ненси пелоси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nensi-pelosi/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 18:27:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ненси пелоси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nensi-pelosi/ 32 32 Пелоси: Легитимно е да се праша за состојбата на Бајден https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-legitimno-e-da-se-prasha-za-sostojbata-na-bajden/ Tue, 02 Jul 2024 18:27:26 +0000 https://republika.mk/?p=792866

Поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска изјави дека е легитимно да се изрази загриженост дали претседателот Џо Бајден е способен да ја извршува функцијата по неговиот лош настап во телевизиската дебата со Доналд Трамп.

Мислам дека е легитимно да се праша: Дали ова е епизода или ова е состојба? изјави Пелоси одговарајќи на прашањето на Ем-Ес-Ен-Би-Си (МСНБЦ) за Бајден, кој честопати ги губеше мислите и зборовите во дебатата со Трамп, што ги зголеми стравовите за неговата возраст и ментална состојба.

The post Пелоси: Легитимно е да се праша за состојбата на Бајден appeared first on Република.

]]>

Поранешна претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска изјави дека е легитимно да се изрази загриженост дали претседателот Џо Бајден е способен да ја извршува функцијата по неговиот лош настап во телевизиската дебата со Доналд Трамп. Мислам дека е легитимно да се праша: Дали ова е епизода или ова е состојба? изјави Пелоси одговарајќи на прашањето на Ем-Ес-Ен-Би-Си (МСНБЦ) за Бајден, кој честопати ги губеше мислите и зборовите во дебатата со Трамп, што ги зголеми стравовите за неговата возраст и ментална состојба.

The post Пелоси: Легитимно е да се праша за состојбата на Бајден appeared first on Република.

]]>
Ненси Пелоси иселена од нејзината канцеларија во Капитол https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nensi-pelosi-iselena-od-nejzinata-kantselarija-vo-kapitol/ Wed, 04 Oct 2023 08:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=687726

Вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри и нареди на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (83) најдоцна до денеска да ја напушти својата канцеларија во Капитол.

Мекхенри е близок соработник на сега веќе поранешниот претседател на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, кој беше соборен од функцијата, а неговата наредба за иселување беше една од првите дејствија што ги презеде откако ја презеде функцијата вршител на должноста претседател, пишува Политико.

Пелоси беше известена за иселувањето преку е-пошта, наведувајќи дека нејзината канцеларија ќе биде заклучена.

The post Ненси Пелоси иселена од нејзината канцеларија во Капитол appeared first on Република.

]]>

Вршителот на должноста претседател на Претставничкиот дом, Патрик Мекхенри и нареди на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси (83) најдоцна до денеска да ја напушти својата канцеларија во Капитол. Мекхенри е близок соработник на сега веќе поранешниот претседател на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, кој беше соборен од функцијата, а неговата наредба за иселување беше една од првите дејствија што ги презеде откако ја презеде функцијата вршител на должноста претседател, пишува Политико. Пелоси беше известена за иселувањето преку е-пошта, наведувајќи дека нејзината канцеларија ќе биде заклучена.

The post Ненси Пелоси иселена од нејзината канцеларија во Капитол appeared first on Република.

]]>
Нападнат сопругот на Ненси Пелоси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadnat-soprugot-na-nensi-pelosi/ Fri, 28 Oct 2022 14:24:23 +0000 https://republika.mk/?p=566902

Пол Пелоси (82), сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, бил „насилно нападнат“ по провала во нивниот дом во Калифорнија во петокот наутро по локално време, соопшти нејзината канцеларија.

„Напаѓачот е во притвор, а мотивите за нападот се истражуваат“, се вели во соопштението. „Господинот Пелоси беше пренесен во болница, каде што добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се додава во соопштението.

Демократката Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот

The post Нападнат сопругот на Ненси Пелоси appeared first on Република.

]]>

Пол Пелоси (82), сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, бил „насилно нападнат“ по провала во нивниот дом во Калифорнија во петокот наутро по локално време, соопшти нејзината канцеларија. „Напаѓачот е во притвор, а мотивите за нападот се истражуваат“, се вели во соопштението. „Господинот Пелоси беше пренесен во болница, каде што добива одлична медицинска нега и се очекува целосно да закрепне“, се додава во соопштението. Демократката Ненси Пелоси не била дома во моментот на нападот

The post Нападнат сопругот на Ненси Пелоси appeared first on Република.

]]>
Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествува и Ненси Пелоси https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/deneska-vo-zagreb-se-odrzuva-samitot-za-krimskata-platforma-na-koj-kje-uchestvuva-i-nensi-pelosi/ Tue, 25 Oct 2022 07:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=565241

Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествуваат пратеници на повеќе од 40 земји, организиран од хрватските и украинските законодавци, а чија цел е поддршка на независноста на Украина наспроти руската агресија.

На самитот учествува и Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која вчера беше пречекана од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Пелоси пред почетокот на денешниот самит ги отфрли тврдењата дека поддршката на нејзината земја за Украина зависи од внатрешната политика нагласувајќи притоа дека таа поддршка е и двопартиска и дводомна.

The post Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествува и Ненси Пелоси appeared first on Република.

]]>

Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествуваат пратеници на повеќе од 40 земји, организиран од хрватските и украинските законодавци, а чија цел е поддршка на независноста на Украина наспроти руската агресија. На самитот учествува и Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, која вчера беше пречекана од премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ. Пелоси пред почетокот на денешниот самит ги отфрли тврдењата дека поддршката на нејзината земја за Украина зависи од внатрешната политика нагласувајќи притоа дека таа поддршка е и двопартиска и дводомна.

The post Денеска во Загреб се одржува самитот за Кримската платформа на кој ќе учествува и Ненси Пелоси appeared first on Република.

]]>
Пелоси ѝ заблагодари на Хрватска што го користи своето воено искуство за да ѝ помогне на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pelosi-zablagodari-na-hrvatska-shto-go-koristi-svoeto-voeno-iskustvo-za-da-pomogne-na-ukraina/ Mon, 24 Oct 2022 19:39:29 +0000 https://republika.mk/?p=565090

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во парламентот се заблагодари за хрватската воена помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на сопственото искуство за да и’ помогне на Украина да победи во војната против Русија.

Во хрватскиот парламент Пелоси потсети како била во Хрватска за првпат во 90-тите години како лидер на демократите во поткомитетот за странска помош и „од прва рака ја посведочила храброста на хрватскиот народ и страдањето што Хрватска го чувствувала во рацете на својот сосед“.

Ѝ благодарам на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина, додаде Пелоси на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.

Јандроковиќ истакна дека првата посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД покажува дека нивото на хрватско-американските односи е „навистина високо“.

Нашите односи се пријателски, партнерски, сојузнички, а Хрватска и САД ги делат истите вредности – слобода, мир, демократија, заштита на човековите права и основни слободи, додаде Јандроковиќ.

Пелоси оцени дека односите на САД со Хрватска растат на сите нивоа.

Нашата безбедносна соработка е важна не само за регионот, туку и за мирот во поширока смисла, рече таа.

Пелоси и Јандроковиќ посочија и дека постигнувањето договор за избегнување на двојното оданочување ќе доведе до зајакнување на економските врски и инвестициите.

Претседателот на хрватскиот Сабор рече и дека разговарале за ситуацијата во регионот и „искажале цврсто уверување дека процесот на проширување на Европската унија и НАТО е корисен за стабилноста на регионот“.

Но, сите земји кои сакаат да го достигнат тоа ниво мора да ги исполнат критериумите и неопходните стандарди, додаде тој.

The post Пелоси ѝ заблагодари на Хрватска што го користи своето воено искуство за да ѝ помогне на Украина appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во парламентот се заблагодари за хрватската воена помош за Украина, за гостопримството кон украинските бегалци и за користењето на сопственото искуство за да и’ помогне на Украина да победи во војната против Русија. Во хрватскиот парламент Пелоси потсети како била во Хрватска за првпат во 90-тите години како лидер на демократите во поткомитетот за странска помош и „од прва рака ја посведочила храброста на хрватскиот народ и страдањето што Хрватска го чувствувала во рацете на својот сосед“.
Ѝ благодарам на Хрватска што го искористи тоа искуство за поддршка на Украина, додаде Пелоси на заедничката прес-конференција со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.
Јандроковиќ истакна дека првата посета на претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД покажува дека нивото на хрватско-американските односи е „навистина високо“.
Нашите односи се пријателски, партнерски, сојузнички, а Хрватска и САД ги делат истите вредности – слобода, мир, демократија, заштита на човековите права и основни слободи, додаде Јандроковиќ.
Пелоси оцени дека односите на САД со Хрватска растат на сите нивоа.
Нашата безбедносна соработка е важна не само за регионот, туку и за мирот во поширока смисла, рече таа.
Пелоси и Јандроковиќ посочија и дека постигнувањето договор за избегнување на двојното оданочување ќе доведе до зајакнување на економските врски и инвестициите. Претседателот на хрватскиот Сабор рече и дека разговарале за ситуацијата во регионот и „искажале цврсто уверување дека процесот на проширување на Европската унија и НАТО е корисен за стабилноста на регионот“.
Но, сите земји кои сакаат да го достигнат тоа ниво мора да ги исполнат критериумите и неопходните стандарди, додаде тој.

The post Пелоси ѝ заблагодари на Хрватска што го користи своето воено искуство за да ѝ помогне на Украина appeared first on Република.

]]>
Сопругот на Ненси Пелоси ќе оди во затвор, возел пијан и направил сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/soprugot-na-nensi-pelosi-kje-odi-vo-zatvor-vozel-pijan-i-napravil-soobrakjajka/ Wed, 24 Aug 2022 10:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=543587

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, предизвикал сообраќајна несреќа под дејство на алкохол за што доби затворска казна.

Пол Пелоси е осуден на пет дена затвор и три години условна казна.

Тој преку својот адвокат се изјаснил за виновен за несовесно возење и предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на алкохол во Калифорнија

The post Сопругот на Ненси Пелоси ќе оди во затвор, возел пијан и направил сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Сопругот на претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, предизвикал сообраќајна несреќа под дејство на алкохол за што доби затворска казна. Пол Пелоси е осуден на пет дена затвор и три години условна казна. Тој преку својот адвокат се изјаснил за виновен за несовесно возење и предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на алкохол во Калифорнија

The post Сопругот на Ненси Пелоси ќе оди во затвор, возел пијан и направил сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kineski-general-pelosi-ne-e-hrabra-go-nateravme-nejziniot-avion-da-zaobikoli-do-tajvan/ Fri, 05 Aug 2022 21:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=537272

Акциите на кинеската војска го натерале авионот на Ненси Пелоси да го промени правецот кон Тајван, кажа генерал на кинеската Народноослободителна војска.

Војската во вторникот го надгледувала авионот Ц-40 на американското воено воздухопловство кое ја пренесуваше Пелоси на Тајван, но мораше да заобколи, тврди генерал Менг Ксиангкинг.

„Нашите трупи кои се распоредени на повеќе леокации го натераа авионот да заобиколи“, кажа тој за медиумите.

The post Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван appeared first on Република.

]]>

Акциите на кинеската војска го натерале авионот на Ненси Пелоси да го промени правецот кон Тајван, кажа генерал на кинеската Народноослободителна војска. Војската во вторникот го надгледувала авионот Ц-40 на американското воено воздухопловство кое ја пренесуваше Пелоси на Тајван, но мораше да заобколи, тврди генерал Менг Ксиангкинг. „Нашите трупи кои се распоредени на повеќе леокации го натераа авионот да заобиколи“, кажа тој за медиумите.

The post Кинески генерал: Пелоси не е храбра, го натеравме нејзиниот авион да заобиколи до Тајван appeared first on Република.

]]>
Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-vovede-sankcii-kon-nensi-pelosi-po-nejzinata-poseta-na-tajvan/ Fri, 05 Aug 2022 09:18:48 +0000 https://republika.mk/?p=537017

Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА.

Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се сфати како провокација, бидејќи официјален Пекинг островот го смета за составен дел на својата територија, а официјален Вашингтон официјално ја поддржува политиката на „една Кина“.

The post Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван appeared first on Република.

]]>

Кина воведе точно неодредени санкции кон претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, „и членовите на нејзиното потесно семејство“, соопшти Министерството за надворешни работи во Пекинг, јави ДПА. Одлуката на кинеските власти следи по вчерашната посета на Пелоси на Тајван, и покрај претходно јасно искажаното предупредување дека нејзината посета на Тајпеј ќе се сфати како провокација, бидејќи официјален Пекинг островот го смета за составен дел на својата територија, а официјален Вашингтон официјално ја поддржува политиката на „една Кина“.

The post Кина воведе санкции кон Ненси Пелоси по нејзината посета на Тајван appeared first on Република.

]]>
Рекорден број луѓе го следеа на интернет летот на Пелоси до Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rekorden-broj-lugje-go-sledea-na-internet-letot-na-pelosi-do-tajvan/ Wed, 03 Aug 2022 08:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=536332

Летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, од Малезија до Тајван го следеа рекорден број на луѓе, соопшти Службата за набљудување летови „Флејтредар 24“ (Flightradar24).

Повеќе од 708.000 луѓе го следеа слетувањето на Пелоси во Тајпеј, додека делови од летот СПАР19 го следеа 2,92 милиони луѓе.

Пелоси леташе седум часа од Куала Лумпур до Тајпеј, избегнувајќи ја директната рута над Јужното Кинеско Море.

Поради посетата на Пелоси на Тајван, Кина се закани со контрамерки, дури не исклучи ниту воена акција. Непосредно пред пристигнувањето на Пелоси, кинески борбени авиони прелетаа над Тајвански Теснец

The post Рекорден број луѓе го следеа на интернет летот на Пелоси до Тајван appeared first on Република.

]]>

Летот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, од Малезија до Тајван го следеа рекорден број на луѓе, соопшти Службата за набљудување летови „Флејтредар 24“ (Flightradar24). Повеќе од 708.000 луѓе го следеа слетувањето на Пелоси во Тајпеј, додека делови од летот СПАР19 го следеа 2,92 милиони луѓе. Пелоси леташе седум часа од Куала Лумпур до Тајпеј, избегнувајќи ја директната рута над Јужното Кинеско Море. Поради посетата на Пелоси на Тајван, Кина се закани со контрамерки, дури не исклучи ниту воена акција. Непосредно пред пристигнувањето на Пелоси, кинески борбени авиони прелетаа над Тајвански Теснец

The post Рекорден број луѓе го следеа на интернет летот на Пелоси до Тајван appeared first on Република.

]]>
Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-za-posetata-na-pelosi-na-tajvan-ova-e-ochigledna-provokacija-kina-ima-pravo-da-prezeme-merki/ Tue, 02 Aug 2022 20:27:49 +0000 https://republika.mk/?p=536257

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг.

„Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот.

Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина.

Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>

Русија ја поддржа Кина поради денешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, предупредувајќи го Вашингтон дека таквото провокативно дипломатско патување ќе ги доведе САД во конфликт со Пекинг. „Во моментов не можеме со сигурност да кажеме дали таа ќе стигне таму или не, но сè за оваа турнеја и можната посета на Тајван е чиста провокација“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, четири часа пред слетувањето на авионот. Скоро последен момент јавно не беше објавено дали Пелоси ќе пристигне. Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, рече дека очекуваната посета е провокативен обид на Вашингтон да изврши притисок врз Кина. Русија воспостави силно партнерство со Кина во последните години. САД се земја провокатор – рече Захарова и додаде дека Русија го потврдува принципот на „една Кина“ и се противи на независноста на островот во која било форма“, пренесува Интерфакс.

The post Русија за посетата на Пелоси на Тајван: Ова е очигледна провокација, Кина има право да преземе мерки appeared first on Република.

]]>
Кина се закани: Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-se-zakani-pelosi-seriozno-go-narushuva-principot-edna-kina/ Tue, 02 Aug 2022 18:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=536229

Кинеското министерство за надворешни работи остро ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван и покрај предупредувањата од кинеската страна.

Министерството наведува дека упатило протест до американската страна.

Кинеското МНР вели дека посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили“ кои бараат „независност на Тајван“.

Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ - се посочува во соопштението.

Кинеската централна телевизија опбјави дека борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија вечерва полетале во правец кон Тајван.

The post Кина се закани: Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ appeared first on Република.

]]>

Кинеското министерство за надворешни работи остро ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван и покрај предупредувањата од кинеската страна. Министерството наведува дека упатило протест до американската страна. Кинеското МНР вели дека посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили“ кои бараат „независност на Тајван“.
Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ - се посочува во соопштението.
Кинеската централна телевизија опбјави дека борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија вечерва полетале во правец кон Тајван.

The post Кина се закани: Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“ appeared first on Република.

]]>
Кина се закани: Војската нема да ни седи „со скрстени раце“ ако Пелоси го посети Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-se-zakani-vojskata-nema-da-ni-sedi-so-skrsteni-race-ako-pelosi-go-poseti-tajvan/ Mon, 01 Aug 2022 21:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=535911

Кина денеска повторно соопшти дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван, пишува Ројтерс.

Последното предупредување беше издадено за време на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Жао Лиџијан, исто така, рече дека поради статусот на Пелоси како „функционер број 3 на американската влада“, посетата на Тајван, за кој Кина тврди дека е свој, „ќе доведе до екстремно политичко влијание“.

Пелоси треба да ја започне турнејата низ четири азиски земји, тргнувајќи од Сингапур, во услови на интензивни шпекулации дека може да го ризикува гневот на Пекинг со тоа што ќе го посети и самоуправниот Тајван.

The post Кина се закани: Војската нема да ни седи „со скрстени раце“ ако Пелоси го посети Тајван appeared first on Република.

]]>

Кина денеска повторно соопшти дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван, пишува Ројтерс. Последното предупредување беше издадено за време на редовниот брифинг на кинеското Министерство за надворешни работи. Портпаролот Жао Лиџијан, исто така, рече дека поради статусот на Пелоси како „функционер број 3 на американската влада“, посетата на Тајван, за кој Кина тврди дека е свој, „ќе доведе до екстремно политичко влијание“. Пелоси треба да ја започне турнејата низ четири азиски земји, тргнувајќи од Сингапур, во услови на интензивни шпекулации дека може да го ризикува гневот на Пекинг со тоа што ќе го посети и самоуправниот Тајван.

The post Кина се закани: Војската нема да ни седи „со скрстени раце“ ако Пелоси го посети Тајван appeared first on Република.

]]>
Кина предупредува: Нема да седиме со скрстени раце доколку Пелоси го посети Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-predupreduva-nema-da-sedime-so-skrsteni-race-dokolku-pelosi-go-poseti-tajvan/ Mon, 01 Aug 2022 11:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=535668

Кина предупреди дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го посети Тајван, пренесоа британските медиуми по редовниот брифинг на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијанг.

Пелоси денеска во Сингапур ја почна азиската турнеја, во која треба да посети уште три земји.

Последните денови дојде до зголемување на тензиите, откако пристигнаа најавите дека Пелоси може да го посети Тајван, што Кина го толкува како провокација и веднаш жестоко предупреди на евентуалните последици.

Пред два дена Кина изведе воени вежби на дел од својата територијата наспроти Тајван.

Официјален Пекинг постојано наведува дека Тајван го смета за своја територија, која привремено е отцепена.

The post Кина предупредува: Нема да седиме со скрстени раце доколку Пелоси го посети Тајван appeared first on Република.

]]>

Кина предупреди дека нејзината војска „нема да седи со скрстени раце“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, го посети Тајван, пренесоа британските медиуми по редовниот брифинг на портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијанг.
Пелоси денеска во Сингапур ја почна азиската турнеја, во која треба да посети уште три земји.
Последните денови дојде до зголемување на тензиите, откако пристигнаа најавите дека Пелоси може да го посети Тајван, што Кина го толкува како провокација и веднаш жестоко предупреди на евентуалните последици.
Пред два дена Кина изведе воени вежби на дел од својата територијата наспроти Тајван. Официјален Пекинг постојано наведува дека Тајван го смета за своја територија, која привремено е отцепена.

The post Кина предупредува: Нема да седиме со скрстени раце доколку Пелоси го посети Тајван appeared first on Република.

]]>
Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-so-voeni-vezbi-vo-blizina-na-tajvan-ja-dochekuva-posetata-na-nensi-pelosi-na-ostrovot/ Sat, 30 Jul 2022 13:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=535107

Кина соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот.

Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија.

Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан кај провинцијата Фуџијан од 8:00 до 21:00 часот по локално време.

Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.

Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Не е познато дали во вежбата биле вклучени проектили, авиони или друго оружје.

Пелоси, којашто ќе биде највисоката американска функционерка што го посетила Тајван од 1997 година, допрва треба да потврди дали и кога ќе го посети островот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден таквата посета ја окарактеризира како „надворешно мешање“ во работите на Кина со островот.

Кина смета дека Тајван нема право да води независна надворешна политика и ги гледа посетите на американските претставници на островот како поддршка за едностраното признавање на независноста на таа територија.

The post Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот appeared first on Република.

]]>

Кина соопшти дека спроведува воени вежби на дел од својата територија спроти Тајван, откако ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, да се откаже од плановите да го посети островот. Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија. Новинската агенција Синхуа јави дека Народноослободителната војска на Кина спроведува „вежби за гаѓање“ во близина на островот Пингтан кај провинцијата Фуџијан од 8:00 до 21:00 часот по локално време. Управата за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа. Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Не е познато дали во вежбата биле вклучени проектили, авиони или друго оружје. Пелоси, којашто ќе биде највисоката американска функционерка што го посетила Тајван од 1997 година, допрва треба да потврди дали и кога ќе го посети островот. Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонскиот разговор со неговиот американски колега Џозеф Бајден таквата посета ја окарактеризира како „надворешно мешање“ во работите на Кина со островот. Кина смета дека Тајван нема право да води независна надворешна политика и ги гледа посетите на американските претставници на островот како поддршка за едностраното признавање на независноста на таа територија.

The post Кина со воени вежби во близина на Тајван „ја пречекува“ посетата на Ненси Пелоси на островот appeared first on Република.

]]>
Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-rusija-da-se-proglasi-za-sponzor-na-terorizmot/ Sat, 07 May 2022 09:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=498930

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека се залага американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот и изрази загриженост поради извештаите на американските медиуми кои открија наводни детали за разузнавачката соработка меѓу Киев и Вашингтон.

На прашањето дали го поддржува барањето на Украина, администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и Конгресот да ја означат Русија како држава што го спонзорира тероризмот, Пелоси одговори потврдно во интервју за американската телевизиска станица MSNBC и нагласи дека за тоа се залага подолго време.

Ако Русија не е наведена како држава спонзор на тероризмот, искинете ја таа листа, нагласи Пелоси.

Пелоси, која неодамна ненајавено го посети Киев и разговараше со Зеленски за натамошната помош за Украина, рече дека украинскиот Парламент по нејзиното заминување усвоил резолуција со која бара од американскиот Конгрес да ја стави Русија на таа листа и според неа таквата одлука треба да биде во надлежност на претседателот Бајден.

Во разговорот, Пелоси изрази голема загриженост и поради медиумските написи, кои не сакаше да ги потврди или негира, за разузнавачката соработка меѓу САД и Украина, кои наводно му помогнале на Киев да го потоне рускиот команден брод и да ги ликвидира високите руски генерали.

Таа нагласи дека овој тип на известување „не е од помош“.

Во вчерашниот телефонски разговор со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс и секретарот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден беше дека таквите откритија „го одвлекуваат вниманието од нашата цел“, изјави официјален претставник на американската администрација за телевизијата Ен-Би-Си (Ен-Би-Си).

Друг функционер истакна дека Бајден порачал оти таквото истекување на информации „ќе мора да престане“, наведува американската телевизија.

Бајден разговараше со официјални претставници поради загриженоста во неговата администрација за медиумските извештаи, вклучително и од американските телевизии, за размена на разузнавачки информации меѓу Вашингтон и Киев.

Ен-Би-Си во четвртокот објави дека американските разузнавачки служби и помогнале на Украина да го потопи рускиот команден брод „Москва“ минатиот месец.

Извештајот дојде откако „Њујорк Тајмс“ во средата напиша дека САД му обезбедиле на Киев разузнавачки информации кои и помогнале на украинската армија да ликвидира некои руски генерали.

The post Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, која неодамна беше во посета на Украина, денеска изјави дека се залага американската администрација да ја прогласи Русија за држава што го спонзорира тероризмот и изрази загриженост поради извештаите на американските медиуми кои открија наводни детали за разузнавачката соработка меѓу Киев и Вашингтон. На прашањето дали го поддржува барањето на Украина, администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и Конгресот да ја означат Русија како држава што го спонзорира тероризмот, Пелоси одговори потврдно во интервју за американската телевизиска станица MSNBC и нагласи дека за тоа се залага подолго време.
Ако Русија не е наведена како држава спонзор на тероризмот, искинете ја таа листа, нагласи Пелоси.
Пелоси, која неодамна ненајавено го посети Киев и разговараше со Зеленски за натамошната помош за Украина, рече дека украинскиот Парламент по нејзиното заминување усвоил резолуција со која бара од американскиот Конгрес да ја стави Русија на таа листа и според неа таквата одлука треба да биде во надлежност на претседателот Бајден. Во разговорот, Пелоси изрази голема загриженост и поради медиумските написи, кои не сакаше да ги потврди или негира, за разузнавачката соработка меѓу САД и Украина, кои наводно му помогнале на Киев да го потоне рускиот команден брод и да ги ликвидира високите руски генерали. Таа нагласи дека овој тип на известување „не е од помош“. Во вчерашниот телефонски разговор со директорот на ЦИА Вилијам Барнс, директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс и секретарот за одбрана Лојд Остин, пораката на Бајден беше дека таквите откритија „го одвлекуваат вниманието од нашата цел“, изјави официјален претставник на американската администрација за телевизијата Ен-Би-Си (Ен-Би-Си). Друг функционер истакна дека Бајден порачал оти таквото истекување на информации „ќе мора да престане“, наведува американската телевизија. Бајден разговараше со официјални претставници поради загриженоста во неговата администрација за медиумските извештаи, вклучително и од американските телевизии, за размена на разузнавачки информации меѓу Вашингтон и Киев. Ен-Би-Си во четвртокот објави дека американските разузнавачки служби и помогнале на Украина да го потопи рускиот команден брод „Москва“ минатиот месец. Извештајот дојде откако „Њујорк Тајмс“ во средата напиша дека САД му обезбедиле на Киев разузнавачки информации кои и помогнале на украинската армија да ликвидира некои руски генерали.

The post Пелоси: Русија да се прогласи за спонзор на тероризмот appeared first on Република.

]]>
Кина ги предупреди САД да нема посета на Тајван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kina-gi-predupredi-sad-da-nema-poseta-na-tajvan/ Thu, 07 Apr 2022 13:15:56 +0000 https://republika.mk/?p=484791

Kинеското Министерство за надворешни работи ги предупреди САД дека ќе преземе строги мерки доколку претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси го посети Тајван.

Пекинг истакнува дека евентуалната нејзина посета сериозно ќе ги наруши кинеско-американските односи, бидејќи Кина силно се спротивставува на сите форми на официјални односи меѓу САД и Тајван - порача портпаролот на министерството Жао Лиџијан.

Од кабинетот на Пелоси нема официјална потврда за нејзината можна посета на Тајван, но некои медиуми пишуваат дека таа ќе замине на Тајван следната недела, пренесе „Ројтерс“.

 

The post Кина ги предупреди САД да нема посета на Тајван appeared first on Република.

]]>

Kинеското Министерство за надворешни работи ги предупреди САД дека ќе преземе строги мерки доколку претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси го посети Тајван.
Пекинг истакнува дека евентуалната нејзина посета сериозно ќе ги наруши кинеско-американските односи, бидејќи Кина силно се спротивставува на сите форми на официјални односи меѓу САД и Тајван - порача портпаролот на министерството Жао Лиџијан.
Од кабинетот на Пелоси нема официјална потврда за нејзината можна посета на Тајван, но некои медиуми пишуваат дека таа ќе замине на Тајван следната недела, пренесе „Ројтерс“.  

The post Кина ги предупреди САД да нема посета на Тајван appeared first on Република.

]]>
Пелоси: Конгресот ја разгледува забраната за увоз на руска нафта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pelosi-kongresot-ja-razgleduva-zabranata-za-uvoz-na-ruska-nafta/ Mon, 07 Mar 2022 07:53:48 +0000 https://republika.mk/?p=468746

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека се разгледува забрана за увоз на руска нафта и дека Конгресот има намера да обезбеди 10 милијарди долари помош за Украина оваа недела.

Домот во моментов размислува за силен закон кој дополнително ќе ја изолира Русија од глобалната економија- рече таа.

Законот ќе забрани увоз на руска нафта и енергетски производи во САД, ќе стави крај на нормалните трговски односи со Русија и Белорусија и ќе ги преземе првите чекори за да и се оневозможи пристап на Русија до Светската трговска организација.

The post Пелоси: Конгресот ја разгледува забраната за увоз на руска нафта appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, рече дека се разгледува забрана за увоз на руска нафта и дека Конгресот има намера да обезбеди 10 милијарди долари помош за Украина оваа недела.
Домот во моментов размислува за силен закон кој дополнително ќе ја изолира Русија од глобалната економија- рече таа.
Законот ќе забрани увоз на руска нафта и енергетски производи во САД, ќе стави крај на нормалните трговски односи со Русија и Белорусија и ќе ги преземе првите чекори за да и се оневозможи пристап на Русија до Светската трговска организација.

The post Пелоси: Конгресот ја разгледува забраната за увоз на руска нафта appeared first on Република.

]]>