Нема повредени патници во автобусот број „57“ во кој избувнал пожар, причинета е само материјална штета, соопштија од ЈСП „Скопје“.
Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.
Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, велат од ЈСП „Скопје“.
The post Нема повредени патници во автобусот „57“ во кој избувнал пожар appeared first on Република.
]]>Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета. Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило. Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот, велат од ЈСП „Скопје“.
The post Нема повредени патници во автобусот „57“ во кој избувнал пожар appeared first on Република.
]]>