нешто конкретно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neshto-konkretno/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 10:19:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нешто конкретно Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neshto-konkretno/ 32 32 Кристина Димитри за поранешниот сопруг Кајмакоски: Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле… https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kristina-dimitri-za-poraneshniot-soprug-kajmakoski-tele-se-uchi-ama-koga-ke-porasne-toa-tele/ Fri, 08 Nov 2024 10:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=835438

Во првата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно“, една од гостите беше и поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски, Кристина Димитри, за кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:

Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле тешко!, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè.

Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде:„Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат“.

https://youtu.be/kS-AJ1ILrLE?si=RP92gcG7oH45Gefx

Во емисијата чија тема беше дали да се врати воениот рок гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и генералот Стојанче Ангелов.

 

The post Кристина Димитри за поранешниот сопруг Кајмакоски: Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле… appeared first on Република.

]]>

Во првата епизода од новата сезона на „Нешто конкретно“, една од гостите беше и поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски, Кристина Димитри, за кого и јавно зборуваше дека не е во добри односи, па во емисијата на прашањето од водителката дали жената или мајката треба да го научи машкото да стане вистински маж одговори:
Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле тешко!, алудирајќи на тоа дека од дома доаѓа сè.
Продолжувајќи го разговорот таа образложи и дека не верува во тоа ако нејзиниот поранешен би бил во војска дека би се променил и додаде:„Јас го препуштив во друго школо таму нека го учат“. https://youtu.be/kS-AJ1ILrLE?si=RP92gcG7oH45Gefx Во емисијата чија тема беше дали да се врати воениот рок гости беа и Гораст Цветковски, Владимир Четкар и генералот Стојанче Ангелов.  

The post Кристина Димитри за поранешниот сопруг Кајмакоски: Теле се учи ама кога ќе порасне тоа теле… appeared first on Република.

]]>
Пере Нокаут: Кај мене дома до сега преспале неколку зетчиња https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/pere-nokaut-kaj-mene-doma-do-sega-prespale-nekolku-zetchina/ Thu, 30 May 2024 13:41:26 +0000 https://republika.mk/?p=783147

Во новото издание на „Нешто конкретно“ гостите Никола Перевски Пере, Кристијан Станковски Бомбакис, Иван Јованов и Филип Пешевски со водителката Снеже Велков разговараа за тоа што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило?

Филип Пешевски за себе ќе каже дека е веле-мајстор затоа што син има, а за еден месец ја чека и ќеркичката.

Пере, кој има четири прекрасни девојчиња, зборува дека енергијата што ја добива од сите нив е фантастична. Како најубави моменти од својот живот тој ги опиша моментите на доаѓањето на неговите деца на овој свет.

Бомбакис се уште се нема навикнато дека е татко, тој е тазе во оваа улога и вели дека ќе се навикне на тоа само кога ќе ја слушне ќеркичката да му рече тато. Ќерката ја крстил Бисера по истоимената песна по негова желба, неговата тогашна девојка, сега сопруга, била свесна дека нема отстапување за името.

Иван Јованов е благодарен што неговата желба првото дете да биде женско му се оствари, таа се вика Ниа, а пејачот најави дека ќе оди на три деца.

 

https://youtu.be/Dv1cgCCeegc?si=xpMYHY0KG_JUcbkW.

The post Пере Нокаут: Кај мене дома до сега преспале неколку зетчиња appeared first on Република.

]]>

Во новото издание на „Нешто конкретно“ гостите Никола Перевски Пере, Кристијан Станковски Бомбакис, Иван Јованов и Филип Пешевски со водителката Снеже Велков разговараа за тоа што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило? Филип Пешевски за себе ќе каже дека е веле-мајстор затоа што син има, а за еден месец ја чека и ќеркичката. Пере, кој има четири прекрасни девојчиња, зборува дека енергијата што ја добива од сите нив е фантастична. Како најубави моменти од својот живот тој ги опиша моментите на доаѓањето на неговите деца на овој свет. Бомбакис се уште се нема навикнато дека е татко, тој е тазе во оваа улога и вели дека ќе се навикне на тоа само кога ќе ја слушне ќеркичката да му рече тато. Ќерката ја крстил Бисера по истоимената песна по негова желба, неговата тогашна девојка, сега сопруга, била свесна дека нема отстапување за името. Иван Јованов е благодарен што неговата желба првото дете да биде женско му се оствари, таа се вика Ниа, а пејачот најави дека ќе оди на три деца.   https://youtu.be/Dv1cgCCeegc?si=xpMYHY0KG_JUcbkW.

The post Пере Нокаут: Кај мене дома до сега преспале неколку зетчиња appeared first on Република.

]]>
Агнеса Органџиева: Со Зоки Фаци бевме неразделни, а сега сме… https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/agnesa-organdhieva-so-zoki-fatsi-bevme-nerazdelni-a-sega-sme/ Mon, 20 May 2024 17:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=780244

Дали мажите денес станаа по жени од жените, а жените почнаа да се однесуваат како мажите во својата најлоша форма? Заборавија ли жените на својата женственост па потребата од рамноправност ја претворија во потреба од доминација, дрскост и непристојност? Од друга страна се повлекоа ли мажите пред чудовишниот феминизам и дозволија таканаречена општествена кастрација?Дали можеби знете дек се почесто се инсистира мажите да уринираат седнати?

Стастиките велат дека во однос на мажите од 80 години денешниве имаат за 17% помалку тестостерон и дури за 20% им е послаб стисокот на раката.

Дали жената во вистинската смисла на зборот со сета своја нежност, кревкост, убавина и мудрост е врста на исчезнување и дали вистинскиот маж со сета негова моќ на заштитник, хранител и столб на семејството е сериозно загрозен вид?

Дали е дојдено времето на жени со тестиси и мажи со тампони? Снеже Велков овие прашања ќе им ги постави на Маја Вукичевиќ, Маја Поцевска, Агнеса Органџиева и Петар Камиказа.

https://youtu.be/Fjn-92XzrZ8?si=sQ2sPUePlVTSzzh2

The post Агнеса Органџиева: Со Зоки Фаци бевме неразделни, а сега сме… appeared first on Република.

]]>

Дали мажите денес станаа по жени од жените, а жените почнаа да се однесуваат како мажите во својата најлоша форма? Заборавија ли жените на својата женственост па потребата од рамноправност ја претворија во потреба од доминација, дрскост и непристојност? Од друга страна се повлекоа ли мажите пред чудовишниот феминизам и дозволија таканаречена општествена кастрација?Дали можеби знете дек се почесто се инсистира мажите да уринираат седнати? Стастиките велат дека во однос на мажите од 80 години денешниве имаат за 17% помалку тестостерон и дури за 20% им е послаб стисокот на раката. Дали жената во вистинската смисла на зборот со сета своја нежност, кревкост, убавина и мудрост е врста на исчезнување и дали вистинскиот маж со сета негова моќ на заштитник, хранител и столб на семејството е сериозно загрозен вид? Дали е дојдено времето на жени со тестиси и мажи со тампони? Снеже Велков овие прашања ќе им ги постави на Маја Вукичевиќ, Маја Поцевска, Агнеса Органџиева и Петар Камиказа. https://youtu.be/Fjn-92XzrZ8?si=sQ2sPUePlVTSzzh2

The post Агнеса Органџиева: Со Зоки Фаци бевме неразделни, а сега сме… appeared first on Република.

]]>
Отец Бобан: Луѓето веруваат дека ако свештеник ти го пресече патот, ќе те прати лоша среќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otets-boban-lugeto-veruvaat-deka-ako-sveshtenik-ti-go-preseche-patot-ke-te-prati-losha-sreka/ Mon, 22 Apr 2024 11:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=769268

Во новото издание од „Нешто конкретно“, со оглед на периодот во кој се наоѓаме и насекаде околу нас слушаме ветувања, на гостите им беше поставено прашањето во што да веруваме и дали ни остана нешто на кое можеме да се потпреме?

Војо Иванов, како претставник на оние што се дружат повеќе со животни отколку со луѓе, објаснува ошто поголема доверба во животното отколку во човекот, а друштво ќе му прават доц. Викторија Трајков, Ивона Јо и отец Бобан Митевски.

Според Иванов, не важи правилото ако ги сакаш животните автоматски си добар човек, а во вода, според неговото животно искуство, паднала и мислата дека ако животното сака некој човек значи тој е добар човек. Вели дека на децата посетители во Зоолошка градина, што се плашат од змиите, знае да им каже: „Доста се плашите од животни, плашете се од луѓе, луѓето знаат да глумат“.

Викторија Трајков, пак, верува дека битолчанка никогаш не може да стане скопјанка, вели „ние не се даваме, посебен вид сме што живееме на таа страна од Македонија“. Таа има поставено ѕид околу себе и не му верува секому, малкумина се оние што ја знаат вистинската Викторија, тврди дека затвореноста, односно одбранбениот ѕид што го поставила околу себе повеќе и помогнал во животот отколку што и наштетил.

Ивона Јо, исто така, тешко верува на луѓето, а таа лекција ја научила од професијата со која што се занимава. Таа повеќе би му поверувала на волк отколку на свој противник, простува само за себе, не за другите, затоа што само така го добива сопствениот мир, таа изјави дека дури откако им простила на сите почнала да го живее тој сопствен мир.

Отецот Бобан вели дека првиот контакт со човекот е важен за да знаеме дали може да му веруваме и да му се отвориме, но тоа не значи дека не можеме и да се излажеме со тој впечаток на доверба што наводно сме ја стекнале.

Тој открива и што мисли за суеверието дека ако свештеник ти го пресече патот, ќе те прати лоша среќа.

https://youtu.be/AGCOcBg10NA?si=k72Iy57VjLLKVf-3

The post Отец Бобан: Луѓето веруваат дека ако свештеник ти го пресече патот, ќе те прати лоша среќа appeared first on Република.

]]>

Во новото издание од „Нешто конкретно“, со оглед на периодот во кој се наоѓаме и насекаде околу нас слушаме ветувања, на гостите им беше поставено прашањето во што да веруваме и дали ни остана нешто на кое можеме да се потпреме? Војо Иванов, како претставник на оние што се дружат повеќе со животни отколку со луѓе, објаснува ошто поголема доверба во животното отколку во човекот, а друштво ќе му прават доц. Викторија Трајков, Ивона Јо и отец Бобан Митевски. Според Иванов, не важи правилото ако ги сакаш животните автоматски си добар човек, а во вода, според неговото животно искуство, паднала и мислата дека ако животното сака некој човек значи тој е добар човек. Вели дека на децата посетители во Зоолошка градина, што се плашат од змиите, знае да им каже: „Доста се плашите од животни, плашете се од луѓе, луѓето знаат да глумат“. Викторија Трајков, пак, верува дека битолчанка никогаш не може да стане скопјанка, вели „ние не се даваме, посебен вид сме што живееме на таа страна од Македонија“. Таа има поставено ѕид околу себе и не му верува секому, малкумина се оние што ја знаат вистинската Викторија, тврди дека затвореноста, односно одбранбениот ѕид што го поставила околу себе повеќе и помогнал во животот отколку што и наштетил. Ивона Јо, исто така, тешко верува на луѓето, а таа лекција ја научила од професијата со која што се занимава. Таа повеќе би му поверувала на волк отколку на свој противник, простува само за себе, не за другите, затоа што само така го добива сопствениот мир, таа изјави дека дури откако им простила на сите почнала да го живее тој сопствен мир. Отецот Бобан вели дека првиот контакт со човекот е важен за да знаеме дали може да му веруваме и да му се отвориме, но тоа не значи дека не можеме и да се излажеме со тој впечаток на доверба што наводно сме ја стекнале. Тој открива и што мисли за суеверието дека ако свештеник ти го пресече патот, ќе те прати лоша среќа. https://youtu.be/AGCOcBg10NA?si=k72Iy57VjLLKVf-3

The post Отец Бобан: Луѓето веруваат дека ако свештеник ти го пресече патот, ќе те прати лоша среќа appeared first on Република.

]]>
Дунавка за бившиот партнер: Не знаеше ни да ги избрише пораките што требаше да ги избрише https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/dunavka-za-bivshiot-partner-ne-znaeshe-ni-da-gi-izbrishe-porakite-shto-trebashe-da-gi-izbrishe/ Thu, 25 Jan 2024 14:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=736799

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме, дебатираат Дунавка Трифуновска, Ленин Јовановски, Наташа Малинкова како и Дарко Спејк во новото издание на „Нешто конкретно“.

Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели случката каде нејзината пријателка и ги отворила очите во врска со него. Таа ќе раскаже и во какви односи е со неа сега. Вели дека никогаш не е без партнер затоа што и љубовникот го смета како таков, а за злите јазици додаде „Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата“.

https://youtu.be/QgKSExt1dY0?si=LLuHcTqEOcrel9ZA

The post Дунавка за бившиот партнер: Не знаеше ни да ги избрише пораките што требаше да ги избрише appeared first on Република.

]]>

Дали во животот е поважно каков животен партнер ќе избереме или какви пријатели ќе имаме, дебатираат Дунавка Трифуновска, Ленин Јовановски, Наташа Малинкова како и Дарко Спејк во новото издание на „Нешто конкретно“. Според Дунавка Трифуновска, точно треба да се знае со кое чудовиште си во врска, таа зборуваше за претходниот партнер и издвои дека тој не знаел ниту да ги избрише пораките од телефонот што не требало да останат таму. Ја сподели случката каде нејзината пријателка и ги отворила очите во врска со него. Таа ќе раскаже и во какви односи е со неа сега. Вели дека никогаш не е без партнер затоа што и љубовникот го смета како таков, а за злите јазици додаде „Штом зборат лошо за мене знаеш дека ми се бивши, тоа е дијагнозата“. https://youtu.be/QgKSExt1dY0?si=LLuHcTqEOcrel9ZA

The post Дунавка за бившиот партнер: Не знаеше ни да ги избрише пораките што требаше да ги избрише appeared first on Република.

]]>
Џамбазов: Сè што изгубив на коцка вратив со „Гол човек“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/dhambazov-se-shto-izgubiv-na-kotska-vrativ-so-gol-chovek/ Wed, 10 Jan 2024 20:18:32 +0000 https://republika.mk/?p=731567

Во специјалното божикно издание на „Нешто конкретно“, Игор Џамбазов отворено зборуваше за карактерот, за животот, квалитетите и за делата на неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска, а за книгата „Гол човек“ призна дека му ги вратила сите пари што ги изгубил на коцка.

Раскажа и што сè му остана од големата љубов, која ја опиша како филмска.

Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст... и од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто, нашето беше баш како на филм - ние сме во најголема љубов ама нема да бидеме заедно, рече тој.

За себе смета дека е личност со најмалку хејтери во Македонија.

Кога можев да одам на одмор на Малдиви 4 месеца јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден, раскажа тој.

Најконструктивна критика во животот ја добива од својата мајка која му рекла: „Тоа што луѓето те познаваат на улица не значи дека си добар глумец“. Го послушал и советот на својот дедо да не се појавува во телевизиските проекти „Македонски приказни“, а неговиот татко ги избришал броевите на сите автори што не дошле на неговата промоција на книга.

https://youtu.be/LoHZ-VTeaTY?si=S6ZYUFLQfo6VtlZ6

 

The post Џамбазов: Сè што изгубив на коцка вратив со „Гол човек“ appeared first on Република.

]]>

Во специјалното божикно издание на „Нешто конкретно“, Игор Џамбазов отворено зборуваше за карактерот, за животот, квалитетите и за делата на неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска, а за книгата „Гол човек“ призна дека му ги вратила сите пари што ги изгубил на коцка. Раскажа и што сè му остана од големата љубов, која ја опиша како филмска.
Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст... и од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто, нашето беше баш како на филм - ние сме во најголема љубов ама нема да бидеме заедно, рече тој.
За себе смета дека е личност со најмалку хејтери во Македонија.
Кога можев да одам на одмор на Малдиви 4 месеца јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден, раскажа тој.
Најконструктивна критика во животот ја добива од својата мајка која му рекла: „Тоа што луѓето те познаваат на улица не значи дека си добар глумец“. Го послушал и советот на својот дедо да не се појавува во телевизиските проекти „Македонски приказни“, а неговиот татко ги избришал броевите на сите автори што не дошле на неговата промоција на книга. https://youtu.be/LoHZ-VTeaTY?si=S6ZYUFLQfo6VtlZ6  

The post Џамбазов: Сè што изгубив на коцка вратив со „Гол човек“ appeared first on Република.

]]>
Тони Зен: Некои луѓе имаат фаца за ќотек https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/toni-zen-nekoi-luge-imaat-fatsa-za-kotek/ Wed, 27 Dec 2023 14:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=727025

Дали новите генерации умеат да создадат вистинска музика или се работи турбо само за слава? Дали инфлуенсерите што се занимаваат со готвење навистина го сакаат и го прават тоа добро или се работи само за лајк? Новите генерации спроти оние повозрасните, поискусните, во новата епизода на „Нешто конкретно“ со Тони Зен, Иван Ајнштајн, Наде Молеровиќ и шеф Никола Мишковски. На кои им е полесно денеска со напреднатата технологија, на оние што ги фатија „двете времиња“ или оние што се родија заедно со паметните телефони?

Можеме ли да заклучиме дека новите генерации се понеинтелегентни од оние постарите? Тони Зен ќе каже дека не се сложува.

Инстинктот за преживување надвор и однос надвор човек со човек го немаат или тој респект го немаат, можеби се со главите наведнати или нема да каже респект добар ден, пријатно ова она, но може да направи некаква сонда и да не однесе некаде подалеку, не знам, рече тој и додаде дека нема ништо против вештачката интелегенција.

Од друга страна шеф Никола смета дека новото време не отупува, но некако се претопуваме.

Младиве кога ќе седнат не знаат што муабет да прават, ние го немавме тој проблем, рече тој.

Инфлуенсерот Иван Ајнштајн гордо раскажува дека неговите родители му признале оти за некои работи многу учат од него.

https://youtu.be/idTK4FCp0Do?si=VUaOP3rIyKG2PfJ5

The post Тони Зен: Некои луѓе имаат фаца за ќотек appeared first on Република.

]]>

Дали новите генерации умеат да создадат вистинска музика или се работи турбо само за слава? Дали инфлуенсерите што се занимаваат со готвење навистина го сакаат и го прават тоа добро или се работи само за лајк? Новите генерации спроти оние повозрасните, поискусните, во новата епизода на „Нешто конкретно“ со Тони Зен, Иван Ајнштајн, Наде Молеровиќ и шеф Никола Мишковски. На кои им е полесно денеска со напреднатата технологија, на оние што ги фатија „двете времиња“ или оние што се родија заедно со паметните телефони? Можеме ли да заклучиме дека новите генерации се понеинтелегентни од оние постарите? Тони Зен ќе каже дека не се сложува.
Инстинктот за преживување надвор и однос надвор човек со човек го немаат или тој респект го немаат, можеби се со главите наведнати или нема да каже респект добар ден, пријатно ова она, но може да направи некаква сонда и да не однесе некаде подалеку, не знам, рече тој и додаде дека нема ништо против вештачката интелегенција.
Од друга страна шеф Никола смета дека новото време не отупува, но некако се претопуваме.
Младиве кога ќе седнат не знаат што муабет да прават, ние го немавме тој проблем, рече тој.
Инфлуенсерот Иван Ајнштајн гордо раскажува дека неговите родители му признале оти за некои работи многу учат од него. https://youtu.be/idTK4FCp0Do?si=VUaOP3rIyKG2PfJ5

The post Тони Зен: Некои луѓе имаат фаца за ќотек appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Би им ги донирал тестисите на одредени мои колеги https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/maksim-dimitrievski-bi-im-gi-doniral-testisite-na-odredeni-moi-kolegi/ Tue, 12 Dec 2023 11:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=722135

Ако некогаш решам да бидам донатор на органи, моите тестиси ќе ги донирам на одредени колеги, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во најновата епизода на „Нешто конкретно“.

На темата „Што значи да си човек на место?“, покрај Димитриевски со водителката Снеже Велков коментираа и тенорот Благој Нацоски, докторката Татјана Гуржанова и актерот и музичар Давид Мука.

https://youtu.be/1cDLr20-jKI?si=j8Kh6BThCOTh0yBh

 

The post Максим Димитриевски: Би им ги донирал тестисите на одредени мои колеги appeared first on Република.

]]>

Ако некогаш решам да бидам донатор на органи, моите тестиси ќе ги донирам на одредени колеги, вели градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во најновата епизода на „Нешто конкретно“. На темата „Што значи да си човек на место?“, покрај Димитриевски со водителката Снеже Велков коментираа и тенорот Благој Нацоски, докторката Татјана Гуржанова и актерот и музичар Давид Мука. https://youtu.be/1cDLr20-jKI?si=j8Kh6BThCOTh0yBh  

The post Максим Димитриевски: Би им ги донирал тестисите на одредени мои колеги appeared first on Република.

]]>
Васко Тодоров: Ради Тошо Малерот мислеа дека и јас сум глуп https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/vasko-todorov-radi-tosho-malerot-mislea-deka-i-jas-sum-glup/ Wed, 15 Nov 2023 19:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=701615

Вера Јанковиќ, Васко Тодоров, Ани Малинкова и психологот Мирослав Пендаровски гостуваа во второто издание од новата сезона на „Нешто конкретно“. Темата беше „Самодоверба или самобендисаност“.

Пејачката Ани Малинкова рече дека толку се сака себеси што таа и по дома си се шета дотерана и средена, својата самодоверба не може и не сака да ја скрие.

Конкуренција во музичкиот свет кај нас не гледам, се уште не сум видела некоја на естрадата да ми дојде да речам е ова е јако, тоа е тоа, рече таа.

Дали Вера Јанковиќ им се лути на „Макфест“ за она што ѝ го сторија? Таа ќе каже не, сè уште е тука и достапна е за ако некогаш сакаат да ја позајмат.

Јас не се плашам од конкуренција, сакам да ја има за да видам до каде сум и што сум постигнала. Јас сум махер во се што работам, смета Јанковиќ.

Од друга страна мажите во студиото беа малку поскромни со своите изјави.

Васко Тодоровски во однос на својата работа со проектот К-15 изјави дека тоа што го направил е врвот, не може подобро.

Јас кога работам нешто го давам максимумот, значи ова што сте го виделе од мене е најдоброто, не можам подобро, рече тој и сподели случки од тоа време што можете да ги слушнете на спедниот линк:

https://www.youtube.com/watch?si=T4D9iriSLh2v-nHP&v=eJBiEfPe0Rs&feature=youtu.be

Гледајте ја емисијата и дознајте кој според психологот Пендаровски има најголема самодоверба од неговите соговорници па во коментари ве чекаме да ни кажете дали и вие се согласувате со него.

„Нешто конкретно“ со Снеже Велков се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот.

The post Васко Тодоров: Ради Тошо Малерот мислеа дека и јас сум глуп appeared first on Република.

]]>

Вера Јанковиќ, Васко Тодоров, Ани Малинкова и психологот Мирослав Пендаровски гостуваа во второто издание од новата сезона на „Нешто конкретно“. Темата беше „Самодоверба или самобендисаност“. Пејачката Ани Малинкова рече дека толку се сака себеси што таа и по дома си се шета дотерана и средена, својата самодоверба не може и не сака да ја скрие.
Конкуренција во музичкиот свет кај нас не гледам, се уште не сум видела некоја на естрадата да ми дојде да речам е ова е јако, тоа е тоа, рече таа.
Дали Вера Јанковиќ им се лути на „Макфест“ за она што ѝ го сторија? Таа ќе каже не, сè уште е тука и достапна е за ако некогаш сакаат да ја позајмат.
Јас не се плашам од конкуренција, сакам да ја има за да видам до каде сум и што сум постигнала. Јас сум махер во се што работам, смета Јанковиќ.
Од друга страна мажите во студиото беа малку поскромни со своите изјави. Васко Тодоровски во однос на својата работа со проектот К-15 изјави дека тоа што го направил е врвот, не може подобро.
Јас кога работам нешто го давам максимумот, значи ова што сте го виделе од мене е најдоброто, не можам подобро, рече тој и сподели случки од тоа време што можете да ги слушнете на спедниот линк:
https://www.youtube.com/watch?si=T4D9iriSLh2v-nHP&v=eJBiEfPe0Rs&feature=youtu.be Гледајте ја емисијата и дознајте кој според психологот Пендаровски има најголема самодоверба од неговите соговорници па во коментари ве чекаме да ни кажете дали и вие се согласувате со него. „Нешто конкретно“ со Снеже Велков се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот.

The post Васко Тодоров: Ради Тошо Малерот мислеа дека и јас сум глуп appeared first on Република.

]]>
Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/pochnuva-novata-sezona-na-neshto-konkretno-so-snezhe-velkov/ Fri, 03 Nov 2023 18:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=697930

Цевка има топ не е, брада има топ не е.
Што е тоа?

Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“

Со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете.

Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје, а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема - Колку вредиме? Па Снеже има „скап“ гости.

Новата сезона е и со нова најавна шпица.

https://www.youtube.com/watch?si=Uhbf6xrndY1a_8dn&v=PlqdKseEGHA&feature=youtu.be

Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.

 

The post Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков appeared first on Република.

]]>

Цевка има топ не е, брада има топ не е. Што е тоа? Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“
Со ваква гатанка почнува новата сезона од „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, доволно провокативна за да алудира на одговорот и доволно инспиративна за да ве натера да мислите. Токму каква што е и идејата на емисијата, да има провокативни теми кои ќе ве натераат да размислите да дискутирате ама на крајот и да се изнасмеете. Со оглед на почетокот во месец ноември, „Нешто конкретно“ се приклучува во кампањата за подигање на свеста за машко здравје, а Снеже апелира: Драги мажи одете превентивно и на лекар и на психолог за да ни бидете здрави и во снагата и во умот, а првата епизода почнува со тема - Колку вредиме? Па Снеже има „скап“ гости. Новата сезона е и со нова најавна шпица. https://www.youtube.com/watch?si=Uhbf6xrndY1a_8dn&v=PlqdKseEGHA&feature=youtu.be Сменет ли е концептот или се останува исто, дали можеби на Снеже и се придружи ко-водител за баланс на машко женска енергија? И најважно кој е одговорот на гатанката. Гледајте во недела, 17:20 часот на Телма.  

The post Почнува новата сезона на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков appeared first on Република.

]]>
Костадинов: Мечтаев да бидам пилот https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kostadinov-mechtaev-da-bidam-pilot/ Fri, 26 May 2023 17:24:11 +0000 https://republika.mk/?p=644726

Во „Нешто конкретно“ изминатава недела гости беа Кристина Арнаудова, Александар Јосифовски, Костадин Костадинов и Сања Васовиќ, кои ја дискутираа темата „Поддршка или критика - што нè тера повеќе да успееме?#.

Tие ни раскажаа што сакале да бидат како мали, па дознавме дека градоначалникот мечтаел да биде пилот, а пејачката многу сакала да работи во трафика. Таа од од мали нозе барала начин самата да стигне до спонзор за песна, албум и дали добива поддршка од најблиското семејство за она што го работи.

https://youtu.be/f5EXYFwt-cg

„Нешто конкретно“ се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.

The post Костадинов: Мечтаев да бидам пилот appeared first on Република.

]]>

Во „Нешто конкретно“ изминатава недела гости беа Кристина Арнаудова, Александар Јосифовски, Костадин Костадинов и Сања Васовиќ, кои ја дискутираа темата „Поддршка или критика - што нè тера повеќе да успееме?#. Tие ни раскажаа што сакале да бидат како мали, па дознавме дека градоначалникот мечтаел да биде пилот, а пејачката многу сакала да работи во трафика. Таа од од мали нозе барала начин самата да стигне до спонзор за песна, албум и дали добива поддршка од најблиското семејство за она што го работи. https://youtu.be/f5EXYFwt-cg „Нешто конкретно“ се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.

The post Костадинов: Мечтаев да бидам пилот appeared first on Република.

]]>
Александра Шијакоска: Сè од што се плашев ми се случи во овие 2-3 години, не ми остана место за страв https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/aleksandra-shijakoska-se-od-shto-se-plashev-mi-se-sluchi-vo-ovie-2-3-godini-ne-mi-ostana-mesto-za-strav/ Tue, 02 May 2023 14:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=636128

Во најновата емисија на „Нешто конкрено“ гостуваа некои нови клинци или припадниците на дигиталната ера. Раскажаа дали живеат во виртуелен свет или не, а кога ќе ви откријат и колкави се сумите што ги заработуваат преку своите профили на платформите ќе ги сфатите многу посериозно.

Александра Шијакоска, Ксеија Деспотовска, Александар Динев, Боби Трајковски и Давор Панчевски се ликови кои што на помладите генерации им се и тоа како познати, ја следат нивната работа, ги поддржуваат, а некои и сакаат да станат како нив.

Колку соучениците во еден клас можат да прифатат дека нивниот пријател преку ноќ станува познат со огромна публика и цврста поддршка? Тик-токерот Динев раскажа дека тоа не било баш лесно, напротив, тој откри дека е жртва на булинг во училиштето и оти често не сакал ни да ги посетува часовите од тие причини. Но тоа не е единствениот проблем со кој се соочил овој млад и талентиран тик-токер, имено, Александар се плаши да открие каде живее затоа што, како што вели, му се качувале по прозорци сакајќи да му наштетат.

Колку заработуваат овие млади таленти? Ако ја погледнавте емисијата, слушнавте дека нивните суми на почеток биле симболични, но затоа сега како веќе изградени интернет ликови тие можат да се пофалат со постови кои чинат и над 1.000 евра.

Шијакоска откри дека тајниот рецепт за нејзиниот успех како инфлуенсер е нејзината искреност, луѓето едноставно ја сакаат затоа што се претставува онаква каква што е, а додаде и дека не се доживува себеси како ѕвезда.

Ксенија Деспотовска можеби сега ја знаете како моден блогер, но во емисијата таа откри дека нејзините почетоци се всушност како јутјубер.

А кога сме кај јутјуберите, на гости го имавме најхуманиот. Имено, БОби Битбокс ни откри дека првите финансиски средства што ги заработил тој ги донирал за да се купи опрема на други млади луѓе што сакаат да се занимаваат со оваа работа, но немаат услови.

Давор открива на кој начин ги снима своите рецепти, како дошла идејата за името и кој ги јаде сите тие превкусни јадења што тој ги подготвува.

Емисијата можете да ја погледнете на нашиот канал на YouTube, а урнебесното Тик-ток видео што го снимивме сите заедно погледнете го на нашиот Инстаграм профил. „Нешто конкретно“ се емитува секоја недела од 17.00 часот на Телма.

The post Александра Шијакоска: Сè од што се плашев ми се случи во овие 2-3 години, не ми остана место за страв appeared first on Република.

]]>

Во најновата емисија на „Нешто конкрено“ гостуваа некои нови клинци или припадниците на дигиталната ера. Раскажаа дали живеат во виртуелен свет или не, а кога ќе ви откријат и колкави се сумите што ги заработуваат преку своите профили на платформите ќе ги сфатите многу посериозно. Александра Шијакоска, Ксеија Деспотовска, Александар Динев, Боби Трајковски и Давор Панчевски се ликови кои што на помладите генерации им се и тоа како познати, ја следат нивната работа, ги поддржуваат, а некои и сакаат да станат како нив. Колку соучениците во еден клас можат да прифатат дека нивниот пријател преку ноќ станува познат со огромна публика и цврста поддршка? Тик-токерот Динев раскажа дека тоа не било баш лесно, напротив, тој откри дека е жртва на булинг во училиштето и оти често не сакал ни да ги посетува часовите од тие причини. Но тоа не е единствениот проблем со кој се соочил овој млад и талентиран тик-токер, имено, Александар се плаши да открие каде живее затоа што, како што вели, му се качувале по прозорци сакајќи да му наштетат. Колку заработуваат овие млади таленти? Ако ја погледнавте емисијата, слушнавте дека нивните суми на почеток биле симболични, но затоа сега како веќе изградени интернет ликови тие можат да се пофалат со постови кои чинат и над 1.000 евра. Шијакоска откри дека тајниот рецепт за нејзиниот успех како инфлуенсер е нејзината искреност, луѓето едноставно ја сакаат затоа што се претставува онаква каква што е, а додаде и дека не се доживува себеси како ѕвезда. Ксенија Деспотовска можеби сега ја знаете како моден блогер, но во емисијата таа откри дека нејзините почетоци се всушност како јутјубер. А кога сме кај јутјуберите, на гости го имавме најхуманиот. Имено, БОби Битбокс ни откри дека првите финансиски средства што ги заработил тој ги донирал за да се купи опрема на други млади луѓе што сакаат да се занимаваат со оваа работа, но немаат услови. Давор открива на кој начин ги снима своите рецепти, како дошла идејата за името и кој ги јаде сите тие превкусни јадења што тој ги подготвува. Емисијата можете да ја погледнете на нашиот канал на YouTube, а урнебесното Тик-ток видео што го снимивме сите заедно погледнете го на нашиот Инстаграм профил. „Нешто конкретно“ се емитува секоја недела од 17.00 часот на Телма.

The post Александра Шијакоска: Сè од што се плашев ми се случи во овие 2-3 години, не ми остана место за страв appeared first on Република.

]]>
Агнеса Органџиева: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/agnesa-organdhieva-jas-zarabotuvam-od-toa-shto-me-ogovaraat-si-go-polnam-dhepcheto-a-nishto-ne-pravam/ Wed, 26 Apr 2023 16:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=634309

Во новото издание на „Нешто конкретно“ тема е озборувањето, a гостуваат Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов.

Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша. Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов.

Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат.

Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста.

Фотографот Дарио Јанковиќ првпат зборуваше за политичарот кој што за него зборувал дека е хомосексуалец.

Немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така, искрено говореше Јанковиќ.

https://youtu.be/czlfVR-vvNU

The post Агнеса Органџиева: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам appeared first on Република.

]]>

Во новото издание на „Нешто конкретно“ тема е озборувањето, a гостуваат Нора Шаќири Марковиќ, Агнеса Органџиева, фотографот Дарио Јанковиќ и адвокатот Тале Арсов. Нора сподели дека еден од нашите новинари ја направил поранешна девојка на Здравко Чолиќ, а трачот станал толку голем што стигнал до Србија, па Нора лично му се претставила на пејачот и се пошегувала со него дека таа е неговата бивша. Но не сите трачеви можат да бидат прифатени како шега, кога ќе почне да се споменува фамилија, деца тогаш работите стануваат посериозни, а колку често нашите сограѓани тргнуваат правно да ги решат ваквите проблеми ни раскажа адвокатот Тале Арсов. Од друга страна, Агнеса не се потресува многу кога ја озборуваат.
Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам, истакна таа и додаде дека за неа можат што сакаат да зборуваат, но децата не смеат да и ги стават во уста.
Фотографот Дарио Јанковиќ првпат зборуваше за политичарот кој што за него зборувал дека е хомосексуалец.
Немам ништо против таа популација, но не сакам за мене да се зборува така, не сум имал потреба да се правдам и да се докажувам дека не сум геј, но ми смета за мене да зборуваат така, искрено говореше Јанковиќ.
https://youtu.be/czlfVR-vvNU

The post Агнеса Органџиева: Јас заработувам од тоа што ме оговараат, си го полнам џепчето, а ништо не правам appeared first on Република.

]]>
Борко Ристовски: Ако ми кажат дека ме изневерила одам дома и мењам брава https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/borko-ristovski-ako-mi-kazhat-deka-me-izneverila-odam-doma-i-menam-brava/ Tue, 18 Apr 2023 15:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=631828

Велигденското издание на „Нешто конкретно“ го одбележаа тројца музичари и еден спортист, а зборуваа на тема „пријатели“. Колку вистински пријатели можеме да имаме во денешницава, дали е вистина дека тие веќе не може да се избројат ниту на две раце, одговорите ќе ги добиеме од Бојана Скендеровски, Борко Ристовски, Иван Јованов од Либеро бенд и Марјан Мац Петровски познат како диџеј Матс. Кога на нашите гости им дадовме задача на велигденските јајца да ги нацртаат своите пријатели не требаше многу да се мислат кој да биде тоа затоа што, како што и самите кажаа, вистинските пријатели се ретки и ги нема многу на број.

Иван беше прашан дали има пријатели што ги нема, а тој одговори дека пријателите ги нема ги изгубил во незгода и додаде дека со никого во животот не се скарал па ниту со најголемите душмани.

Бојана издвои случка во која била сведок на оговарање на нејзина пријателка во маркет, но не останала должна, како вистински пријател таа ги засрамила оние што озборувале, целата случка раскажана од неа погледнете ја во епизодата која веќе е достапна на нашиот YouTube канал.

Што е со неверствата? Како тие ги доживуваат истите и што прават откако ќе дознаат за тоа?

Дознајте дали алкохолот оди со музиката и спортот кога тие ти се професија; кој е најдобар во кршење велигденски јајца; зошто мажот секогаш мора да ја плаќа сметката во ресторан... гледајте ја најновата епизода и следете не на социјалните мрежи каде заедно ќе ги коментираме овие теми

https://www.youtube.com/watch?v=TfMVbfLSIew&t=17s

The post Борко Ристовски: Ако ми кажат дека ме изневерила одам дома и мењам брава appeared first on Република.

]]>

Велигденското издание на „Нешто конкретно“ го одбележаа тројца музичари и еден спортист, а зборуваа на тема „пријатели“. Колку вистински пријатели можеме да имаме во денешницава, дали е вистина дека тие веќе не може да се избројат ниту на две раце, одговорите ќе ги добиеме од Бојана Скендеровски, Борко Ристовски, Иван Јованов од Либеро бенд и Марјан Мац Петровски познат како диџеј Матс. Кога на нашите гости им дадовме задача на велигденските јајца да ги нацртаат своите пријатели не требаше многу да се мислат кој да биде тоа затоа што, како што и самите кажаа, вистинските пријатели се ретки и ги нема многу на број. Иван беше прашан дали има пријатели што ги нема, а тој одговори дека пријателите ги нема ги изгубил во незгода и додаде дека со никого во животот не се скарал па ниту со најголемите душмани. Бојана издвои случка во која била сведок на оговарање на нејзина пријателка во маркет, но не останала должна, како вистински пријател таа ги засрамила оние што озборувале, целата случка раскажана од неа погледнете ја во епизодата која веќе е достапна на нашиот YouTube канал. Што е со неверствата? Како тие ги доживуваат истите и што прават откако ќе дознаат за тоа? Дознајте дали алкохолот оди со музиката и спортот кога тие ти се професија; кој е најдобар во кршење велигденски јајца; зошто мажот секогаш мора да ја плаќа сметката во ресторан... гледајте ја најновата епизода и следете не на социјалните мрежи каде заедно ќе ги коментираме овие теми https://www.youtube.com/watch?v=TfMVbfLSIew&t=17s

The post Борко Ристовски: Ако ми кажат дека ме изневерила одам дома и мењам брава appeared first on Република.

]]>
Секако дека имам деколте, па кај да си ги ставам градите, под мишки? https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/sekako-deka-imam-dekolte-pa-kaj-da-si-gi-stavam-gradite-pod-mishki/ Wed, 12 Apr 2023 08:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=630063

Сакајќи да го наметне прашањето дали културата е само за пред луѓе или си ја носиме од дома, Снеже Велков во новата епизода на „Нешто конкретно“ ги стави нозете на маса и праша дали одговорот „сите така прават“ е соодветен за да си го оправдаш некултурниот потег? Овојпат гости се Берта Додевска, Оле Поцкова, Даце Николовски и Мими Марковски.

На прашањето што нашите гости се свесни дека е некултурно, но сепак си го прават, Оле си призна дека колата и е гнасотилук и оти ѝ велат џабе се бањаш кога после влегуваш во неа. Оле беше брутално искрена, но потоа вети дека ќе се обиде да го смени тоа.

Берта Додевска се пожали на некултурата на граѓаните на велосипедските патеки, ова е честа поплака на нашите сограѓани, тие едноставно мислат дека истите се корзо и никој не може да ги убеди во спротивното. На оваа тема се вклучи и битолчанецот Мими кој рече дека тие немаат таков проблем бидејќи не ни имаат велосипедски патеки. Во меѓувреме, Берта сподели дека таа вози електричен тротинет, па Даце не успеа да се воздржи да ја праша дали постојат вонсериски тротинети за луѓе како неа и него алудирајќи на нивната висина, „те замислив на тротинет викам што тротинет е тоа“ рече тој.

Во однос на пцуењето, гостите се согласија дека човек колку и да е културен, тешко може да се воздржи во нервоза и да не почне да се рафрла со вулгарни зборови, „кога го слушам него јас се концентрирам и све по список, тетки из Новога Сада до сегашен момент, беше искрена Оле.

https://youtu.be/9JdZjltA2fA

The post Секако дека имам деколте, па кај да си ги ставам градите, под мишки? appeared first on Република.

]]>

Сакајќи да го наметне прашањето дали културата е само за пред луѓе или си ја носиме од дома, Снеже Велков во новата епизода на „Нешто конкретно“ ги стави нозете на маса и праша дали одговорот „сите така прават“ е соодветен за да си го оправдаш некултурниот потег? Овојпат гости се Берта Додевска, Оле Поцкова, Даце Николовски и Мими Марковски. На прашањето што нашите гости се свесни дека е некултурно, но сепак си го прават, Оле си призна дека колата и е гнасотилук и оти ѝ велат џабе се бањаш кога после влегуваш во неа. Оле беше брутално искрена, но потоа вети дека ќе се обиде да го смени тоа. Берта Додевска се пожали на некултурата на граѓаните на велосипедските патеки, ова е честа поплака на нашите сограѓани, тие едноставно мислат дека истите се корзо и никој не може да ги убеди во спротивното. На оваа тема се вклучи и битолчанецот Мими кој рече дека тие немаат таков проблем бидејќи не ни имаат велосипедски патеки. Во меѓувреме, Берта сподели дека таа вози електричен тротинет, па Даце не успеа да се воздржи да ја праша дали постојат вонсериски тротинети за луѓе како неа и него алудирајќи на нивната висина, „те замислив на тротинет викам што тротинет е тоа“ рече тој. Во однос на пцуењето, гостите се согласија дека човек колку и да е културен, тешко може да се воздржи во нервоза и да не почне да се рафрла со вулгарни зборови, „кога го слушам него јас се концентрирам и све по список, тетки из Новога Сада до сегашен момент, беше искрена Оле. https://youtu.be/9JdZjltA2fA

The post Секако дека имам деколте, па кај да си ги ставам градите, под мишки? appeared first on Република.

]]>
„Мажите што не вежбаат нозе изгледаат како спортска кола со бандажи од југо!“, вели битолската легенда Паљо https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/mazhite-shto-ne-vezhbaat-noze-izgledaat-kako-sportska-kola-so-bandazhi-od-jugo-veli-bitolskata-legenda-palo/ Tue, 04 Apr 2023 09:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=627027

Билдери, гимнастичари, маратонци и фитнес инструктори во спортското издание на „Нешто конкретно“. Во новата епизода на емисијта на Снеже Велков, гостите Мирко Петровски, Цветанка Огненовска Аврамовски, Весна Кираџиева и Зоран Лазаревски - Паљото откриваат кои мускули најмногу ги вежбаат жените во теретана, дали мажите повеќе се фотографираат отколку што вежбаат и каде започнал бодибилдингот во Македонија.

Дали претпоставувате колку јајца има изедено Мирко во последните дваесетина години? Како Зоран го добил прекарот „Паљо“ и зошто не беше одбран за градоначалник на Битола, дознајте во изданието што веќе е достапно на YouTube. Весна Кираџиева изјави дека спортистите не ги сметаат за баш интелигентни на што останатите нејзини соговорници не се согласија. Како дојдовме до тоа да мажите сакаат да се сликаат и да се разголуваат повеќе од жените, да се сите навежбани и да имаат стомачни мускули. Разговараме за тоа што го поттикна мажот толку да се грижи за својот физички изглед. Слушнавме и што мислат жените за муабетот „теретаната е машка работа“. На крајот скопјанецот и битолчанецот ги одмерија силите со буткање на рака, велат од „Нешто конкретно“.

https://youtu.be/72SezlQNxTg

The post „Мажите што не вежбаат нозе изгледаат како спортска кола со бандажи од југо!“, вели битолската легенда Паљо appeared first on Република.

]]>

Билдери, гимнастичари, маратонци и фитнес инструктори во спортското издание на „Нешто конкретно“. Во новата епизода на емисијта на Снеже Велков, гостите Мирко Петровски, Цветанка Огненовска Аврамовски, Весна Кираџиева и Зоран Лазаревски - Паљото откриваат кои мускули најмногу ги вежбаат жените во теретана, дали мажите повеќе се фотографираат отколку што вежбаат и каде започнал бодибилдингот во Македонија.
Дали претпоставувате колку јајца има изедено Мирко во последните дваесетина години? Како Зоран го добил прекарот „Паљо“ и зошто не беше одбран за градоначалник на Битола, дознајте во изданието што веќе е достапно на YouTube. Весна Кираџиева изјави дека спортистите не ги сметаат за баш интелигентни на што останатите нејзини соговорници не се согласија. Како дојдовме до тоа да мажите сакаат да се сликаат и да се разголуваат повеќе од жените, да се сите навежбани и да имаат стомачни мускули. Разговараме за тоа што го поттикна мажот толку да се грижи за својот физички изглед. Слушнавме и што мислат жените за муабетот „теретаната е машка работа“. На крајот скопјанецот и битолчанецот ги одмерија силите со буткање на рака, велат од „Нешто конкретно“.
https://youtu.be/72SezlQNxTg

The post „Мажите што не вежбаат нозе изгледаат како спортска кола со бандажи од југо!“, вели битолската легенда Паљо appeared first on Република.

]]>
Вели Мумин: Ако ме фатеа како крадам лубеници во Сарај, мајка ми мораше да ги плаќа! https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/veli-mumin-ako-me-fatea-kako-kradam-lubenitsi-vo-saraj-majka-mi-morashe-da-gi-plaka/ Tue, 28 Mar 2023 17:14:10 +0000 https://republika.mk/?p=624644

Во најновата емисија на „Нешто конкретно“, достите и домаќинот Снеже Велков зборуваа за едно време кога, како што велат, сè беше поубаво, понаивно, поненаметливо. Се зборуваше за шареноликоста на детството во кое израснаа другите генерации во споредба со тоа како сега растат децата.

Од кога не сте виделе некој на улица да игра „Сакате ли војска“, „Жмурка“, „Камај, камај“, „Ластик“, да си игра со џамлии на земја и што уште не, впрочем, од кога не сте виделе деца на улица? Напредната технолохија ни го олесни животот, но дали влијае добро на растот на нашите деца?

Во студиото имаше гости кои што работат со деца, растат деца и секојдневно се соочуваат со проблемите на новите генерации. Цаци Паковска, како автор на емисијата за деца „Дајте музика“ зборува за начинот на кој што таа ги воспитува своите деца и за искуството со оние со кои што работи. Сара Мејс евоцира спомени од своето детство, но во емисијата сподели и како знае да го казни своето дете кога е потребно. Д-р Ангелчо Андоновски со своите синови е на „брат“, а Вели Мумин дневната соба ја претвора во ринг кога неговите деца не знаат каде да го потрошат вишокот енергија.

Цели се на тато, вели тој, а потсетувајќи се на своето детство открива: „Ако ме фатеа како крадам лубеници во Сарај, мајка ми мораше да ги плаќа!“

Зошто се вика убав на мама, а паметен на тато? Кој треба да ги воспитува децата мажот и ли жената? Се чини дека се што е лошо кај децата му се препишува на оној што е помалку присутен, а доброто колку и да е добро секогаш може да биде подобро.

На овие и други теми во најновата емисија на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков:

https://youtube.com/watch?v=1vuswOX1X04&feature=shares

The post Вели Мумин: Ако ме фатеа како крадам лубеници во Сарај, мајка ми мораше да ги плаќа! appeared first on Република.

]]>

Во најновата емисија на „Нешто конкретно“, достите и домаќинот Снеже Велков зборуваа за едно време кога, како што велат, сè беше поубаво, понаивно, поненаметливо. Се зборуваше за шареноликоста на детството во кое израснаа другите генерации во споредба со тоа како сега растат децата.
Од кога не сте виделе некој на улица да игра „Сакате ли војска“, „Жмурка“, „Камај, камај“, „Ластик“, да си игра со џамлии на земја и што уште не, впрочем, од кога не сте виделе деца на улица? Напредната технолохија ни го олесни животот, но дали влијае добро на растот на нашите деца?
Во студиото имаше гости кои што работат со деца, растат деца и секојдневно се соочуваат со проблемите на новите генерации. Цаци Паковска, како автор на емисијата за деца „Дајте музика“ зборува за начинот на кој што таа ги воспитува своите деца и за искуството со оние со кои што работи. Сара Мејс евоцира спомени од своето детство, но во емисијата сподели и како знае да го казни своето дете кога е потребно. Д-р Ангелчо Андоновски со своите синови е на „брат“, а Вели Мумин дневната соба ја претвора во ринг кога неговите деца не знаат каде да го потрошат вишокот енергија.
Цели се на тато, вели тој, а потсетувајќи се на своето детство открива: „Ако ме фатеа како крадам лубеници во Сарај, мајка ми мораше да ги плаќа!“
Зошто се вика убав на мама, а паметен на тато? Кој треба да ги воспитува децата мажот и ли жената? Се чини дека се што е лошо кај децата му се препишува на оној што е помалку присутен, а доброто колку и да е добро секогаш може да биде подобро.
На овие и други теми во најновата емисија на „Нешто конкретно“ со Снеже Велков: https://youtube.com/watch?v=1vuswOX1X04&feature=shares

The post Вели Мумин: Ако ме фатеа како крадам лубеници во Сарај, мајка ми мораше да ги плаќа! appeared first on Република.

]]>