нерботен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nerboten-den/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 12:57:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нерботен ден Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nerboten-den/ 32 32 Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedela-ostanuva-neraboten-den-ustaven-sud-ne-povede-postapka/ Thu, 01 Dec 2022 12:57:49 +0000 https://republika.mk/?p=580494

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска.

Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение.

За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска.

Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови.

На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста.

The post Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за предметот во кој беше оспорено работењето во недела, информира на прес-конференција портпаролката на Уставниот суд, Христина Беловска. Тоа, како што појасни таа, значи дека во правниот поредок останува Законот кој го уредува правото на работниците да не работат во недела, освен во дејностите кои се исклучоци, а секако се предвидени со сегашното законско решение. За Уставниот суд неосновани се наводите на Стопанската комора на Македонија која е подносител на оваа иницијатива и која бараше да се запре извршувањето на овој Закон. Оваа одлука е конечна и секој мора да ја почитува, нагласи Беловска. Уставниот суд расправаше за овој случај на седница што се одржа на 14 септември годинава, но одлука не беше донесена поради недоволно мнозинство гласови. На денешната 38-ма седница на дневен ред беа закажани осум иницијативи по кои се разгледуваше и оценуваше уставноста и законитоста.

The post Недела останува неработен ден, Уставен суд не поведе постапка appeared first on Република.

]]>