеќе нема да се применуваат од Швајцарија доколку гласачите ги прифатат иницијативите, но земјата сепак ќе биде обврзана да обезбеди санкциите наметнати од други земји да не можат да се заобиколат. Иницијативата, исто така, ќе ја обврзе Швајцарија да понуди „добри услуги“ и да ја искористи својата неутралност за да спречи конфликт и да биде достапна како посредник во преговорите.

The post Швајцарија: Иницијативата за заштита на неутралност потпишана од над 133.000 луѓе appeared first on Република.

]]>
Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nehamer-prikluchuvanjeto-kon-nato-ne-e-opcija-za-avstrija-i-za-toa-ne-treba-ni-da-se-razgovara/ Thu, 30 Jun 2022 08:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=521425

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, каква што е Австрија со НАТО, но дека за официјална Виена членството во западната воена алијанса не е опција.

Тој додаде дека таквата опција воопшто не треба да се разгледува.

Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика - изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО.

Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник.

Нехамер ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ.

Тој посочи дека тоа е, како што рече, можеби пресвртница во соработката, и дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.

Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика - изјави Нехамер.

Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.

Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност - нагласи тој.

The post Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, оцени дека има нов квалитет во соработка меѓу неутралните и неврзаните земји, каква што е Австрија со НАТО, но дека за официјална Виена членството во западната воена алијанса не е опција. Тој додаде дека таквата опција воопшто не треба да се разгледува.
Австрија е и останува неутрален, но и доверлив партнер во однос на безбедносната политика - изјави Нехамер, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој потсети дека Австрија веќе е активна во мировните мисии на ЕУ со околу 400 војници, како и со 300 во мисиите на НАТО. Според него, Австрија како неутрална земја може да се солидаризира и да делува како посредник. Нехамер ја оцени како нов квалитет во односите поканата од шпанскиот колега Педро Санчез да присуствува на „евроатлантската вечера“, на која, покрај претставници на земјите од НАТО, присуствуваа и неврзаните членки на ЕУ. Тој посочи дека тоа е, како што рече, можеби пресвртница во соработката, и дека тоа најверојатно е последица на војната во Украина.
Соработката НАТО-ЕУ е важен дел од одбранбената и безбедносната политика - изјави Нехамер.
Генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц, учеството на Нехамер на Самитот на НАТО го оцени како погрешен и фатален сигнал.
Нехамер повторно му штети на нашиот статус на неутрална земја. НАТО дефинитивно не се залага за постојана неутралност - нагласи тој.

The post Нехамер: Приклучувањето кон НАТО не е опција за Австрија и за тоа не треба ни да се разговара appeared first on Република.

]]>
Според „Волстрит журнал“ Зеленски имал германски предлог за да ја избегне војната со Русија, но тој одбил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spored-volstrit-zurnal-zelenski-imal-germanski-predlog-za-da-ja-izbegne-vojnata-so-rusija-no-toj-odbil/ Sat, 02 Apr 2022 19:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=482469

Aмериканскиот весник „Волстрит журнал“ објави опширна анализа за причините за украинската криза, којашто покажува дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, имал шанса да избегне воен конфликт.

Весникот се повикува на инсајдерски информации од маргините на Минхенската безбедносна конференција, на која украинскиот претседател пристигна на 19 февруари. Според „Волстрит журнал“, Германија, претставувана од канцеларот Олаф Шолц, се обидела да го реши проблемот по мирен пат.

Шолц тогаш се обидел да го реши конфликтот меѓу Москва и Киев. Тој му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот договор за европска безбедност меѓу Западот и Русија - пишува весникот.

Според предлогот на Берлин, потоа требало да се потпише пакт со кој САД и Русија заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина.

Сепак, на таквиот предлог, Зеленски одговорил дека на Путин не може да му се верува и дека повеќето Украинци сакаат да влезат во НАТО.

The post Според „Волстрит журнал“ Зеленски имал германски предлог за да ја избегне војната со Русија, но тој одбил appeared first on Република.

]]>

Aмериканскиот весник „Волстрит журнал“ објави опширна анализа за причините за украинската криза, којашто покажува дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, имал шанса да избегне воен конфликт. Весникот се повикува на инсајдерски информации од маргините на Минхенската безбедносна конференција, на која украинскиот претседател пристигна на 19 февруари. Според „Волстрит журнал“, Германија, претставувана од канцеларот Олаф Шолц, се обидела да го реши проблемот по мирен пат.
Шолц тогаш се обидел да го реши конфликтот меѓу Москва и Киев. Тој му рекол на Зеленски дека Украина треба да се откаже од своите аспирации за НАТО и да прогласи неутралност како дел од поширокиот договор за европска безбедност меѓу Западот и Русија - пишува весникот.
Според предлогот на Берлин, потоа требало да се потпише пакт со кој САД и Русија заеднички ќе ја гарантираат безбедноста на Украина. Сепак, на таквиот предлог, Зеленски одговорил дека на Путин не може да му се верува и дека повеќето Украинци сакаат да влезат во НАТО.

The post Според „Волстрит журнал“ Зеленски имал германски предлог за да ја избегне војната со Русија, но тој одбил appeared first on Република.

]]>
Претседателот на австрискиот парламент: Притисокот врз Србија поради Украина е погрешен, потребни ни се повеќе неутрални земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-avstriskiot-parlament-pritisokot-vrz-srbija-poradi-ukraina-e-pogreshen-potrebni-ni-se-povekje-neutralni-zemji/ Wed, 16 Mar 2022 10:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=473581

Претседателот на австрискиот парламент, Норберт Хофер, смета дека меѓународниот притисок врз Србија во однос на конфликтот во Украина е целосно неоправдан и погрешен. Хофер во интервју за „Танјуг“ посочува дека на светот му требаат неутрални земји и дека самата Австрија мора подобро да ја заштити својата неутралност и да инвестира во одбраната на таа неутралност.

Хофер го коментира тоа што Србија го осуди рускиот напад врз Украина, гласаше за Резолуцијата на ОН, но не ги поддржа санкциите на Европската Унија против Москва, поради што српското раководство е изложено на голем меѓународен притисок, а ЕК дури и се заканува дека ќе го суспендира патот на Србија кон ЕУ.

Тој притисок го создаде Германија, која вели дека Србија сега мора да знае каде припаѓа. Мислам дека ЕУ мора да разбере дека на Србија треба и да овозможи брз пристап во Унијата токму сега. Србија е кандидат веќе десет години, таа има преземени многу чекори на патот. Унијата мора да препознае дека сега е време да и обезбеди пристап - вели Хофер.

На прашањето дали очекува ЕУ дополнително да го забави пристапниот процес на Балканот, особено на Србија, Хофер посочува дека заканите што доаѓаат од германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, претставуваат „истрел во своето колено“, што и штетат на самата Унија.

Сега мораме да го забрзаме и да го завршиме овој процес, кој трае со години. Тоа би бил паметен чекор, а не она што го прави некој кој е на должност само неколку месеци, а веќе се заканува - вели Хофер.

Тој верува дека Австрија ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Србија.

Не можам да зборувам во име на цела Австрија. Вие го знаете мојот став и ставот на Партијата на слободата (ФПО). Но, верувам дека и другите партии во Австрија се заинтересирани за брз пристап на Србија во Унијата, како поради заедничката историја, така и поради страдањето. Австрија мора да биде партнер на Србија - вели Хофер.

На прашањето колку војната во Украина и нејзините последици се закануваат на Европа и на светот и како се одразува на Австрија, Хофер вели дека последиците од тој конфликт се огромни, а веќе е јасно кои се трошоците - цените на енергијата растат, многумина се загрижени за испорака на гас...

Во војна секогаш губат сите страни. Нема вистински победници. Верувам дека ќе се постигне договор за мировен процес и дека ќе се извлечат поуки од ова искуство - вели Хофер.

На констатацијата дека Европа не е единствена во ставот за интензитетот на санкциите против Русија и дека нема договор во самата Австрија, Хофер вели дека има земји кои се повеќе зависни од рускиот гас во однос на другите. Тој посочува дека има илјадници работни места во Австрија кои се загрозени поради санкциите, дека последиците ќе бидат зголемување на цените на прехранбените производи, гасот, горивото, струјата, а нагласува и дека во случајот со Австрија тука е и прашање за неутралноста.

Како такви, мора да ни биде важно да можеме да се понудиме како неутрално место за преговори. Сега не сме тоа. Според добрата традиција на поранешниот канцелар Бруно Крeјски, кој беше голем државник, ние отсекогаш сме биле место каде што страните во некој конфликт можеле да преговараат - истакнува Хофер.

Тој исто така оценува дека неутралноста на Австрија има голема вредност, потсетувајќи дека неговиот татко бил на австриско-унгарската граница во 1956 година, кога Австрија им помагала на бегалците кои доаѓале, но дека ставовите на државата биле такви што Австрија можела да остане неутрална земја и место за преговори.

Според него, кога станува збор за реториката, Австрија изгубила дел од својата неутралност, иако сите знаеле дека со влезот во ЕУ, официјална Виена не може целосно да ги ужива сите придобивки од неутралноста.

Тоа ме загрижува, бидејќи мислам дека на светот му требаат неутрални земји, каде што е можно кој било да се состане и да преговара - додава тој.

На прашањето за позицијата на неутралните земји во Европа денес, тој вели дека тие се на крстопат, при што треба да одлучат дали ќе влезат во НАТО или не.

Тој смета дека Австрија не треба да влезе во НАТО, туку дека мора подобро да ја заштити својата неутралност - да инвестира во армијата, која не е во добра форма, бидејќи кој сака да биде неутрален, мора да инвестира и во одбрана на таа неутралност.

Хофер, исто така, вели дека неутралната држава мора да се однесува така што неутралноста се препознава и мора да знае дека излез од конфликтот може да се најде само ако сите страни можат да го зачуваат својот углед, што не значи дека работите што треба да се осудат не треба да бидат осудени, но дека треба да се размислува чекор понатаму.

Прашан дали меѓународното право сè уште важи или веќе долго време на сила е „правото на посилниот“, Хофер истакнува дека правото на посилниот отсекогаш постоело и ќе постои, во рамките на постоечките правни системи, но и дека постојат реални влијанија во светот.

И во меѓународното право мора да се признае колку е силна Кина, колку е голема Русија, какво влијание имаат САД и колку Европа е понекогаш беспомошна. Мора да се погрижиме да се почитуваат правните системи за да ги заштитиме најмалите - вели Хофер и додава дека кризата предизвикана од пандемијата на корона вирус покажала и дека лесно се откажуваме од нашите права.

Во однос на тоа што оо воената операција на Русија, Украина побара брзо пристапување во Европската Унија, Хофер вели дека иако ги разбира таквите барања, смета дека ништо не треба да се одлучи сега, бидејќи најпрво се потребни мировни преговори, кои мора да се водат без услови.

The post Претседателот на австрискиот парламент: Притисокот врз Србија поради Украина е погрешен, потребни ни се повеќе неутрални земји appeared first on Република.

]]>

Претседателот на австрискиот парламент, Норберт Хофер, смета дека меѓународниот притисок врз Србија во однос на конфликтот во Украина е целосно неоправдан и погрешен. Хофер во интервју за „Танјуг“ посочува дека на светот му требаат неутрални земји и дека самата Австрија мора подобро да ја заштити својата неутралност и да инвестира во одбраната на таа неутралност. Хофер го коментира тоа што Србија го осуди рускиот напад врз Украина, гласаше за Резолуцијата на ОН, но не ги поддржа санкциите на Европската Унија против Москва, поради што српското раководство е изложено на голем меѓународен притисок, а ЕК дури и се заканува дека ќе го суспендира патот на Србија кон ЕУ.
Тој притисок го создаде Германија, која вели дека Србија сега мора да знае каде припаѓа. Мислам дека ЕУ мора да разбере дека на Србија треба и да овозможи брз пристап во Унијата токму сега. Србија е кандидат веќе десет години, таа има преземени многу чекори на патот. Унијата мора да препознае дека сега е време да и обезбеди пристап - вели Хофер.
На прашањето дали очекува ЕУ дополнително да го забави пристапниот процес на Балканот, особено на Србија, Хофер посочува дека заканите што доаѓаат од германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, претставуваат „истрел во своето колено“, што и штетат на самата Унија.
Сега мораме да го забрзаме и да го завршиме овој процес, кој трае со години. Тоа би бил паметен чекор, а не она што го прави некој кој е на должност само неколку месеци, а веќе се заканува - вели Хофер.
Тој верува дека Австрија ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Србија.
Не можам да зборувам во име на цела Австрија. Вие го знаете мојот став и ставот на Партијата на слободата (ФПО). Но, верувам дека и другите партии во Австрија се заинтересирани за брз пристап на Србија во Унијата, како поради заедничката историја, така и поради страдањето. Австрија мора да биде партнер на Србија - вели Хофер.
На прашањето колку војната во Украина и нејзините последици се закануваат на Европа и на светот и како се одразува на Австрија, Хофер вели дека последиците од тој конфликт се огромни, а веќе е јасно кои се трошоците - цените на енергијата растат, многумина се загрижени за испорака на гас...
Во војна секогаш губат сите страни. Нема вистински победници. Верувам дека ќе се постигне договор за мировен процес и дека ќе се извлечат поуки од ова искуство - вели Хофер.
На констатацијата дека Европа не е единствена во ставот за интензитетот на санкциите против Русија и дека нема договор во самата Австрија, Хофер вели дека има земји кои се повеќе зависни од рускиот гас во однос на другите. Тој посочува дека има илјадници работни места во Австрија кои се загрозени поради санкциите, дека последиците ќе бидат зголемување на цените на прехранбените производи, гасот, горивото, струјата, а нагласува и дека во случајот со Австрија тука е и прашање за неутралноста.
Како такви, мора да ни биде важно да можеме да се понудиме како неутрално место за преговори. Сега не сме тоа. Според добрата традиција на поранешниот канцелар Бруно Крeјски, кој беше голем државник, ние отсекогаш сме биле место каде што страните во некој конфликт можеле да преговараат - истакнува Хофер.
Тој исто така оценува дека неутралноста на Австрија има голема вредност, потсетувајќи дека неговиот татко бил на австриско-унгарската граница во 1956 година, кога Австрија им помагала на бегалците кои доаѓале, но дека ставовите на државата биле такви што Австрија можела да остане неутрална земја и место за преговори. Според него, кога станува збор за реториката, Австрија изгубила дел од својата неутралност, иако сите знаеле дека со влезот во ЕУ, официјална Виена не може целосно да ги ужива сите придобивки од неутралноста.
Тоа ме загрижува, бидејќи мислам дека на светот му требаат неутрални земји, каде што е можно кој било да се состане и да преговара - додава тој.
На прашањето за позицијата на неутралните земји во Европа денес, тој вели дека тие се на крстопат, при што треба да одлучат дали ќе влезат во НАТО или не. Тој смета дека Австрија не треба да влезе во НАТО, туку дека мора подобро да ја заштити својата неутралност - да инвестира во армијата, која не е во добра форма, бидејќи кој сака да биде неутрален, мора да инвестира и во одбрана на таа неутралност. Хофер, исто така, вели дека неутралната држава мора да се однесува така што неутралноста се препознава и мора да знае дека излез од конфликтот може да се најде само ако сите страни можат да го зачуваат својот углед, што не значи дека работите што треба да се осудат не треба да бидат осудени, но дека треба да се размислува чекор понатаму. Прашан дали меѓународното право сè уште важи или веќе долго време на сила е „правото на посилниот“, Хофер истакнува дека правото на посилниот отсекогаш постоело и ќе постои, во рамките на постоечките правни системи, но и дека постојат реални влијанија во светот.