ненси брофи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nensi-brofi/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Apr 2022 19:05:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ненси брофи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nensi-brofi/ 32 32 Напишала есеј „Како да го убиете својот сопруг“, а сега и судат за убиство на сопругот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napishala-esej-kako-da-go-ubiete-svojot-soprug-a-sega-i-sudat-za-ubistvo-na-soprugot/ Mon, 04 Apr 2022 19:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=483284

Во Орегон во САД почнува судењето на Ненси Крамптон-Брофи, која е обвинета дека во јуни 2018 година го убила нејзиниот сопруг - готвачот Даниел Брофи. Ненси е позната како писателка на љубовни романи, која, меѓу другото, е авторка на есејот „Како да го убиеш својот сопруг“.

Очекувањата се дека судењето ќе трае четири недели, а Крамптон-Брофи (71) е обвинета дека го застрелала својот сопруг за да добие повеќе од 1,5 милиони долари.

Телото на Брофи го пронашол неговиот колега во кујната на Кулинарскиот институт во Орегон со прострелна рана во грбот и уште една во градниот кош.

Инспекторите откриле дека осомничената била во центарот на Портланд, каде што работел нејзиниот сопруг, во моментот на убиството, но Крамптон-Брофи им кажала на властите дека цело време била дома.

Таа конечно беше уапсена во септември 2018 година и се изјасни за невина по сите обвиненија.

Крамптон-Брофи некогаш беше позната романсиерка, а во 2011 година го напиша есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ за блогот „See Jane Publish“.

Како писателка на романса и мистерија, поминувам многу време размислувајќи за убиство и, следствено, на полициски постапки. На крајот на краиштата, ако убиството треба да ме ослободи, секако не сакам да минам време во затвор. Полесно е да сакаме некои луѓе да бидат мртви отколку навистина да ги убиеме. Но, она што го знам за убиството е дека секој од нас го има во себе кога е доволно мотивиран - напиша таа во есејот.

https://twitter.com/TwitterMoments/status/1039872131327250433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1039872131327250433%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3906529%2Fnapisala-esej-kako-ubiti-svog-muza-sada-joj-sude-za-ubistvo-muza

Двојката е во брак 26 години.

Обвинителите велат дека неколку дена по убиството, осомничената побарала потврда од детективите кои работеле на случајот дека не е осомничена, за да може да земе 40.000 долари од осигурителната компанија.

Инспекторите првично утврдиле дека таа можела да собере полиси за животно осигурување во вредност од повеќе од 350.000 долари по смртта на нејзиниот сопруг. Во 2020 година, кога неколку документи во случајот беа отпечатени, обвинителите соопштија дека двојката била под финансиски притисок и дека Крамптон-Брофи можела да заработи 1,5 милиони долари од смртта на нејзиниот сопруг.

По пукањето, осомничената и предала на полицијата пиштол кој одговарал на изгледот на оружјето употребено во убиството, за кое првично се сметало дека не е употребено.

Властите тврдат дека пред убиството на Крамптон-Брофи, Ненси купила заменски лизгач и цевка на „Ибеј“ и дека тие делови ги ставила на оружјето пред да го застрела сопругот, за повторно да го состави пиштолот со оригиналните делови.

Полицијата вели дека никогаш не ги нашла деловите од пиштолот за кои веруваат дека биле користени во пукањето.

Ненси Брофи го планираше и го изврши она за кое веруваше дека е совршено убиство. Убиството за кое веруваше дека ќе ја ослободи од стегите на финансискиот очај и ќе влезе во живот на финансиска сигурност и авантура - изјави пред судот, Род Андерхил, тогаш окружен обвинител, во судските поднесоци од 2020 година

The post Напишала есеј „Како да го убиете својот сопруг“, а сега и судат за убиство на сопругот appeared first on Република.

]]>

Во Орегон во САД почнува судењето на Ненси Крамптон-Брофи, која е обвинета дека во јуни 2018 година го убила нејзиниот сопруг - готвачот Даниел Брофи. Ненси е позната како писателка на љубовни романи, која, меѓу другото, е авторка на есејот „Како да го убиеш својот сопруг“. Очекувањата се дека судењето ќе трае четири недели, а Крамптон-Брофи (71) е обвинета дека го застрелала својот сопруг за да добие повеќе од 1,5 милиони долари. Телото на Брофи го пронашол неговиот колега во кујната на Кулинарскиот институт во Орегон со прострелна рана во грбот и уште една во градниот кош. Инспекторите откриле дека осомничената била во центарот на Портланд, каде што работел нејзиниот сопруг, во моментот на убиството, но Крамптон-Брофи им кажала на властите дека цело време била дома. Таа конечно беше уапсена во септември 2018 година и се изјасни за невина по сите обвиненија. Крамптон-Брофи некогаш беше позната романсиерка, а во 2011 година го напиша есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ за блогот „See Jane Publish“.
Како писателка на романса и мистерија, поминувам многу време размислувајќи за убиство и, следствено, на полициски постапки. На крајот на краиштата, ако убиството треба да ме ослободи, секако не сакам да минам време во затвор. Полесно е да сакаме некои луѓе да бидат мртви отколку навистина да ги убиеме. Но, она што го знам за убиството е дека секој од нас го има во себе кога е доволно мотивиран - напиша таа во есејот.
https://twitter.com/TwitterMoments/status/1039872131327250433?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1039872131327250433%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3906529%2Fnapisala-esej-kako-ubiti-svog-muza-sada-joj-sude-za-ubistvo-muza

Двојката е во брак 26 години.

Обвинителите велат дека неколку дена по убиството, осомничената побарала потврда од детективите кои работеле на случајот дека не е осомничена, за да може да земе 40.000 долари од осигурителната компанија. Инспекторите првично утврдиле дека таа можела да собере полиси за животно осигурување во вредност од повеќе од 350.000 долари по смртта на нејзиниот сопруг. Во 2020 година, кога неколку документи во случајот беа отпечатени, обвинителите соопштија дека двојката била под финансиски притисок и дека Крамптон-Брофи можела да заработи 1,5 милиони долари од смртта на нејзиниот сопруг. По пукањето, осомничената и предала на полицијата пиштол кој одговарал на изгледот на оружјето употребено во убиството, за кое првично се сметало дека не е употребено. Властите тврдат дека пред убиството на Крамптон-Брофи, Ненси купила заменски лизгач и цевка на „Ибеј“ и дека тие делови ги ставила на оружјето пред да го застрела сопругот, за повторно да го состави пиштолот со оригиналните делови. Полицијата вели дека никогаш не ги нашла деловите од пиштолот за кои веруваат дека биле користени во пукањето.