неправилности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepravilnosti/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Aug 2024 07:55:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неправилности Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepravilnosti/ 32 32 Во Грција изречени казни од над еден милион евра за неправилности на плажите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-izrecheni-kazni-od-nad-eden-milion-evra-za-nepravilnosti-na-plazhite/ Tue, 06 Aug 2024 07:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=803743

Во текот на јули биле спроведени 10.000 контроли на плажите во Грција за почитување на условите предвидени со доделените концесии, а досега за неправилности се изречени казни во висина од над 1.150.000 евра, според генералниот секретар за информациски системи во Министерството за дигитално управување Димостенис Анагностопулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, Анагностопулос објасни дека интензивираните контроли се должат и по пријавите од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ која досега ја имаат инсталирано 103.000 граѓани, а паралелно истакна дека она што е важно е што првпат се јавно познати законските закупи низ целата земја.

Од Министерството за национална економија и финансии на Грција минатата седмица соопштија дека при инспекциите спроведени во текот на јули, било констатирано дека општата слика е значително подобрена во споредба со претходните години, „бидејќи поголемиот дел од бизнисите кои работат на плажите ги почитуваа новите правила и новата законска рамка“, но сепак постојат и прекршувања.

Додадоа дека Халкидики, областа Атика, поширокиот регион на Атина, Превеза, островите во Егејското море, Крит и Крф се регионите во земјата за кои имало најголем број пријави за нерегуларности на плажите.

Само за Халкидики имало 1.873 пријави од кои 234 во период од една седмица.

The post Во Грција изречени казни од над еден милион евра за неправилности на плажите appeared first on Република.

]]>

Во текот на јули биле спроведени 10.000 контроли на плажите во Грција за почитување на условите предвидени со доделените концесии, а досега за неправилности се изречени казни во висина од над 1.150.000 евра, според генералниот секретар за информациски системи во Министерството за дигитално управување Димостенис Анагностопулос, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчката телевизија „ЕРТ“, Анагностопулос објасни дека интензивираните контроли се должат и по пријавите од граѓаните преку специјалната апликација „My Coast“ која досега ја имаат инсталирано 103.000 граѓани, а паралелно истакна дека она што е важно е што првпат се јавно познати законските закупи низ целата земја. Од Министерството за национална економија и финансии на Грција минатата седмица соопштија дека при инспекциите спроведени во текот на јули, било констатирано дека општата слика е значително подобрена во споредба со претходните години, „бидејќи поголемиот дел од бизнисите кои работат на плажите ги почитуваа новите правила и новата законска рамка“, но сепак постојат и прекршувања. Додадоа дека Халкидики, областа Атика, поширокиот регион на Атина, Превеза, островите во Егејското море, Крит и Крф се регионите во земјата за кои имало најголем број пријави за нерегуларности на плажите. Само за Халкидики имало 1.873 пријави од кои 234 во период од една седмица.

The post Во Грција изречени казни од над еден милион евра за неправилности на плажите appeared first on Република.

]]>
Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-na-ohridskoto-krajbrezhje-vo-strushko-konstatirani-gradezhni-aktivnosti/ Sun, 25 Feb 2024 12:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=748089

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.

На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид највероватно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото.
На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.

Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од општина Струга, согласно законските овластувања.

Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за превземање мерки
за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион,
појаснува Инспекторатот.

На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација.

Фото ДИЖС

The post Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности appeared first on Република.

]]>

По добиена пријава од граѓанската иницијатива Охрид СОС дека на охридското крајбрежје на потегот од Струга кон Радожда се изведуваат градежни активности, Државниот инспекторат за животна средина денеска соопшти дека на терен излегле виш инспектор за заштита на природата, државниот инспектор за животна средина од канцеларија Охрид и овластени инспектори од општина Струга за животна средина и градежништво, како и инспектори од ОВР Струга.
На едната локација имаше градежни активности за изградба на ѕид највероватно од бетон за што имаше поставено шаловани оплати, кои не беа во езерото. На лице место немаше присутни лица, кои ги изведуваат градежните активности, исто така немаше градежна механизација, стои во информацијата на Државниот инспекторат за животна средина.
Постапката, како што наведуваат, треба да продолжи од општина Струга, согласно законските овластувања.
Општина Струга е одговорна за одржување, чување, почитување и правилно користење на природното и културното наследство, како и за превземање мерки за правилно користење на светското природно наследство согласно Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, појаснува Инспекторатот.
На истата локација на охридското крајбрежје на потегот кон селото Радожда, Државниот инспекторат за животна средина постапувал и претходно во текот на годинава при што била покрената кривична постапка со доставено барање до ОЈО Струга. Кривична пријава до ОЈО Струга била доставена и претходно за идентичната локација. Фото ДИЖС

The post Вонреден инспекциски надзор на Охридското крајбрежје во струшко, констатирани градежни активности appeared first on Република.

]]>
Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-otvori-mail-adresa-kade-mozhe-da-prijavite-krivichni-dela-povrzani-so-izborite/ Fri, 16 Feb 2024 14:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=744920

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.

Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.mk

The post Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>

Јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски денеска одржа колегиум на кој јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Македонија ги запозна со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата. Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами. Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.
Јавното обвинителство на Република Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата на електронската адреса – izbori@jorm.mk

The post Обвинителството отвори маил адреса каде може да пријавите кривични дела поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>