неспособна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nesposobna/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Aug 2024 08:48:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неспособна Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nesposobna/ 32 32 Арсовска е единица мерка за неспособност, наместо метропола Скопје го претвори во депонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovska-e-edinitsa-merka-za-nesposobnost-namesto-metropola-skopje-go-pretvori-vo-deponija/ Wed, 14 Aug 2024 08:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=806394

Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа.

Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица.

Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.

Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа, додаваат од партијата.

 

The post Арсовска е единица мерка за неспособност, наместо метропола Скопје го претвори во депонија appeared first on Република.

]]>

Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута, и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за пироманство, а СДС и гласа буџет во совет, истиот тој со кој раководат кадри на Левица во неколку скопски институции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Покрај лажното високо мислење за себе, соочувањето со реалноста се виде на последните избори кога поддршката на градоначалничката Арсовска беше на ниво на статистичка грешка кога и домашните не ја гласаа. Скопје е нечисто не поради некаква неизгласана програма туку поради некадарноста, криминогеноста и подлоста на Данела Арсовска која добива поддршка од СДС, Дуи и Левица. Додека Данела Арсовска менува директори секојдневно, а веруваме дека имињата ниту самата не ги памети, треба да се знае дека Градот Скопје го претвори во депонија затоа што фокусот не и е чистотата туку провизиите.
Сите одговорности и надлежности се во рацете на Арсовска. Наместо да бара кривици нека се зафати со работа, додаваат од партијата.  

The post Арсовска е единица мерка за неспособност, наместо метропола Скопје го претвори во депонија appeared first on Република.

]]>
Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-gragani-smetaat-deka-vlasta-e-nesposobna-da-gi-reshi-aktuelnite-problemi/ Sat, 07 Oct 2023 15:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=688964

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија.

Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции.

Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија.

Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија.

Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум.

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>

Во однос на актуелните прашања, како на пример скандалот во Клиниката за онкологија, проблемите со учебниците, измените во Кривичниот законик, уставните измени… македонските граѓани немаат доверба во тоа како власта ги разрешува овие проблеми. Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк. Над 60% од испитаниците сметаат дека надлежните органи не ја водат професионално и одговорно истрагата за случајот во Клиниката за онкологија. Повеќе од половина од испитаниците (60%) сметаат дека недостигот на учебници во училиштата се должи на неодговорноста на надлежните институции. Речиси половина од испитаниците (49%) сметаат дека измените во Кривичниот законик се направени со цел да се минимизираат казните за политичарите од сегашната власт во врска со постоечки или идни можни обвиненија. Две третини од испитаниците не ги одобруваат честите измени во Уставот и не го оправдуваат начинот на кој беше направена уставната измена за промена на името на Македонија. Речиси исто толку испитаници (65%) сметаат дека за секоја уставна измена треба да се одлучува преку референдум. Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%.. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година. извор: МКД.мк

The post Македонските граѓани сметаат дека власта е неспособна да ги реши актуелните проблеми appeared first on Република.

]]>