неизложени дела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neizlozheni-dela/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Jun 2024 07:41:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неизложени дела Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neizlozheni-dela/ 32 32 Неизложени дела на Глигор Чемерски во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/neizlozheni-dela-na-gligor-chemerski-vo-mkts/ Wed, 19 Jun 2024 07:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=788926

Галерија ГРАЛ и Младинскиот културен центар (МКЦ) на 24 јуни, понеделник, од 20 часот во МКЦ организираат отворање на изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ на македонскиот уметник Глигор Чемерски.

Организаторите велат дека од почетокот на 1960-тите години, па се до неговото заминување речиси 60 години подоцна, во сите преобразби на неговиот ликовен јазик, Глигор Чемерски (1940-2016) интензивно се бавеше со сликата. Преку неа, тој учеше за светот и ги искажуваше своите сомнежи за „однапред зададените вистини.

„Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Galerie du Fleuve (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, во тој период Чемерски реализираше повеќе изложби во таа галерија, а често беше и нивен главен консултант при откуп на дела. Најголем дел од цртежите и гвашевите претставени на оваа изложба се неизложувани дела, интимни формати од колекцијата на Galerie du Fleuve, создадени во тој период,

Зошто Чемерски денес, низ цртеж, отпосле?

И покрај сета парализирачката неизвесност на нашето време што е предизвикана од низа на горливи прашања, а чиј мотор е насилството на капитализмот, еколошката деградација, неповратното исцрпување на ресурси, геополитичките тензии и конфликти, економска нерамноправност и технолошки нарушувања, средбата со цртежите на Чемерски, кои по еден чуден и случаен сплет на околности допатуваат „дома”, произведе нешто занимливо.

Чудните хипертрофирани суштества и нивните хибридни светови, кои по зборовите на Глигор: „минале низ виделината на затворените очни капаци” – беа поттик одново да се погледне во ликовната програма која ги врзува.

Она што Чемерски го прави релевантен денес, е можноста, одново да се препрочита длабоко хуманистичката позицијата која тој ја завзема во својата уметност, а зад која стои апсолутното убедување дека човекот е способен да создаде нешто од ништо. Целата негова ликовна поетика е во знак на еден егзистенцијален немир кој води до бескомпромисен и автентичен израз кој разрешил со умереноста. Во инсистирањето на една ликовна транспозиција на светот, тој инсистира на пресоздавање на светот во неговата слика, на редот на сликата која нудејќи се како форма и како израз, ја заменува реалноста и создава нова реалност, посилна и поубедлива од случајниот реалитет на стварноста која ја живееме.

Нурнувајќи се во сликата како суштина на културата во која се втемелени корените на сопственото несвесно, Чемерски создава простор за слобода и за делување, навраќајки се најнепосредно на своето тело и светот околу него наспроти сето отуѓување на современиот живот. Надоградувајќи ја стварноста со ова искуство, можноста за создавање и остварување на радикална промена, што е толку потребна денес, губи нешто од својата недостижност“, стои во текстот кон изложбата.

Инаку, Глигор Чемерски (1940- 2016, Кавадарци, Македонија) е сликар, графичар, мозаичар. Еден од најплодните македонски модерни автори, неговите дела се застапени во голем број на галерии и музеи во земјата и надвор од неа.

Добитник е на голем број на награди и признанија, Чемерски работел и како ликовен есеист и критичар, телевизиски уредник, сценограф и костимограф. Автор е и на повеќе монументални дела: „Топла Земја“ (1971, фреска, Стопанска Банка, Скопје), „Човекот и светлината“ (1975, мозаик, ХЕЦ Вруток) „Споменик на слободата“ (1981, меморијален мозаички комплекс, Кочани), „Македонија- светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ (2006, мозаици, Кабинет на Претседател на Република Македонија, Скопје) итн.

Живеел и работел на релација Скопје – Беград – Париз. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите и почесен член на Руската академија на уметностите.

Изложбата е во организација на галерија ГРАЛ и на Младинскиот културен центар во Скопје. Куратор на изложбата е м-р Елена Чемерска.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Europe House – Скопје.

 

The post Неизложени дела на Глигор Чемерски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Галерија ГРАЛ и Младинскиот културен центар (МКЦ) на 24 јуни, понеделник, од 20 часот во МКЦ организираат отворање на изложбата „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ на македонскиот уметник Глигор Чемерски. Организаторите велат дека од почетокот на 1960-тите години, па се до неговото заминување речиси 60 години подоцна, во сите преобразби на неговиот ликовен јазик, Глигор Чемерски (1940-2016) интензивно се бавеше со сликата. Преку неа, тој учеше за светот и ги искажуваше своите сомнежи за „однапред зададените вистини. „Во текот на 1980-тите и на почетокот на 1990-тите, Чемерски често престојуваше во Париз, каде што беше застапуван од галеријата Galerie du Fleuve (1983 – 2003). Постојано присутен на тамошната ликовна сцена, во тој период Чемерски реализираше повеќе изложби во таа галерија, а често беше и нивен главен консултант при откуп на дела. Најголем дел од цртежите и гвашевите претставени на оваа изложба се неизложувани дела, интимни формати од колекцијата на Galerie du Fleuve, создадени во тој период, Зошто Чемерски денес, низ цртеж, отпосле? И покрај сета парализирачката неизвесност на нашето време што е предизвикана од низа на горливи прашања, а чиј мотор е насилството на капитализмот, еколошката деградација, неповратното исцрпување на ресурси, геополитичките тензии и конфликти, економска нерамноправност и технолошки нарушувања, средбата со цртежите на Чемерски, кои по еден чуден и случаен сплет на околности допатуваат „дома”, произведе нешто занимливо. Чудните хипертрофирани суштества и нивните хибридни светови, кои по зборовите на Глигор: „минале низ виделината на затворените очни капаци” – беа поттик одново да се погледне во ликовната програма која ги врзува. Она што Чемерски го прави релевантен денес, е можноста, одново да се препрочита длабоко хуманистичката позицијата која тој ја завзема во својата уметност, а зад која стои апсолутното убедување дека човекот е способен да создаде нешто од ништо. Целата негова ликовна поетика е во знак на еден егзистенцијален немир кој води до бескомпромисен и автентичен израз кој разрешил со умереноста. Во инсистирањето на една ликовна транспозиција на светот, тој инсистира на пресоздавање на светот во неговата слика, на редот на сликата која нудејќи се како форма и како израз, ја заменува реалноста и создава нова реалност, посилна и поубедлива од случајниот реалитет на стварноста која ја живееме. Нурнувајќи се во сликата како суштина на културата во која се втемелени корените на сопственото несвесно, Чемерски создава простор за слобода и за делување, навраќајки се најнепосредно на своето тело и светот околу него наспроти сето отуѓување на современиот живот. Надоградувајќи ја стварноста со ова искуство, можноста за создавање и остварување на радикална промена, што е толку потребна денес, губи нешто од својата недостижност“, стои во текстот кон изложбата. Инаку, Глигор Чемерски (1940- 2016, Кавадарци, Македонија) е сликар, графичар, мозаичар. Еден од најплодните македонски модерни автори, неговите дела се застапени во голем број на галерии и музеи во земјата и надвор од неа. Добитник е на голем број на награди и признанија, Чемерски работел и како ликовен есеист и критичар, телевизиски уредник, сценограф и костимограф. Автор е и на повеќе монументални дела: „Топла Земја“ (1971, фреска, Стопанска Банка, Скопје), „Човекот и светлината“ (1975, мозаик, ХЕЦ Вруток) „Споменик на слободата“ (1981, меморијален мозаички комплекс, Кочани), „Македонија- светла земја“ и „Македонија – земјата памети“ (2006, мозаици, Кабинет на Претседател на Република Македонија, Скопје) итн. Живеел и работел на релација Скопје – Беград – Париз. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите и почесен член на Руската академија на уметностите. Изложбата е во организација на галерија ГРАЛ и на Младинскиот културен центар во Скопје. Куратор на изложбата е м-р Елена Чемерска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Europe House – Скопје.  

The post Неизложени дела на Глигор Чемерски во МКЦ appeared first on Република.

]]>
„Отсутно присуство“- изложба во Галерија Матица на досега неизложувани дела од Владимир Георгиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otsutno-prisustvo-izlozhba-vo-galerija-matitsa-na-dosega-neizlozhuvani-dela-od-vladimir-georgievski/ Fri, 31 May 2024 09:57:48 +0000 https://republika.mk/?p=783456

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, е отворена изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.

Изложбата се отвори синоќа и ќе трае до 24 јуни 2024.

„КОЈ Е МОЈОТ СВЕТ…?

​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво.

Но, мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.„  (ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ)

Владимир Георгиевски, еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонскиот факултет.

Последната изложба на георгиевски беше „Страдањата на Дон Кихот“, која се отвори во Музејот на град Скопје, а беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.

Дон Кихот е секој од нас, секој човек оди по сопствeната Голгота, а најчувствителни се креативците. Страдањата на овој познат книжевен лик се страдања на секој уметник, негова лична биографија, рече тогаш Георгиевски, еден од столбовите на македонската современа уметност.

Владимир Георгиевски е роден на 1 јуни, 1942 во Скопје. Во Средното уметничко училиште учел од основоположниците на македонското современо сликарство Лазар Личеноски и Димитар Пандилов. Во 1968 дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што по две години, во класата на Младен Србиновиќ завршил постдипломски студии. Бил член на Здружението на ликовните уметници на Србија, а потоа се зачленил во Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Самостојно излшжувал во Рим, Париз, Киев, Виена, Истанбул, Белград и во Скопје. Негови дела се изложени во холот на Факултетот за музичка уметност, во Домот на АРМ. Објавуваше и есеи и размислувања во весници и во списанија.

The post „Отсутно присуство“- изложба во Галерија Матица на досега неизложувани дела од Владимир Георгиевски appeared first on Република.

]]>

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, е отворена изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото. Изложбата се отвори синоќа и ќе трае до 24 јуни 2024.
„КОЈ Е МОЈОТ СВЕТ…? ​Драмата што ја живеам денес како човек и како сликар, мислам дека е добро позната, насетена и одживеана во некои други простори и други времиња. Мојот свет, можеби не е од овој свет, денешниов, но ми се чини дека комуницира со ова време на едно посложено ниво. Но, мислам дека мое творечко право е да го бранам тој став и принцип на едно време во сите времиња и на еден свет во сите светови. Тоа е многу тешко и сложено како задача, но, онолку колку што поседувам дарба, и натаму ќе и’ служам на таа задача.„  (ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ)
Владимир Георгиевски, еден од најистакнатите современи македонски сликари и професор на Архитектонскиот факултет. Последната изложба на георгиевски беше „Страдањата на Дон Кихот“, која се отвори во Музејот на град Скопје, а беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.
Дон Кихот е секој од нас, секој човек оди по сопствeната Голгота, а најчувствителни се креативците. Страдањата на овој познат книжевен лик се страдања на секој уметник, негова лична биографија, рече тогаш Георгиевски, еден од столбовите на македонската современа уметност.
Владимир Георгиевски е роден на 1 јуни, 1942 во Скопје. Во Средното уметничко училиште учел од основоположниците на македонското современо сликарство Лазар Личеноски и Димитар Пандилов. Во 1968 дипломира на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што по две години, во класата на Младен Србиновиќ завршил постдипломски студии. Бил член на Здружението на ликовните уметници на Србија, а потоа се зачленил во Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Беше редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Самостојно излшжувал во Рим, Париз, Киев, Виена, Истанбул, Белград и во Скопје. Негови дела се изложени во холот на Факултетот за музичка уметност, во Домот на АРМ. Објавуваше и есеи и размислувања во весници и во списанија.

The post „Отсутно присуство“- изложба во Галерија Матица на досега неизложувани дела од Владимир Георгиевски appeared first on Република.

]]>