немаат здравствено осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jan 2024 13:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png немаат здравствено осигурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ 32 32 Над 21.000 деца во Македонија немаат здравствено осигурување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nad-21-000-detsa-vo-makedonija-nemaat-zdravstveno-osiguruvane/ Tue, 30 Jan 2024 13:26:41 +0000 https://republika.mk/?p=738591

Според Студија на УНИЦЕФ, 12 проценти од децата од 5 до 17-годишна возраст и 9 проценти од децата помлади од 5 години во Македонија се изложени на повеќедимензионална сиромаштија.

Децата Роми се значително поранливи - барем секое трето дете од ромската заедница е изложено на повеќедимензионална сиромаштија, а во општата популација тоа е случај кај секое деветто дете.

Додека го изготвувавме профилот на децата што се во најголем ризик, ги идентификувавме и географски најранливите заедници во поглед на повеќедимензионална детска сиромаштија. Во два региона, Источниот и Југоисточниот, е најзастапена повеќедимензионалната сиромаштија, а полошкиот и скопскиот регион се исто така исклучително ранливи.

Децата кои се соочуваат со сиромаштија и/или исклучување се среќаваат со поголеми пречки во пристапување до услугите и добивање на потребната поддршка, бидејќи системите не се поставени за да им служат на овие деца - систематски да ги идентификуваат и децата и потребите, да ги исконтактираат, да ги поврзат со услугите од главните текови и да ги следат во целиот систем. Овие деца не го постигнуваат целосниот потенцијал, вели Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.

Таа говореше на настан посветен на спроведувањето на Европската детска гаранција во Македонија.

Пристапот до здравствената грижа е предизвик зашто над 21.000 деца во земјата немаат здравствено осигурување, а дури и осигурените деца од домаќинства со ниски примања не се ослободени од партиципација за амбулантни лекови и медицински производи. Ефективноста на програмите за здравствена грижа за мајки и деца, како и програмите за вакцинација на децата, може значително да се подобрат.

Иако пристапот до основно образование е бесплатен во Македонија, власта допрва треба да обезбеди бесплатен оброк за сите ученици, и покрај заложбите за продолжување на траењето на секојдневните училишни активности на децата. Понатаму, трошоците за воншколски активности се само делумно покриени од општините, па децата од посиромашните семејства не можат целосно да се вклучат во воншколските активности, како што се искуственото учење, уметноста и спортовите, се вели во Студијата на УНИЦЕФ.

Според заклучните согледувања на Комитетот за правата на детето (КПД) за Македонија, објавени во 2022 г., власта треба и понатаму да ги зајакнува основните социјални услуги на локално ниво и да го приоретизира обезбедувањето социјални услуги според потребите на децата во ранливи ситуации, особено на децата Роми, децата-бегалци и децата-азиланти, и децата од семејства кои се соочуваат со сиромаштија, попреченост, социјална исклученост и стигма.

Европската детска гаранција е клучна активност на ЕУ за борба со сиромаштијата, за популаризација на инклузивни општества со слух за децата, како и на системите за здравство, заштита и образование.

Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија е активен партнер на Европската комисија за пилотирање на Европската детска гаранција во седум земји членки: Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Италија, Литванија и Шпанија.

УНИЦЕФ соработува со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), како и со ресорните министерства за образование и здравство, за да обезбеди заштита на правата на сите деца и да обезбеди системски пристап до основните услуги на ранливите деца преку спроведување на Европската детска гаранција.

Имаме среќа во земјава што имаме наследено систем со карактеристики на социјална држава, кој обезбедувал исклучително широка палета универзални и бесплатни основни социјални услуги. УНИЦЕФ ја поддржува меѓусекторската работна група што го изготвува националниот акциски план за детски права, со што ќе се осмислат мерки за спроведување на Гаранцијата.

„Со спроведувањето на детската гаранција во Македонија ќе се воспостават и универзални и таргетирани интервенции за да им се обезбедат социјална заштита, образование и здравствена нега на најранливите деца, меѓу кои и децата на улица, децата принудени прерано да стапуваат во брак, како и деца засегнати од миграција, и пропишана со закон и врз основа на заедницата, во зависност од конкретниот контекст на детето и семејството.

„На овој начин исто така ќе им се помогне на националните и локалните власти да го зајакнат управувањето со јавни финансии во врска со подобро планирање, буџетирање и спроведување на буџетот за основните социјални услуги за ранливите деца - во сферата на детска и социјална заштита, здравствена грижа и образование. Со ова ќе се обезбеди чекор по чекор секое дете да добие пристап до квалитетно образование, здравствена грижа, благосостојба и заштита. И секое дете да може да го постигне целосниот потенцијал, се вели во Студијата.

The post Над 21.000 деца во Македонија немаат здравствено осигурување appeared first on Република.

]]>

Според Студија на УНИЦЕФ, 12 проценти од децата од 5 до 17-годишна возраст и 9 проценти од децата помлади од 5 години во Македонија се изложени на повеќедимензионална сиромаштија. Децата Роми се значително поранливи - барем секое трето дете од ромската заедница е изложено на повеќедимензионална сиромаштија, а во општата популација тоа е случај кај секое деветто дете.
Додека го изготвувавме профилот на децата што се во најголем ризик, ги идентификувавме и географски најранливите заедници во поглед на повеќедимензионална детска сиромаштија. Во два региона, Источниот и Југоисточниот, е најзастапена повеќедимензионалната сиромаштија, а полошкиот и скопскиот регион се исто така исклучително ранливи. Децата кои се соочуваат со сиромаштија и/или исклучување се среќаваат со поголеми пречки во пристапување до услугите и добивање на потребната поддршка, бидејќи системите не се поставени за да им служат на овие деца - систематски да ги идентификуваат и децата и потребите, да ги исконтактираат, да ги поврзат со услугите од главните текови и да ги следат во целиот систем. Овие деца не го постигнуваат целосниот потенцијал, вели Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.
Таа говореше на настан посветен на спроведувањето на Европската детска гаранција во Македонија. Пристапот до здравствената грижа е предизвик зашто над 21.000 деца во земјата немаат здравствено осигурување, а дури и осигурените деца од домаќинства со ниски примања не се ослободени од партиципација за амбулантни лекови и медицински производи. Ефективноста на програмите за здравствена грижа за мајки и деца, како и програмите за вакцинација на децата, може значително да се подобрат.
Иако пристапот до основно образование е бесплатен во Македонија, власта допрва треба да обезбеди бесплатен оброк за сите ученици, и покрај заложбите за продолжување на траењето на секојдневните училишни активности на децата. Понатаму, трошоците за воншколски активности се само делумно покриени од општините, па децата од посиромашните семејства не можат целосно да се вклучат во воншколските активности, како што се искуственото учење, уметноста и спортовите, се вели во Студијата на УНИЦЕФ.
Според заклучните согледувања на Комитетот за правата на детето (КПД) за Македонија, објавени во 2022 г., власта треба и понатаму да ги зајакнува основните социјални услуги на локално ниво и да го приоретизира обезбедувањето социјални услуги според потребите на децата во ранливи ситуации, особено на децата Роми, децата-бегалци и децата-азиланти, и децата од семејства кои се соочуваат со сиромаштија, попреченост, социјална исклученост и стигма. Европската детска гаранција е клучна активност на ЕУ за борба со сиромаштијата, за популаризација на инклузивни општества со слух за децата, како и на системите за здравство, заштита и образование. Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија е активен партнер на Европската комисија за пилотирање на Европската детска гаранција во седум земји членки: Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Италија, Литванија и Шпанија. УНИЦЕФ соработува со Министерството за труд и социјална политика (МТСП), како и со ресорните министерства за образование и здравство, за да обезбеди заштита на правата на сите деца и да обезбеди системски пристап до основните услуги на ранливите деца преку спроведување на Европската детска гаранција.