нема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 11:28:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema/ 32 32 Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prviot-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debar-i-tsentar-zhupa-zapishani-samo-66-od-predvidenite-340-uchenitsi/ Thu, 04 Jul 2024 11:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=793390

По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици.

Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.

Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.

Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик.

Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.

Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.

Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик.

Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.

The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.

]]>

По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици. Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.
Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.
Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.
Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.
Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик. Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.

The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.

]]>
ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dfrm-nema-konflikt-na-interesi-so-imenuvaneto-na-branko-petrovski-za-chlen-na-uo-vo-agentsijata-za-film/ Fri, 16 Feb 2024 11:46:47 +0000 https://republika.mk/?p=744849

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ.

Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски.

Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Друштвото на филмски работници ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ. Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во соопштението на ДФРМ. Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е Бранко Петровски. Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност, почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот филмски фонд „Еуримаж“.

The post ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Во Македонија снемува првачиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-makedonija-snemuva-prvachina/ Mon, 12 Jun 2023 16:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=650576

Аларманти податоци од источниот крај на земјава, бројот на новозапишани првачиња намален за 40 проценти.

Секоја година се помалку деца се запишуваат во училиште, но ваква бројка немалло во последните 20 години.

Кочани во септември ќе има 37 отсто помалку првачиња во споредба со лани. Во петте основни училишта во Општина Кочани за новата учебна година запишани се само 206 првачиња, а регистрирани се 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието поради иселување на нивните семејства, главно во странство.

За прв пат ниту едно прваче не се запишало од селата Горни и Долни Подлог и Мојанци.

Исселувањето е се помасовно од источниот регион, загружувачки се бројките и од Прилеп, каде од 800 деца се запишале само 480.

Во Виница и околните населени места регистрирано е опаѓање на бројот на ученици за околу 13 проценти во однос на минатата година.

Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња. Во селото Блатец во прво одделение запишани се само три деца, во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче…

Уписите за првачињата беа до 1 јуни, но родителите имаат можност оваа законска обврска да ја исполнат се до почетокот на учебната година. Од МОН велат прецизна статистика за тоа колку првачиња се запишале ќе имаат во септември.

 

The post Во Македонија снемува првачиња appeared first on Република.

]]>

Аларманти податоци од источниот крај на земјава, бројот на новозапишани првачиња намален за 40 проценти. Секоја година се помалку деца се запишуваат во училиште, но ваква бројка немалло во последните 20 години. Кочани во септември ќе има 37 отсто помалку првачиња во споредба со лани. Во петте основни училишта во Општина Кочани за новата учебна година запишани се само 206 првачиња, а регистрирани се 147 писмени изјави за деца кои нема да го почнат образованието поради иселување на нивните семејства, главно во странство. За прв пат ниту едно прваче не се запишало од селата Горни и Долни Подлог и Мојанци. Исселувањето е се помасовно од источниот регион, загружувачки се бројките и од Прилеп, каде од 800 деца се запишале само 480. Во Виница и околните населени места регистрирано е опаѓање на бројот на ученици за околу 13 проценти во однос на минатата година. Во сите четири основни училишта за учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 113 првачиња. Во селото Блатец во прво одделение запишани се само три деца, во подрачното училиште во село Лаки само едно прваче… Уписите за првачињата беа до 1 јуни, но родителите имаат можност оваа законска обврска да ја исполнат се до почетокот на учебната година. Од МОН велат прецизна статистика за тоа колку првачиња се запишале ќе имаат во септември.  

The post Во Македонија снемува првачиња appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ до Ковачевски: Промена на Уставот нема да прифатиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-do-kovachevski-promena-na-ustavot-nema-da-prifatime/ Thu, 23 Mar 2023 13:16:46 +0000 https://republika.mk/?p=622881

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став, дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да прифати, и не знаеме дали Ковачевски има проблеми со слухот или халуцинации.

Ковачевски само зборува на празно, без да ги решава суштински проблеми на луѓето.

Македонија тоне во корупција, владата на чело со Ковачевски е корумпирана, што го кажува и Стејт департментот, а тој како расипана грамофонска плоча се фатил за уставни измени.

Луѓе како Ковачевски, кој е на чело на Владата која има изразита владина корупција е се само Европеец не.

Декларативните заложби на Ковачевски за ЕУ се празни флоскули.

Народот не и верува на власт и не ги одобрува нивните политики.

Ниту сопствените пратеници од СДС не му веруваат на Ковачевски. И тој како и Груби треба да каже дали пратеници од СДС, поточно 3 од првата и втората изборна единица кажале дека ако се овие уставни измени на маса нема да ги гласаат, и дали 6 пратеници од внатрешноста им рекле дека уставните измени се најлошото нешто што може оваа влада да го направи.

Исто така треба да го праша Груби, дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа за уставни измени.

Ковачевски да се сврти околу себе, да излезе од халуцинациите или да го поправи слухот, тогаш веруваме, ако не станува збор за други проблеми, ќе ја согледа реалноста.

The post ВМРО ДПМНЕ до Ковачевски: Промена на Уставот нема да прифатиме appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ има јасен став, дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да прифати, и не знаеме дали Ковачевски има проблеми со слухот или халуцинации. Ковачевски само зборува на празно, без да ги решава суштински проблеми на луѓето. Македонија тоне во корупција, владата на чело со Ковачевски е корумпирана, што го кажува и Стејт департментот, а тој како расипана грамофонска плоча се фатил за уставни измени. Луѓе како Ковачевски, кој е на чело на Владата која има изразита владина корупција е се само Европеец не. Декларативните заложби на Ковачевски за ЕУ се празни флоскули. Народот не и верува на власт и не ги одобрува нивните политики. Ниту сопствените пратеници од СДС не му веруваат на Ковачевски. И тој како и Груби треба да каже дали пратеници од СДС, поточно 3 од првата и втората изборна единица кажале дека ако се овие уставни измени на маса нема да ги гласаат, и дали 6 пратеници од внатрешноста им рекле дека уставните измени се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Исто така треба да го праша Груби, дали еден пратеник од ДУИ барал пари за да гласа за уставни измени. Ковачевски да се сврти околу себе, да излезе од халуцинациите или да го поправи слухот, тогаш веруваме, ако не станува збор за други проблеми, ќе ја согледа реалноста.

The post ВМРО ДПМНЕ до Ковачевски: Промена на Уставот нема да прифатиме appeared first on Република.

]]>
Митева: 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-61-od-graganite-smetaat-deka-vo-makedonija-nema-demokratija/ Sun, 12 Feb 2023 11:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=607989

Интегрален текст од изјава на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Анкетите на јавното мислење се дизајнирани така што имаат за цел да ги претстават мислењата и довербата на граѓаните во различни сфери и области. За жал, последните истражувања од анкетата на Евротинк имаат безброј индикатори од кои може да се заклучи едно – неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ од една страна комплетно ја уништија довербата на граѓаните во системот, а од друга страна го зголемија евроскептицизмот.

Имено, едно од прашањата што го разгледува ова истражување е какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија? Резултатот е следен – 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка. Оваа неспособна власт постојано зборува за наводно почитување на демократијата, слободата на говор, почитување на човековите права, додека во реалноста се случуваат рангирања на Македонија во хибриден режим, до навредување на медиумите и нивната уредничка политика и ограничување на слободата на говор.

Она што дополнително е застрашувачки е што хронолошки гледано во анкетата енормниот пад за демократијата се случува за само две години, од 2020 до 2022 година, за дури 25,5% пониска доверба.

Воедно, власта е таа која постојано сака да споредува состојби во Македонија од пред и потоа, па еве уште еден доказ за тоа. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти овие само 16% денес.

Поразителни бројки следуваат и понатаму. 72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока. Понатаму, она што е дополнително фрапантно е што дури за 10% е падната довербата за само една година на оние граѓани кои лани сметале дека Македонија се движи во правилна насока. Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку.

Со овие показатели Македонија не може да оди напред, граѓаните не живеат подобро, напротив од ден на ден се зголемува разочараноста, сиромаштијата расте, животот станува потежок за сите нас додека овие од власта се обидуваат да купат ден или месец повеќе за богатење и за нови бизниси. Почитувани граѓани, едно е сигурно – колку подолго трае оваа влада, толку полошо за Македонија.

 

The post Митева: 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија appeared first on Република.

]]>

Интегрален текст од изјава на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите на јавното мислење се дизајнирани така што имаат за цел да ги претстават мислењата и довербата на граѓаните во различни сфери и области. За жал, последните истражувања од анкетата на Евротинк имаат безброј индикатори од кои може да се заклучи едно – неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ од една страна комплетно ја уништија довербата на граѓаните во системот, а од друга страна го зголемија евроскептицизмот. Имено, едно од прашањата што го разгледува ова истражување е какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија? Резултатот е следен – 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка. Оваа неспособна власт постојано зборува за наводно почитување на демократијата, слободата на говор, почитување на човековите права, додека во реалноста се случуваат рангирања на Македонија во хибриден режим, до навредување на медиумите и нивната уредничка политика и ограничување на слободата на говор. Она што дополнително е застрашувачки е што хронолошки гледано во анкетата енормниот пад за демократијата се случува за само две години, од 2020 до 2022 година, за дури 25,5% пониска доверба. Воедно, власта е таа која постојано сака да споредува состојби во Македонија од пред и потоа, па еве уште еден доказ за тоа. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти овие само 16% денес. Поразителни бројки следуваат и понатаму. 72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока. Понатаму, она што е дополнително фрапантно е што дури за 10% е падната довербата за само една година на оние граѓани кои лани сметале дека Македонија се движи во правилна насока. Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку. Со овие показатели Македонија не може да оди напред, граѓаните не живеат подобро, напротив од ден на ден се зголемува разочараноста, сиромаштијата расте, животот станува потежок за сите нас додека овие од власта се обидуваат да купат ден или месец повеќе за богатење и за нови бизниси. Почитувани граѓани, едно е сигурно – колку подолго трае оваа влада, толку полошо за Македонија.  

The post Митева: 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија appeared first on Република.

]]>
Германски и австриски спасувачи ја прекинаа потрагата по затрупаните во Турција, бесни бидејќи немаа вода и храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanski-i-avstriski-spasuvachi-ja-prekinaa-potragata-po-zatrupanite-vo-turtsija-besni-bidejki-nemaa-voda-i-hrana/ Sat, 11 Feb 2023 18:50:35 +0000 https://republika.mk/?p=607851

Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини. Истото го направи и австриската војска која времено ги суспендираше спасувачките операции, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес.

Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска организациите.

Германските екипи за пребарување и спасување моментално престојуваат во заедничкиот камп во градот Карахан, додека австриските екипи се засолниле во воена база во Хатај.

Германската служба и ИСАР ја припишуваат тензичната ситуација, меѓу другото, на „недостигот од храна и проблеми со снабдувањето со вода во зоната на земјотресот“.

Се гледа дека тагата полека го отстапува местото на гневот – рече Стивен Баер, шеф на операции во ИСАР.

Портпаролот во седиштето на Федералната служба за техничка помош во Бон соопшти за „бурни сцени“ и додаде дека мора да се земе предвид безбедноста на волонтерите.

The post Германски и австриски спасувачи ја прекинаа потрагата по затрупаните во Турција, бесни бидејќи немаа вода и храна appeared first on Република.

]]>

Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини. Истото го направи и австриската војска која времено ги суспендираше спасувачките операции, повикувајќи се на тамошната „безбедносна ситуација“ по силниот земјотрес. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска организациите. Германските екипи за пребарување и спасување моментално престојуваат во заедничкиот камп во градот Карахан, додека австриските екипи се засолниле во воена база во Хатај. Германската служба и ИСАР ја припишуваат тензичната ситуација, меѓу другото, на „недостигот од храна и проблеми со снабдувањето со вода во зоната на земјотресот“.
Се гледа дека тагата полека го отстапува местото на гневот – рече Стивен Баер, шеф на операции во ИСАР.
Портпаролот во седиштето на Федералната служба за техничка помош во Бон соопшти за „бурни сцени“ и додаде дека мора да се земе предвид безбедноста на волонтерите.

The post Германски и австриски спасувачи ја прекинаа потрагата по затрупаните во Турција, бесни бидејќи немаа вода и храна appeared first on Република.

]]>
Нема снег: Ширум Европа сe затвораат скијачките центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-sneg-shirum-evropa-se-zatvoraat-skijachkite-tsentri/ Mon, 09 Jan 2023 14:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=594964

Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа.

Многу од пониските станици се затвораат - поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми.

Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините.

Истата ситуација се случува и во Швајцарија, Италија и Австрија.

Иса Кастелви работи како менаџер на училиште за скијање и сноуборд во одморалиште на Пиринеите.

Температурите таму, вели таа за CNN Travel, повеќе личат на пролет отколку на почетокот на јануари. Иако има малку снег, тој не е „најдобар“ и одморалиштето го чувствува ударот, дури и ако не е затворен, а резервациите сè уште доаѓаат.

 

The post Нема снег: Ширум Европа сe затвораат скијачките центри appeared first on Република.

]]>

Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа. Многу од пониските станици се затвораат - поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми. Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над нормалата, што доведе до недостаток на снег во планините. Истата ситуација се случува и во Швајцарија, Италија и Австрија. Иса Кастелви работи како менаџер на училиште за скијање и сноуборд во одморалиште на Пиринеите. Температурите таму, вели таа за CNN Travel, повеќе личат на пролет отколку на почетокот на јануари. Иако има малку снег, тој не е „најдобар“ и одморалиштето го чувствува ударот, дури и ако не е затворен, а резервациите сè уште доаѓаат.  

The post Нема снег: Ширум Европа сe затвораат скијачките центри appeared first on Република.

]]>
Досега нема пријава за повредени во пожарот кај „Треска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dosega-nema-prijava-za-povredeni-vo-pozarot-kaj-treska/ Thu, 14 Apr 2022 13:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=488526

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА.

Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти.

Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје.

Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано.

На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот.

Во близина на опожареното место дојде и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

The post Досега нема пријава за повредени во пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>

Досега нема пријава за повредени лица во пожарот што избувна попладнево во кругот на фабриката „Треска“, велат од МВР за МИА. Полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, а се врши и евакуација на жителите од околните станбени објекти. Од ЦУК информираа дека гори магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“. Огнот зафатил и пластични материјали, дрва, грмушки и отпад, што го предизвикува густиот црн чад во центарот на Скопје. Пожарот бил пријавен на бројот за итни повици 112 во ЦУК и веднаш е интервенирано. На терен се екипи со шест противпожарни возила. Побарани се и доплнители возила за гасење на пожарот. Во близина на опожареното место дојде и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.  

The post Досега нема пријава за повредени во пожарот кај „Треска“ appeared first on Република.

]]>
Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomsko-socijalen-sovet-nema-dogovor-za-usoglasuvanje-na-platite-so-pokacheniot-minimalec/ Wed, 23 Mar 2022 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=477262

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.

Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.

Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија.

Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.

 

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.
Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.
Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија. Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.  

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>
Нема да поскапува водата во Скопје, изјави директорот на ЈП Водовод и канализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-da-poskapuva-vodata-vo-skopje-izjavi-direktorot-na-jp-vodovod-i-kanalizacija/ Mon, 21 Feb 2022 15:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=461565

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во денешното гостување во Утрински брифинг, ги истакна тековните и работните активности кои во согласност со плановите за работа, соработка со општините и Град Скопје ќе се реализираат во наредниот период, а во насока на подобрување на услугите за корисниците.

Перински ги повика граѓаните да ја искористат можноста за исплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање и на рати која завршува на 15 март 2022. Имено во овој период , преку Управниот одбор се донесе и нова одлука за зголемување на бројот на ратите на кои може да се склучи договор за исплата, со што домаќинствата можат да склучат договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до најмногу 24 рати во зависност од висината на долгот. Оваа мерка, односно акциите за наплата за долговите без камата за задоцнето плаќање се покажа многу ефикасна и истата прерасна во пракса на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Досега се склучени околу 115 договори во вредност од околу осум милиони денари.

Тој додаде дека ЈП Водовод и канализација – Скопје нема побарувања до РКЕ за зголемување на цената на водата, иако претпријатието се соочува со предизвици како од пандемијата така и од ценовните шокови. Фокусот на претпријатието во наредниот период ќе биде насочен кон изведување на активности за подобрување на водоводната и канализационата мрежа, преку реконструкции на истата, особено на места каде што поголеми губитоци на вода и опасност од дефекти со цел да превенираме прекинато водоснабдување. Главен фокус ќе биде делот од општина Гази Баба каде што дефектите се најчести, по што активностите ќе се префрлат на целата територија на град Скопје. На овој начин ќе се делува во насока на заштита на водоснадителниот систем, но и на заштита на природниот ресурс, водата која врз основа на својот квалитет е на второ место во Европа, веднаш зад Виена. Перински, исто така повика и на одговорно однесување во однос на канализацискиот систем, бидејќи финансиските средства кои претпријатието ги троши како последица на оштетувања и кражби, може да ги насочи за реализација на реални проекти од голема важност и за претпријатието но и за граѓаните на град Скопје.

Перински посочи дека во тек е финансова ревизија од надворешна финансова куќа која претпријатието има обврска да ја направи на крајот на секоја фискална година, а истовремено се спроведуваат и ревизии кои се однесуваат на реконструкциите на постојната водоводна и канализациона мрежа. Постапките се уште се во тек, немаме конечен ревизорски извештај, а доколку се констатираат прекршоците кои ги има во нацрт извештајот, ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе ги информира надлежните институции.

The post Нема да поскапува водата во Скопје, изјави директорот на ЈП Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински, во денешното гостување во Утрински брифинг, ги истакна тековните и работните активности кои во согласност со плановите за работа, соработка со општините и Град Скопје ќе се реализираат во наредниот период, а во насока на подобрување на услугите за корисниците. Перински ги повика граѓаните да ја искористат можноста за исплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање и на рати која завршува на 15 март 2022. Имено во овој период , преку Управниот одбор се донесе и нова одлука за зголемување на бројот на ратите на кои може да се склучи договор за исплата, со што домаќинствата можат да склучат договори до најмногу 48 рати, а правните субјекти до најмногу 24 рати во зависност од висината на долгот. Оваа мерка, односно акциите за наплата за долговите без камата за задоцнето плаќање се покажа многу ефикасна и истата прерасна во пракса на ЈП Водовод и канализација – Скопје. Досега се склучени околу 115 договори во вредност од околу осум милиони денари. Тој додаде дека ЈП Водовод и канализација – Скопје нема побарувања до РКЕ за зголемување на цената на водата, иако претпријатието се соочува со предизвици како од пандемијата така и од ценовните шокови. Фокусот на претпријатието во наредниот период ќе биде насочен кон изведување на активности за подобрување на водоводната и канализационата мрежа, преку реконструкции на истата, особено на места каде што поголеми губитоци на вода и опасност од дефекти со цел да превенираме прекинато водоснабдување. Главен фокус ќе биде делот од општина Гази Баба каде што дефектите се најчести, по што активностите ќе се префрлат на целата територија на град Скопје. На овој начин ќе се делува во насока на заштита на водоснадителниот систем, но и на заштита на природниот ресурс, водата која врз основа на својот квалитет е на второ место во Европа, веднаш зад Виена. Перински, исто така повика и на одговорно однесување во однос на канализацискиот систем, бидејќи финансиските средства кои претпријатието ги троши како последица на оштетувања и кражби, може да ги насочи за реализација на реални проекти од голема важност и за претпријатието но и за граѓаните на град Скопје. Перински посочи дека во тек е финансова ревизија од надворешна финансова куќа која претпријатието има обврска да ја направи на крајот на секоја фискална година, а истовремено се спроведуваат и ревизии кои се однесуваат на реконструкциите на постојната водоводна и канализациона мрежа. Постапките се уште се во тек, немаме конечен ревизорски извештај, а доколку се констатираат прекршоците кои ги има во нацрт извештајот, ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе ги информира надлежните институции.

The post Нема да поскапува водата во Скопје, изјави директорот на ЈП Водовод и канализација appeared first on Република.

]]>
Тестови за ковид-19 на државно нема, а граѓаните досега платиле околу 30 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/testovi-za-kovid-19-na-drzavno-nema-a-gragjanite-dosega-platile-okolu-30-milioni-evra/ Wed, 12 Jan 2022 18:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=443889

Не само рекорди на нови случаи со Ковид, деновиве се прават и рекорден број тестирања, но парите ги даваат граѓаните од свој џеб. Ако се земе последната дневна статистика, завчера од 7724 направени тестови само 1.027 се на државно, останатите 6.697 се во приватните лаборатории, анализира „Сител“.

За скоро 2 години од почетокот на пандемијата имало 1.665.043 тестирања, од нив за 1.205.902 Ковид тестови платени се приватно. Ако просекот на еден ПЦР е 25 евра. Граѓаните потрошиле над 30 милиони евра за да дознаат дали се позитивни или негативни.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА.

The post Тестови за ковид-19 на државно нема, а граѓаните досега платиле околу 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Не само рекорди на нови случаи со Ковид, деновиве се прават и рекорден број тестирања, но парите ги даваат граѓаните од свој џеб. Ако се земе последната дневна статистика, завчера од 7724 направени тестови само 1.027 се на државно, останатите 6.697 се во приватните лаборатории, анализира „Сител“. За скоро 2 години од почетокот на пандемијата имало 1.665.043 тестирања, од нив за 1.205.902 Ковид тестови платени се приватно. Ако просекот на еден ПЦР е 25 евра. Граѓаните потрошиле над 30 милиони евра за да дознаат дали се позитивни или негативни. Целата анализа прочитајте ја ТУКА.

The post Тестови за ковид-19 на државно нема, а граѓаните досега платиле околу 30 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-izrael-nema-testovi-i-se-cheka-so-chasovi-pred-aptekite-brojot-na-kovid-pozitivni-raste/ Mon, 10 Jan 2022 11:09:47 +0000 https://republika.mk/?p=442536

Во Израел до 40 отсто од населението може да биде заразено со коронавирус во сегашниот бран, рече премиерот Нафтали Бенет, а капацитетите за тестирање низ целата земја се преоптоварени.

Податоците презентирани на состанокот на владата покажуваат дека овде во Израел, вкупно меѓу два и четири милиони граѓани ќе бидат заразени за време на овој сегашен бран, напиша Бенет на својот профил на Твитер.

Израел, земја со 9,4 милиони жители, забележа речиси четири пати повеќе од бројот на заразени минатата недела. Министерството за здравство во саботата објави 17.518 новозаразени.

Недостигот на локации за тестирање изврши голем притисок врз постоечките, поради што владата ја ревидира својата политика за тестирање и утврди дека PCR тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години.

Сите останати треба да направат антигенски тест, или дома или кај лекар.

Но, се покажа дека дури и новите упатства не може да се следат.

Во аптеките низ земјата залихите на антигенски тестови се ретки, а луѓето чекаат во редици со часови.

Израел почна да ослободува вакцинирани посетители во земјата во неделата, шест недели по целосно затворање на границите во обид да се подготви за неизбежниот петти бран со вакцинирање и набавка на лекови.

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека повеќе од 4,3 милиони Израелци се целосно вакцинирани со три дози, а 204 лица се хоспитализирани во тешка состојба поради Ковид во неделата.

Повеќе од 1,5 милиони случаи на ковид се официјално пријавени во Израел, вклучувајќи 8.269 смртни случаи.

The post Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте appeared first on Република.

]]>

Во Израел до 40 отсто од населението може да биде заразено со коронавирус во сегашниот бран, рече премиерот Нафтали Бенет, а капацитетите за тестирање низ целата земја се преоптоварени.
Податоците презентирани на состанокот на владата покажуваат дека овде во Израел, вкупно меѓу два и четири милиони граѓани ќе бидат заразени за време на овој сегашен бран, напиша Бенет на својот профил на Твитер.
Израел, земја со 9,4 милиони жители, забележа речиси четири пати повеќе од бројот на заразени минатата недела. Министерството за здравство во саботата објави 17.518 новозаразени. Недостигот на локации за тестирање изврши голем притисок врз постоечките, поради што владата ја ревидира својата политика за тестирање и утврди дека PCR тестовите треба да бидат наменети само за оние кои се изложени на ризик и постари од 60 години. Сите останати треба да направат антигенски тест, или дома или кај лекар. Но, се покажа дека дури и новите упатства не може да се следат. Во аптеките низ земјата залихите на антигенски тестови се ретки, а луѓето чекаат во редици со часови. Израел почна да ослободува вакцинирани посетители во земјата во неделата, шест недели по целосно затворање на границите во обид да се подготви за неизбежниот петти бран со вакцинирање и набавка на лекови. Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека повеќе од 4,3 милиони Израелци се целосно вакцинирани со три дози, а 204 лица се хоспитализирани во тешка состојба поради Ковид во неделата. Повеќе од 1,5 милиони случаи на ковид се официјално пријавени во Израел, вклучувајќи 8.269 смртни случаи.

The post Во Израел нема тестови и се чека со часови пред аптеките, бројот на ковид-позитивни расте appeared first on Република.

]]>