неработна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nerabotna-nedela/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jan 2024 14:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неработна недела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nerabotna-nedela/ 32 32 Владата се премисли, се повлекува препорака за работа на Бадник и на Божик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-se-premisli-se-povlekuva-preporaka-za-rabota-na-badnik-i-na-bozhik/ Thu, 04 Jan 2024 14:14:47 +0000 https://republika.mk/?p=729658

Владата на седница одлучила да престане да важи препораката за работа на продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало за време на божиќните празници на 7 и 8 јануари 2024 година.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 јануари (недела) и 8 јануари (понеделник) се неработни денови, согласно Законот за празниците, се вели во денешното соопштение од Министерството за труд и социјална политика.

Препораката што беше донесена на 214-та седница на Владата предидуваше за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач беше Министерството за економија. Како што информира тогаш владината прес-служба, целта на оваа препорака била да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за време на празниците, посебно во помалите градови и места каде нема трговски центри (молови).

The post Владата се премисли, се повлекува препорака за работа на Бадник и на Божик appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-zashtita-i-sprechuvane-diskriminatsija-ke-razgleda-shto-vetila-vladata-kon-behtel-i-enka-za-pogolema-rabotna-nedela/ Tue, 11 Apr 2023 11:56:08 +0000 https://republika.mk/?p=629824

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-milionskite-penali-shto-ke-gi-plakame-ako-ne-se-zgolemi-rabotnata-nedela-kako-shto-potpisha-vladata/

Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.

The post Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно е уште денеска да расправа по информацијата што ја соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, дека Владата во договорот со „Бехтел и Енка“ наводно се согласила да ја зголеми работната недела од 40 на 60 часа и ако тоа не го стори за 45 дена, ќе треба да му плати огромни пенали на американско-турскиот конзорциум. https://republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-milionskite-penali-shto-ke-gi-plakame-ako-ne-se-zgolemi-rabotnata-nedela-kako-shto-potpisha-vladata/ Ова денеска го кажа членот на Комисијата, Игор Јадровски, според кој, ако Комисијата добие претставка од граѓани, би постапувала согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Не можам да зборувам од име на Комисијата која е колективно тело и одлуките ги носи со мнозинство гласови. Она што можам да го кажам е дека ние секако ќе го испитаме ова и ќе видиме дали имам простор за покренување постапка по службена должност и понатаму, би покренале секако и чекори согласно законот. Најпрво, ова мора да биде прашање што ќе биде поставено на седница. Денеска имаме седница, но ова е премногу свежо, чинам излезе вчера во медиумите и немаше кога воопшто да го ставиме на разгледување. Мислам дека на денешната седница ова може да биде разгледано и подоцна да одлучиме дали ќе поведеме или нема да поведеме постапка по службена должност, а секако, доколку добиеме претставка од граѓани, би постапувале согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, истакна Јадровски, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за заштита на земјоделките од дискриминација во однос на породилно отстиство и боледување.
 
The post Комисијата за заштита и спречување дискриминација ќе разгледа што ветила Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела appeared first on Република.

]]>
Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-i-kovachevski-se-obvrzale-da-go-izmenat-zakonot-za-rabotni-odnosi-vo-sprotivno-ke-im-isplakaat-penali-na-behtel/ Mon, 10 Apr 2023 19:43:52 +0000 https://republika.mk/?p=629598

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.

Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-potpishala-vladata-53-milioni-evra-kazna-ako-makedonija-ne-obezbedi-60-chasovna-rabotna-nedela-za-behtel/

Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.

Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години.

И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски.

Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.

Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.

The post Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно во гостување во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител откри дел од договорот кој што Димитар Ковачевски и Артан Груби го потпишале со Бехтел, укажувајќи дека доколку законски не се измени работното време односно од 40 часа неделно не се зголеми на 60 часа, тогаш државата ќе плаќа пенали од три вида кон Бехтел, еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра.
Еве да дадам еден пример, и ова ексклузивно ќе оди за јавноста. Многу се зборуваше за зголемувањето на работната недела од 40 на 60 часа. Но што предвидува договорот кој што го има потпишано Артан Груби со Бехтел и Енка, вели: Доколку во рок од 45 дена по потпишување на договорот не се зголеми работната недела, значи владата во име на собранието презела обврска, иако во уставниот поредок е обратно, собранието ја бира владата, во тој случај ќе се плаќаат пенали од три вида, изјави Николоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-potpishala-vladata-53-milioni-evra-kazna-ako-makedonija-ne-obezbedi-60-chasovna-rabotna-nedela-za-behtel/
Прво, еднократно државата ќе исплати на Бехтел 53 милиони евра пенали, потоа секој месец ќе доплаќа по 1 милион и 265 илјади евра на постојните трошоци кои што треба да се платат во договорот, или вкупно месечно 4 милиони и 185 илјади евра и трето на ова дополнително уште 900 илјади евра секој месец. Значи еднократно 53 милиони евра, и секој месец за промена на работното време од 40 на 60 часа. Значи доколку не се зголеми работното време од 40 на 60 часа неделно, Македонија ќе треба да плати еднократно 53 милиони евра, секој месец 1 милион 265 илјади евра на веќе постојни трошоци кои што треба да се платат во договорот и дополнителни 900 илјади евра пенали. Или еднократно 53 милиони евра и секој месец по 2 милиони 165 илјади евра во време траење на договорот, а договорот е дека автопатите треба да се завршат за 5 години.
Николовски додаде дека владата се обврзала дека на секоја делница ќе дава по 6 месеци рок на изведба, укажувајќи дека доколку има 5 делници ќе бидат потребни 7 и пол години. И второ доколку ова не помине, се обврзале дека на секоја делница ќе даваат по дополнителни 6 месеци рок на изведба. Така што тие 5 години кои што беа споменувани дека ќе се завршат доколку има 5 делници тоа значи дека ќе бидат 7 и пол години., објасни Николоски. Потпретседателот Николоски ги повика Груби и Ковачевски да одговорат дали ова е точно, бидејќи не го објавуваат договорот кој што го склучиле и потпишале.
Ова го споделувам вечерва, па нека одговорат дали е точно или не е точно, затоа што не го објавуваат договорот кој што го склучија и потпишаа, ги повика Николоски.

The post Груби и Ковачевски се обврзале да го изменат законот за работни односи, во спротивно ќе им исплаќаат пенали на Бехтел appeared first on Република.

]]>
Ниедна билетарница на ЈСП веќе нема да работи во недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/niedna-biletarnitsa-na-jsp-veke-nema-da-raboti-vo-nedela/ Wed, 01 Feb 2023 18:46:28 +0000 https://republika.mk/?p=603536

Oд претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје, информираат од скопското претрпијатие.

Во недела, како и досега, корисниците на јавниот превоз ќе можат да вршат надополнување на електронски картички„Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики). Прегледот на локациите од дистрибутивната мрежа е достапен на фејсбук страницата на ЈСП Скопје, велат од ЈСП.

The post Ниедна билетарница на ЈСП веќе нема да работи во недела appeared first on Република.

За желбите на Мерко и сега донесен закон ќе се менува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-zelbite-na-merko-i-sega-donesen-zakon-kje-se-menuva/ Fri, 13 May 2022 20:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=502079

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.

Tоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации, рече Бектеши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска изјавија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри. Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ, е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-e-protiv-zakonski-izmeni-za-nedela-da-bide-raboten-den-vo-turistichkite-mesta/

The post За желбите на Мерко и сега донесен закон ќе се менува appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.
Tоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации, рече Бектеши.
Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска изјавија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри. Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ, е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови. https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-e-protiv-zakonski-izmeni-za-nedela-da-bide-raboten-den-vo-turistichkite-mesta/

The post За желбите на Мерко и сега донесен закон ќе се менува appeared first on Република.

]]>
Изречени првите казни за недела неработен ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izrecheni-prvite-kazni-za-nedela-neraboten-den/ Fri, 14 Jan 2022 10:33:02 +0000 https://republika.mk/?p=444503

Во првата неработна недела од годинава, на втори јануари се извршени 38 надзори од страна на трудовите инспектори при што биле констатирани девет неправилности. На деветти јануари извршени се 48 надзори во кои се констатирани шест неправилности. Изречени се 15 инспекциски мерки од кои една е забрана за работа, поради утврдување дека работодавачот немал право да работи во ден недела, а дополнително кај него е затекнат и непријавен работник, рече денеска во Утрински брифинг инспекторот за труд Љуљзим Фаризи.

Државниот инспекторат за труд редовно извршува инспекциски надзори на ниво на државата и градот. Со измените и дополнувањето на Законот за работни односи со кој се предвидува недела да биде неработен ден, Државниот инспекторат за труд воведе и дежурства. Многу е лесно да се изврши инспекциски надзор бидејќи само ќе констатираме дали работодавачот има или нема право да работи во недела. Државниот инспекторат за труд врз основа на законот за работни односи спроведува два вида на инспекциски мерки. Според член 258 од Законот за работни односи се изрекува опомена или наредба. Доколку не ја почитува наредбата односно опомената, се изрекува глоба. По членот 259 од Законот за работни односи, на прекршителот може да му се изрече и забрана за работа ако два пати за една година се затекне непријавен работник. Од друга страна ако се затекне работен процес без да биде пријавено дека ќе се работи во недела, ќе се изрече забрана за работа од 15, односно 30 дена, вели Фаризи.

The post Изречени првите казни за недела неработен ден appeared first on Република.