Неправилен ритам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepravilen-ritam/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Dec 2022 14:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Неправилен ритам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepravilen-ritam/ 32 32 Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lupcho-jolevski-novinar-koj-navistina-gi-saka-umetnitsite/ Sat, 31 Dec 2022 14:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=591831

Јолевски, ти навистина ги сакаш уметниците и тоа се гледа, се слуша, се чита, рече македонската музичка уметница Александра Поповска, која живее и работи во Холандија, на промоцијата на втората книга на новинарот Љупчо Јолевски „Неправилен ритам - Приказни од современата македонска музичка сцена“.

„Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства. Поделена е во осум поглавја (Мајчин јазик, Почетна стрелба, На лута рана (лута ганџа), Вдишувам копнеж, Swinging Мacedonia, Океaн во капка, Bird on the wire, Аранжери на облаци) и на скоро 700 страници се поместени интервјуа, рецензии, осврти… Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Ерик Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи - Жига Коритник, Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Глигор Кондовски.

Промоцијата се случуваше во рамки на прославата 50 години Младински културен центар (МКЦ).

Љубовта кон она што го работиш зрачи од твоите интервјуа и секогаш ги читам со голема радост, бидејќи на поетски начин ќе успееш да извлечеш од соговорниците нешто ново за кое и самите тие дотогаш не размислувале. Се радувам од срце за сите твои успеси и ми претставува голема чест дека и моите звучни светови се дел од твоите книги, дел од еден преубав музички мозаик составен од приказни за моите колеги музичари и уметници, секој посебен на свој начин, рече Поповска, која преку видео порака се обрати на промоцијата во МКЦ.

[caption id="attachment_591835" align="alignnone" width="717"] Љупчо Јолевски со Ана Стојаноска[/caption]

За Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на ФДУ, музиката е најсовршена уметничка форма. Затоа е најтешко да се пишува за музика. А уште потешко за музичарите.

Пишувањето за музиката од позицијата на новинарско сведоштво секогаш го ограничува третманот на жанрот. Точно одбрани зборови, уреднички дефинирани прецизни граници, толку малку што треба да каже толку многу. Затоа е реткост кога во македонската културна критика ќе се појави книга која си прави муабет со музиката, како што е тоа оваа книга на нашиот познат проследувач, сведок, директен коментатор на комплетната музичка сегашност  и минатост, се разбира ќе биде и во иднина, новинарот и познавач на музиката Јолевски, вели Стојаноска.

Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е повеќе од четири децении. Кариерата ја почнал во „Млад борец“ на почетокот од 1980-тите. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потем долги години бил во Радио Телевизија Скопје и во Македонското радио – Втора програма. Паралелно четири години бил уредник на Музичкото радио Канал 103, а соработувал и со изданијата на „Детска радост“, ревијата „Екран“ и весникот „Нова Македонија“. Од крајот на 1990-те извесно време бил новинар во Телевизија Скопје и во магазинот „Старт“, потем уредник во дневните весници „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“, соработник на интернет порталот „Блесок“, на Југословенската и Екс. Југословенската рок енциклопедија, на Светската и на Европската музичка енциклопедија и безмалку цела една декада автор и водител на музичката емисија „Скопје – Париз – Тексас“ на Радио Равел. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик. во 2019 година ја издаде првата книга „Радио“.

Оваа, 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје за неговиот придонес во новинарството.

Кога јас употребувам парафрази во текстови, најмногу сум научил од Јолевски и затоа го нарекувам учителот. За да доловам како пишува Јолевски, ја анализирав неговата реченица. Јолевски е еден од ретките новинари коишто имаат дарба, поетско-критички да опишуваат настан користејќи, на пример, повеќе придавки покрај еден подмет. Не се наоѓа лесно во македонското новинарство човек кој така математички прецизно пишува поетизирана реченица употребувајќи придавка па именка, па две придавки и глаголска именка и завршувајќи со две придавки и именка. Едноставно, тоа е чиста новинарска уметност. Јолевски, да те немаше, ќе требаше да те измислиме!, рече Дејан Трајкоски, писател и поранешен новинар.

[caption id="attachment_591836" align="alignnone" width="717"] Дејан Трајкоски[/caption]

Крсте Роџевски, невропсихијатар со 20-годишна приватна пракса во Њујорк и музичар на Јолевски му се заблагодари за неколку работи.

Прво, да ти кажам фала за твојата амбициозност да направиш едно релевантно дело и тоа не само во локални, туку во пошироки импакт-фактор размери. Благодарам за твојата автентичност, посветеност и почит кон пишаниот збор. Во нашите средби, во нашето интервју, многу бев изненаден и одушевен од твојот аскетизам во прашањата - малку зборови, а големи прашања, со голем капацитет за интроспекција и анализа на идеи. Многу ми беше мило да знам дека некој ги слуша и пристапува кон моите песни на тој начин. Многу бев возбуден и задоволен по нашето интервју. Фала за твојата скромност, талент и твојата рака и за твојата истрајност во оваа борба да се прави нешто релеватно и автентично, бидејќи навистина станува премногу тешко. Има големи фактори, претежно медиокритет, бирократија и песимизам кои се пречки за развој. Навистина сум нестрплив, сакам да ја имам книгата во рака, да го видам фонтот, дизајнот. Јас сум старомоден, сакам книги и плочи. Ќе ми биде ќеф да ја прочитам и се надевам дека книгата, како што вие велите во Охрид, 'ќе ме однесе во длабоконо, кај ресине'. Јас се надевам во длабоконо, после ресине, рече Роџевски во видое-обраќањето.

Кај Јолевски ништо не е случајно, па така, промоцијата на „Неправилен ритам“ се случи на денот на МКЦ, на денот на македонското радио каде што тој се обиде да ја најде врската меѓу човекот од радиото, човекот кој ја потпиша една книга „Радио“ со она што претставува наша современа македонска музичка сцена.

Не сум единствениот, се надевам дека ќе има нови генерации што ќе доаѓаат и што ќе оставаат камчиња во мозаикот што се нарекува македонска култура, вели Јолевски.

https://republika.mk/vesti/kultura/ljupcho-jolevski-radioto-ima-dve-raboti-koi-mnogu-gi-sakam-da-pishuvam-i-da-pushtam-muzika/

фото: Младински културен центар

The post Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците appeared first on Република.

]]>

Јолевски, ти навистина ги сакаш уметниците и тоа се гледа, се слуша, се чита, рече македонската музичка уметница Александра Поповска, која живее и работи во Холандија, на промоцијата на втората книга на новинарот Љупчо Јолевски „Неправилен ритам - Приказни од современата македонска музичка сцена“. „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства. Поделена е во осум поглавја (Мајчин јазик, Почетна стрелба, На лута рана (лута ганџа), Вдишувам копнеж, Swinging Мacedonia, Океaн во капка, Bird on the wire, Аранжери на облаци) и на скоро 700 страници се поместени интервјуа, рецензии, осврти… Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Ерик Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи - Жига Коритник, Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Глигор Кондовски. Промоцијата се случуваше во рамки на прославата 50 години Младински културен центар (МКЦ).
Љубовта кон она што го работиш зрачи од твоите интервјуа и секогаш ги читам со голема радост, бидејќи на поетски начин ќе успееш да извлечеш од соговорниците нешто ново за кое и самите тие дотогаш не размислувале. Се радувам од срце за сите твои успеси и ми претставува голема чест дека и моите звучни светови се дел од твоите книги, дел од еден преубав музички мозаик составен од приказни за моите колеги музичари и уметници, секој посебен на свој начин, рече Поповска, која преку видео порака се обрати на промоцијата во МКЦ.
[caption id="attachment_591835" align="alignnone" width="717"] Љупчо Јолевски со Ана Стојаноска[/caption] За Ана Стојаноска, писателка, театролог и професорка на ФДУ, музиката е најсовршена уметничка форма. Затоа е најтешко да се пишува за музика. А уште потешко за музичарите.
Пишувањето за музиката од позицијата на новинарско сведоштво секогаш го ограничува третманот на жанрот. Точно одбрани зборови, уреднички дефинирани прецизни граници, толку малку што треба да каже толку многу. Затоа е реткост кога во македонската културна критика ќе се појави книга која си прави муабет со музиката, како што е тоа оваа книга на нашиот познат проследувач, сведок, директен коментатор на комплетната музичка сегашност  и минатост, се разбира ќе биде и во иднина, новинарот и познавач на музиката Јолевски, вели Стојаноска.
Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е повеќе од четири децении. Кариерата ја почнал во „Млад борец“ на почетокот од 1980-тите. Бил соработник на белградските магазини „Рок“ и „Време“, а потем долги години бил во Радио Телевизија Скопје и во Македонското радио – Втора програма. Паралелно четири години бил уредник на Музичкото радио Канал 103, а соработувал и со изданијата на „Детска радост“, ревијата „Екран“ и весникот „Нова Македонија“. Од крајот на 1990-те извесно време бил новинар во Телевизија Скопје и во магазинот „Старт“, потем уредник во дневните весници „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“, соработник на интернет порталот „Блесок“, на Југословенската и Екс. Југословенската рок енциклопедија, на Светската и на Европската музичка енциклопедија и безмалку цела една декада автор и водител на музичката емисија „Скопје – Париз – Тексас“ на Радио Равел. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик. во 2019 година ја издаде првата книга „Радио“. Оваа, 2022 година ја доби наградата „13 Ноември“ што ја доделува Град Скопје за неговиот придонес во новинарството.
Кога јас употребувам парафрази во текстови, најмногу сум научил од Јолевски и затоа го нарекувам учителот. За да доловам како пишува Јолевски, ја анализирав неговата реченица. Јолевски е еден од ретките новинари коишто имаат дарба, поетско-критички да опишуваат настан користејќи, на пример, повеќе придавки покрај еден подмет. Не се наоѓа лесно во македонското новинарство човек кој така математички прецизно пишува поетизирана реченица употребувајќи придавка па именка, па две придавки и глаголска именка и завршувајќи со две придавки и именка. Едноставно, тоа е чиста новинарска уметност. Јолевски, да те немаше, ќе требаше да те измислиме!, рече Дејан Трајкоски, писател и поранешен новинар.
[caption id="attachment_591836" align="alignnone" width="717"] Дејан Трајкоски[/caption] Крсте Роџевски, невропсихијатар со 20-годишна приватна пракса во Њујорк и музичар на Јолевски му се заблагодари за неколку работи.
Прво, да ти кажам фала за твојата амбициозност да направиш едно релевантно дело и тоа не само во локални, туку во пошироки импакт-фактор размери. Благодарам за твојата автентичност, посветеност и почит кон пишаниот збор. Во нашите средби, во нашето интервју, многу бев изненаден и одушевен од твојот аскетизам во прашањата - малку зборови, а големи прашања, со голем капацитет за интроспекција и анализа на идеи. Многу ми беше мило да знам дека некој ги слуша и пристапува кон моите песни на тој начин. Многу бев возбуден и задоволен по нашето интервју. Фала за твојата скромност, талент и твојата рака и за твојата истрајност во оваа борба да се прави нешто релеватно и автентично, бидејќи навистина станува премногу тешко. Има големи фактори, претежно медиокритет, бирократија и песимизам кои се пречки за развој. Навистина сум нестрплив, сакам да ја имам книгата во рака, да го видам фонтот, дизајнот. Јас сум старомоден, сакам книги и плочи. Ќе ми биде ќеф да ја прочитам и се надевам дека книгата, како што вие велите во Охрид, 'ќе ме однесе во длабоконо, кај ресине'. Јас се надевам во длабоконо, после ресине, рече Роџевски во видое-обраќањето.
Кај Јолевски ништо не е случајно, па така, промоцијата на „Неправилен ритам“ се случи на денот на МКЦ, на денот на македонското радио каде што тој се обиде да ја најде врската меѓу човекот од радиото, човекот кој ја потпиша една книга „Радио“ со она што претставува наша современа македонска музичка сцена.
Не сум единствениот, се надевам дека ќе има нови генерации што ќе доаѓаат и што ќе оставаат камчиња во мозаикот што се нарекува македонска култура, вели Јолевски.
https://republika.mk/vesti/kultura/ljupcho-jolevski-radioto-ima-dve-raboti-koi-mnogu-gi-sakam-da-pishuvam-i-da-pushtam-muzika/ фото: Младински културен центар

The post Љупчо Јолевски, новинар кој навистина ги сака уметниците appeared first on Република.

]]>
На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-rodendenot-na-mkts-novinarot-lupcho-jolevski-ke-ja-promovira-novata-kniga-nepravilen-ritam-prikazni-od-sovremenata-makedonska-muzichka-stsena/ Wed, 28 Dec 2022 09:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=590809

Книгата „Неправилен ритам“/Приказни од современата македонска музичка сцена ќе биде промовирана вечерва во 18.30 часот во киното „Фросина“ во Скопје, во рамките на прославата на петте децении Младински културен центар (МКЦ). „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства, вели проф. д-р Ана Стојаноска.

– Оваа книга, иако делува како место за чување на историјата е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Во распон од повеќе од 30 години, Јолевски ги зачувал интервјуата со денес култните бендови и музичари од Анастасија, Ритмистика, Бернајс Пропаганда, Суперхикс, Добрила Грашеска, Тони Китановски, Влатко Стефановски, Горан Трајкоски, Бодан Арсовски, Џиван Гаспарјан,…, создавајќи своевидна меморабилија или мапа на сеќавањето или документ за музичката историја. Сите тие интервјуа и текстови се дел од едно време што повеќе го нема, сите тие автори се дел и од тоа време, но и денес, сведочејќи го современиот однос кон музиката, концертите, фестивалите и продукцијата – вели Ана Стојаноска, писателка, театролог, професорка.

Велат за да бидеш добар новинар, треба да го имаш оној „новинарски нерв“. Навистина се ретки луѓето, барем од она што можеме да го видиме околу нас и овде, кои толку посветено и приоѓаат на својата работа, како што тоа е случај со мојот почитуван колега Љупчо Јолевски. И оваа негова книга не е случајна. Таа е уште еден показател дека не минува кај него туку така, она, за коешто Бог го предодредил, пишува Тина Иванова.

-Познавачите на неговите дела, неговите пријатели и познаници, знаат дека Љупчо Јолевски е страстен љубител на музиката сиот свој живот, човек кој не пропушта музички настан и не само на овие простори, туку и пошироко. Пасиониран колекционер на носачи на звук, на музичка литература, на севкупна музичка уметност воопшто… Неговите интервјуа, музичките рецензии, сеедно всушност за која форма на писание станува збор, не се обични. Тие се лупа низ која се согледува животот на уметникот така детално, микроскопски, што во тој кус светоглед раскажан низ неколку реда, откривате цело пространство од креации, идеи, љубов, живот. Тоа, е најсилната алатка на Љупчо Јолевски, неговата моќна карта со која вешто умее да „игра“. Да дознаете, да спознаете, да верувате, да се едуцирате, и да се забавувате во истовреме. Бидејќи, на крајот, приказните се раскажуваат преку луѓето – вели Иванова.

Книгите на Љупчо Јолевски се текстуални винили. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезани вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, посочува Дејан Трајкоски.

-„Неправилен ритам“ содржи интервјуа, рецензии, осврти… Поделена е на 5 поглавја. Рокенрол минато, понови бендови, па осврти врзани за џезот, но и класична музика. Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи како Жига Коритник, Татјана Ранташа… Или, повеќе од дваесет години историја на повеќе од 500 страници! Во нашиот медиумски контекст, Јолевски е учителот. Се разбира, воопшто не е претерано да се каже така. Всушност, неправедно е да не се каже така. Затоа што на прстите од една рака се бројат луѓето со повеќедецениски стаж коишто со елан на младич пишуваат за состојбите во културата, а со таква силна наобразба. Доказ за тоа е тоа што, барем во музиката, нема новинар којшто подобро ја знае не само џез музиката, туку и музиката на светот, домашната андерграунд музика…, и кој во исто време бил активен сведок на цела една повеќе од четири децениска музичка, но и културна историја. Или, кажано со поедноставни зборови, доколку Јолевски живееше во друго поднебје, сега, без сомнение, ќе ги пишуваше овластените монографии за Боуви, Колман – вели Трајкоски.

 

The post На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Неправилен ритам“/Приказни од современата македонска музичка сцена ќе биде промовирана вечерва во 18.30 часот во киното „Фросина“ во Скопје, во рамките на прославата на петте децении Младински културен центар (МКЦ). „Неправилен ритам“ е книга што директно ја коментира современата музика, современата жанровска музика (од класика до џез – можеби најширокиот музички дијапазон), современите музичари и нивните искуства, вели проф. д-р Ана Стојаноска. – Оваа книга, иако делува како место за чување на историјата е одлична база за чување на сето она што во денешен контекст значи современа музичка култура и како таква треба да ни биде дел од нашето секојдневно културно и уметничко доживување. Во распон од повеќе од 30 години, Јолевски ги зачувал интервјуата со денес култните бендови и музичари од Анастасија, Ритмистика, Бернајс Пропаганда, Суперхикс, Добрила Грашеска, Тони Китановски, Влатко Стефановски, Горан Трајкоски, Бодан Арсовски, Џиван Гаспарјан,…, создавајќи своевидна меморабилија или мапа на сеќавањето или документ за музичката историја. Сите тие интервјуа и текстови се дел од едно време што повеќе го нема, сите тие автори се дел и од тоа време, но и денес, сведочејќи го современиот однос кон музиката, концертите, фестивалите и продукцијата – вели Ана Стојаноска, писателка, театролог, професорка. Велат за да бидеш добар новинар, треба да го имаш оној „новинарски нерв“. Навистина се ретки луѓето, барем од она што можеме да го видиме околу нас и овде, кои толку посветено и приоѓаат на својата работа, како што тоа е случај со мојот почитуван колега Љупчо Јолевски. И оваа негова книга не е случајна. Таа е уште еден показател дека не минува кај него туку така, она, за коешто Бог го предодредил, пишува Тина Иванова. -Познавачите на неговите дела, неговите пријатели и познаници, знаат дека Љупчо Јолевски е страстен љубител на музиката сиот свој живот, човек кој не пропушта музички настан и не само на овие простори, туку и пошироко. Пасиониран колекционер на носачи на звук, на музичка литература, на севкупна музичка уметност воопшто… Неговите интервјуа, музичките рецензии, сеедно всушност за која форма на писание станува збор, не се обични. Тие се лупа низ која се согледува животот на уметникот така детално, микроскопски, што во тој кус светоглед раскажан низ неколку реда, откривате цело пространство од креации, идеи, љубов, живот. Тоа, е најсилната алатка на Љупчо Јолевски, неговата моќна карта со која вешто умее да „игра“. Да дознаете, да спознаете, да верувате, да се едуцирате, и да се забавувате во истовреме. Бидејќи, на крајот, приказните се раскажуваат преку луѓето – вели Иванова. Книгите на Љупчо Јолевски се текстуални винили. Документаристички раритет. Искра светлина од мрачните лавиринти на македонското копи-пејст новинарство. Навезани вистини за едни времиња, гледани од горе, од високо, а срочени лесно, чиниш, како со пердув, посочува Дејан Трајкоски. -„Неправилен ритам“ содржи интервјуа, рецензии, осврти… Поделена е на 5 поглавја. Рокенрол минато, понови бендови, па осврти врзани за џезот, но и класична музика. Тука се и текстови на големи концерти – Иги Поп, Леонард Коен, Боб Дилан, Клептон…, и за луѓе кои се дел од сцената како документаристи како Жига Коритник, Татјана Ранташа… Или, повеќе од дваесет години историја на повеќе од 500 страници! Во нашиот медиумски контекст, Јолевски е учителот. Се разбира, воопшто не е претерано да се каже така. Всушност, неправедно е да не се каже така. Затоа што на прстите од една рака се бројат луѓето со повеќедецениски стаж коишто со елан на младич пишуваат за состојбите во културата, а со таква силна наобразба. Доказ за тоа е тоа што, барем во музиката, нема новинар којшто подобро ја знае не само џез музиката, туку и музиката на светот, домашната андерграунд музика…, и кој во исто време бил активен сведок на цела една повеќе од четири децениска музичка, но и културна историја. Или, кажано со поедноставни зборови, доколку Јолевски живееше во друго поднебје, сега, без сомнение, ќе ги пишуваше овластените монографии за Боуви, Колман – вели Трајкоски.  

The post На роденденот на МКЦ новинарот Љупчо Јолевски ќе ја промовира новата книга „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ appeared first on Република.

]]>