нешвил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neshvil/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 06:48:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нешвил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neshvil/ 32 32 „Кенди“ е избрана за најдобра претставата на „Нешвил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kendi-e-izbrana-za-najdobra-pretstavata-na-neshvil/ Thu, 15 Aug 2024 06:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=806645

Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска е прогласена за најдобра на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија, соопшти Театар „Златен Елец“.

Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, пое изгледани шест претстави во натпреварувачката програма, донесе едногласна одлука - наградата за најдобра претстава подеднакво да им биде доделена на продукциите „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска на театарот „Златен Елец“ (Македонија) и „Големиот спектакл на крајот на светот“ на театарот „Ен Вол“ (Сардинија, Италија).

Наградата за најдобро користена музика и припадна на претставата „Other People's Shoes (A Place Where Empathy Lives)“, британско-српска копродукција.

Претставата „Кенди“ се издвои по својата вистинитост која дава надеж во можностите на современиот театар, особено затоа што ја создадоа млади актери чија енергија е невообичаено разорна, посветена и заразна. Повремено ја преминуваат границата меѓу изведувач и гледач, вовлекувајќи не во просторот на играта, што нè прави посвесна, поангажирана публика, а тоа е особено важно бидејќи се работи за општествено важна и чувствителна тема. Музиката на Лука Тошев, која се изведува во живо, има деликатен интензитет, смисла за контраст, го зачувува просторот безбеден, со неизвалканата убавина во пеколот на зависноста, со која оваа претстава критички се занимава, се наведува во образложението на жирито.

Ова е трета награда за „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претходно претставата ги освои наградите „Бранко Ѓорчев“ на истоимениот фестивал за дуодрама во Неготино и „Биш“ на фестивалот „Млад Отворен Театар“ во Скопје.

Во претставата играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, музиката е на Лука Тошев.

Фото: Театар „Златен Елец“

The post „Кенди“ е избрана за најдобра претставата на „Нешвил“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска е прогласена за најдобра на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија, соопшти Театар „Златен Елец“. Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, пое изгледани шест претстави во натпреварувачката програма, донесе едногласна одлука - наградата за најдобра претстава подеднакво да им биде доделена на продукциите „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска на театарот „Златен Елец“ (Македонија) и „Големиот спектакл на крајот на светот“ на театарот „Ен Вол“ (Сардинија, Италија). Наградата за најдобро користена музика и припадна на претставата „Other People's Shoes (A Place Where Empathy Lives)“, британско-српска копродукција.
Претставата „Кенди“ се издвои по својата вистинитост која дава надеж во можностите на современиот театар, особено затоа што ја создадоа млади актери чија енергија е невообичаено разорна, посветена и заразна. Повремено ја преминуваат границата меѓу изведувач и гледач, вовлекувајќи не во просторот на играта, што нè прави посвесна, поангажирана публика, а тоа е особено важно бидејќи се работи за општествено важна и чувствителна тема. Музиката на Лука Тошев, која се изведува во живо, има деликатен интензитет, смисла за контраст, го зачувува просторот безбеден, со неизвалканата убавина во пеколот на зависноста, со која оваа претстава критички се занимава, се наведува во образложението на жирито.
Ова е трета награда за „Кенди“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Претходно претставата ги освои наградите „Бранко Ѓорчев“ на истоимениот фестивал за дуодрама во Неготино и „Биш“ на фестивалот „Млад Отворен Театар“ во Скопје. Во претставата играат актерите Бобан Алексоски и Лео Поповиќ, музиката е на Лука Тошев. Фото: Театар „Златен Елец“  

The post „Кенди“ е избрана за најдобра претставата на „Нешвил“ appeared first on Република.

]]>
Работник со селотејп го лепи крилото на авионот пред полетување, патниците во шок https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rabotnik-so-selotejp-go-lepi-kriloto-na-avionot-pred-poletuvane-patnitsite-vo-shok/ Tue, 09 May 2023 09:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=638662

На ТикТок се појави видео на кое се гледа како работник врши одржување на левото крило на авионот пред самото полетувањето на меѓународниот аеродром во Нешвил додека патниците ја гледале сцената од внатрешноста на авионот.

Причина поради која повеќе не летам. Не ми е гајле дали е авионска лента или не, фактот дека треба да се залепи авион и тоа го правите додека луѓето се во авионот е збунувачки“, се слуша како коментира човекот кој го снимил видеото.

На ваквото видео корисникот доби одговор дека лентата се вика „Speed ​​​​Tape“ и дека се користи за мали поправки на авиони.

Секоја авиокомпанија го користи. „Јас сум механичар на авиони и секоја авиокомпанија користи „Speed ​​Tape“ на авионите. И да, мораме редовно да ја применуваме после секој лет. Секоја авиокомпанија го користи бејби“, е коментарот што годобина  видеото кое е прегледано над 1,6 милиони пати.

The post Работник со селотејп го лепи крилото на авионот пред полетување, патниците во шок appeared first on Република.

Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tri-detsa-mrtvi-vo-pukane-vo-hristijansko-uchilishte-vo-neshvil/ Mon, 27 Mar 2023 19:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=624392

Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси.

Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер.

Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“.

Пукањето се случило во училиштето Ковенант.

Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни.

Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

The post Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил appeared first on Република.

]]>

Осомниченото лице кое денеска изутринава отвори оган во приватно христијанско училиште во Нешвил е мртво, соопштија официјални лица од овој град во Тенеси. Како што објави Њујорк тајмс денеска, тешко вооружена жена убила шест лица, вклучувајќи три деца. Таа потоа била убиена од полицијата. Тоа го потврди полицијата на Метро Нешвил во објава на Твитер. Противпожарната служба на Нешвил на Твитер објави дека има „повеќе повредени“. Пукањето се случило во училиштето Ковенант. Противпожарната служба соопшти дека одговориле на „активен агресор“, но не дадоа никакви детали. Други детали за пукањето засега не се достапни. Во училиштето Ковенант имало околу 200 ученици од предучилишна до шесто одделение и било основано од Презвитеријанската црква во 2001 година, според веб-страницата на училиштето.

The post Три деца мртви во пукање во христијанско училиште во Нешвил appeared first on Република.

]]>