нелојална конкуренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nelojalna-konkurentsija/ За подобро да се разбереме Thu, 11 May 2023 10:26:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нелојална конкуренција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nelojalna-konkurentsija/ 32 32 ДПИ ќе ја сузбива нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dpi-ke-ja-suzbiva-nelojalnata-konkurentsija-od-neregistriranite-trgovtsi/ Thu, 11 May 2023 10:26:27 +0000 https://republika.mk/?p=639650

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави активности за сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци. Со контролите ќе бидат опфатени сите трговци и доколку немаат регистрирана дејност освен пропишаните казни ќе им бидат одземени производите.

Од ДПИ соопштија дека од извршените инспекциски надзори врз основа на одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се поголем број нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава, соопшти ДПИ.

Упатува апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која укажуваат дека е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од два дена.

Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог. Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат, порачуваат од Државниот пазарен инспекторат.

The post ДПИ ќе ја сузбива нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци appeared first on Република.

]]>

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) најави активности за сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци. Со контролите ќе бидат опфатени сите трговци и доколку немаат регистрирана дејност освен пропишаните казни ќе им бидат одземени производите. Од ДПИ соопштија дека од извршените инспекциски надзори врз основа на одлуките на Владата кои се однесуваат на овошјето и зеленчукот, затечени се поголем број нерегистрирани трговци. Со цел да се сузбие нелојалната конкуренција предизвикана од нерегистрираните трговци, Пазарниот инспекторат во наредниот период ќе спроведува и надзори за утврдување на нерегистрирана дејност врз основа на Законот за трговија. Освен кај оние кои продаваат овошје и зеленчук, надзори ќе се вршат и кај сите останати трговци, за сите производи низ целата територија на Република Македонија. Во случај да се затекне нерегистриран трговец, освен изречена казна, ќе следува и целосно одземање на производите кои ги продава, соопшти ДПИ. Упатува апел до оние кои вршат нерегистрирана дејност, во најбрз можен рок да извршат регистрација, која укажуваат дека е многу едноставна и нема да им одземе повеќе од два дена. Доколку оставиме простор да се проширува нелојалната конкуренција која ја создаваат нерегистрираните трговци, така и нечесните трговски практики ќе се одразат врз регистрираните трговци кои си ги исполнуваат обврските кон државата, со што системот ќе затајува, а тоа никому не оди во прилог. Ги охрабруваме граѓаните доколку забележат или веќе познаваат нерегистрирани трговци, препродавачи и продавници, веднаш да пријават во пазарниот инспекторат, порачуваат од Државниот пазарен инспекторат.

The post ДПИ ќе ја сузбива нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци appeared first on Република.

]]>