неписмени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepismeni/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Dec 2023 17:02:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неписмени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nepismeni/ 32 32 Три четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво на писменост и влегуваат во судир со системот, УНИЦЕФ апелира да се изгласаат четири закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tri-chetvrtini-od-detsata-na-15-godishna-vozrast-vo-makedonija-nemaat-osnovno-nivo-na-pismenost-i-vleguvaat-vo-sudir-so-sistemot-unitsef-apelira-da-se-izglasaat-chetiri-zakoni/ Tue, 26 Dec 2023 17:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=726896

Три четвртини од сите деца на возраст од 15 години во Македонија не успеваат да постигнат основно ниво на писменост во областа на читање, а двајца од тројца ученици постигнуваат слаби резултати по предметите математика и природни науки. Сѐ повеќе деца влегуваат во судир со правосудниот систем, апелира претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани.

Четири закони клучни за децата во Македонија се закочени во Владата и Собранието, а децата повеќе не можат да чекаат донесување на закони. Станува збор за следниве законски иницијативи: 1) предлог законот за правда за децата кој беше утврден од Владата и треба веднаш да се донесе од Собранието; 2) измените на законот за основно образование кои се во собраниска постапка повеќе од седум месеци и досега се поминати само на првото читање; 3) предлог законот за средно образование и 4) предлог законот за стручно образование и обука треба да бидат утврдени од страна на Владата.

Одолговлекувањето само ќе ги влоши актуелните состојби во повеќе сектори. Сите политички партии треба да се обединат за доброто на децата и да покажат посветеност кон подобра иднина за земјата така што ќе придонесат за брзо донесување на овие закони. Не можеме да си го дозволиме луксузот децата уште да чекаат, вели ДиЏовани.

Пред триесет години, кога државата ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации вети заштита и почитување на правата на децата. Со самиот чин на ратификација, државата ја прифати и обврската да ги исполни сите обврски коишто произлегуваат од Конвенцијата, вклучувајќи ја и обврската да ги усогласи домашните закони и практики со Конвенцијата.

Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да го добијат приоритетот што го заслужуваат.

Донесувањето закони е важен чекор, но законите се толку добри колку што е добро нивното спроведување во пракса, па затоа Владата и Собранието мора да одвојат доволно финансиски ресурси што ќе им овозможат на надлежните да ги реализираат обврските коишто произлегуваат од гореспомнатите закони.

Утврдувањето на предлог законот за правда за децата од страна на Владата е за поздравување, но УНИЦЕФ го повикува Собранието веднаш и без одлагање да го донесе овој закон откако ќе влезе во собраниска постапка. Пред да добие зелено светло од Владата, овој закон беше подготвуван повеќе од четири години. Со него се воведува нова мерка која обезбедува најдобриот интерес на детето да биде земен предвид при секое носење одлуки што се однесуваат на децата во судир со законот, како и децата-жртви и сведоци во судски постапки. Се воведуваат и нови мерки за поддршка на децата во судир со законот со кои им се овозможува да ја поправат штетата што ја предизвикале, им се помага да ги разберат последиците од тоа што го сториле и им се обезбедуваат можности за реинтеграција во заедницата. Предлог законот е усогласен со директивите на ЕУ за процесно-правна заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, како и со минималните стандарди за правата, поддршката и заштитата на децата-жртви на криминал.

„Исто така, го повикуваме Собранието да го забрза усвојувањето на измените на Законот за основното образование. УНИЦЕФ искажува загриженост што и по седум месеци од доставувањето на овие измени до Собранието, истите сѐ уште се наоѓаат во собраниска постапка. Иако и сегашниот закон дава добра основа за подобрување на квалитетот на образованието и за инклузивно образование, овие измени се од суштинска важност за обезбедување долгорочно решение за децата во казнено-поправни и воспитно-поправните установи кои и натаму остануваат лишени од нивното право на образование. Оваа негативна состојба постојано ја истакнуваат УНИЦЕФ, Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Европската Унија во нивните извештаи, се вели во апелот на претставничката на УНИЦЕФ во Македонија.

„Владата треба да преземе итни активности за одобрување и последователно доставување до Собранието на предлог законот за средно образование и предлог законот за стручно образование и обука. Овие два закона се од суштинска важност за обезбедување премин од основно во средно образование на децата од ранливите групи, како што се децата со попреченост, децата во воспитно-поправните установи, децата-мигранти и децата-бегалци. Меѓу другото, овие закони овозможуваат справување со дискриминацијата и ја истакнуваат важноста на менталното здравје и на факторите на животната средина во средното образование. Исто така, воведувањето на регионалните центри за стручно образование во законот за стручно образование и обука претставува дополнителен чекор во усогласување на вештините што децата ќе ги стекнат на училиште со потребите на пазарот на трудот.

 

The post Три четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво на писменост и влегуваат во судир со системот, УНИЦЕФ апелира да се изгласаат четири закони appeared first on Република.

]]>

Три четвртини од сите деца на возраст од 15 години во Македонија не успеваат да постигнат основно ниво на писменост во областа на читање, а двајца од тројца ученици постигнуваат слаби резултати по предметите математика и природни науки. Сѐ повеќе деца влегуваат во судир со правосудниот систем, апелира претставничката на УНИЦЕФ Патриција ДиЏовани. Четири закони клучни за децата во Македонија се закочени во Владата и Собранието, а децата повеќе не можат да чекаат донесување на закони. Станува збор за следниве законски иницијативи: 1) предлог законот за правда за децата кој беше утврден од Владата и треба веднаш да се донесе од Собранието; 2) измените на законот за основно образование кои се во собраниска постапка повеќе од седум месеци и досега се поминати само на првото читање; 3) предлог законот за средно образование и 4) предлог законот за стручно образование и обука треба да бидат утврдени од страна на Владата.
Одолговлекувањето само ќе ги влоши актуелните состојби во повеќе сектори. Сите политички партии треба да се обединат за доброто на децата и да покажат посветеност кон подобра иднина за земјата така што ќе придонесат за брзо донесување на овие закони. Не можеме да си го дозволиме луксузот децата уште да чекаат, вели ДиЏовани.
Пред триесет години, кога државата ја ратификуваше Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации вети заштита и почитување на правата на децата. Со самиот чин на ратификација, државата ја прифати и обврската да ги исполни сите обврски коишто произлегуваат од Конвенцијата, вклучувајќи ја и обврската да ги усогласи домашните закони и практики со Конвенцијата. Во текот на овие 30 години, правата на децата се немаат променето, но детството е тоа што се промени. Денес децата живеат во свет каде нивните права се доведени под ризик и ставени настрана заради други приоритети. Децата не можат да чекаат. Има закони важни за децата кои чекаат во владина или собраниска постапка да го добијат приоритетот што го заслужуваат.
Донесувањето закони е важен чекор, но законите се толку добри колку што е добро нивното спроведување во пракса, па затоа Владата и Собранието мора да одвојат доволно финансиски ресурси што ќе им овозможат на надлежните да ги реализираат обврските коишто произлегуваат од гореспомнатите закони. Утврдувањето на предлог законот за правда за децата од страна на Владата е за поздравување, но УНИЦЕФ го повикува Собранието веднаш и без одлагање да го донесе овој закон откако ќе влезе во собраниска постапка. Пред да добие зелено светло од Владата, овој закон беше подготвуван повеќе од четири години. Со него се воведува нова мерка која обезбедува најдобриот интерес на детето да биде земен предвид при секое носење одлуки што се однесуваат на децата во судир со законот, како и децата-жртви и сведоци во судски постапки. Се воведуваат и нови мерки за поддршка на децата во судир со законот со кои им се овозможува да ја поправат штетата што ја предизвикале, им се помага да ги разберат последиците од тоа што го сториле и им се обезбедуваат можности за реинтеграција во заедницата. Предлог законот е усогласен со директивите на ЕУ за процесно-правна заштита на децата кои се осомничени или обвинети во кривична постапка, како и со минималните стандарди за правата, поддршката и заштитата на децата-жртви на криминал. „Исто така, го повикуваме Собранието да го забрза усвојувањето на измените на Законот за основното образование. УНИЦЕФ искажува загриженост што и по седум месеци од доставувањето на овие измени до Собранието, истите сѐ уште се наоѓаат во собраниска постапка. Иако и сегашниот закон дава добра основа за подобрување на квалитетот на образованието и за инклузивно образование, овие измени се од суштинска важност за обезбедување долгорочно решение за децата во казнено-поправни и воспитно-поправните установи кои и натаму остануваат лишени од нивното право на образование. Оваа негативна состојба постојано ја истакнуваат УНИЦЕФ, Народниот правобранител, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Европската Унија во нивните извештаи, се вели во апелот на претставничката на УНИЦЕФ во Македонија.
„Владата треба да преземе итни активности за одобрување и последователно доставување до Собранието на предлог законот за средно образование и предлог законот за стручно образование и обука. Овие два закона се од суштинска важност за обезбедување премин од основно во средно образование на децата од ранливите групи, како што се децата со попреченост, децата во воспитно-поправните установи, децата-мигранти и децата-бегалци. Меѓу другото, овие закони овозможуваат справување со дискриминацијата и ја истакнуваат важноста на менталното здравје и на факторите на животната средина во средното образование. Исто така, воведувањето на регионалните центри за стручно образование во законот за стручно образование и обука претставува дополнителен чекор во усогласување на вештините што децата ќе ги стекнат на училиште со потребите на пазарот на трудот.  

The post Три четвртини од децата на 15-годишна возраст во Македонија немаат основно ниво на писменост и влегуваат во судир со системот, УНИЦЕФ апелира да се изгласаат четири закони appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Oваа влада не промени ништо во образованието, затоа имаме 95% функционално неписмени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ovaa-vlada-ne-promeni-nishto-vo-obrazovanieto-zatoa-imame-95-funkcionalno-nepismeni/ Tue, 04 Oct 2022 08:05:31 +0000 https://republika.mk/?p=557114

Коментирајќи ја изјавата на Битиќи, претседателот Стево Пендаровски на „Телма“ упати критики до Владата велејќи дека 10 години не е ништо направено во образованието и од таму имаме 95% функционално неписмени лица.

Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени… Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи, вели Пендаровски.

Пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето една конференција рече дека над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование.

The post Пендаровски: Oваа влада не промени ништо во образованието, затоа имаме 95% функционално неписмени appeared first on Република.

]]>

Коментирајќи ја изјавата на Битиќи, претседателот Стево Пендаровски на „Телма“ упати критики до Владата велејќи дека 10 години не е ништо направено во образованието и од таму имаме 95% функционално неписмени лица.
Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени… Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи, вели Пендаровски.
Пред неколку дена вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќањето една конференција рече дека над 90 отсто од невработените во земјава се функционално неписмени или нефункционално писмени, а 63 отсто од нив се без основно или незавршено основно образование.

The post Пендаровски: Oваа влада не промени ништо во образованието, затоа имаме 95% функционално неписмени appeared first on Република.

]]>
Дури 35 отсто од граѓаните во Македонија или се неписмени или почнале или завршиле основно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-35-otsto-od-gragjanite-vo-makedonija-ili-se-nepismeni-ili-pochnale-ili-zavrshile-osnovno/ Wed, 01 Jun 2022 16:45:43 +0000 https://republika.mk/?p=509871

Државниот завод за статистика објави нови податоци од пописот кои се однесуваат на образованието. Од нив произлегува дека само околу 20 отсто од граѓаните во Македонија се високообразовани, за разлика од, на пример, Канада каде тој процент надминува 60 отсто. Наспроти тоа, дури 35 отсто од граѓаните кај нас или се неписмени, или почнале или завршиле основно образование, а само 1,9 отсто успеале да стигнат до магистратура.

Шокантен е исто така податокот дека од вкупно 839. 174 станови, 531.987 од нив или 63.4 % се населени, а дури 307.187 станови ( 36.6 %) се ненаселени, додека во државата и натаму засилено се гради.

Попрецизно, податоците од пописот покажуваат дека во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, има 18. 897 или 1,2 % неписмени лица, од кои 5. 517 се мажи и 13. 380 се жени.

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се 23.192 лица или 1.5 % без образование, 62.129 лица или 4,1 % се со незавршено основно образование, 423. 456 лица или 27,8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 % се со високо образование, 29.654 лица или 1,9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45. 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка.

Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189.736 лица или 18,7 % се од областа инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1.9 % се од областа информатичко-комуникациски технологии.

Во вкупното резидентно население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование 186.570 лица или 10,7 % посетуваат основно образование, 80.378 лица или 4,6 % се во средното образование, додека 93.804 лица или 5,4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население, односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549.

Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56.701 лица се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се жени.

Според дејноста, најмногу вработени, 123.347 лица има во преработувачката индустрија, од кои 65.751 се мажи и 57. 596 се жени.

Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766, а на лицата со попреченост изнесува 94 .412. Според видот на попреченоста, најголемо учество од 8% или 38.499 имаат лицата со потешкотии со движењето.

 

The post Дури 35 отсто од граѓаните во Македонија или се неписмени или почнале или завршиле основно appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика објави нови податоци од пописот кои се однесуваат на образованието. Од нив произлегува дека само околу 20 отсто од граѓаните во Македонија се високообразовани, за разлика од, на пример, Канада каде тој процент надминува 60 отсто. Наспроти тоа, дури 35 отсто од граѓаните кај нас или се неписмени, или почнале или завршиле основно образование, а само 1,9 отсто успеале да стигнат до магистратура. Шокантен е исто така податокот дека од вкупно 839. 174 станови, 531.987 од нив или 63.4 % се населени, а дури 307.187 станови ( 36.6 %) се ненаселени, додека во државата и натаму засилено се гради. Попрецизно, податоците од пописот покажуваат дека во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, според писменоста, има 18. 897 или 1,2 % неписмени лица, од кои 5. 517 се мажи и 13. 380 се жени. Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се 23.192 лица или 1.5 % без образование, 62.129 лица или 4,1 % се со незавршено основно образование, 423. 456 лица или 27,8 % се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 % се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 % се со високо образование, 29.654 лица или 1,9 % се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 % се со докторат, а 45. 174 лица или 3.0 % се со непозната школска подготовка. Според полето (видот) на највисокиот степен на школска подготовка, 189.736 лица или 18,7 % се од областа инженерство, производство и градежништво, а само 19.044 лица или 1.9 % се од областа информатичко-комуникациски технологии. Во вкупното резидентно население на возраст од 5 години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование 186.570 лица или 10,7 % посетуваат основно образование, 80.378 лица или 4,6 % се во средното образование, додека 93.804 лица или 5,4 % се во високото образование, на магистратура и на докторски студии. Вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе изнесува 1.525.366 лица, од кои 717.769 лица се дел од активното население, односно 608.520 лица се вработени, а 109.249 лица се невработени. Бројот на неактивните лица изнесува 768.549. Според највисокиот степен на школска подготовка, најмногу невработени, 56.701 лица се со средно образование од кои 34.313 се мажи и 22.388 се жени. Според дејноста, најмногу вработени, 123.347 лица има во преработувачката индустрија, од кои 65.751 се мажи и 57. 596 се жени. Во вкупното резидентно население, бројот на издржуваните лица изнесува 450.766, а на лицата со попреченост изнесува 94 .412. Според видот на попреченоста, најголемо учество од 8% или 38.499 имаат лицата со потешкотии со движењето.  

The post Дури 35 отсто од граѓаните во Македонија или се неписмени или почнале или завршиле основно appeared first on Република.

]]>