нема да успее Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-da-uspee/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Sep 2022 19:45:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема да успее Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-da-uspee/ 32 32 СДСМ: Референдумот против ЕУ нема поддршка и нема да успее https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-referendumot-protiv-eu-nema-poddrshka-i-nema-da-uspee/ Mon, 05 Sep 2022 19:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=547803

Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме. Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, реагираат вечерва од владејачката партија, откако Мицкоски ја објави одлуката на ИК на неговата партија за да се собираат потписи за иницијатива до Собранието за референдум за напуштање на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vmro-dpmne-kje-odi-so-inicijativa-za-sobiranje-potpisi-za-raspishuvanje-referendum-protiv-dogovorot-so-bugarija/

Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат. Само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ. Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ. Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови, се вели во соопштението од СДСМ.

Од владејачката партија укажуваат дека референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее и дека ова е погрешен начин на Мицкоски за спас на својата фотелја.

„Иницијатива против ЕУ нема поддршка ниту од опозициските партии, а поделени ставови има и во самата ВМРО-ДПМНЕ каде што јакне проевропското крило, кое не мисли исто како Мицкоски и сака да го поддржи европскиот пат на земјата. Особено што Мицкоски не е искрен и ги лаже своите членови, исто како што ги лаже и граѓаните, велат од СДСМ и ја посочуваат изјава на Мицкоски на средбата со поранешниот премиер, Бојко Борисов каде јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија.

The post СДСМ: Референдумот против ЕУ нема поддршка и нема да успее appeared first on Република.

]]>

Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме. Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, реагираат вечерва од владејачката партија, откако Мицкоски ја објави одлуката на ИК на неговата партија за да се собираат потписи за иницијатива до Собранието за референдум за напуштање на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vmro-dpmne-kje-odi-so-inicijativa-za-sobiranje-potpisi-za-raspishuvanje-referendum-protiv-dogovorot-so-bugarija/