непријателски земји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neprijatelski-zemji/ За подобро да се разбереме Wed, 04 May 2022 11:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png непријателски земји Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neprijatelski-zemji/ 32 32 Песков: Ќе платите висока цена за антируските санкции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-kje-platite-visoka-cena-za-antiruskite-sankcii/ Wed, 04 May 2022 11:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=497469

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден.

Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.

Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена, истакна Песков.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

The post Песков: Ќе платите висока цена за антируските санкции appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека граѓаните на западните земји веќе плаќаат висока цена поради антируските санкции што ги воведоа нивните држави и предупреди дека цената ќе расте секој ден. Според него, Кремљ подготвува одговор на шестиот пакет санкции на ЕУ.
Разгледуваме различни опции. Ако зборуваме за областа на санкциите воопшто, ова е меч со две острици. Американците, Европејците и другите земји се обидуваат да ни наштетат и треба да платат висока цена, истакна Песков.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Европскиот парламент изнесе детали од шестиот пакет санкции против Русија, кои меѓу другото вклучуваат и постепено завршување на снабдувањето со руска сурова нафта во рок од шест месеци и увоз на рафинирани производи до крајот на годинава.

The post Песков: Ќе платите висока цена за антируските санкции appeared first on Република.

]]>
По Русија, Македонија е непријателска земја и за Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-rusija-makedonija-e-neprijatelska-zemja-i-za-belorusija/ Fri, 08 Apr 2022 08:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=485187

Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс.

Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.

Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се наведува, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“.

Белорусија не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји

The post По Русија, Македонија е непријателска земја и за Белорусија appeared first on Република.

]]>

Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс. Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија. Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување. Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се наведува, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“. Белорусија не учествува во војната на Русија во Украина, но ја поддржува и е под низа санкции од западните земји

The post По Русија, Македонија е непријателска земја и за Белорусија appeared first on Република.

]]>
Медведев: Русија ќе ја прошири листата за увоз и извоз од „непријателските“ земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-rusija-kje-ja-proshiri-listata-za-uvoz-i-izvoz-od-neprijatelskite-zemji/ Fri, 01 Apr 2022 06:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=481683

Русија размислува да не купува ништо од „непријателските“ земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Тој предложи да се прошири листата на забранети производи од непријателските земји

Не смееме да ги доставуваме нашите производи, вклучително и земјоделските производи, на нашите непријатели. И не смееме да купуваме ниту еден од нив (иако не сме купувале од нив од 2014 година, но списокот на забранети производи може да се прошири), напиша Медведев на Телеграм

The post Медведев: Русија ќе ја прошири листата за увоз и извоз од „непријателските“ земји appeared first on Република.

]]>

Русија размислува да не купува ништо од „непријателските“ земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев. Тој предложи да се прошири листата на забранети производи од непријателските земји
Не смееме да ги доставуваме нашите производи, вклучително и земјоделските производи, на нашите непријатели. И не смееме да купуваме ниту еден од нив (иако не сме купувале од нив од 2014 година, но списокот на забранети производи може да се прошири), напиша Медведев на Телеграм

The post Медведев: Русија ќе ја прошири листата за увоз и извоз од „непријателските“ земји appeared first on Република.

]]>
Русија ќе воведе ограничувачки мерки за влез на граѓаните од „непријателските земји“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-kje-vovede-ogranichuvachki-merki-za-vlez-na-gragjanite-od-neprijatelskite-zemji/ Mon, 28 Mar 2022 20:56:27 +0000 https://republika.mk/?p=480060

Русија објави дека подготвува мерки за ограничување на влезот на граѓаните од „непријателски земји“, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, како и сите членки на Европската Унија.

Како што порача рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, мерките се одговор на „непријателските акции“ на многу земји кои воведоа санкции кон Москва по руската воена акција во Украина.

The post Русија ќе воведе ограничувачки мерки за влез на граѓаните од „непријателските земји“ appeared first on Република.

]]>

Русија објави дека подготвува мерки за ограничување на влезот на граѓаните од „непријателски земји“, вклучувајќи ги САД и Обединетото Кралство, како и сите членки на Европската Унија. Како што порача рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, мерките се одговор на „непријателските акции“ на многу земји кои воведоа санкции кон Москва по руската воена акција во Украина.

The post Русија ќе воведе ограничувачки мерки за влез на граѓаните од „непријателските земји“ appeared first on Република.

]]>
„Непријателските земји“ отсега за рускиот гас ќе плаќаат само во рубљи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprijatelskite-zemji-otsega-za-ruskiot-gas-kje-plakjaat-samo-vo-rublji/ Wed, 23 Mar 2022 13:14:56 +0000 https://republika.mk/?p=477207

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.

Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји. Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи,  изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.

Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.

Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.

Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

The post „Непријателските земји“ отсега за рускиот гас ќе плаќаат само во рубљи appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.
Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји. Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи,  изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.
Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците. Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање. Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.

The post „Непријателските земји“ отсега за рускиот гас ќе плаќаат само во рубљи appeared first on Република.

]]>
Русија објави список на непријателски земји, на неа е и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-spisok-na-neprijatelski-zemji/ Mon, 07 Mar 2022 11:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=468922

Владата на Руската Федерација одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, соопштено е од прес-службата на Кабинетот на министерството.

„Владата одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана“, се наведува во соопштението.

Како што се истакнува, листата ја вклучуваат Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земјите членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Македонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

Претседателот на Русија во саботата потпишал указ според кој руската влада во рок од два дена треба да утврди список на земји кои преземаат непријателски акции против Русија.

The post Русија објави список на непријателски земји, на неа е и Македонија appeared first on Република.

]]>

Владата на Руската Федерација одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, соопштено е од прес-службата на Кабинетот на министерството. „Владата одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана“, се наведува во соопштението. Како што се истакнува, листата ја вклучуваат Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земјите членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Македонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија. Претседателот на Русија во саботата потпишал указ според кој руската влада во рок од два дена треба да утврди список на земји кои преземаат непријателски акции против Русија.

The post Русија објави список на непријателски земји, на неа е и Македонија appeared first on Република.

]]>