Нела Витошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nela-vitoshevikj/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Apr 2024 09:00:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нела Витошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nela-vitoshevikj/ 32 32 „Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/strantsi-na-nela-vitoshevik-vecherva-na-repertoarot-na-dramskiot-teatar/ Tue, 23 Apr 2024 09:00:49 +0000 https://republika.mk/?p=769596

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ.

Драматург: Викторија Рангелова – Петровска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска
Композитор: Огнен Анастасовски

 

Играат:
МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ
ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ
КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА
ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ
БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА
КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ
Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски

Асистент режисер: Александар Ивановски
Асистент сценограф: Димитар Петровски
Асистент костимограф: Раде Василев
Изработка на видео анимација: Милчо Узунов
Превод од италијански јазик: Викторија Еленова
Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска
Испициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска
Светло – мајстор: Митко Ризов
Тон – мајстор: Димитар Илиоски
Фотограф: Филип Кондовски

 

Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.

The post „Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Странци“ во режија на Нела Витошевиќ. Драматург: Викторија Рангелова – Петровска Сценограф: Костантин Трпеноски Костимограф: Роза Трајческа – Ристовска Композитор: Огнен Анастасовски   Играат: МИКЕЛЕ – ИГОР АНГЕЛОВ ЕВА – ИРЕНА РИСТИЌ КАРЛОТА – БИЉАНА ДРАГИЌЕВИЌ – ПРОЈКОВСКА ПЕПЕ – ЗОРАН ЉУТКОВ БЈАНКА – САЊА АРСОВСКА КОЗИМО – ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ РОКО – ПРЕДРАГ ПАВЛОВСКИ Гласовни фрагменти: Анастас Тановски, Маја Вељковиќ – Пановска, Огнен Анастасовски, Викторија Рангелова – Петровска, Ивана Павлаковиќ, Саше Ѓорѓиев, Емилија Мицевска, Никола Наумовски Асистент режисер: Александар Ивановски Асистент сценограф: Димитар Петровски Асистент костимограф: Раде Василев Изработка на видео анимација: Милчо Узунов Превод од италијански јазик: Викторија Еленова Јазична редакција и адаптација: Нела Витошевиќ и Викторија Рангелова – Петровска Испициент: Гоце Бојчев Суфлер: Жаклина Цветковска Светло – мајстор: Митко Ризов Тон – мајстор: Димитар Илиоски Фотограф: Филип Кондовски   Што ќе се случи доколку скришно ѕиркате во телефонот на другиот? Соочувањето со вистината решава или пак отвара нов проблем? Колку вистината за/на другиот удира директно во неговиот приватен простор, а колку задира вопросторот на останатите? Дали соочувањето со вистината од нас прави подобри луѓе?Мобилните телефони се нашите „црни кутии“?! Колку овие „црни кутии“ не оттуѓуваат еден од друг? Странци е „драмомедија“ во која седумина пријатели играат игра во која ги споделуваат сите телефонски пораки, разговори, фотографии, комуникациите преку социјалните мрежи и на тој начин ги откриваат личните тајни, отварајки болни конфликтни ситуации.Истовремено се потенцираат разликите помеѓу приватното и јавното себепретставување. Паралелните дејства создаваат епска сценска наративност која не се стреми да го означи крајот, туку расте во широчина. Се’ во име на вистината.По соочување со вистината, следи судирсо пост вистината, состојба во којафактите стануваат помалку влијателни отколку што се тоа емоциите и личните убедувања. Улогата на технологијата во одредување на вистината/вистинитоста како доминанта на денешницата се потенцира и со појавувањето и откривањето на доверливи документи во глобални рамки. Дали светот стана подобро место за живеење по појавата на Викиликс? И уште еднаш, дали соочувањето со вистината од нас (на)прави подобри луѓе? Ева: Ајде да играме една игра. … Роко: Каква игра е ова Ева? … Бјанка: Може да биде интересна. … Пепе: Јас не ги разбирам тие што не одговараат на пораки. … Козимо: Можел да ги избрише пораките. … Карлота: Голема работа. Не мислам дека некој ќе се шоќира. … Микеле: Премногу добро се познаваме.

The post „Странци“ на Нела Витошевиќ вечерва на репертоарот на Драмскиот Театар appeared first on Република.

]]>
Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/individualnata-sloboda-ne-treba-da-se-zema-zdravo-za-gotovo-tuku-treba-postojano-da-se-borime-za-nea-veli-rezhiserkata-na-nora-nela-vitoshevik-koja-gostuva-vecherva-vo-dramski-na-ruta/ Thu, 05 Oct 2023 11:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=688126

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ).

„Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:

Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.

Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан.

„Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот.

Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.

Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.

Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек.

Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ). „Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.
Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.
„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг. 'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:
Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.
Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот. Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.
Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.
Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>
Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-premiera-na-firma-pretstava-koja-govori-za-pretvoraneto-na-lugeto-vo-mashini-se-otvora-festivalot-ruta-vo-dramski-teatar/ Tue, 03 Oct 2023 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=687325

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, вечерва во 20 часот во Драмски театар Скопје се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври.

Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ

Според режисерката Витошевиќ идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.

И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.

Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.

Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври.

По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

В четврток е „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, во режија на Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 6 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ. Автор на текстот е Флоријан Зелер.

В сабота гостува Београдско драмско позориште (БДП) со претставата „Самрак на боговите“ во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.

Со претставата „Отело“ театарот Улисис од  Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 8 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

The post Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, вечерва во 20 часот во Драмски театар Скопје се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври. Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ Според режисерката Витошевиќ идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.
И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.
Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.
Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.
Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври. По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски. В четврток е „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, во режија на Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 6 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево во режија на Дино Мустафиќ. Автор на текстот е Флоријан Зелер. В сабота гостува Београдско драмско позориште (БДП) со претставата „Самрак на боговите“ во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Со претставата „Отело“ театарот Улисис од  Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 8 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

The post Со премиера на „Фирма“, претстава која говори за претворањето на луѓето во машини се отвора Фестивалот РУТА во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lugeto-se-pretvoraat-vo-mashini-se-izgubi-chovechkata-relatsija-i-prirodniot-dopir-veli-rezhiserkata-nela-vitoshevik-pred-premiera-na-firma-vo-dramski-teatar/ Thu, 28 Sep 2023 11:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=686012

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, на 3 октомври во Драмски театар Скопје (20 часот) се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври.

Според режисерката Витошевиќ, која неколкупати работела текстови на Шимелфениг и го разбира неговиот јазик, идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.

И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.

Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.

Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.

Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата.

Улогите во „Фирма“ ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ

Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври.

По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски.

„Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ.
На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер.

Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ.
Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево.

Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот. Број на билетарницата на Драмски театар Скопје е 076434343 каде може да се резервираат билетите.

The post Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Со премиера на преставата „Фирма“ во режија на Нела Витошевиќ, а по текст на Роланд Шимелфениг, на 3 октомври во Драмски театар Скопје (20 часот) се отвора второто издание на Регионалниот театарски фестивал РУТА кој ќе трае до 8 октомври. Според режисерката Витошевиќ, која неколкупати работела текстови на Шимелфениг и го разбира неговиот јазик, идејата во „Фирма“ е да се прикаже еден суров корпоративен свет, кој е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на шест карактери, кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерахиската пирамида.
И во таа трка со времето, во таа трка до целта, тие на некој начин се губат себеси, го губат својот социјален живот. И кога ќе се свртат некаде таму, гледаат дека нивните животи се комплетно празни, дека освен работата, сè друго оставиле во втор план и се чувстуваат крајно осамено. Тоа е на некој начин што мислам дека го носи капитализмот, а тоа е комплетно оттуѓување на луѓето. Со интензивирање на социјалните мрежи, мислам дека човечката релација се изгуби, мислам дека луѓето се претвораат многу повеќе во машини, тој природен допир се изгуби и мислам дека тоа на некој начин ние пробуваме да го пренесеме во претставата, кажа денеска на прес-конфренцијата во Драмски театар Витошевиќ.
Таа објасни дека претставата е конципирана да биде како една ринг-арена во која што ликовите имаат конкретен противник, но многу често тие самите на себе си се противници.
Во таа арена, освен со конкртениот партнер со кој се во спрега и во конфликт, тие преку внатрешни интроспекции, ги покажуваат нивните внатрешни конфликти, внатрешни борби и проблеми и на некој начин правиме огледало на капиталистичкото општетсво денес преку таа ринг арена, во која сите се како ѕверови, се јадат меѓу себе, само за да стигнат до некоја цел, која понатаму гледаме и дека не е толку важна, затоа што ги заборавиле поважните работи во нивните животи и останале сами на крајот на денот, вели Витошевиќ.
Во „Фирма“ публиката е на сцена и само 90 луѓе ќе може да следат претставата. Улогите во „Фирма“ ги толкуваат: Ирена Ристиќ, Ивана Павлаковиќ, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов и Стефан Вујисиќ. Сценографијата е на Константин Трпеноски, костимографијата на Розе Трајчевска – Ристоска, а изборот на музиката на Нела Витошевиќ Следните изведби на „Фирма“ се на 13. и 14. октомври. По свеченото отворање на фестивалот, на 4 октомври (среда) македонската публика ќе го проследи „Декамерон“ – на Градско позориште Подгорица во копродукција со Народно позориште Ниш. Претставата е во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски. „Нора“ е претставата на Местно гледалишче Љубљана, Р. Словенија што ќе се игра на 05. октомври (четврток) 2023 година. Режијата е на македонската режисерка Нела Витошевиќ. На програмата на четвртиот фестивалски ден на 06 октомври (петок) е претставата „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево. Режија: Дино Мустафиќ Автор: Флоријан Зелер. Београдско драмско позориште пред нашата публика ќе ја изведе претставата „Самрак на боговите“ во сабота на 07 октомври во режија на неодамна починатиот режисер Јагош Марковиќ. Со претставата „Отело“ театарот Улисис од Р. Хрватска го затвора фестивалот РУТА во недела на 08 октомври. Режијата и е доверена на украинската режисерка Оксана Дмитрова, а поделбата на улогите освен на актерите на Улисис е направена и со членовите на „Сараевски ратни театар“ од Сараево. Поради големиот интерес на публиката од Драмски театар Скопје информираат дека се пуштени во продажба поединечните и блок билетите за фестивалот. Број на билетарницата на Драмски театар Скопје е 076434343 каде може да се резервираат билетите.

The post Луѓето се претвораат во машини, се изгуби човечката релација и природниот допир, вели режисерката Нела Витошевиќ пред премиера на „Фирма“ во Драмски театар appeared first on Република.

]]>
Турски театар Скопје со Чеховата „Галеб“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/turski-teatar-skopje-so-chehovata-galeb-vo-centarot-za-kultura-grigor-prlichev-vo-ohrid/ Wed, 27 Jul 2022 07:08:30 +0000 https://republika.mk/?p=533609

Драмската програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Турски театар Скопје.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“  со почеток во 21 часот.

„Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на трагикомичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува синџир од ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности со кои не можат или не знаат да се справат.

Во неа играат Несрин Таир, Хакан Даци, Осман Али, Џенап Самет, Стефанија Начевска, Сузан Акбелге, Ебру Мусли, Селпин Керим, Метин Ибрахим и Неат Али. Сценографијата е на Константин Трпеноски, а костимографијата на Роза Трајчевска-Ристоска.

Нела Витошевиќ е театарскa режисерка, која високото образование и магистерските студии ги заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски. Од 2011 до 2015 година работи и ако демонстратор на истиот факултет, на отсекот по актерска игра. Нејзината кариера успешно започнува со дипломската претстава „Чикашки перверзии“, на Дејвид Мамет, поставена и изведувана во Драмскиот Театар – Скопје.  Понатаму нејзината кариера се развива со претставите „Вејка на ветерот“ од Коле Чашуле , „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска и „Макбет“ од Вилијам Шекспир; во Македонскиот Народен Театар, „Странци “ од Филипо Болоња и „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во Драмскиот театар; „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир,  „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров,  „Казимир и Каролина“ од Еден Фон Хорват во Прилепскиот театар, „Жена од Минатото“ од Роланд Шимелфенинг  и „Созвездија“ од Ник Пејн во Кумановскиот театар, „Стари времиња“ од Харолд Пинтер во Охридскиот театар и многу други. Со претставата „Змејовата невеста“, Нела ги освои и главните државни награди и признанија за театар – награда за најдобра режија и награда за најдобра претстава на фестивалот Војдан Чернодрински. Таа е еден од основачите на  независен театар Wonderland Theatre кој донесе свежина и поинаков пристап на независната театарска сцена во Македонија. Таа таму има направено неколку претстави: „Фирма“ од Р. Шимелфенинг, „5:17“ од Ана Ристоска, „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, и авторскиот проект „Работи за кои не зборуваме“. За претставата „Брод за кукли“ ја добива главната награда од жирото, за најдобра претстава на фестивалот МОТ. За нејзината работа во театар таа има добиено околу 20-тина награди, а нејзините претстави се играле на повеќе фестивали во земјата и Европа. Во моментов е вработена како режисер во Македонскиот Народен Театар.

 

The post Турски театар Скопје со Чеховата „Галеб“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Драмската програма на 62-то „Охридско лето“ продолжува вечерва со театарската претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на Турски театар Скопје. Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Григор Прличев“  со почеток во 21 часот. „Галеб“ е драма која зборува за театарот и љубовта. Во ова култно дело, Чехов на трагикомичен начин ни ја пренесува атмосферата за минливоста на животот, во која се испреплетува синџир од ликови со промашени животи, со несреќни судбини, невозвратени љубови, ставени во животни околности со кои не можат или не знаат да се справат. Во неа играат Несрин Таир, Хакан Даци, Осман Али, Џенап Самет, Стефанија Начевска, Сузан Акбелге, Ебру Мусли, Селпин Керим, Метин Ибрахим и Неат Али. Сценографијата е на Константин Трпеноски, а костимографијата на Роза Трајчевска-Ристоска. Нела Витошевиќ е театарскa режисерка, која високото образование и магистерските студии ги заврши на Факултетот за драмски уметности во Скопје, под менторство на професорот Слободан Унковски. Од 2011 до 2015 година работи и ако демонстратор на истиот факултет, на отсекот по актерска игра. Нејзината кариера успешно започнува со дипломската претстава „Чикашки перверзии“, на Дејвид Мамет, поставена и изведувана во Драмскиот Театар – Скопје.  Понатаму нејзината кариера се развива со претставите „Вејка на ветерот“ од Коле Чашуле , „Да тргнеме Сењор“ од Ана Ристоска и „Макбет“ од Вилијам Шекспир; во Македонскиот Народен Театар, „Странци “ од Филипо Болоња и „Мојот маж“ од Румена Бужаровска во Драмскиот театар; „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир,  „Змејовата невеста“ од Димитар Молеров,  „Казимир и Каролина“ од Еден Фон Хорват во Прилепскиот театар, „Жена од Минатото“ од Роланд Шимелфенинг  и „Созвездија“ од Ник Пејн во Кумановскиот театар, „Стари времиња“ од Харолд Пинтер во Охридскиот театар и многу други. Со претставата „Змејовата невеста“, Нела ги освои и главните државни награди и признанија за театар – награда за најдобра режија и награда за најдобра претстава на фестивалот Војдан Чернодрински. Таа е еден од основачите на  независен театар Wonderland Theatre кој донесе свежина и поинаков пристап на независната театарска сцена во Македонија. Таа таму има направено неколку претстави: „Фирма“ од Р. Шимелфенинг, „5:17“ од Ана Ристоска, „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, и авторскиот проект „Работи за кои не зборуваме“. За претставата „Брод за кукли“ ја добива главната награда од жирото, за најдобра претстава на фестивалот МОТ. За нејзината работа во театар таа има добиено околу 20-тина награди, а нејзините претстави се играле на повеќе фестивали во земјата и Европа. Во моментов е вработена како режисер во Македонскиот Народен Театар.  

The post Турски театар Скопје со Чеховата „Галеб“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид appeared first on Република.

]]>