Нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/netanjahu/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 19:00:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нетанјаху Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/netanjahu/ 32 32 Израел се согласи на примирје со Хезболах https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-se-soglasi-na-primirje-so-hezbolah/ Tue, 26 Nov 2024 21:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=842061

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран.

Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.

- Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.

Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата што ја претставува Иран. Нетанјаху го почна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој рече дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Според него, акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток. - Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската војска убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах. Израел, исто така, уништи инфраструктура на Хезболах и „нападна клучни цели“, додаде тој. Нетанјаху истакна дека ги „гледа сите седум фронтови“ и „пошироката, поголема слика“ и оти е „решен да му донесе победа на Израел“.

The post Израел се согласи на примирје со Хезболах appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-najavi-ushte-pobolni-napadi-protiv-hamas/ Sun, 21 Apr 2024 17:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=768983

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници.

– Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада. Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху.

Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.

The post Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“ appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА. Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници. – Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада. Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху. Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.

The post Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“ appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-do-berbok-i-kameron-izrael-sam-ke-gi-nosi-svoite-odluki/ Wed, 17 Apr 2024 20:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=767255

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе свои одлуки.

-Сите имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно - ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани, рече Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок, пренесе Гардијан.

Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека средбата е дојден за да ја изрази солидарноста со Израел, но се надева дека неговиот одговор на нападот врз Иран ќе биде „паметен и ограничен колку што е можно повеќе“, пренесе Би-Би-Си.

Шефицата на германската дипломатија, пак, по средбата, како и Камерон, предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот.

-Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, ниту на многу луѓе во Иран кои страдаат под овој режим, ниту на други земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир, рече Бербок. сд/

фото:Прес канцеларија на изрелска Влада

The post Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе свои одлуки. -Сите имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно - ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани, рече Нетанјаху по средбата со шефовите на дипломатиите на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок, пренесе Гардијан. Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Камерон изјави дека средбата е дојден за да ја изрази солидарноста со Израел, но се надева дека неговиот одговор на нападот врз Иран ќе биде „паметен и ограничен колку што е можно повеќе“, пренесе Би-Би-Си. Шефицата на германската дипломатија, пак, по средбата, како и Камерон, предупреди дека на Блискиот Исток не треба да се случи ескалација на конфликтот. -Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои сè уште се во рацете на Хамас, ниту на многу луѓе во Иран кои страдаат под овој режим, ниту на други земји во регионот кои едноставно сакаат да живеат во мир, рече Бербок. сд/ фото:Прес канцеларија на изрелска Влада

The post Нетанјаху до Бербок и Камерон: Израел сам ќе ги носи своите одлуки appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху тврди дека Хамас не се согласил да ослободи други заложници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-tvrdi-deka-hamas-ne-se-soglasil-da-oslobodi-drugi-zalozhnitsi/ Fri, 01 Dec 2023 08:11:32 +0000 https://republika.mk/?p=718195

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исламистичкото движење Хамас не се согласило да ослободи дополнителни заложници, со што ги прекршил условите на прекинот на огнот.

„Хамас не ги ослободи сите жени заложници како што беше договорено и исто така лансираше ракети кон Израел“, соопшти неговата канцеларија, пренесува Скај њуз.

„Со обновувањето на борбите нагласуваме: израелската влада е посветена на постигнување на целите на војната - да ги ослободи нашите заложници, да го елиминира Хамас и да се осигура дека Газа никогаш нема да претставува закана за жителите на Израел“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

The post Нетанјаху тврди дека Хамас не се согласил да ослободи други заложници appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека исламистичкото движење Хамас не се согласило да ослободи дополнителни заложници, со што ги прекршил условите на прекинот на огнот.
„Хамас не ги ослободи сите жени заложници како што беше договорено и исто така лансираше ракети кон Израел“, соопшти неговата канцеларија, пренесува Скај њуз. „Со обновувањето на борбите нагласуваме: израелската влада е посветена на постигнување на целите на војната - да ги ослободи нашите заложници, да го елиминира Хамас и да се осигура дека Газа никогаш нема да претставува закана за жителите на Израел“, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

The post Нетанјаху тврди дека Хамас не се согласил да ослободи други заложници appeared first on Република.

]]>
Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-bara-od-netanjahu-tridnevna-pauza-vo-borbite-saka-napredok-vo-osloboduvaneto-na-zalozhnitsite/ Wed, 08 Nov 2023 08:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=699379

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас кои не се подготвени за договор“.

Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот потпретседател Камала Харис, кои ја истакнаа „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.

The post Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците appeared first on Република.

]]>

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер. Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза. Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас кои не се подготвени за договор“. Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот потпретседател Камала Харис, кои ја истакнаа „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.

The post Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизацијата против варварството“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-vodi-vojna-na-tsivilizatsijata-protiv-varvarstvoto/ Mon, 06 Nov 2023 14:09:27 +0000 https://republika.mk/?p=698858

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против групата Хамас, туку тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.

]Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е и ваша битка, рече Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим.

Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по Холокаустот“.

Денков се согласи дека е неопходно „да се искорени Хамас“, но повика на ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа.

Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош.

The post Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизацијата против варварството“ appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел не само што води сопствена војна против групата Хамас, туку тоа е и „цивилизациска битка против варварството“.
]Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е и ваша битка, рече Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим.
Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе по Холокаустот“. Денков се согласи дека е неопходно „да се искорени Хамас“, но повика на ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа. Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош.

The post Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизацијата против варварството“ appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху ветува „победа“ и покрај „болните загуби“ во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-vetuva-pobeda-i-pokraj-bolnite-zagubi-vo-gaza/ Wed, 01 Nov 2023 10:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=696996

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.

Имаме толку многу важни достигнувања, но и болни загуби, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање откако армијата потврди дека најмалку 12 војници загинале во вчерашните копнени борби. - Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна, потенцираше тој.

Знаеме дека секој наш војник е цел свет. Целиот народ на Израел ве прегрнува вас, семејствата на загинатите, од дното на нашите срца. Сите сме со вас во вашето време на голема тага, рече Нетанјаху, изразувајќи сочуство до блиските на загинатите војници.

Нашите војници се вовлечени во неправедна војна, војна за нашиот дом, истакна Нетанјаху. - Ви ветувам граѓани на Израел: ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа, изјави премиерот на Израел.

The post Нетанјаху ветува „победа“ и покрај „болните загуби“ во Газа appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху денеска вети дека ќе ја продолжи израелската војна против Хамас и покрај претрпените „болни загуби“ во копнените борби во Појасот Газа.
Имаме толку многу важни достигнувања, но и болни загуби, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање откако армијата потврди дека најмалку 12 војници загинале во вчерашните копнени борби. - Ние сме во тешка војна. Тоа ќе биде долга војна, потенцираше тој. Знаеме дека секој наш војник е цел свет. Целиот народ на Израел ве прегрнува вас, семејствата на загинатите, од дното на нашите срца. Сите сме со вас во вашето време на голема тага, рече Нетанјаху, изразувајќи сочуство до блиските на загинатите војници. Нашите војници се вовлечени во неправедна војна, војна за нашиот дом, истакна Нетанјаху. - Ви ветувам граѓани на Израел: ќе ја завршиме работата. Ќе продолжиме до победа, изјави премиерот на Израел.

The post Нетанјаху ветува „победа“ и покрај „болните загуби“ во Газа appeared first on Република.

]]>
Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-do-netanjahu-izrael-mora-vednash-i-znachitelno-da-ja-zgolemi-pomoshta-za-gaza/ Sun, 29 Oct 2023 20:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=696072

мериканскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми.

Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, но 90 проценти од протокот на вода во Газа е самостоен и поминува низ постројки за десалинизација и третман на вода кои работат само со ограничен капацитет поради недостаток на гориво. Израел вели дека Хамас го пренасочува горивото од цивилна употреба и одби да дозволи дополнително снабдување откако избувна војната.

Бајден „повтори дека Израел го има секое право и одговорност да ги брани своите граѓани од тероризам и ја подвлече потребата да го стори тоа на начин во согласност со меѓународното хуманитарно право кое дава приоритет на заштитата на цивилите“.

Двајцата, исто така, „разговараа за тековните напори за лоцирање и обезбедување ослободување на заложниците, вклучително и американски граѓани за кои нема информации и може да бидат задржани од Хамас“, се додава во соопштението и се додава дека двајцата се согласиле „да останат во редовни консултации и директно и преку нивните соодветни тимови за национална безбедност“.

Бајден претходно во телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се обврзале на значително забрзување и зголемување на помошта што се влева во Газа почнувајќи од денес, а потоа континуирано, соопшти Белата куќа.

Бајден, исто така, го информирал Сиси за „напорите на САД да се осигураат дека регионалните актери нема да го прошират конфликтот во Газа, а исто така и за продолжувањето на напорите да се обезбеди ослободување на заложниците, соопшти Белата куќа.

The post Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа appeared first on Република.

]]>

мериканскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми. Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, но 90 проценти од протокот на вода во Газа е самостоен и поминува низ постројки за десалинизација и третман на вода кои работат само со ограничен капацитет поради недостаток на гориво. Израел вели дека Хамас го пренасочува горивото од цивилна употреба и одби да дозволи дополнително снабдување откако избувна војната. Бајден „повтори дека Израел го има секое право и одговорност да ги брани своите граѓани од тероризам и ја подвлече потребата да го стори тоа на начин во согласност со меѓународното хуманитарно право кое дава приоритет на заштитата на цивилите“. Двајцата, исто така, „разговараа за тековните напори за лоцирање и обезбедување ослободување на заложниците, вклучително и американски граѓани за кои нема информации и може да бидат задржани од Хамас“, се додава во соопштението и се додава дека двајцата се согласиле „да останат во редовни консултации и директно и преку нивните соодветни тимови за национална безбедност“. Бајден претходно во телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се обврзале на значително забрзување и зголемување на помошта што се влева во Газа почнувајќи од денес, а потоа континуирано, соопшти Белата куќа. Бајден, исто така, го информирал Сиси за „напорите на САД да се осигураат дека регионалните актери нема да го прошират конфликтот во Газа, а исто така и за продолжувањето на напорите да се обезбеди ослободување на заложниците, соопшти Белата куќа.

The post Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа appeared first on Република.

]]>
Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mitsotakis-deneska-vo-izrael-ke-se-sretne-so-netanjahu/ Mon, 23 Oct 2023 10:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=694100

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина.

Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини.

Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.

The post Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис пристигна во Израел, каде наскоро во Ерусалим ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопштија утрово од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис во Израел ќе биде неколку часа и се очекува попладне да се врати во Атина. Денешната посета на грчкиот премиер не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини. Во саботата, Мицотакис учествуваше на Самитот за мир во Каиро од каде што порача дека „ниту една воена интервенција не може да замени остварливо политичко решение“, ја повтори грчката позиција дека Израел има право на самоодбрана, но во согласност со меѓународното и хуманитарното право и истакна дека Грција е во координација со партнерите од ЕУ и подготвена е да придонесе за секоја мировна иницијатива.

The post Мицотакис денеска во Израел ќе се сретне со Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ehud-barak-izrael-nema-druga-optsija-osven-onaa-shto-ja-sproveduva-netanjahu/ Sun, 15 Oct 2023 17:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=691472

За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак.

Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“.

The post Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

За Израел во оваа фаза практично нема друга опција освен онаа што владата на Бенјамин Нетанјаху ја спроведува во Газа, изјави поранешниот израелски премиер Ехуд Барак. Говорејќи викендов за Радио 4 на Би-би-си поранешниот премиер кажа дека целта на таквата стратегија е да се осигура дека воените капацитети на Хамас ќе бидат уништени и дека управувањето со Појасот Газа ќе и биде предадено на Палестинска управа предводена од Фатах. Тој, исто така, инсистираше на тоа дека Израел е целосно посветен на меѓународното право, но мора да ја ослободи израелската граница од контролата на Хамас, што тој го нарече „тип на операција на Ал Каеда“.

The post Ехуд Барак: Израел нема друга опција освен онаа што ја спроведува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Напаѓаме со невидена сила, ова е само почеток https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-napagame-so-nevidena-sila-ova-e-samo-pochetok/ Fri, 13 Oct 2023 19:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=691048

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и дека Израел „никогаш нема да ги заборави овие страшни дејствија на непријателот“.

Ги напаѓаме нашите непријатели со невидена сила, ова е само почеток, рече Нетанјаху.

Тој додава дека Израел собира „огромна меѓународна поддршка“ за својата земја.

Ќе го искорениме Хамас и ќе победиме. Нагласувам, ова е само почеток. Нашите непријатели само што почнаа да ја плаќаат цената. Сега нема да зборувам за она што допрва доаѓа, но би сакал да ви кажам дека ова е само почеток , изјави тој на кратка прес-конференција.

The post Нетанјаху: Напаѓаме со невидена сила, ова е само почеток appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека разговарал со семејствата кои ги загубиле своите најблиски и дека Израел „никогаш нема да ги заборави овие страшни дејствија на непријателот“.
Ги напаѓаме нашите непријатели со невидена сила, ова е само почеток, рече Нетанјаху.
Тој додава дека Израел собира „огромна меѓународна поддршка“ за својата земја.
Ќе го искорениме Хамас и ќе победиме. Нагласувам, ова е само почеток. Нашите непријатели само што почнаа да ја плаќаат цената. Сега нема да зборувам за она што допрва доаѓа, но би сакал да ви кажам дека ова е само почеток , изјави тој на кратка прес-конференција.

The post Нетанјаху: Напаѓаме со невидена сила, ова е само почеток appeared first on Република.

]]>
Трамп: Нетанјаху не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-netanjahu-ne-bil-podgotven-za-napadot-na-hamas-vrz-izrael/ Thu, 12 Oct 2023 07:08:53 +0000 https://republika.mk/?p=690327

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.

Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми.

Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнале наопаку“.

Мора тоа да го исправат, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран, рече Трамп.

На неговите коментари одговори гувернерот на Флорида и противкандидат за претседателските избори, Рон Десантис.

Апсурдно е кој било, а уште помалку некој што се кандидира за претседател сега да го напаѓа нашиот пријател и сојузник, напиша Десантис на социјалните мрежи.

The post Трамп: Нетанјаху не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го критикуваше премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека не бил подготвен за напад на палестинската милитантна група Хамас.
Не беше подготвен. Израел не беше подготвен. А под Трамп не би морале ниту да бидат подготвени, изјави Трамп за Фокс њуз, пренесуваат британските медиуми.
Обраќајќи им се на приврзаниците на митинг во Флорида, поранешниот американски претседател рече дека „во текот на минатата недела некои работи тргнале наопаку“.
Мора тоа да го исправат, бидејќи се борат со потенцијално голема сила. Тие потенцијално се борат против Иран, рече Трамп.
На неговите коментари одговори гувернерот на Флорида и противкандидат за претседателските избори, Рон Десантис.
Апсурдно е кој било, а уште помалку некој што се кандидира за претседател сега да го напаѓа нашиот пријател и сојузник, напиша Десантис на социјалните мрежи.

The post Трамп: Нетанјаху не бил подготвен за нападот на Хамас врз Израел appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Секој член на Хамас е мртов човек https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/netanjahu-sekoj-chlen-na-hamas-e-mrtov-chovek/ Thu, 12 Oct 2023 06:53:02 +0000 https://republika.mk/?p=690323

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е „мртов човек“ по првиот состанок на владата на национално единство формирана вчера, јавува Би-Би-Си.

Премиерот Нетанјаху се согласи да формира влада за време на војната со поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција Бени Ганц. Тие се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство.

Бени Ганц рече дека сега е „време за војна“ и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е „обединета“ и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата.

Лидерот на главната опозиција Јаир Лапид сè уште не се приклучил на воениот кабинет, но Нетанјаху и Ганц во заедничката изјава рекоа дека за него е резервирано место.

Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел кои започнаа во саботата достигна 1.200, а во најновиот извештај во четвртокот вечерта, Министерството за здравство во Газа зборуваше за исто толку загинати Палестинци во израелската реакција.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен е на пат за Израел и ќе пристигне денеска за да ја покаже својата „силна поддршка“ за Израел.

Една од темите на неговата агенда ќе бидат американските заложници: официјални лица велат дека нивниот број е „многу мал“ - и тие сè уште не одлучиле како да се обидат да ги вратат назад Хамас, наводно, држи до 150 луѓе како заложници, вклучувајќи деца и постари лица.

Земјите-членки на Арапската лига повикаа вчера на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа. На вонредниот состанок во Каиро во средата, министрите за надворешни работи на 22-те земји предупредија и на „катастрофалните“ хуманитарни и безбедносни последици од интензивирањето на конфликтот. Во завршната изјава на состанокот на Арапската лига се вели дека е неопходно заживување на мировниот процес и „отпочнување сериозни преговори меѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО), како единствен легитимен претставник на Палестинците, и Израел, за да се постигне фер и сеопфатен мир“.

The post Нетанјаху: Секој член на Хамас е мртов човек appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека секој член на Хамас е „мртов човек“ по првиот состанок на владата на национално единство формирана вчера, јавува Би-Би-Си. Премиерот Нетанјаху се согласи да формира влада за време на војната со поранешниот министер за одбрана и лидер на центристичката опозиција Бени Ганц. Тие се согласија да ги остават настрана разликите и политичкото ривалство. Бени Ганц рече дека сега е „време за војна“ и им порача на израелските граѓани дека новоформираната влада е „обединета“ и подготвена да го „збрише“ Хамас од лицето на земјата. Лидерот на главната опозиција Јаир Лапид сè уште не се приклучил на воениот кабинет, но Нетанјаху и Ганц во заедничката изјава рекоа дека за него е резервирано место. Бројот на загинати во нападите на Хамас врз Израел кои започнаа во саботата достигна 1.200, а во најновиот извештај во четвртокот вечерта, Министерството за здравство во Газа зборуваше за исто толку загинати Палестинци во израелската реакција. Американскиот државен секретар Антони Блинкен е на пат за Израел и ќе пристигне денеска за да ја покаже својата „силна поддршка“ за Израел. Една од темите на неговата агенда ќе бидат американските заложници: официјални лица велат дека нивниот број е „многу мал“ - и тие сè уште не одлучиле како да се обидат да ги вратат назад Хамас, наводно, држи до 150 луѓе како заложници, вклучувајќи деца и постари лица. Земјите-членки на Арапската лига повикаа вчера на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа. На вонредниот состанок во Каиро во средата, министрите за надворешни работи на 22-те земји предупредија и на „катастрофалните“ хуманитарни и безбедносни последици од интензивирањето на конфликтот. Во завршната изјава на состанокот на Арапската лига се вели дека е неопходно заживување на мировниот процес и „отпочнување сериозни преговори меѓу Палестинската ослободителна организација (ПЛО), како единствен легитимен претставник на Палестинците, и Израел, за да се постигне фер и сеопфатен мир“.

The post Нетанјаху: Секој член на Хамас е мртов човек appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху на пат повторно да биде премиер на Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/netanjahu-na-pat-povtorno-da-bide-premier-na-izrael-2/ Wed, 02 Nov 2022 09:14:50 +0000 https://republika.mk/?p=568619

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници ултра-националистички и верски партии се на пат да обезбедат стабилно мнозинство во парламентот (Кнесет), покажуваат резултатите од преброени повеќе од две третини од гласачките ливчиња.

Гласовите сè уште се пребројуваат, но доколку се точни прелиминарните показатели, Израел ќе има една од најдесничарските влади во својата историја со оглед на добриот резултат на вчерашните парламентарни избори на ултранационалистичката Верска партија, чии членови се познати по својата антиарапска и анти-ЛГБТК реторика.

Првичните резултати укажуваат на свртување кон десно на израелските гласачи, што дополнително ги намалува надежите за мир со Палестинците и создава услови за можен конфликт со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и поддржувачите на Израел во таа земја, пренесе Бета.

Вчерашните избори беа петти во Израел за помалку од четири години, и како и претходните, главно се фокусираа на способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција.

Поддржувачите на Нетанјаху го сметаат за жртва на „лов на вештерки“, додека неговите противници го обвинуваат дека е закана за демократијата и измамник.

Гласовите се пребројуваа цела ноќ и до рано утринава се преброени 80 отсто од гласовите и се предвидува дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат повеќе од 61 пратеник потребни за формирање влада.

Изборната трка беше тесна како и секогаш, но навестува дека Нетанјаху (73) повторно ќе биде премиер со солидно мнозинство во 120-члениот Кнесет.

Дури и ако Нетанјаху и неговите сојузници победат, сепак ќе бидат потребни недели преговори за формирање коалициска влада. Не се исклучува ниту можноста за продолжување на политичкиот ќорсокак и нов изборен процес.

Говорејќи во Ерусалим среде ноќ, Нетанјаху апелираше до поддржувачите да бидат трпеливи и рече дека тој и неговата конзервативна партија Ликуд се „на работ на голема победа“.

Можеби поради страв дека арапските гласачи би можеле да го спречат да победи, Нетанјаху на Твитер објави обвиненија за насилство и нерегуларности на арапските избирачки места, но не обезбеди докази и Централната изборна комисија ги отфрли како неосновани гласини. Нетанјаху подоцна побара изборите да бидат беспрекорни затоа што тоа е основата на демократијата.

Арапите сочинуваат 20 отсто од населението во Израел и беа клучен фактор за блокирање на Нетанјаху на претходните избори. Овојпат нивните гласови беа поделени меѓу три различни партии и секоја се соочуваше со опасност да не го помине изборниот праг.

Нетанјаху најдолго беше премиер во историјата на Израел, 12 последователни години и вкупно 15 години, пред да биде сменет минатата година од коалицијата предводена од лидерот на центристичката партија Јеш Атид (Има иднина) и националист, лидерот на партијата Јамина, Нафтали Бенет.

Во таа коалиција, во која беше вклучена мала арапска партија за првпат во историјата на Израел, избувнаа недоразбирања и таа се распадна по само една година на власт.

Партиите кои беа во неа се очекува да освојат околу 50 пратенички мандати, судејќи според првичните резултати.

Обраќајќи им се на приврзаниците рано утринава, Лапид (58) рече дека трката не е одлучена додека не се преброи последниот глас.

Трета по партиите на Нетанјаху и Лапид, е партијата Верси ционизам на ултрадесничарскиот политичар Итамар Бен-Гвир, која синоќа славеше во Ерусалим веејќи израелски знамиња.

Бен-Гвир е следбеник на расистичкиот рабин Меир Кахане чија партија беше забранета и прогласена за терористичка група во САД. Тој беше убиен во Њујорк во 1990 година.

Кахане повикаше на забрана на мешани бракови меѓу Арапи и Евреи, одземање на израелското државјанство на Арапите и протерување на голем број Палестинци.

За разлика од Кахане, Бен-Гвир е еден од најпопуларните израелски политичари и често се појавува во медиумите и повикува на поостар однос кон Палестинците.

Негови најголеми поддржувачи се младите ултраортодоксни Евреи, а живее на Западниот Брег и е поддржувач на проширувањето на еврејските населби, а своите арапски колеги во парламентот ги опишува како терористи.

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех го нарече растот на израелската ултрадесница „природен резултат на растечките манифестации на екстремизам и расизам во израелското општество“.

Сепак, не се исклучува можноста Нетанјаху, доколку добие задача да формира нова влада од претседателот на Израел Исак Херцог, да бара други коалициски партнери.

Но, тоа не би му било лесно бидејќи неговите противници велеа дека никогаш нема да бидат со него во владата.

Се предвидува дека Ликуд на Нетанјаху ќе биде најголема партија со 31 пратеник, а Лапид ќе има од 22 до 24 пратенички мандати.

The post Нетанјаху на пат повторно да биде премиер на Израел appeared first on Република.

]]>

Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите сојузници ултра-националистички и верски партии се на пат да обезбедат стабилно мнозинство во парламентот (Кнесет), покажуваат резултатите од преброени повеќе од две третини од гласачките ливчиња. Гласовите сè уште се пребројуваат, но доколку се точни прелиминарните показатели, Израел ќе има една од најдесничарските влади во својата историја со оглед на добриот резултат на вчерашните парламентарни избори на ултранационалистичката Верска партија, чии членови се познати по својата антиарапска и анти-ЛГБТК реторика. Првичните резултати укажуваат на свртување кон десно на израелските гласачи, што дополнително ги намалува надежите за мир со Палестинците и создава услови за можен конфликт со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и поддржувачите на Израел во таа земја, пренесе Бета. Вчерашните избори беа петти во Израел за помалку од четири години, и како и претходните, главно се фокусираа на способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција. Поддржувачите на Нетанјаху го сметаат за жртва на „лов на вештерки“, додека неговите противници го обвинуваат дека е закана за демократијата и измамник. Гласовите се пребројуваа цела ноќ и до рано утринава се преброени 80 отсто од гласовите и се предвидува дека Нетанјаху и неговите сојузници ќе имаат повеќе од 61 пратеник потребни за формирање влада. Изборната трка беше тесна како и секогаш, но навестува дека Нетанјаху (73) повторно ќе биде премиер со солидно мнозинство во 120-члениот Кнесет. Дури и ако Нетанјаху и неговите сојузници победат, сепак ќе бидат потребни недели преговори за формирање коалициска влада. Не се исклучува ниту можноста за продолжување на политичкиот ќорсокак и нов изборен процес. Говорејќи во Ерусалим среде ноќ, Нетанјаху апелираше до поддржувачите да бидат трпеливи и рече дека тој и неговата конзервативна партија Ликуд се „на работ на голема победа“. Можеби поради страв дека арапските гласачи би можеле да го спречат да победи, Нетанјаху на Твитер објави обвиненија за насилство и нерегуларности на арапските избирачки места, но не обезбеди докази и Централната изборна комисија ги отфрли како неосновани гласини. Нетанјаху подоцна побара изборите да бидат беспрекорни затоа што тоа е основата на демократијата. Арапите сочинуваат 20 отсто од населението во Израел и беа клучен фактор за блокирање на Нетанјаху на претходните избори. Овојпат нивните гласови беа поделени меѓу три различни партии и секоја се соочуваше со опасност да не го помине изборниот праг. Нетанјаху најдолго беше премиер во историјата на Израел, 12 последователни години и вкупно 15 години, пред да биде сменет минатата година од коалицијата предводена од лидерот на центристичката партија Јеш Атид (Има иднина) и националист, лидерот на партијата Јамина, Нафтали Бенет. Во таа коалиција, во која беше вклучена мала арапска партија за првпат во историјата на Израел, избувнаа недоразбирања и таа се распадна по само една година на власт. Партиите кои беа во неа се очекува да освојат околу 50 пратенички мандати, судејќи според првичните резултати. Обраќајќи им се на приврзаниците рано утринава, Лапид (58) рече дека трката не е одлучена додека не се преброи последниот глас. Трета по партиите на Нетанјаху и Лапид, е партијата Верси ционизам на ултрадесничарскиот политичар Итамар Бен-Гвир, која синоќа славеше во Ерусалим веејќи израелски знамиња. Бен-Гвир е следбеник на расистичкиот рабин Меир Кахане чија партија беше забранета и прогласена за терористичка група во САД. Тој беше убиен во Њујорк во 1990 година. Кахане повикаше на забрана на мешани бракови меѓу Арапи и Евреи, одземање на израелското државјанство на Арапите и протерување на голем број Палестинци. За разлика од Кахане, Бен-Гвир е еден од најпопуларните израелски политичари и често се појавува во медиумите и повикува на поостар однос кон Палестинците. Негови најголеми поддржувачи се младите ултраортодоксни Евреи, а живее на Западниот Брег и е поддржувач на проширувањето на еврејските населби, а своите арапски колеги во парламентот ги опишува како терористи. Палестинскиот премиер Мухамед Штајех го нарече растот на израелската ултрадесница „природен резултат на растечките манифестации на екстремизам и расизам во израелското општество“. Сепак, не се исклучува можноста Нетанјаху, доколку добие задача да формира нова влада од претседателот на Израел Исак Херцог, да бара други коалициски партнери. Но, тоа не би му било лесно бидејќи неговите противници велеа дека никогаш нема да бидат со него во владата. Се предвидува дека Ликуд на Нетанјаху ќе биде најголема партија со 31 пратеник, а Лапид ќе има од 22 до 24 пратенички мандати.

The post Нетанјаху на пат повторно да биде премиер на Израел appeared first on Република.

]]>
Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skandal-vo-izrael-policijata-nelegalno-gi-shpionirala-sorabotnicite-na-netanjahu/ Mon, 07 Feb 2022 22:35:10 +0000 https://republika.mk/?p=455432

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.

Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.

Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.

Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за полиција денеска изјави дека ќе формира државна истражна комисија откако израелски дневен весник објави дека полицијата незаконски користела шпионски софтвер против соработниците на поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Пегазус, алатка за хакирање на мобилни телефони произведена од израелската групација НСО, се користела за „собирање податоци дури и пред да се отвори каква било истрага против тие цели и без судски наредби“, објави Калкалист. Целта биле синот и двајцата помошници на поранешниот премиер, кому му се суди за корупција, потоа уште еден сообвинет и неколку очевидци, како и двајца поранешни функционери, пишува весникот.
Адвокатите на Нетанјаху бараат да се прекине постапката против него додека не се разјасни извештајот на Калкалист, а министерот за внатрешни работи Омер Барлев рече дека ќе формира истражна комисија за целосно да ги истражи наводите.
Нема да има такви пропусти под мојата палка“, рече тој.
Полицијата спроведува внатрешни истраги и одговара на прашања од парламентарните комисии откако Калкалист минатиот месец објавил дека нејзините истражители го користеле Пегазус против израелски граѓани, понекогаш без налог. Израелскиот премиер Нафтали Бенет немал коментар, но најмалку тројца министри повикале на независна истрага, како и Синдикатот на новинарите. Претседателот Исак Херцог, исто така, изразил загриженост и повика на темелна истрага, објави Тајмс оф Израел

The post Скандал во Израел: Полицијата нелегално ги шпионирала соработниците на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>