нема странски инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-stranski-investitori/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 08:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема странски инвеститори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-stranski-investitori/ 32 32 Николоски: Ова е најнеспособната економска влада, нема странски инвеститори бидејќи никој не сака да инвестира во држава пред банкрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-ova-e-najnesposobnata-ekonomska-vlada-nema-stranski-investitori-bidejki-nikoj-ne-saka-da-investira-vo-drzhava-pred-bankrot/ Thu, 16 Feb 2023 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=609576

„Ова е дефинитивно најнеспособната економска Влада и она што ме загрижува е задолжувањето затоа што ем премногу ја задолжуваат Македонија ем и не знаат како да го направат тоа. Владата се обиде да земе еврообврзница од 600 милиони евра, но целата процедура пропадна затоа што процедурите внатре во Владата не се завршени“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.

Николоски посочи дека очигледно министерот за правда Тупанчевски решил да не ја потпишува еврообврзницата веројатно заради генерациите после него да не го колнат дека ја задолжил Македонија за 600 милиони евра.

Тука се поставуваат неколку прашања. Прво како Владата ќе обезбеди ликвидност имајќи предвид дека реализацијата на буџетот е катастрофална и второ треба да кажат пред граѓаните колку пари веќе потрошија, затоа што за да се издаде еврообврзница секогаш се ангажираат консултантски куќи 3,4 кои се занимаваат со нудење на еврообврзница и промоција на истата помеѓу меѓународните кредитори. Така што треба да ја информираат јавноста за тоа колку пари имаат фрлено во бунар за целата оваа работа, вели Николоски.

Николоски истакна дека за целата ситуација да е потрагична, задолжувањето кое го планираат за оваа 2023-та година е најголемо во историјата на Македонија а тоа се фантастични и неверојатни милијарда и шесто милиони евра. Владата планира да се позајми оваа година милијарда и шесто милиони евра.

Тој направи и неколку споредби со економската состојба во минатото во Македонија.

Во 2002-ра година кога завршува мандатот на првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ вкупното задолжување на Македонија од 1990-та година до 2002-ра година за 12 години вкупното задолжување на Македонија е една ипол милијарди евра, а сега за една година земаат 1,6 милијарди евра. 2008-та година како најдобра година во втората Влада на ВМРО-ДПМНЕ вкупното задолжување на Македонија е една милијарда и триста педесет милиони евра а сега за една година земаат една милијарда и шесто милиони евра. Што значи во 2008-та година вкупно за 18 години Македонија била задолжена една милијарда и 350 милиони евра. Тоа е помалку од 2002-ра година односно се враќале во меѓувреме задолжувањата а сега само за една година Владата се задолжува за 1,6 милијарда или вкупно долгот кој сега е 7,7 милијарди евра ќе се зголеми за 1,6 милијарди односно ќе стигне до 9,3 милијарди евра а ако одиме во проценти во 2008-та година задолжувањето било 23% од БДП а сега веќе оди над психолошката граница од 60% зависи како мерат односно 61,62% од БДП“, потенцираше Николоски.

Николоски додаде дека токму затоа во 2008,2009,2010,2011 итн доаѓаа бројни странски инвеститори и инвестираа во Македонија и се отвораа нови работни места. Сега никој не е стапнат во Македонија и никој не сака да инвестира во Македонија затоа што гледаат дека Македонија е пред банкрот.

Најголема трагедија е дека ова се пари кои треба да ги враќаат идните генерации само во еврообврзница 2018-та година позајмија 500 милиони евра, 2020 година позајмија 700 милиони евра, 2022 500 милиони евра и сега 2023та година планираат 600 милиони евра, дециден е Николоски.

The post Николоски: Ова е најнеспособната економска влада, нема странски инвеститори бидејќи никој не сака да инвестира во држава пред банкрот appeared first on Република.

]]>

„Ова е дефинитивно најнеспособната економска Влада и она што ме загрижува е задолжувањето затоа што ем премногу ја задолжуваат Македонија ем и не знаат како да го направат тоа. Владата се обиде да земе еврообврзница од 600 милиони евра, но целата процедура пропадна затоа што процедурите внатре во Владата не се завршени“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа. Николоски посочи дека очигледно министерот за правда Тупанчевски решил да не ја потпишува еврообврзницата веројатно заради генерациите после него да не го колнат дека ја задолжил Македонија за 600 милиони евра.
Тука се поставуваат неколку прашања. Прво како Владата ќе обезбеди ликвидност имајќи предвид дека реализацијата на буџетот е катастрофална и второ треба да кажат пред граѓаните колку пари веќе потрошија, затоа што за да се издаде еврообврзница секогаш се ангажираат консултантски куќи 3,4 кои се занимаваат со нудење на еврообврзница и промоција на истата помеѓу меѓународните кредитори. Така што треба да ја информираат јавноста за тоа колку пари имаат фрлено во бунар за целата оваа работа, вели Николоски.
Николоски истакна дека за целата ситуација да е потрагична, задолжувањето кое го планираат за оваа 2023-та година е најголемо во историјата на Македонија а тоа се фантастични и неверојатни милијарда и шесто милиони евра. Владата планира да се позајми оваа година милијарда и шесто милиони евра. Тој направи и неколку споредби со економската состојба во минатото во Македонија.