нема да си сама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-da-si-sama/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 12:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нема да си сама Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nema-da-si-sama/ 32 32 „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/nema-da-si-sama-na-goran-stolevski-avstraliski-kandidat-za-oskar/ Wed, 02 Nov 2022 12:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=568772

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>

Дебитантскиот долгометражен филм на австралискиот режисер Горан Столевски „Нема да си сама“ е австралиски кандидат за најдобар странски филм за Оскар. Столевски е роден во Македонија, но живее и работи на релација Австралија-Велика Британија. Во филмот, чие дејство се случува во изолирано планинско село во Македонија во 19. век, играат и македонските актерки Сара Климоска, Верица Недеска и Камка Тоциновски.  

The post „Нема да си сама“ на Горан Столевски австралиски кандидат за „Оскар“ appeared first on Република.

]]>
„Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски од вечерва во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nema-da-si-sama-vo-rezija-na-goran-stolevski-od-vecherva-vo-kinoteka/ Mon, 19 Sep 2022 16:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=552327

НЕМА ДА СИ САМА (You won’t be alone) од вечерва е на програмата на Кинотека на Македонија.

Сите термини:

19 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

20 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 Ч.

26 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

27 СЕПТЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

Игран филм, Австралија / В. Британија / Србија
2022, 108 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Сценарио: Горан Столевски (Goran Stolevski)
Улоги: Нооми Рапас, Анамарија Маринка, Елис Енглерт, Карлото Кота, Феликс Марито, Сара Климоска, Арта Доброши, Верица Недеска, Камка Тоциновски (Noomi Rapace, Anamaria Marinca, Alice Englert, Carloto Cotta, Félix Maritaud, Sara Klimoska, Arta Dobroshi, Verica Nedeska, Kamka Tocinovski)
Дејствието на овој хорор-трилер филм се случува во изолирано планинско село во 19-ти век во Македонија. Младата девојка Невена е киднапирана и преобразена во вештерка од страна на прастар дух. Таа случајно убива една селанка и го зема нејзиниот лик за да види како се живее во туѓа кожа. Љубопитноста ѝ се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. Приказната делумно била инспирирана од старата идеја дека вештерките може лесно да се претвораат во други луѓе или животни.
НЕМА ДА СИ САМА досега победи на фестивалот во Палм Спрингс (САД), а беше во конкуренција за награди на фестивалите „Санденс“ (САД) и Сиднеј (Австралија). Влијателниот филмски магазин „Варајети“ („Variety“) го смести филмот на Столевски меѓу десетте наслови што не треба да се пропуштат во 2022 година.
Краткиот филм на Столевски  „Види ја ти неа“, во кој главната улога ја толкуваше Сара Климоска, имаше голем успех на светските филмски фестивали и ја освои наградата за најдобар интернационален краток филм на „Санденс“ во 2018 година.

The post „Нема да си сама“ во режија на Горан Столевски од вечерва во Кинотека appeared first on Република.

Хоророт „Нема да си сама“ на македонскиот режисер Горан Столевски вечерва го затвора „Синедејс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/hororot-nema-da-si-sama-na-makedonskiot-reziser-goran-stolevski-vecherva-go-zatvora-sinedejs/ Thu, 14 Jul 2022 12:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=528713

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Нема да си сама“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, во МКЦ Парк вечер во 21 часот ќе заврши 21. Фестивалот на европски филм „Синадејс“.

Во изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа прикажани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се – Официјалната и СЕЕ-селекцијата (Southeastern Europe). Наградите за нив ќе ги доделат две жири-комисии: Марија Апчевска, Иева Норвилиена и Алфтед Холигхаус – за официјалната селекција и Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио – ќе одлучуваат за наградите за СЕЕ-селекцијата.

По доделувањето на наградите, премиерно ќе биде прикажан филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој годинава, како што наведува МКЦ, стекна светска слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“

Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели:

Фестивалските публики ми се омилените. „Нема да си сама“ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на „Синедејс“. Длабоко ме допреа страсните, емотивни реакции од публиката во Санденс. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните, вели Горан Столевски, информира МКЦ.

Приказната во филмот „Нема да сама“, која се случува во изолирано планинско село, е за девојче грабнато од древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек.

По проекцијата на филмот, 21-виот „Синедејс“ официјално ќе биде затворен со диџеј-сет на актерот Оливер Митковски, соопшти Младинскиот културен центар, организатор на фестивалот.

The post Хоророт „Нема да си сама“ на македонскиот режисер Горан Столевски вечерва го затвора „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Нема да си сама“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски, во МКЦ Парк вечер во 21 часот ќе заврши 21. Фестивалот на европски филм „Синадејс“. Во изминатите осум дена на различни локации низ Скопје беа прикажани 50 филмови во повеќе селекции, од кои натпреварувачки се – Официјалната и СЕЕ-селекцијата (Southeastern Europe). Наградите за нив ќе ги доделат две жири-комисии: Марија Апчевска, Иева Норвилиена и Алфтед Холигхаус – за официјалната селекција и Ѓулин Устин, Дамјан Козоле и Диего Апарисио – ќе одлучуваат за наградите за СЕЕ-селекцијата. По доделувањето на наградите, премиерно ќе биде прикажан филмот „Нема да си сама“ на Столевски, кој годинава, како што наведува МКЦ, стекна светска слава по премиерата на Фестивалот на независен филм „Санденс“ Пред оваа проекција режисерот има особена возбуда за која вели:
Фестивалските публики ми се омилените. „Нема да си сама“ како приказна е зачната токму тука во Скопје и многу ме радува што конечно ќе се прикаже на затворањето на „Синедејс“. Длабоко ме допреа страсните, емотивни реакции од публиката во Санденс. Со нетрпение и возбуда ги чекам овдешните, вели Горан Столевски, информира МКЦ.
Приказната во филмот „Нема да сама“, која се случува во изолирано планинско село, е за девојче грабнато од древен дух и преобразено во вештерка. Љубопитна за животот на луѓето, младата вештерка случајно убива една селанка, па потоа го зема нејзиниот облик за да живее во нејзината кожа. Љубопитноста и се разгорува и продолжува да ја користи оваа ужасна моќ за да разбере што значи да се биде човек. По проекцијата на филмот, 21-виот „Синедејс“ официјално ќе биде затворен со диџеј-сет на актерот Оливер Митковски, соопшти Младинскиот културен центар, организатор на фестивалот.

The post Хоророт „Нема да си сама“ на македонскиот режисер Горан Столевски вечерва го затвора „Синедејс“ appeared first on Република.

]]>