нема милост за педофили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-milost-za-pedofili/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Feb 2024 21:19:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема милост за педофили Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-milost-za-pedofili/ 32 32 Орбан: Не смее да има милост за педофилите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/orban-ne-smee-da-ima-milost-za-pedofilite/ Thu, 08 Feb 2024 21:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=741999

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска поднесе уставен амандман со кој ќе се спречи помилување на осудените за злосторства против малолетници, додавајќи дека негово лично убедување е дека „не смее да има милост за педофилите“.

Тој рече дека е започната дебата за овластувањата на претседателските помилувања, додавајќи: „сега не е потребно ние да бидеме адвокати, туку работите да се утврдат јасно и недвосмислено“, пренесе агенцијата „МТИ“.

Орбан го поднесе амандманот откако опозициските партии во Унгарија го зголемија притисокот врз претседателката на земјата, Каталин Новак, со порака дека повеќе не е способна да ја извршува претседателската функција откако минатата година го помилува поранешниот заменик директор на државниот дом за деца, кој беше осуден на повеќе од три години затвор за помагање во прикривање на случај на сексуална злоупотреба извршена од директорот на таа институција, кој и самиот е осуден на осум години за злоупотреба на најмалку десет деца во периодот од 2004 до 2016 година, наведува АП.

Новак, која го помилуваше тоа лице заедно со уште дваесетина други по повод посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, негираше дека таа постапила неправилно и ги отфрли повиците за формално објаснување на нејзината одлука.

 

The post Орбан: Не смее да има милост за педофилите appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска поднесе уставен амандман со кој ќе се спречи помилување на осудените за злосторства против малолетници, додавајќи дека негово лично убедување е дека „не смее да има милост за педофилите“. Тој рече дека е започната дебата за овластувањата на претседателските помилувања, додавајќи: „сега не е потребно ние да бидеме адвокати, туку работите да се утврдат јасно и недвосмислено“, пренесе агенцијата „МТИ“. Орбан го поднесе амандманот откако опозициските партии во Унгарија го зголемија притисокот врз претседателката на земјата, Каталин Новак, со порака дека повеќе не е способна да ја извршува претседателската функција откако минатата година го помилува поранешниот заменик директор на државниот дом за деца, кој беше осуден на повеќе од три години затвор за помагање во прикривање на случај на сексуална злоупотреба извршена од директорот на таа институција, кој и самиот е осуден на осум години за злоупотреба на најмалку десет деца во периодот од 2004 до 2016 година, наведува АП. Новак, која го помилуваше тоа лице заедно со уште дваесетина други по повод посетата на папата Франциско на Унгарија во април 2023 година, негираше дека таа постапила неправилно и ги отфрли повиците за формално објаснување на нејзината одлука.  

The post Орбан: Не смее да има милост за педофилите appeared first on Република.

]]>