необјавен роман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neobjaven-roman/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 18:50:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png необјавен роман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neobjaven-roman/ 32 32 До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/do-1-juli-otvoren-konkursot-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman/ Sat, 29 Jun 2024 18:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=791963

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Првата победничка на „Пегаз“, Соња Манџук, која го доби ова книжевно признание во 2019 година за ракописот „Насон прочитана книга“, вели дека оваа награда и денес, пет години по доделувањето, за неа има голема важност од повеќе причини.

Значајна ми е затоа што е избрана за најдобра во конкуренција од 77 ракописи. Значајна ми е затоа што овозможи објавување на романот, кој две години беше одбиван од Министерството за култура. И затоа што информацијата за конкурсот дојде во моментот кога веќе се откажав од тоа да аплицирам со ракописот преку издавачка куќа и размислував за самоиздавање на романот. Сепак, она што ја прави особено посебна и значајна за мене е токму називот „Пегаз“. Тој симбол, тоа митолошко суштество е дел од романот, некои ликови, со своето сновидно/астрално тело, летаат на неговите крилја. А, со оглед на тоа што во ова дело се обидував да го следам холистичкиот принцип на сеопфатност и целовитост, наградата „Пегаз“ ја доживувам како заокружување, надополнување, како вклопување во романот. И, токму затоа, таа за мене има исклучително и особено големо значење – вели Манџук.

Авторот Владо Јаневски, кој со „Мртвите знаат најдобро“ е еден од добитниците на „Пегаз“ за 2020 година, вели дека убавината на ова признание е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност.

„Пегаз“ е за престижна награда. На пример, во 2020 година беше доделена во конкуренција од 61 ракопис. Учествував анонимно, во такви услови наградата за мене имаше поголема тежина. Се разбира дека тоа ми даде поттик да продолжам. Благодарение на објавувањето на „Мртвите знаат најдобро“, веднаш потоа следната година се објави неговото продолжение, романот „Смртта не е крај“, кој патем може да се чита и како посебен роман – вели Јаневски.

Писателот Александар Русјаков, кој ја доби наградата во 2021 година за романот „Хотел меѓу две војни“, вели дека „награда на авторот му носи не само емотивно задоволство туку и можност неговото дело, откако ќе биде прогласено за победничко, да го види повеќе публика, оти публиката сака да ги следи наградуваните“.

За мене, „Пегаз“ е посебно значајна, затоа што, реално, тоа е мојата прва книжевна награда. Оваа награда донесе позитивно влијание врз читателската публика. А врз моето книжевно творештво, идејата за награди нема никакво влијание, бидејќи не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резултатот – вели Русјаков.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

 

The post До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, ќе биде отворен до 1 јули (понеделник). На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е резултат на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023). Книгите се дел од едицијата „Пегаз“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Првата победничка на „Пегаз“, Соња Манџук, која го доби ова книжевно признание во 2019 година за ракописот „Насон прочитана книга“, вели дека оваа награда и денес, пет години по доделувањето, за неа има голема важност од повеќе причини.
Значајна ми е затоа што е избрана за најдобра во конкуренција од 77 ракописи. Значајна ми е затоа што овозможи објавување на романот, кој две години беше одбиван од Министерството за култура. И затоа што информацијата за конкурсот дојде во моментот кога веќе се откажав од тоа да аплицирам со ракописот преку издавачка куќа и размислував за самоиздавање на романот. Сепак, она што ја прави особено посебна и значајна за мене е токму називот „Пегаз“. Тој симбол, тоа митолошко суштество е дел од романот, некои ликови, со своето сновидно/астрално тело, летаат на неговите крилја. А, со оглед на тоа што во ова дело се обидував да го следам холистичкиот принцип на сеопфатност и целовитост, наградата „Пегаз“ ја доживувам како заокружување, надополнување, како вклопување во романот. И, токму затоа, таа за мене има исклучително и особено големо значење – вели Манџук.
Авторот Владо Јаневски, кој со „Мртвите знаат најдобро“ е еден од добитниците на „Пегаз“ за 2020 година, вели дека убавината на ова признание е што со секој награден роман нуди книжевна разновидност.
„Пегаз“ е за престижна награда. На пример, во 2020 година беше доделена во конкуренција од 61 ракопис. Учествував анонимно, во такви услови наградата за мене имаше поголема тежина. Се разбира дека тоа ми даде поттик да продолжам. Благодарение на објавувањето на „Мртвите знаат најдобро“, веднаш потоа следната година се објави неговото продолжение, романот „Смртта не е крај“, кој патем може да се чита и како посебен роман – вели Јаневски.
Писателот Александар Русјаков, кој ја доби наградата во 2021 година за романот „Хотел меѓу две војни“, вели дека „награда на авторот му носи не само емотивно задоволство туку и можност неговото дело, откако ќе биде прогласено за победничко, да го види повеќе публика, оти публиката сака да ги следи наградуваните“.
За мене, „Пегаз“ е посебно значајна, затоа што, реално, тоа е мојата прва книжевна награда. Оваа награда донесе позитивно влијание врз читателската публика. А врз моето книжевно творештво, идејата за награди нема никакво влијание, бидејќи не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резултатот – вели Русјаков.
Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.  

The post До 1 јули отворен конкурсот за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман appeared first on Република.

]]>
Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-e-shestiot-konkurs-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-vo-2024-godina/ Fri, 01 Mar 2024 08:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=749845

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година.

За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ.

Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.

Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

„Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината.

Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.

 

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, е отворен и трае до 1 јули 2024 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2024 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи), за возрасни или за деца, што ќе ги достават самите автори на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ. Ракописите ќе ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. „Пегаз“ е производ на идејата за откривање на нови писателски гласови што ќе придонесат за унапредување на книжевниот вид роман во рамките на македонската книжевна продукција. Наградата е востановена во 2019 година и е замислена како продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Досегашни добитници на наградата „Пегаз“ се романите: „Насон прочитана книга“ од Соња Манџук (2019), „Мртвите знаат најдобро“ од Владо Јаневски и „Лазарка“ од Љупчо Петрески (2020), „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков (2021), „Зелениот дворец“ од Сибо (2022) и „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова (2023), што ќе биде објавен следниот месец. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата.  

The post Отворен е шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/konkursot-za-knizevnata-nagradata-pegaz-e-otvoren-do-prvi-septemvri/ Thu, 28 Jul 2022 09:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=534156

  1. 8Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „Word“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на оваа година.
Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата се доделува од 2019 година.

На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември appeared first on Република.

]]>

  1. 8Четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината, ќе биде отворен до први септември 2022 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „Word“ или во ПДФ-формат на електронската адреса pegaz@arslamina.com.
Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на оваа година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ и треторангираните романи. Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Наградата се доделува од 2019 година. На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Конкурсот за книжевната наградата „Пегаз“ е отворен до први септември appeared first on Република.

]]>
Четврти конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetvrti-konkurs-za-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-vo-2022-godina/ Thu, 28 Apr 2022 12:00:20 +0000 https://republika.mk/?p=494769

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година.

На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во „Word“ или во ПДФ-формат) на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Конкурсот ќе биде отворен до први септември 2022 година.

Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително.
Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на 2022 година.
Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ- и треторангираните романи. Наградите ќе бидат врачени на посебна свеченост.

Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Наградата му беше врачена на неодамнешната свеченост во Младинскиот културен центар. Ракописите ги оценуваше жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (катедра за општа и компаративна книжевност при ФЛФ „Блаже Конески“, Скопје), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година беа разгледувани и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска.

Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“.
Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Четврти конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишуваат четвртиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2022 година. На изборот можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори – кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во „Word“ или во ПДФ-формат) на следната е-пошта: pegaz@arslamina.com. Конкурсот ќе биде отворен до први септември 2022 година. Ракописите ќе ги оценува тричлена стручна жири-комисија, составена од реномирани книжевни дејци и еден претставник на издавачот, чијшто состав ќе биде објавен дополнително. Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде објавен најдоцна до крајот на 2022 година. Доколку и некој друг од ракописите биде оценет позитивно, издавачот „Арс Ламина“ може да понуди објавување и на второ- и треторангираните романи. Наградите ќе бидат врачени на посебна свеченост. Наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. На минатогодишното, трето издание на наградата „Пегаз“, пристигнаа 44 ракописи, а првото место го освои романот „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков. Наградата му беше врачена на неодамнешната свеченост во Младинскиот културен центар. Ракописите ги оценуваше жирито во состав: проф. д-р Владимир Мартиновски (катедра за општа и компаративна книжевност при ФЛФ „Блаже Конески“, Скопје), Фросина Пармаковска (писателка и добитничка на наградата „Роман на годината“ за 2017 година) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Во најтесниот избор за наградата „Пегаз“ за 2021 година беа разгледувани и ракописите „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска. Во 2020 година, од пристигнат 61 ракопис, првото место го освоија Љупчо Петрески со романот „Лазарка“ и Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“. Во 2019 година, пак, на првото издание на „Пегаз“, пристигнаа 77 ракописи, од кои жирито за најдобар го прогласи романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

The post Четврти конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022 година appeared first on Република.

]]>