неонацисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neonacisti/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 08:42:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неонацисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neonacisti/ 32 32 Русија го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-obvini-izrael-deka-gi-poddrzuva-neonacistite-vo-ukraina/ Tue, 03 May 2022 08:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=496659

Израел изрази поддршка за Украина по почетокот на конфликтот во февруари, но избегна директна критика од Москва и не воведе формални санкции за руските олигарси, внимавајќи да не ги наруши односите со Русија, моќен посредник во соседна Сирија.

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина, што дополнително ги поттикна тензиите меѓу двете земји, кои започнаа со тврдењето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејско потекло.

Израелските власти вчера го критикуваа Лавров, велејќи дека неговото тврдење – изнесено кога зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин – е „непростлива“ лага, пренесува Ројтерс.

The post Русија го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина appeared first on Република.

]]>

Израел изрази поддршка за Украина по почетокот на конфликтот во февруари, но избегна директна критика од Москва и не воведе формални санкции за руските олигарси, внимавајќи да не ги наруши односите со Русија, моќен посредник во соседна Сирија. Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина, што дополнително ги поттикна тензиите меѓу двете земји, кои започнаа со тврдењето на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Адолф Хитлер има еврејско потекло. Израелските власти вчера го критикуваа Лавров, велејќи дека неговото тврдење – изнесено кога зборуваше за украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин – е „непростлива“ лага, пренесува Ројтерс.

The post Русија го обвини Израел дека ги поддржува неонацистите во Украина appeared first on Република.

]]>
Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацисти одат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/predupreduvanje-od-germanskite-bezbednosni-sluzbi-neonacisti-odat-vo-ukraina/ Tue, 22 Mar 2022 09:25:42 +0000 https://republika.mk/?p=476489

Германските безбедносни служби предупредуваат дека повеќе германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти.

Според германските медиуми, станува збор за десетици луѓе од десничарското радикално опкружување, кои веќе се на борбените линии или имаат намера да патуваат таму. Дванаесет неонацисти од Германија веќе се вратиле од Украина, тврди веб-страницата „Цајт“.

Неименуван извор од германското МВР во Берлин посочува дека во борбите се вклучени мал број десничарски екстремисти, а останатите сакаат да се пријават директно на местото на настанот, односно наводно да пружат помош.

„Безбедносните сили имаат голем интерес да ги спречат екстремистите да ја напуштат земјата“, подвлече портпаролот на министерството, додавајќи дека неколку лица, кои биле следени од службите, биле спречени да заминат за Украина.

Медиумите потсетуваат дека ваквиот развој на настаните е многу незгоден, имајќи го предвид фактот дека Кремљ војната ја оправдува со „денацификација“ на Украина.

Се потсетува и дека во 2013/2014 година, кога се случи соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јануковиќ, биле основани неколку десничарски групи, кои потоа, наводно, биле распуштени.

Некои десничари, додаваат медиумите, морале да одговараат за воени злосторства во источна Украина, но украинската армија во војната против Русија се потпира и на баталјонот „Азов“, кој се смета за ултранационалистички и неонацистички

The post Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацисти одат во Украина appeared first on Република.

]]>

Германските безбедносни служби предупредуваат дека повеќе германски неонацисти тргнале кон Украина за да се приклучат во борбата на украинските власти. Според германските медиуми, станува збор за десетици луѓе од десничарското радикално опкружување, кои веќе се на борбените линии или имаат намера да патуваат таму. Дванаесет неонацисти од Германија веќе се вратиле од Украина, тврди веб-страницата „Цајт“. Неименуван извор од германското МВР во Берлин посочува дека во борбите се вклучени мал број десничарски екстремисти, а останатите сакаат да се пријават директно на местото на настанот, односно наводно да пружат помош. „Безбедносните сили имаат голем интерес да ги спречат екстремистите да ја напуштат земјата“, подвлече портпаролот на министерството, додавајќи дека неколку лица, кои биле следени од службите, биле спречени да заминат за Украина. Медиумите потсетуваат дека ваквиот развој на настаните е многу незгоден, имајќи го предвид фактот дека Кремљ војната ја оправдува со „денацификација“ на Украина. Се потсетува и дека во 2013/2014 година, кога се случи соборувањето на прорускиот претседател на Украина, Виктор Јануковиќ, биле основани неколку десничарски групи, кои потоа, наводно, биле распуштени. Некои десничари, додаваат медиумите, морале да одговараат за воени злосторства во источна Украина, но украинската армија во војната против Русија се потпира и на баталјонот „Азов“, кој се смета за ултранационалистички и неонацистички

The post Предупредување од германските безбедносни служби: Неонацисти одат во Украина appeared first on Република.

]]>
Официјална Москва: Одреди на украинските неонацисти како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/oficijalna-moskva-odredi-na-ukrainskite-neonacisti-kako-ziv-shtit-drzat-povekje-od-6-900-zaloznici-od-16-zemji/ Sat, 12 Mar 2022 21:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=471918

Началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев, предупреди дека украинските неонацистички одреди како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 држави.

Според зборовите на Мизинцев, хуманитарната состојба во Украина продолжува забрзано да се влошува, а во одредени градови достигнва катастрофални размери.

Вооружени формации на неонацистите минираат станбени квартови, рушат мостови и патишта, уништуваат продажни објекти. Поради таквите злосторнички дејствија, насочени пред се против украинскиот народ, цивилното население е принудено да живее во нечовечки услови, без огрев, струја, водоснабдување, храна и лекови - изјави Мизинцев.

The post Официјална Москва: Одреди на украинските неонацисти како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 земји appeared first on Република.

]]>

Началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, генерал-полковник Михаил Мизинцев, предупреди дека украинските неонацистички одреди како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 држави. Според зборовите на Мизинцев, хуманитарната состојба во Украина продолжува забрзано да се влошува, а во одредени градови достигнва катастрофални размери.
Вооружени формации на неонацистите минираат станбени квартови, рушат мостови и патишта, уништуваат продажни објекти. Поради таквите злосторнички дејствија, насочени пред се против украинскиот народ, цивилното население е принудено да живее во нечовечки услови, без огрев, струја, водоснабдување, храна и лекови - изјави Мизинцев.

The post Официјална Москва: Одреди на украинските неонацисти како „жив штит“ држат повеќе од 6.900 заложници од 16 земји appeared first on Република.

]]>
Фејсбук дозволи величење на неонацистички украински баталјон https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/fejsbuk-dozvoli-velichenje-na-neonacistichki-ukrainski-bataljon/ Sun, 27 Feb 2022 17:31:45 +0000 https://republika.mk/?p=464804

Оваа промена покренува прашања во врска со уредувањето на содржината според црната листа на Фејсбук, за која критичарите велат дека нема нијанси и контекст, вели Интерсепт.

Фејсбук привремено ќе им дозволи на своите милијарди корисници да го фалат Азовскиот баталјон, украинска неонацистичка воена единица за која претходно беше забрането слободно да се дискутира според политиката на компанијата за опасни поединци и организации, дознал американскиот медиум.

Овонеделното менување на правилото е поврзано со руската инвазија на Украина и претходната воена ескалација.

Баталјонот Азов, кој функционира како оружено крило на поширокото украинско бело националистичко движење Азов, почна како доброволна антируска милиција пред формално да ѝ се приклучи на Украинската национална гарда во 2014 година. Полкот е познат по својот тврдокорен десничарски ултранационализам и неонацистичката идеологија распространета меѓу неговите членови.

Иако во последниве години ги минимизираше своите неонацистички симпатии, афинитетите на групата не се кријат: војниците на Азов маршираат и тренираат облечени во униформи со икони на Третиот Рајх; неговото раководство наводно им се додворувало на американските алт-десничарски и неонацистички елементи; а во 2010 година, првиот командант на баталјонот и поранешен украински парламентарец, Андриј Билецки, изјави дека националната цел на Украина е „да ги поведе белите раси во светот во последната крстоносна војна... против Untermenschen (подлуѓето) предводени од семитите“.

Со оглед на тоа што руските сили, наводно, брзо се движат против цели низ Украина, Фејсбуковиот отворен пристап кон уредување врз основа на црни листи ја става компанијата во ќор-сокак: што се случува кога групата за која сметате дека е премногу опасна за слободно да се разговара за неа, ја брани својата земја од инвазија?, вели Интерсепт.

Според материјалите за внатрешна политика што ги добил медиумот, Фејсбук ќе „дозволи пофалби за баталјонот Азов кога експлицитно и исклучиво ќе се фали нивната улога во одбраната на Украина ИЛИ нивната улога како дел од Националната гарда на Украина“. Внатрешно објавените примери на говор што Фејсбук сега го смета за прифатлив вклучуваат „Волонтерите на движењето Азов се вистински херои, тие се мошне потребната поддршка за нашата национална гарда“; „Нападнати сме. Азов храбро го брани нашиот град последните 6 часа“; и „Мислам дека Азов игра патриотска улога за време на оваа криза“.

Материјалите предвидуваат дека Азов сè уште не може да ги користи платформите на Фејсбук за регрутирање или за објавување свои изјави и дека униформите и транспарентите на полкот ќе останат како забранети слики со симболи на омраза, дури и додека војниците на Азов може да се борат носејќи ги и прикажувајќи ги. Како премолчано признавање на идеологијата на групата, меморандумот дава два примери на објави што не би биле дозволени според новата политика: „Гебелс, Фирерот и Азов, сите се одлични модели за национални жртви и хероизам“ и „Браво, Азов, за заштитата на Украина и нејзиното бело националистичко наследство“.

Во изјава за Интерсепт, портпаролката на компанијата Ерика Сакин ја потврдила одлуката, но одбила да одговори на прашањата за новата политика.

Исклучокот несомнено ќе ги збуни модераторите на Фејсбук, вели Интерсепт, кои имаат задача исцрпувачки да ги толкуваат магливите и повремено контрадикторни правила за цензура на компанијата. Иако корисниците на Фејсбук сега може да ја пофалат секоја идна акција на бојното поле на војниците на Азов против Русија, новата политика забележува дека „секоја пофалба за насилство“ извршена од групата е сè уште забранета.

Не е јасно каков вид ненасилна војна очекува компанијата, вели Интерсепт.

Иако промената може да биде добредојдена вест за критичарите што велат дека распространетата, главно тајна политика за опасни поединци и организации може да го задуши слободното изразување на интернет, таа исто така нуди дополнителни докази дека Фејсбук одредува кој говор е дозволен врз основа на надворешнополитичките пресуди на Обединетите нации. Минатото лето, на пример, Мадерборд објави дека Фејсбук на сличен начин направил исклучок од своите политики за цензура во Иран, привремено дозволувајќи им на корисниците да објавуваат „Смрт за Хамнеи“ во период од две недели. „Мислам дека тоа е директен одговор на надворешната политика на САД“, рече Диа Кајали од непрофитната Мнемоник за изземањето за Азов. „Така отсекогаш функционирала... листата.“

Од друга страна, Фејсбук почна да ги идентификува сите медиумски профили на Фејсбук и Инстаграм што се контролирани од руската држава. Компанијата, исто така, им забрани на руските државни медиуми да купуваат реклами или да ја монетизираат својата содржина каде било во светот.

The post Фејсбук дозволи величење на неонацистички украински баталјон appeared first on Република.

]]>

Оваа промена покренува прашања во врска со уредувањето на содржината според црната листа на Фејсбук, за која критичарите велат дека нема нијанси и контекст, вели Интерсепт. Фејсбук привремено ќе им дозволи на своите милијарди корисници да го фалат Азовскиот баталјон, украинска неонацистичка воена единица за која претходно беше забрането слободно да се дискутира според политиката на компанијата за опасни поединци и организации, дознал американскиот медиум. Овонеделното менување на правилото е поврзано со руската инвазија на Украина и претходната воена ескалација. Баталјонот Азов, кој функционира како оружено крило на поширокото украинско бело националистичко движење Азов, почна како доброволна антируска милиција пред формално да ѝ се приклучи на Украинската национална гарда во 2014 година. Полкот е познат по својот тврдокорен десничарски ултранационализам и неонацистичката идеологија распространета меѓу неговите членови. Иако во последниве години ги минимизираше своите неонацистички симпатии, афинитетите на групата не се кријат: војниците на Азов маршираат и тренираат облечени во униформи со икони на Третиот Рајх; неговото раководство наводно им се додворувало на американските алт-десничарски и неонацистички елементи; а во 2010 година, првиот командант на баталјонот и поранешен украински парламентарец, Андриј Билецки, изјави дека националната цел на Украина е „да ги поведе белите раси во светот во последната крстоносна војна... против Untermenschen (подлуѓето) предводени од семитите“. Со оглед на тоа што руските сили, наводно, брзо се движат против цели низ Украина, Фејсбуковиот отворен пристап кон уредување врз основа на црни листи ја става компанијата во ќор-сокак: што се случува кога групата за која сметате дека е премногу опасна за слободно да се разговара за неа, ја брани својата земја од инвазија?, вели Интерсепт. Според материјалите за внатрешна политика што ги добил медиумот, Фејсбук ќе „дозволи пофалби за баталјонот Азов кога експлицитно и исклучиво ќе се фали нивната улога во одбраната на Украина ИЛИ нивната улога како дел од Националната гарда на Украина“. Внатрешно објавените примери на говор што Фејсбук сега го смета за прифатлив вклучуваат „Волонтерите на движењето Азов се вистински херои, тие се мошне потребната поддршка за нашата национална гарда“; „Нападнати сме. Азов храбро го брани нашиот град последните 6 часа“; и „Мислам дека Азов игра патриотска улога за време на оваа криза“. Материјалите предвидуваат дека Азов сè уште не може да ги користи платформите на Фејсбук за регрутирање или за објавување свои изјави и дека униформите и транспарентите на полкот ќе останат како забранети слики со симболи на омраза, дури и додека војниците на Азов може да се борат носејќи ги и прикажувајќи ги. Како премолчано признавање на идеологијата на групата, меморандумот дава два примери на објави што не би биле дозволени според новата политика: „Гебелс, Фирерот и Азов, сите се одлични модели за национални жртви и хероизам“ и „Браво, Азов, за заштитата на Украина и нејзиното бело националистичко наследство“. Во изјава за Интерсепт, портпаролката на компанијата Ерика Сакин ја потврдила одлуката, но одбила да одговори на прашањата за новата политика. Исклучокот несомнено ќе ги збуни модераторите на Фејсбук, вели Интерсепт, кои имаат задача исцрпувачки да ги толкуваат магливите и повремено контрадикторни правила за цензура на компанијата. Иако корисниците на Фејсбук сега може да ја пофалат секоја идна акција на бојното поле на војниците на Азов против Русија, новата политика забележува дека „секоја пофалба за насилство“ извршена од групата е сè уште забранета. Не е јасно каков вид ненасилна војна очекува компанијата, вели Интерсепт. Иако промената може да биде добредојдена вест за критичарите што велат дека распространетата, главно тајна политика за опасни поединци и организации може да го задуши слободното изразување на интернет, таа исто така нуди дополнителни докази дека Фејсбук одредува кој говор е дозволен врз основа на надворешнополитичките пресуди на Обединетите нации. Минатото лето, на пример, Мадерборд објави дека Фејсбук на сличен начин направил исклучок од своите политики за цензура во Иран, привремено дозволувајќи им на корисниците да објавуваат „Смрт за Хамнеи“ во период од две недели. „Мислам дека тоа е директен одговор на надворешната политика на САД“, рече Диа Кајали од непрофитната Мнемоник за изземањето за Азов. „Така отсекогаш функционирала... листата.“ Од друга страна, Фејсбук почна да ги идентификува сите медиумски профили на Фејсбук и Инстаграм што се контролирани од руската држава. Компанијата, исто така, им забрани на руските државни медиуми да купуваат реклами или да ја монетизираат својата содржина каде било во светот.

The post Фејсбук дозволи величење на неонацистички украински баталјон appeared first on Република.

]]>