непозната болест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepoznata-bolest/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Sep 2022 07:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png непозната болест Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepoznata-bolest/ 32 32 Непозната болест доаѓа од Аргентина, СЗО ги следи заболените и смртните случаи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nepoznata-bolest-doagja-od-argentina-szo-gi-sledi-zabolenite-i-smrtnite-sluchai/ Sun, 04 Sep 2022 07:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=547256

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи.

Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО.

Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението, пренесува „Скај Њуз“.

Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата.

Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.

The post Непозната болест доаѓа од Аргентина, СЗО ги следи заболените и смртните случаи appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи. Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО. Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението, пренесува „Скај Њуз“. Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата. Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.

The post Непозната болест доаѓа од Аргентина, СЗО ги следи заболените и смртните случаи appeared first on Република.

]]>
Епидемија во Северна Кореја, поради непозната болест нареден карантин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/epidemija-vo-severna-koreja-poradi-nepoznata-bolest-nareden-karantin/ Fri, 17 Jun 2022 07:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=516210

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, која ја забавува борбата против ковид-19 во таа земја. Лидерот Ким Јонг-Ун наредил да се спроведат строги карантински мерки, пренесуваат светските медиуми, цитирајќи го соопштението на севернокорејската државна агенција КЦНА.

Во соопштението е наведено дека Ким испратил лек во градот Хеј во средата за да им помогне на пациентите кои страдаат од акутната ентерична епидемија, а здравствените експерти шпекулираат дека може да се работи за колера или тифус. Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот тракт.

Во мај годинава, Северна Кореја прогласи вонредна состојба откако властите објавија дека еден милион луѓе се заразиле со треска за која се верува дека се случаила од коронавирус. До крајот на април, ширум земјата се пријавени 4,56 милиони случаи на заболени од грозница.

Владата вели дека бројот на смртни случаи поврзани со епидемијата е 73, но Светската здравствена организација и другите експерти стравуваат дека ситуацијата е всушност многу полоша.

The post Епидемија во Северна Кореја, поради непозната болест нареден карантин appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја пријавила појава на неидентификувана цревна болест, која ја забавува борбата против ковид-19 во таа земја. Лидерот Ким Јонг-Ун наредил да се спроведат строги карантински мерки, пренесуваат светските медиуми, цитирајќи го соопштението на севернокорејската државна агенција КЦНА. Во соопштението е наведено дека Ким испратил лек во градот Хеј во средата за да им помогне на пациентите кои страдаат од акутната ентерична епидемија, а здравствените експерти шпекулираат дека може да се работи за колера или тифус. Северна Кореја официјално не го пријави бројот на заболени од епидемијата на болеста, ниту пак кажа за каква болест се работи. Единствено познато е дека болеста е поврзана со гастроинтестиналниот тракт. Во мај годинава, Северна Кореја прогласи вонредна состојба откако властите објавија дека еден милион луѓе се заразиле со треска за која се верува дека се случаила од коронавирус. До крајот на април, ширум земјата се пријавени 4,56 милиони случаи на заболени од грозница. Владата вели дека бројот на смртни случаи поврзани со епидемијата е 73, но Светската здравствена организација и другите експерти стравуваат дека ситуацијата е всушност многу полоша.

The post Епидемија во Северна Кореја, поради непозната болест нареден карантин appeared first on Република.

]]>