неисплатени плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neisplateni-plati/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 17:29:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png неисплатени плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/neisplateni-plati/ 32 32 Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-7-mart-shtrajk-na-vrabotenite-vo-natsionalni-shumi-baraat-isplata-na-plata/ Mon, 04 Mar 2024 20:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=751209

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“.

- Штрајкот ќе се одржи од 7 март и ќе трае сѐ до исполнување на барањата на Синдикатот, а барањата се многу едноставни – редовна и целосна исплата на плата на вработените, надоместоци на плата и додатоци за плата како најболни теренски додаток кој не е исплатен скоро една година, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП, Иван Пешевски.

Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници.

Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие.

- Да беа паметни претставниците на власта и раководството во „Национални шуми“ немаше на сила да вработуваат луѓе токму пред избори, туку, ќе ја дадеа навремено платата, како во декември, така и во јануари, и во месец февруари. Меѓутоа, многу полесно беше да се изманипулираат луѓето, скоро 400 вработени да добијат работни места, а сега скоро две илјади вработени да не добијат плата, рече Пешевски.

Тој апелираше до претставниците на власта да изнајдат решение како вработените навремено да добијат плата.

Пешевски истакна дека одлуката е никој да не работи, бидејќи, како што рече, никој во моментов не земал плата.

- Доколку некој смета дека треба да работи, слободно нека работи. Меѓутоа, овие луѓе што тука стојат се во име на сите вработени дека никој не сака да извршува повеќе работни задачи затоа што втор месец не носи дома плата, а во меѓувреме и платите каснеа по 15, 20 дена, а беа намалувани без никаков основ и безконсултација со синдикалните претставници, рече Пешевски.

Тој посочи дека платите на вработените се мали, и оти смета дека луѓе кои се инженерски кадар, заслужуваат многу повеќе од 40 илјади денари плата.

„Национални шуми“ има претставништва во 30 градови во државата и одлуката за штрајк се однесува на сите.

- Нашата одлука се однесува на сите и ги повикуваме сите да застанат со колегите кои штрајкуваат и да си ги исполнат своите барања. Единствено на овој начин, како уставно загарантирано право, бидејќи со сите претходни разговори и преговори со менаџментот и со власта излеговме изиграни, излажани, изманипулирани, рече Пешевски.

Во однос на новите 400 вработувања, како што рече Пешевски, оправдувањето било дека има потреба од такви вработени.

- Во државава, сите вработувања се токму пред избори во јавните претпријатија и јавните установи така што, ако имале потреба, нека ги задржат, бидејќи претходно ги водеа како сезонски работници и голем дел од тие вработени не добиваа пензиско, здравствено, ниту плата, рече тој

The post Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата appeared first on Република.

]]>

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) најави штрајк којшто ќе почне од 7 март сѐ до исполнувања на барањата за исплата на плати за вработените во „Национални шуми“. - Штрајкот ќе се одржи од 7 март и ќе трае сѐ до исполнување на барањата на Синдикатот, а барањата се многу едноставни – редовна и целосна исплата на плата на вработените, надоместоци на плата и додатоци за плата како најболни теренски додаток кој не е исплатен скоро една година, рече на денешната прес-конференција претседателот на СГИП, Иван Пешевски. Оттаму информираат дека ова претпријатие се соочува со исклучително тешки моменти и не исплаќа плати и придонеси, а вработува нови 400 работници. Штрајкот, како што беше посочено на прес-конференцијата, е поддржан од синдикалните претставници од сите подружници низ државата на ова претпријатие. - Да беа паметни претставниците на власта и раководството во „Национални шуми“ немаше на сила да вработуваат луѓе токму пред избори, туку, ќе ја дадеа навремено платата, како во декември, така и во јануари, и во месец февруари. Меѓутоа, многу полесно беше да се изманипулираат луѓето, скоро 400 вработени да добијат работни места, а сега скоро две илјади вработени да не добијат плата, рече Пешевски. Тој апелираше до претставниците на власта да изнајдат решение како вработените навремено да добијат плата. Пешевски истакна дека одлуката е никој да не работи, бидејќи, како што рече, никој во моментов не земал плата. - Доколку некој смета дека треба да работи, слободно нека работи. Меѓутоа, овие луѓе што тука стојат се во име на сите вработени дека никој не сака да извршува повеќе работни задачи затоа што втор месец не носи дома плата, а во меѓувреме и платите каснеа по 15, 20 дена, а беа намалувани без никаков основ и безконсултација со синдикалните претставници, рече Пешевски. Тој посочи дека платите на вработените се мали, и оти смета дека луѓе кои се инженерски кадар, заслужуваат многу повеќе од 40 илјади денари плата. „Национални шуми“ има претставништва во 30 градови во државата и одлуката за штрајк се однесува на сите. - Нашата одлука се однесува на сите и ги повикуваме сите да застанат со колегите кои штрајкуваат и да си ги исполнат своите барања. Единствено на овој начин, како уставно загарантирано право, бидејќи со сите претходни разговори и преговори со менаџментот и со власта излеговме изиграни, излажани, изманипулирани, рече Пешевски. Во однос на новите 400 вработувања, како што рече Пешевски, оправдувањето било дека има потреба од такви вработени. - Во државава, сите вработувања се токму пред избори во јавните претпријатија и јавните установи така што, ако имале потреба, нека ги задржат, бидејќи претходно ги водеа како сезонски работници и голем дел од тие вработени не добиваа пензиско, здравствено, ниту плата, рече тој

The post Од 7 март штрајк на вработените во „Национални шуми“, бараат исплата на плата appeared first on Република.

]]>
Без плата и вработените во Здравствен дом Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-plata-i-vrabotenite-vo-zdravstven-dom-gostivar/ Wed, 24 Jan 2024 11:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=736270

Вработените во ЈЗУ Здравствен дом Гостивар на кратко ја прекинаа работата и на протест искажаа револт од неисплатената плата за декември. Проблемот, како што со посочија е што нема кој да ги потпише налози, бидејќи се чека назначување на нов директор.

Иако сите колеги низ републиката ги добија платите, нам за декември сé уште не ни е исплатена. Требааше до 10 јануари, а со ова сите рокови се пробиени. Проблемот е во тоа што не е донесена одлука и министерот за здравство нема назначено нов, иако огласот е завршен. Упатуваме апел до надлежните во ресорното министерство да најдат начин и во најкус можен рок да го реши проблемот. Во спротивно ќе преземеме порадикални мерки, рече претставникот на вработените Сафије Точи.

Дел од вработените на протестот посочија дека заради доцнењето на исплатата на декемвриската плата имаат проблеми со банките, бидејќи имаат подигнато кредити и веќе им течат казнени камати.

На протестот се пожалија дека не ја добиле поддршката од синдикалната организација и им бил вршен притисок да не протестираат.

Под ЈЗУ Здравствен дом Гостивар се службите за итна помош, патронажа, лабораторија, спортска медицина, превентивна стоматологија и вработените во возниот парк со близу 160 вработени.

The post Без плата и вработените во Здравствен дом Гостивар appeared first on Република.

]]>

Вработените во ЈЗУ Здравствен дом Гостивар на кратко ја прекинаа работата и на протест искажаа револт од неисплатената плата за декември. Проблемот, како што со посочија е што нема кој да ги потпише налози, бидејќи се чека назначување на нов директор.
Иако сите колеги низ републиката ги добија платите, нам за декември сé уште не ни е исплатена. Требааше до 10 јануари, а со ова сите рокови се пробиени. Проблемот е во тоа што не е донесена одлука и министерот за здравство нема назначено нов, иако огласот е завршен. Упатуваме апел до надлежните во ресорното министерство да најдат начин и во најкус можен рок да го реши проблемот. Во спротивно ќе преземеме порадикални мерки, рече претставникот на вработените Сафије Точи.
  Дел од вработените на протестот посочија дека заради доцнењето на исплатата на декемвриската плата имаат проблеми со банките, бидејќи имаат подигнато кредити и веќе им течат казнени камати. На протестот се пожалија дека не ја добиле поддршката од синдикалната организација и им бил вршен притисок да не протестираат. Под ЈЗУ Здравствен дом Гостивар се службите за итна помош, патронажа, лабораторија, спортска медицина, превентивна стоматологија и вработените во возниот парк со близу 160 вработени.

The post Без плата и вработените во Здравствен дом Гостивар appeared first on Република.

]]>
Погледнете ги овие жени – срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poglednete-gi-ovie-zheni-sramniot-sud-sramnite-gazdi-i-sramnata-drzhava-se-otkazhaa-od-niv/ Fri, 03 Mar 2023 17:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=615693

Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот, коментира Ивор Мицковски за пресудата против кавадаречките работнички, за кои судот пресуди дека не докажале дека биле вработени во фирма и затоа нема да ги добијат неисплатените плати:

https://republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-da-si-gi-dobijat-neisplatenite-plati-po-20-000-evra-treba-da-platat-rabotnichki-od-kavadartsi/

Погледнете ги овие жени, овие работнички кои беа измамени и оставени без заработените плати и без работа.
Судот одлучува дека они треба да платат 20 илјади евра.
Судот на оваа криминална политика, децата, мајките и сопружниците на овие криминални политичари.
Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот.
Има многу луѓе како овие жени во Македонија, 30 години на маргините и третирани како последните во едно општество, ама за мене овие луѓе се секојдневните херои, оние кои нешто работат, кои решиле во една нечесна земја да живеат чесно, скромно и достоинствено, ама ете и тоа им е одземено.
Срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од овие жени.
Срамота, ова е огромна срамота, вели Мицковски.

The post Погледнете ги овие жени – срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од нив appeared first on Република.

]]>

Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот, коментира Ивор Мицковски за пресудата против кавадаречките работнички, за кои судот пресуди дека не докажале дека биле вработени во фирма и затоа нема да ги добијат неисплатените плати: https://republika.mk/vesti/ekonomija/namesto-da-si-gi-dobijat-neisplatenite-plati-po-20-000-evra-treba-da-platat-rabotnichki-od-kavadartsi/
Погледнете ги овие жени, овие работнички кои беа измамени и оставени без заработените плати и без работа. Судот одлучува дека они треба да платат 20 илјади евра. Судот на оваа криминална политика, децата, мајките и сопружниците на овие криминални политичари. Каква дрска и безобразна неправда, какво силување на немоќниот, на искористениот, на уморениот, на веќе обесправениот. Има многу луѓе како овие жени во Македонија, 30 години на маргините и третирани како последните во едно општество, ама за мене овие луѓе се секојдневните херои, оние кои нешто работат, кои решиле во една нечесна земја да живеат чесно, скромно и достоинствено, ама ете и тоа им е одземено. Срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од овие жени. Срамота, ова е огромна срамота, вели Мицковски.

The post Погледнете ги овие жени – срамниот суд, срамните газди и срамната држава се откажаа од нив appeared first on Република.

]]>
Лукаревска: Речиси 5.000 работодавачи немаат исплатено плата во август https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/lukarevska-rechisi-5-000-rabotodavachi-nemaat-isplateno-plata-vo-avgust/ Fri, 07 Oct 2022 11:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=558371

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.

Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.

Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право.

Прашана како е можно преку системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска со одговор дека тоа е неславно законско решение.

Тоа е неславно законско решение за кое повеќе пати имаме поднесено иницијатива за да не се случуваат вакви неправилности. Луѓето на повисоко ниво би требало малку да го разгледаат и да го пуштиме во собраниска процедура, за да нема исплаќање на плати со еден, пет денари и да се прават континуирани корекции, посочи Лукаревска.

Истакна дека македонските фирми се даночно дисциплинирани и си ги плаќаат даноците кон државата. Последните податоци, посочи, покажуваат дека наплатата на даноците е над планот на УЈП.

Но една страна имаме доста високи цени, кои го зголемуваат процентот на успешна наплата на ДДВ и во постојан контакт сме со компаниите и секако дека тие имаат соодветни проблеми. Меѓутоа 90 до 95 отсто од компаниите навремено ги сервисираат даноците, рече Лукаревска.

На денешната „Текстилијада“ во Штип посочи дека реагираат на претставките на работниците и на „Гласен Текстилец“ и веднаш излегуваат на терен со Државниот трудов инспекторат.

The post Лукаревска: Речиси 5.000 работодавачи немаат исплатено плата во август appeared first on Република.

]]>

Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип.
Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам ќе можеме да ги надминуваме овие појави, изјави Лукаревска.
Забележа дека овие бројки се слични секој месец, но, како што рече, мора државата и институциите да се борат, бидејќи исплатата на плата е човечко право. Прашана како е можно преку системот на УЈП да поминуваат плати помали од минималецот, Лукаревска со одговор дека тоа е неславно законско решение.