нелегално Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nelegalno/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Mar 2022 21:44:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нелегално Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nelegalno/ 32 32 Некој со години си наплаќа 50 денари на нелегален паркинг на заштитено државно земјиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nekoj-so-godini-si-naplakja-50-denari-na-nelegalen-parking-na-zashtiteno-drzavno-zemjishte/ Wed, 16 Mar 2022 21:44:11 +0000 https://republika.mk/?p=474001

Кој и како дозволува државните земјишта да се узурпираат и на сметка на истите да се профитира, анализира ТВ24, откривајќи дека паркинг простор, кој се наоѓа на самиот влез од Старата скопска чаршија, веќе долги години успева да опстојува на државно земјиште.

Но, наместо државата, како сопственик на земјиштето, да води грижа за истото долги години дозволило физичко лице да води грижа за државното земјиште на кое пак си поставил рампа и наплаќа 50 денари од час за секој еден кој решил да го искористи просторот и да го паркира своето возило.

Покрај тоа што е државно земјиште истото се наоѓа и во зоната на заштитено подрачје со што се отвора и прашањето како државните институции долги години дозволиле пред нивни очи физичко лице да постави рампа и да профитира.

Дека се работи за државно земјиште кое се наоѓа во заштитено подрачје потврдија и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од таму велат дека физичко лице си дозволил да го узурпира државното земјиште и да постави рампа за паркинг простор.

Повеќе на ТВ24

The post Некој со години си наплаќа 50 денари на нелегален паркинг на заштитено државно земјиште appeared first on Република.

]]>

Кој и како дозволува државните земјишта да се узурпираат и на сметка на истите да се профитира, анализира ТВ24, откривајќи дека паркинг простор, кој се наоѓа на самиот влез од Старата скопска чаршија, веќе долги години успева да опстојува на државно земјиште. Но, наместо државата, како сопственик на земјиштето, да води грижа за истото долги години дозволило физичко лице да води грижа за државното земјиште на кое пак си поставил рампа и наплаќа 50 денари од час за секој еден кој решил да го искористи просторот и да го паркира своето возило. Покрај тоа што е државно земјиште истото се наоѓа и во зоната на заштитено подрачје со што се отвора и прашањето како државните институции долги години дозволиле пред нивни очи физичко лице да постави рампа и да профитира. Дека се работи за државно земјиште кое се наоѓа во заштитено подрачје потврдија и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од таму велат дека физичко лице си дозволил да го узурпира државното земјиште и да постави рампа за паркинг простор. Повеќе на ТВ24

The post Некој со години си наплаќа 50 денари на нелегален паркинг на заштитено државно земјиште appeared first on Република.

]]>
Косовци без документи работеле на објект на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kosovci-bez-dokumenti-rabotele-na-objekt-na-vodno/ Fri, 04 Feb 2022 15:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=454314

Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје, каде како изведувач на градежни работи е правно лице од Скопје.

Како што соопштија од МВР, при контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат.

The post Косовци без документи работеле на објект на Водно appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.30 часот, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат извршиле контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје, каде како изведувач на градежни работи е правно лице од Скопје. Како што соопштија од МВР, при контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави согласно член 217 од Законот за странци, додека за правното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на Трудов инспекторат.

The post Косовци без документи работеле на објект на Водно appeared first on Република.

]]>