Нема струја за електричниот стол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-struja-za-elektrichniot-stol/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 13:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нема струја за електричниот стол Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-struja-za-elektrichniot-stol/ 32 32 „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nema-struja-za-elektrichniot-stol-na-veleshkiot-teatar-gostuva-vo-belgradsko-dramsko-pozorishte/ Wed, 29 Nov 2023 13:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=717597

Ансамблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва гостува на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски.

Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов.

Гостувањето на велешкиот театарски ансамбл е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ Нови Сад и Театар „Јордан Хаџи К.онстантинов-Џинот“ Велес.

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија.

Со претставата „Нема струја за електричниот стол“ велешкиот театарски ансамбл успешно настапи во Европските градови на културата во 2023: во Пловдив и Темишвар.

 

The post „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ вечерва гостува на големата сцена „Оливера и Раде Марковиќ“ во Белградско драмско позориште со претставата „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов во режија на Дејан Пројковски. Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелатот. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо е на Сашко Костов. Гостувањето на велешкиот театарски ансамбл е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ Нови Сад и Театар „Јордан Хаџи К.онстантинов-Џинот“ Велес. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија. Со претставата „Нема струја за електричниот стол“ велешкиот театарски ансамбл успешно настапи во Европските градови на културата во 2023: во Пловдив и Темишвар.  

The post „Нема струја за електричниот стол“ на велешкиот театар гостува во Белградско драмско позориште appeared first on Република.

]]>
Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ ќе гостува во Београдско драмско позориште https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veleshki-teatar-so-nema-struja-za-elektrichniot-stol-ke-gostuva-vo-beogradsko-dramsko-pozorishte/ Mon, 27 Nov 2023 09:51:09 +0000 https://republika.mk/?p=716641

Велешкиот театар со претставата „Нема струја за електричниот стол“ утревечер ќе гостува во Београдско драмско позориште. Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“, Нови Сад, театарот од Велес.

Ова е прво гостување на Велешкиот театар во оваа реномирана театарска куќа.

Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во НТ Џинот, Велес, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Бугарија.

Покрај Секулов и Пројковски, претставата ја потпишуваат: Сашо Димоски – драматург, Сашко Костов – композитор и изведувач на музиката во живо, Филип Коруновски – автор на сценскиот дизајн и постерот за претставата, Борче Конзулов – автор на анимациите и Данчо Стефков – реализација на камери во претставата.

Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.

 

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ ќе гостува во Београдско драмско позориште appeared first on Република.

]]>

Велешкиот театар со претставата „Нема струја за електричниот стол“ утревечер ќе гостува во Београдско драмско позориште. Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско драмско позориште, Српско народно позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“, Нови Сад, театарот од Велес. Ова е прво гостување на Велешкиот театар во оваа реномирана театарска куќа. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во НТ Џинот, Велес, а беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Бугарија. Покрај Секулов и Пројковски, претставата ја потпишуваат: Сашо Димоски – драматург, Сашко Костов – композитор и изведувач на музиката во живо, Филип Коруновски – автор на сценскиот дизајн и постерот за претставата, Борче Конзулов – автор на анимациите и Данчо Стефков – реализација на камери во претставата. Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.  

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ ќе гостува во Београдско драмско позориште appeared first on Република.

]]>
Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ на Дејан Пројковски го отвора Фестивалот „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/veleshki-teatar-so-nema-struja-za-elektrichniot-stol-na-dejan-projkovski-go-otvora-festivalot-vojdan-chernodrinski/ Wed, 31 May 2023 09:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=646392

Десет претстави во официјалната програма, пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус – ова е дел од програмата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се случува од 9 до 16 јуни во Прилеп. Отворањето на фестивалот кое годинава е под мотото „Враќање дома“, ќе биде организирано на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 20.30 часот. Со видеоесеи фестивалот ќе им биде оддаде почит на лауреатите на наградата за животно дело, Петар Темелковски и Петар Мирчевски.

Претходно, во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретката и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокус Коле Чашуле. Во 21.30 часот на сцената на Центарот за култура ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Театарот од Велес одлучи, наместо со „Инферно“, која беше селектирана во официјалната програма, од технички причини, да учествува со оваа претстава.

Исто така, и Македонскиот народен театар, кого селекторката Ана Стојаноска го избра да учествува со „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, го откажа своето учество.

Иако имаше предлози овие две претстави да се играат на нивните матични сцени, сепак, како Собрание на фестивалот одлучивме дека МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува во Прилеп и дека не е во ред да носиме публика од градот за некои претстави да се изведат на матичните сцени. Ова нека биде и вид апел за сите да работиме повеќе на подобрувањето на техничките можности на сцените во Прилеп – истакна Стојаноска.

По одлука на Собранието на фестивалот, од истата причина, и Албанскиот театар, наместо со селектираната „Три сестри“, ќе учествува во официјалната програма со „Балкан“ во режија на Арбен Кумбаро.

Од 5 јуни ќе бидат пуштени во продажба влезниците на фестивалот на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Програмата на фестивалот ќе започнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. На пладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден.

Секој ден од 17 часот на неколку локации низ градот ќе бидат поставени фестивалски зони во кои членови на групата „Театроск“ ќе постават свои живи статуи, додека студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје ќе бидат скомрах и ќе презентираат кратки патувачки етиди.

На 13 јуни ќе се одржи и меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на македонската јавност“.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свеченото доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски.

Освен претставата на отворањето, во официјалната програма на фестивалот ќе учествуваат:
„Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје;

„Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;

„Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, Народен театар – Битола;

„Балкон“ од Жан Жене, во режија на Арбен Кумбаро, Албански театар, Скопје

„Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид,

„Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје

„Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје

„Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, Народен театар „Антон Панов“ – Струмица

„Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, Турски театар – Скопје.

Во програмата Независна продукција што игра домашни автори, ќе учествуваат:

„Елегија во пет здива“ - автор и режисер Филип Петковски
„Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна акција
„Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, драматизација Ева Камчевска, Продукција на „Тииит! Инк
„Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски
„Под.готвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“

 

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ на Дејан Пројковски го отвора Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Десет претстави во официјалната програма, пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус – ова е дел од програмата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се случува од 9 до 16 јуни во Прилеп. Отворањето на фестивалот кое годинава е под мотото „Враќање дома“, ќе биде организирано на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во 20.30 часот. Со видеоесеи фестивалот ќе им биде оддаде почит на лауреатите на наградата за животно дело, Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Претходно, во 19 часот, во Градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретката и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокус Коле Чашуле. Во 21.30 часот на сцената на Центарот за култура ќе гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Театарот од Велес одлучи, наместо со „Инферно“, која беше селектирана во официјалната програма, од технички причини, да учествува со оваа претстава. Исто така, и Македонскиот народен театар, кого селекторката Ана Стојаноска го избра да учествува со „Бесачи“ во режија на Јавор Грдев, го откажа своето учество.
Иако имаше предлози овие две претстави да се играат на нивните матични сцени, сепак, како Собрание на фестивалот одлучивме дека МТФ „Војдан Чернодрински“ се одржува во Прилеп и дека не е во ред да носиме публика од градот за некои претстави да се изведат на матичните сцени. Ова нека биде и вид апел за сите да работиме повеќе на подобрувањето на техничките можности на сцените во Прилеп – истакна Стојаноска.
По одлука на Собранието на фестивалот, од истата причина, и Албанскиот театар, наместо со селектираната „Три сестри“, ќе учествува во официјалната програма со „Балкан“ во режија на Арбен Кумбаро. Од 5 јуни ќе бидат пуштени во продажба влезниците на фестивалот на билетарницата на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Програмата на фестивалот ќе започнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. На пладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден. Секој ден од 17 часот на неколку локации низ градот ќе бидат поставени фестивалски зони во кои членови на групата „Театроск“ ќе постават свои живи статуи, додека студенти од Факултетот за драмски уметности од Скопје ќе бидат скомрах и ќе презентираат кратки патувачки етиди. На 13 јуни ќе се одржи и меѓународна конференција на тема „Македонскиот театар низ визурата на македонската јавност“. Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свеченото доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Александар Поповски. Освен претставата на отворањето, во официјалната програма на фестивалот ќе учествуваат: „Чудна случка со кучето во ноќта“ од Сајмон Стивенс, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Драмски театар – Скопје; „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп; „Мy name is Medeјa“ според Еврипид, драматизација на Милан Рамшак Марковиќ, во режија на Себастијан Хорват, Народен театар – Битола; „Балкон“ од Жан Жене, во режија на Арбен Кумбаро, Албански театар, Скопје „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристовска, Народен театар – Охрид, „Роња, ќерката на ограбувачот“ од Астрид Линдгрен, во режија на Јакуб Максимов, Театар за деца и младинци – Скопје „Женска гардероба“ од Арношт Голдфлам, во режија на Наташа Поплавска, Театар Комедија – Скопје „Циркус Пирандело“ според драми од Луиџи Пирандело, адаптација и режија на Бојан Трифуновски, Народен театар „Антон Панов“ – Струмица „Човек перница“ од Мартин Мекдона, во режија на Сибел Абдиу, Турски театар – Скопје. Во програмата Независна продукција што игра домашни автори, ќе учествуваат: „Елегија во пет здива“ - автор и режисер Филип Петковски „Заминувања“ – колективно авторство, режија на Драгана Гунин, независна продукција во соработка со Мировна акција „Срам“ од Ангела Стојановска, режија на Милош Б.Андоновски, драматизација Ева Камчевска, Продукција на „Тииит! Инк „Скопјани“ според раскази на Оливера Ќорверзировска и колективно авторство на актерската екипа, режија на Милош Б.Андоновски „Под.готвено“ според поезија и проза на Ѓоко Здравески, раскази на Елизабета Баковска, поезија на Блаже Конески и адаптација на сцена од „Трите високи жени“ од Едвард Олби, режија на Дејан Спасовиќ, продукција на „РКЦ РАКАТРАК“  

The post Велешки театар со „Нема струја за електричниот стол“ на Дејан Пројковски го отвора Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>